јубилеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 05:17:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јубилеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВЕЧЕРВА НА ВОЕНИОТ СТАДИОН: АРМ слави јубилеј „30 години Армија“, еве ја програмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-na-voeniot-stadion-arm-slavi-jubilej-30-godini-armija-eve-ja-programata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-na-voeniot-stadion-arm-slavi-jubilej-30-godini-armija-eve-ja-programata/#respond Wed, 17 Aug 2022 05:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=719550

Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски. Одбележувањето ќе започне со традиционалното испукување на плутони. Ќе биде презентирана најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња. Јубилејот на Армијата ќе биде прославен со настап на Воениот оркестар, по што следува богата музичка програма со настапите на Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherva-na-voeniot-stadion-arm-slavi-jubilej-30-godini-armija-eve-ja-programata/feed/ 0
АРМ слави 30 години: Ве покануваат во среда на воениот стадион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-slavi-30-godini-ve-pokanuvaat-vo-sreda-na-voeniot-stadion/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-slavi-30-godini-ve-pokanuvaat-vo-sreda-na-voeniot-stadion/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=718142

Македонската армија на 18 август одбележува 30 годишен јубилеј. Одбележувањето ќе започне во среда, а во АРМ ве покануваат да ја погледнете воената опрема и да уживате во музика. -По повод одбележување на триесет годишниот јубилеј ве покануваме заедно да ја проследиме презентацијата на воена опрема, вештините кои ќе ги прикажат нашите волци, обученоста на службените кучиња и многу музика! Ве повикуваме на отворениот ден по повод одбележување на Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“, велат од АРМ. Настанот ќе се одрж на воениот стадион во Градски парк, во среда со почеток од 18:30 часот. Најавена е и музичка програма. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arm-slavi-30-godini-ve-pokanuvaat-vo-sreda-na-voeniot-stadion/feed/ 0
Зошто принцот Луис вриштеше на јубилејот на кралицата Елизабета? Оваа фотографија стана вирален хит во светот, а што всушност се крие позади неа? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zoshto-princot-luis-vrishteshe-na-jubilejot-na-kralicata-elizabeta-ovaa-fotografija-stana-viralen-hit-vo-svetot-a-shto-vsushnost-se-krie-pozadi-nea-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zoshto-princot-luis-vrishteshe-na-jubilejot-na-kralicata-elizabeta-ovaa-fotografija-stana-viralen-hit-vo-svetot-a-shto-vsushnost-se-krie-pozadi-nea-foto/#respond Fri, 03 Jun 2022 09:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=686059

Балконот на Бакингемската палата вчера повторно беше центар на сите озборувања, шпекулации и расчленување на најситните детали, среде големата прослава на јубилејот на кралицата Елизабета Втора, која доживеа 70 години владеење на британскиот трон. Кој се појави на балконот, а кој беше избркан? Кој што носеше и кој кому му шепна? Британските таблоиди едвај го дочекаа овој момент. Појавувањето на Елизабета Втора во синиот костим на Анџела Кели во четвртокот го дочекаа десетици илјади граѓани со ентузијазам и овации, поради што таа во еден момент пелтечеше: „Неверојатно!“. Половина час подоцна, таа се врати на балконот за да го следи традиционалниот лет на воени авиони, каде што ѝ се придружија престолонаследникот, принцот Чарлс и Камил, и најстариот внук Вилијам, со неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните деца. И додека малите принцови Џорџ и Луис и принцезата Шарлот ја следеа церемонијата од балконот, новинарите секако веднаш забележаа дека нема место за принцот Хари, Меган Маркл и принцот Ендру. Официјално, бидејќи тие веќе не се активни членови на кралското семејство, но сите се свесни за нарушениот однос на Хари со остатокот од семејството, како и за обвинувањата за педофилија против принцот Ендру. Меган повторно беше видена во позадина како се обидува да ги замолчи другите деца на церемонијата, Миу Тиндал и Савана Филипс. На кралицата на балконот и се придружија вицеадмиралот Тимоти Лоренс, нејзината ќерка, принцезата Ана, Камила и принцот Чарлс, Вилијам и Кејт со децата и Софи, грофицата од Весекс, сопруга на принцот Едвард, синот на кралицата. Не помина без коментар и моментот кога Кејт се возела во иста кочија со Камила, чија популарност нагло се зголеми откако и официјално беше потврдено дека Чарлс и таа ќе ја наследат кралицата на тронот. Далеку е од ерата во која Камила беше персона нон грата бидејќи нацијата ја обвини за распадот на бракот на Чарлс и принцезата Дијана. Иако се „избркани“ од балконот, Хари и Меган се уште ја поправаат врската со семејството кое се распадна откако решија да се преселат во Америка. Ова е прва официјална пригода во која учествуваат во последните две години. Така во следните четири дена нивните деца Арчи и малата Лилибет за прв пат ќе се сретнат со своите мали братучетки Џорџ, Шарлот и Луиз. Ова е прва средба на Лилибет со некого во Британија, додека Арчи ја напуштил земјата кога имал само шест месеци. Малото девојче го добило името по кралицата Елизабета Втора, а планирана е и нивната прва средба. Моментот кој го одбележа балконот во Бакингемската палата се случи за време на летот на воени авиони. Додека сите гледаа во небото, малиот Луис, кој незаинтересирано си го копаше носот, беше премногу гласен, па наеднаш си ги покри ушите и почна да вика. Тие фотографии го обиколија светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zoshto-princot-luis-vrishteshe-na-jubilejot-na-kralicata-elizabeta-ovaa-fotografija-stana-viralen-hit-vo-svetot-a-shto-vsushnost-se-krie-pozadi-nea-foto/feed/ 0
Компанијата myWorld прослави 10 успешни години на македонскиот пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompanijata-myworld-proslavi-10-uspeshni-godini-na-makedonskiot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompanijata-myworld-proslavi-10-uspeshni-godini-na-makedonskiot-pazar/#respond Fri, 23 Jul 2021 12:31:14 +0000 https://kurir.mk/?p=540942

