Јунитејд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Dec 2020 15:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јунитејд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јунитејд: Децата заразени со сида ќе имаат поевтин лек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junitejd-decata-zarazeni-so-sida-kje-imaat-poevtin-lek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junitejd-decata-zarazeni-so-sida-kje-imaat-poevtin-lek/#respond Tue, 01 Dec 2020 15:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=437072

Децата во земјите во развој, позитивни на ХИВ, ќе имаат пристап до лек кој е специјално приспособен за нив и е дури четири пати поевтин, соопшти денеска Јунитејд по повод Светскиот ден на ХИВ / СИДА. „Станува збор за лек што се раствора во устата и има вкус на јагода, а во првата половина на 2021 година најпрво ќе биде дистрибуиран во шест африкански земји: Бенин, Кенија, Малави, Нигерија, Уганда и Зимбабве“, се додава во соопштението на светската организација која е задолжена за набавка на лекови за сиромашните и се стреми за намалување на цената на лековите потребни во процесот на лекување на СИДА, туберкулоза и маларија. Цената на новата верзија на Долутегравир (ДТГ), специјално прилагоден за деца, по договорот со производителите на генерички лекови „Виатрис“ и „Меклеодс“, ќе биде 120 долари годишно, наместо сегашните 480 американски долари, изјави Херве Верхусел, портпарол на организацијата што работи во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО). ) Околу 1,7 милиони деца во светот се серопозитивни, но само половина од нив добиваат соодветна терапија. Околу 100.000 деца годишно умираат од ХИВ / СИДА низ светот. Во моментов, 26 милиони луѓе во светот се лекуваат од ХИВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junitejd-decata-zarazeni-so-sida-kje-imaat-poevtin-lek/feed/ 0