Јури Ким – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 11:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јури Ким – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бериша ја нарече амбасадорката Ким срам на нацијата, која заедно со Рама ја поделиле опозицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-ja-nareche-ambasadorkata-kim-sram-na-natsijata-koja-zaedno-so-rama-ja-podelile-opozitsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-ja-nareche-ambasadorkata-kim-sram-na-natsijata-koja-zaedno-so-rama-ja-podelile-opozitsijata/#respond Fri, 23 Jun 2023 11:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=848959

Поранешниот албански претседател, екс премиер и актуелен лидер на побројното крило на Демократската партија Сали Бериша "повторно ја нападна" американската амбасадорка Јури Ким. Тој ја нарече срам за нацијата што ја претставува и ја обвини дека заедно со премиерот Еди Рама ја растуриле албанската опозиција. -Во историјата на плурализмот на овој народ нејзиното име ќе остане како личност која ја злоупотребила власта. Заедно со Рама направи се за да ја уништи албанската опозиција. Се разбира, ја поделивте, но не успеавте да ја уништите, обвини Бериша. Од друга страна, додава тој, со "вашите ставови, вие сте единствениот амбасадор по 32 години што си заминува од оваа држава како генерален секретар на СП, а не јас" - Мислам дека овие неколку денови и часови што ти останаа; извини им се на Албанците за Гонигал. Во најголемиот скандал на сите времиња, ти не им кажа ништо на Албанците помножувајќи ги со нула, вели Бериша. Обвинувањата на Бериша почнаа по неговото прогласување за непожелен во САД, во мај пред две години. Тој редовно ја именуваше како "гувернанта". ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-ja-nareche-ambasadorkata-kim-sram-na-natsijata-koja-zaedno-so-rama-ja-podelile-opozitsijata/feed/ 0
Американската амбасадорка во Албанија: Да ја сочуваме смиреноста, очите на целиот свет се вперени кон вас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasadorka-vo-albanija-da-ja-sochuvame-smirenosta-ochite-na-celiot-svet-se-vpereni-kon-vas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasadorka-vo-albanija-da-ja-sochuvame-smirenosta-ochite-na-celiot-svet-se-vpereni-kon-vas/#respond Mon, 26 Apr 2021 17:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=502382

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, доцна попладнево упати апел до политичките партии да не брзаат со прогласување победа, пред Централната изборна комисија (ЦИК) да ги соопшти официјаланите резултати од вчерашните парламентарни избори. – Она што е важно е да се има рационален и транспарентен процес во решавањето на ова прашање. Да подвлечам дека очите на целиот свет се вперени кон Албанија. Добра работа е што гледаме дека пребројувачите работат напорно. Гласачите ја завршија својата работа. Властите си ја вршат својата работа. Вашите северни пријатели, вашите западни пријатели, но исто така и вашите пријатели во САД сите бараат да ве направат успешни, рече Ким. Додаде дека должност на кандидатите е да останат смирени и трпеливи и да го чекаат резултатот. -Знам дека во моментниот ентузијазам, некои прогласија победа, но се уште не сме стигнале таму се додека не излезе официјалниот резултат. Да останеме смириме, порача амбасадорката. Претходно идентична порака упати и шефот на делегацијата на ЕУ во Албанија, Луиџи Сореца, повикувајќи ги политичките партии да не избрзуваат и резултатите да ги чекаат смирено. -Додека не се изброи последниот глас, не треба да доаѓаме до заклучоци.Затоа треба да останеме смирени, рече тој, во апелот кој јасно има за цел да избегне тензии во овие моменти кога се очекуваат резултати од преостанатите избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasadorka-vo-albanija-da-ja-sochuvame-smirenosta-ochite-na-celiot-svet-se-vpereni-kon-vas/feed/ 0
Амбасадорката на САД во Албанија по инцидентот во Елбасан побара спроведување истрага и воздржаност од Мета, Рама и Баша https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadorkata-na-sad-vo-albanija-po-incidentot-vo-elbasan-pobara-sproveduvanje-istraga-i-vozdrzanost-od-meta-rama-i-basha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadorkata-na-sad-vo-albanija-po-incidentot-vo-elbasan-pobara-sproveduvanje-istraga-i-vozdrzanost-od-meta-rama-i-basha/#respond Wed, 21 Apr 2021 20:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=500580