Заедно сме силни е мотото и слоганот на компанијата myWorld (мајВорлд) која оваа година прослави 10 успешни години на македонскиот пазар. Во 2011 година компанијата беше пионер на пазарот со својот Cashback и иновативни онлајн и мобилни производи, како и во работењето со ваучерите за попуст. Во Македонија, групацијата myWorld брои повеќе од 250.000 членови и преку 1.400 Трговски Партнери, корисници на лојалната програма. Бројот на членови секојдневно расте, а мрежата на партнери е стабилна веќе 10 години. Компанијата на своите членови, како дел од myWorld бенефит програмата им нуди Cashback (пари назад при секое купување) и Shopping Points (шопинг поени за дополнителни попусти во Benefit Lounge платформата за зделки). А со myWorld Partner програмите, компаниите добиваат целосно решение за водење на сопствена лојална програма, како и нови купувачи и маркетинг. Во чест на успешната декада, главниот извршен директор на myWorld Македонија и регионален директор за Јужен Балкан (Македонија, Бугарија, Косово и Албанија), Радован Витошевиќ изјави: Нашата главна порака до сите наши членови и лојални партнери е дека ние постоиме, твориме и раснеме заедно со сите нив. Нашиот успех е заеднички. Заедно сме силни и заедно ќе ги реализираме сите идни планови. Сакам да ви се заблагодарам на сите кои изминатите години го градевме ова каде што сме сега и само така можеме да продолжиме да бидеме она што сме. Воедно би ве повикал сите да станете дел од најголемата куповна заедница во светот и да ги користите бенефитите на myWorld. На прославата присуствуваа голем број партнери и членови кои неуморно придонесуваат за успехот на компанијата. На прославата меѓу гостите присутни беа и регионалниот директор на Северен Балкан и директор на myWorld Србија, директорот на myWorld Црна Гора, директорот на myWorld Албанија и Косово, како и голем број на лидери со највисоки кариерни нивоа во Lyconet мрежата. Покрај дигиталната бенефит картичка, во 2019 година, компанијата го донесе на пазарот т.н. електронски ваучер или eVoucher-от кој функционира кај големите ланци како што се: Веро, Тинекс, Рептил, Jumbo, Гранап, Acibadem Sistina, Sport М, Sport Vision, и многу други. Исто така, со секое купување од страна на корисниците, направено кај трговските партнери, се поддржуваат автоматски и проектите на фондацијата Child and Family Foundation и Greenfinity Foundation. Во Македонија во изминатите години овие две фондации направија повеќе проекти за општествена одговорност како и проекти за подигнување на колективната свест. Ова е само еден од начините како компанијата ја возвраќа лојалноста. Групацијата myWorld, брои повеќе од 16 милиони корисници и повеќе од 150 илјади партнери и со тоа претставува најголема бенефит програма во светот. Компанијата со седиште во Лондон, во моментов е застапена во 54 земји, а неодамна беа лансирани и двe наши соседни држави – Албанија и Косово. Пред речиси две години, компанијата на светско ниво ја старташе онлајн шопинг платформата marketplace.myWorld.com во 12 земји, а во 2019 година исто и платформата за патување travelWorld.com, која е достапна во сите земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompanijata-myworld-proslavi-10-uspeshni-godini-na-makedonskiot-pazar/feed/ 0
НБА промовира ново лого во чест на јубилејот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-promovira-novo-logo-vo-chest-na-jubilejot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-promovira-novo-logo-vo-chest-na-jubilejot/#respond Thu, 08 Jul 2021 07:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=533679

