Јурица Големац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Mar 2023 05:57:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јурица Големац – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јурица Големац не е повеќе тренер на Цедевита Олимпија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/juritsa-golemats-ne-e-poveke-trener-na-tsedevita-olimpija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/juritsa-golemats-ne-e-poveke-trener-na-tsedevita-olimpija/#respond Wed, 15 Mar 2023 05:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=811998

Кошаркарскиот клуб Цедевита Олимпија објави дека ја прекина соработката со нивниот тренер, Јурица Големац. Тој од 2020 година беше предводник на тимот, а клубот со официјално соопштение се заблагодари за неговите услуги. Тимот од Љубљана периодов не беше во најдобра форма и доживеа три порази на последните пет АБА мечеви. Лошиот период започна со поразите од Будуќност на домашен терен, но и од МЗТ Скопје вп  „Јане Сандански“, по што екипата забележа уште неколку неочекувани неуспеси, (пораз во Еврокупот од 30 разлика), а притисокот врз тренерот константно се зголемуваше. Управата реши да направи промена на тренерското место пред да започне најтешкиот период од сезоната, разигрувањето за највисоките позиции во АБА и предизвиците во домашното првенство. Цедевита Олимпија во моментов има скор од 14-6 во АБА-лигата и се наоѓа на една победа помалку од Будуќност. „Му благодариме на тренерот Големац за одличната работа овие три сезони во нашиот клуб. Тој имаше голема доверба од нас и секогаш се трудеше максимално професионално да ги врши своите задачи. За жал, резултатите во последно време ни покажаа дека нешто не е како што треба и затоа се решивме на овој чекор. Силно веруваме дека пред Големац е одлична тренерска кариера, му благодариме за досега сработеното и му посакуваме многу среќа во иднина“, стоеше во краткото соопштение од клубот. Се очекува новото тренерско име во Љубљана да пристигне до крајот на оваа недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/juritsa-golemats-ne-e-poveke-trener-na-tsedevita-olimpija/feed/ 0
Големац ја одби клупата на хрватската кошаркарска репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golemac-ja-odbi-klupata-na-hrvatskata-kosharkarska-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golemac-ja-odbi-klupata-na-hrvatskata-kosharkarska-reprezentacija/#respond Sun, 25 Sep 2022 06:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=737078

Тренерот на Цедевита Олимпија, Јурица Големац ја одби поканата на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска да стане нов селектор на националниот тим. „Секако дека е убаво да се добие таков повик, но јас не сум тип на тренер кој би седел на две столчиња. Не би можел да бидам 100 проценти овде или таму. Се уште не сум доволно искусен за тоа“, изјави Големац за РТВ Словенија. Големац во својата тренерска кариера работеше како асистент во Цибона и во грузиската репрезентација, додека улогата на шеф на стручниот штаб ја извршуваше во Тајфун, Копер Приморска и Цедевита Олимпија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/golemac-ja-odbi-klupata-na-hrvatskata-kosharkarska-reprezentacija/feed/ 0