По вооружениот инцидент кој попладнево се случи во албанскиот град Елбасан, при што беше убиен активист на владејачката Социјалистичка партија, реагираше амерканската амбасадорка во Тирана, Јури Ким. Таа ги повика надлежните органи за спроведување на законот колку е можно побрзо во целост да го испитаат инцидентот, да ги откријат сторителите и соодветно да ги казнат. – Со посебно внимание ги следиме извештаите за денешното насилство во Елбасан, кое заврши со смрт на едно лице и уште неколку повредени. Ги повикуваме службените лица за спроведување на законот што побрзо и во целост да го испитаат овој инцидент, да ги идентификуваат сторителите и да ги казнат согласно законот. Инволвираните во вакво насилство треба да бидат казнети, се наведува во реакцијата. Амбасадорката Ким побарала од претседателот Илир Мета, лидерот на социјалистите и премиер Еди Рама и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша да бидат воздржани и така да се однесуваат. – Нашите постапки треба да се засноваат на факти, а не на страв или озборувања. Кога само неколку дена не делат од изборите на 25 април, ја повторуваме нашата изјава од 26 март со која ги повикуваме лидерите – оние кои се на власт и оние кои бараат власт – експлицитно да го отфрлат насилството, се посочува во реакцијата. Амбасадата на САД во Тирана порачува дека ќе продолжи внимателно да ја следи ситуацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadorkata-na-sad-vo-albanija-po-incidentot-vo-elbasan-pobara-sproveduvanje-istraga-i-vozdrzanost-od-meta-rama-i-basha/feed/ 0
Новата американска амбасадорка Јури Ким допатува во Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-amerikanska-ambasadorka-juri-kim-dopatuva-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-amerikanska-ambasadorka-juri-kim-dopatuva-vo-tirana/#respond Fri, 24 Jan 2020 06:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=293880

Новата амбасадорка на САД во Албанија,Јури Ким допатува во Тирана. -На првиот ден од мандатот како амбасадор на светската суперсила, но и на стратешки партнер на нашата земја, САД, Јури Ким, изрази заложба да даде максимум во оваа мисија,јави телевизијата Ора њуз. „Чест ми е и задоволство што сум во Албанија и подготвена сум да започнам со мојата работа“,напиша Ким на официјалната веб страница на амбасадата. Американската амбасада во Тирана од август 2018 година е без амбасадор, откако си замина амбасадор Доналд Лу. Инаку, по вообчаената постапка американскиот Сенат го потврди нејзиното именување на 20-ти минатиот месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше дипломатката од кариера за вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Албанија, на крајот од јуни минатата година. Пред Комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД, на крајот од октомври таа ги презентраше трите главни приоритетите доколку биде назначена за нов амбасадор во Албанија. Прво, рекла Ким, ќе ја охрабри Албанија да продолжи со стабилниот курс за да постигне два отсто инвестиција во одбраната до 2024 година, така што Албанија да стане уште помоќна и способна како сојузник. Втор приоритет ќе и биде решавање на политичката криза во Албанија. -Второ, ќе продолжам да го унапредувам демократскиот развој на Албанија. Со непосредни термини, јас ќе ги повикал лидерите на Албанија да го решат сегашниот политички ќор-сокак на начин што ќе го зајакне барањето на Албанија за пристап во ЕУ, изјавила Ким. Трет нејзин приоритет ќе биде промовирање на американскиот извоз и инвестиции во Албанија, со цел да се обезбедат можности за американските и албанските граѓани, како и создавање работни места во двете држави. Родена е во Кореја а израснала на островот Гуам, територија на САД во Тихиот океан. Член е во високата служба за наворешна политика, а работела во Стејт департментот и како директор на Канцеларијата за прашања за Јужна Европа. Претходно била директор во Стејт департментот за студии за дипломатија, шеф на кабинетот на заменик државниот секретар и директор на Канцеларијата за европска безбедност и политичко-воени работи. Таа исто така била специјален асистент на помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацификот и член на делегацијата на САД во шестпартиските разговори за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја. Била политички советник во американската амбасада во Багдад и Анкара. Зборува кинески, јапонски, корејски и турски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-amerikanska-ambasadorka-juri-kim-dopatuva-vo-tirana/feed/ 0