Јункер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Sep 2019 12:32:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јункер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јункер: Во Ирска ќе има гранични контроли во случај на Брегзит без договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-vo-irska-kje-ima-granichni-kontroli-vo-sluchaj-na-bregzit-bez-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-vo-irska-kje-ima-granichni-kontroli-vo-sluchaj-na-bregzit-bez-dogovor/#respond Sun, 22 Sep 2019 12:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=243542

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изјави дека на ирската граница ќе бидат воспоставени гранични контроли доколку Британија излезе од ЕУ без договор. Јункер за Скај њуз изјави дека ЕУ мора да „обезбеди зачувување на интересите на Европската унија и внатрешниот пазар“. Тој напомена дека без граница после Брегзит, животните кои влегуваат во Северна Ирска потоа можат да влезат во ЕУ преку Ирска без никаква контрола. Јункер рече дека тоа нема да се случи. – Мораме да ги чуваме здравјето и безбедноста на нашите граѓани, рече тој. Британија треба да излезе од ЕУ на 31 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-vo-irska-kje-ima-granichni-kontroli-vo-sluchaj-na-bregzit-bez-dogovor/feed/ 0
Јункер разочаран од начинот на избор на неговата наследничка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-razocharan-od-nachinot-na-izbor-na-negovata-naslednichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-razocharan-od-nachinot-na-izbor-na-negovata-naslednichka/#respond Fri, 05 Jul 2019 11:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=215684

„Процесот не беше сосема транспарентен“ е коментарот што досегашниот прв човек на Европската комисија Жан Клод Јункер го даде за начинот на кој лидерите на Европската унија ја именуваа неговата наследничка на функцијата Урсула Вон дер Лајен. Претседателот на Европската комисија во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската министерка за одбрана Урсула Вон дел Лајен, наведувајќи дека „процесот не беше транспарентен“, пренесуваат западните медиуми од неговата прес конференција во Хелсинки, на која додаде дека неговиот избор на функцијата, пред пет години, „бил изведен на транспарентен начин, по кампањата на европските избори“. -За жал, тоа не стана традиција. Бев првиот и последен водечки кандидат, рече Јункер. И многу други европратеници не го кријат разочарувањето од исходот на самитот на Европскиот совет на кој Урсула Вон дер Лајен одеднаш се појави како кандидат за прв човек на Комисијата. Многумина сметаат дека концептот „Spitzenkandidat“, сепак, требаше да ги демократизира изборните процеси во Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-razocharan-od-nachinot-na-izbor-na-negovata-naslednichka/feed/ 0
Јункер предложи посредништво во решавање на спорот меѓу Словенија и Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-predlozi-posrednishtvo-vo-reshavanje-na-sporot-megju-slovenija-i-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-predlozi-posrednishtvo-vo-reshavanje-na-sporot-megju-slovenija-i-hrvatska/#respond Tue, 09 Jan 2018 07:33:16 +0000 http://kurir.mk/?p=7939

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предложи посредништво меѓу Словенија и Хрватска, која ја отфрли одлуката на меѓународната арбитража и со тоа на Љубљана и се додели суверенитетот врз малиот Пирански залив во Јадранското Море. - Сакаме да се обидеме да посредуваме меѓу двете позиции, очевидно врз основа на одлуката на арбитражниот суд, истакна Јункер, без да навлегува во детали за планираното посредување. Во јуни Постојаниот арбитражен суд во Хаг пресуди дека над две третини од Пиранскиот залив и припаѓаат на Словенија, со цел да стави крај на спорот кој датира од распадот на Југославија пред 25 години. Арбитражниот суд го посочи 30 декември 2017 година за датум за стапување во сила на одлуката. Но, Хрватска, која има претензии врз половина од оваа морска територија, ја отфрли арбитражата и на 30 декември утрото три хрватски рибарски бродови, придружувани од патроли на хрватската полиција, влегоа во водите, доделени на Словенија од страна на судот. Јункер го искористи поводот за посетата на Брисел на новиот словенечки претседател Борут Пахор, за да ги искритикува Словенија и Хрватска поради овој спор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-predlozi-posrednishtvo-vo-reshavanje-na-sporot-megju-slovenija-i-hrvatska/feed/ 0