Најсилната кошаркарска лига на светот на својата официјална веб-страница го објави новото лого во чест на јубилејното издание. Сезоната 2021/2022 ќе биде 75-та за НБА. Новото лого ќе биде поставено на сите страници, производи, арени и на Интернет. Да потсетиме, во финалето на НБА оваа сезона играат Милвоки бакс и Феникс санс. Сонцата водат во серијата со резултат 1:0.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nba-promovira-novo-logo-vo-chest-na-jubilejot/feed/ 0
Два јубилеја на годинашните „Прличеви беседи“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dva-jubileja-na-godinashnite-prlichevi-besedi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dva-jubileja-na-godinashnite-prlichevi-besedi/#respond Thu, 06 Feb 2020 08:08:45 +0000 https://kurir.mk/?p=299918

Манифестацијата „Прличеви беседи“ која се одржува денеска во Охрид е во знакот на два јубилеја – 190 години од раѓањето на Григор Прличев и 160 години од издавањето на неговата поема „Сердарот“. Според најавата од организаторот, НУ Библиотека „Григор Прличев“-Охрид, за животот и делото на Прличев – Вториот Хомер, чие творештво е нераскинливо врзано за Охрид, ќе зборува проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ. Ќе биде промовиран каталогот на стари и ретки книги – издание на библиотеката и книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од Мариче Боздоганова, библиотекар советник, вработена во охридската библиотека. Настанот ќе биде заокружен со Прличевата визита и настап на Михаил и Иван Мишеви кои ќе ја изведат Прличевата „1762 лето“. Годинава добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема е поетот Стево Симски за поемата „Таинството на богомилите“. Манифестацијата „Прличеви беседи“ се одржува на 6 февруари, денот на смртта на поетот и преродбеник Прличев (18 јануари 1830 – 6 февруари 1893). Библиотеката ја организира во соработка со Министерството за култура и Општина Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dva-jubileja-na-godinashnite-prlichevi-besedi/feed/ 0
Јубилеј на музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilej-na-muzejot-d-r-nikola-nezlobinski-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilej-na-muzejot-d-r-nikola-nezlobinski-vo-struga/#respond Tue, 27 Nov 2018 07:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=132401

Музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга од денеска до 30 ноември ќе го одбележи 90-годишното постоење со ретроспективни изложби посветени на основачот на оваа национална установа – познатиот руски лекар д-р Незлобински. Во галеријата „Ванѓел Коџоман“ денеска ќе биде отворена изложбата „Русите во Македонија 1920-1940 година“, која раскажува за животот и делото на руските емигранти, меѓу кои бил и Незлобински. Преземена е од Државниот архив на Република Македонија. Оргнизатори се Архивот, Институтот за национална историја и Музејот на македонска борба за државност и самостојност.. Во спомен-собата на Незлобински утре ќе биде отворена изложбата „Во допир со минатото“, а в четврток јавноста ќе може да погледне фотографии од збирката стаклени негативи на д-р Незлобински. Фотомонографија од оваа збирка ќе биде промовирана во Спомен-домот на браќата Миладиновци. По победата на Октомвриската револуција, многу руски емигранти, симпатизери на претходниот општествен поредок, во 1919 година ја напуштиле Русија и се населиле во европските земји, меѓу кои е и Македонија. Една група од емигрантите, откако пристигнала во Југославија, била распоредена во Струга. Меѓу нив бил и основачот на струшкиот музеј д -р Никола Незлобински.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilej-na-muzejot-d-r-nikola-nezlobinski-vo-struga/feed/ 0
ИНИ со свечена академија ќе одбележи 70 години постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ini-so-svechena-akademija-kje-odbelezi-70-godini-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ini-so-svechena-akademija-kje-odbelezi-70-godini-postoenje/#respond Wed, 07 Nov 2018 06:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=124488

Институтот за национална историја (ИНИ) ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј со свечена академија вечер од 19 часот во Македонската академија на науките и уметностите. По повод јубилејот, ИНИ на 9 и 10 ноември во Клубот на пратеници ќе организира и дводневен меѓународен научен симпозиум на тема „Балканската историографија и современите предизвици“, на кој ќе учествуваат 60-ина истакнати научници од Македонија и од странство]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ini-so-svechena-akademija-kje-odbelezi-70-godini-postoenje/feed/ 0