јутјуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 12:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јутјуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јутјуберот кој ги помести границите на јутјуб сцената во Македонија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jutjuberot-koj-gi-pomesti-granitsite-na-jutjub-stsenata-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jutjuberot-koj-gi-pomesti-granitsite-na-jutjub-stsenata-vo-makedonija/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=895794

Поранешен фудбалер, репрезентативец, ТВ водител, а денес најпознат јутјубер во Македонија. Стефан Лазаров кој на јутјуб сцената се појави во 2020 година, вчера успеа да дојде до бројката од 100.000 сабскрајбери на Јутјуб, а со тоа и да добие силвер батон плакета од јутјуб. Рекорд со кој многу малку луѓе во нашата земја можат да се пофалат... Стефан Лазаров изминатиов период ја брануваше македонската јавност со добри и лоши моменти. Лазаров во минатото е познат како човек кој организирал и поддржал многу хуманитарни акции, а едена од нив е и хуманитарната акција за помош на малиот Кико, а малкумина знаат и за помошта која Стефан Лазаров му ја даде на Неџат, момче кое денес му е многу благодарно и го сака како роден брат. Претходно, Стефан Лазаров јавноста ја разбранува со видео парче од 15 секунди со новинарот Драган Павловиќ - Латас, за кое заврши на суд.   Имено тој е познат со своите видеа „Карпул караоке“,  а од неодамна и со двата најпопуларни подкасти во Македонија, „Лазаров подкаст“ и „Без лимит“ кој го води со новинарот Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци. Но Стефан Лазаров вчера успеа да сруши два рекорди. Бројката од 100.000 сабскрајбери ја зачини и со организирање на најголемиот гивавеј кој воопшто се случил во Македонија во кој беа доделени велосипед, мобилен телефон и автомобил Ауди А5 купе. Ведаш по завршувањето на најголемиот гивавеј во Македонија, тој на својот Инстаграм профил со емотивна порака им се заблагодари на своите следачи. -Искрено немам зборови со кои можам да ви кажам колку ве сакам и колку сум благодарен за се што правите за мене, ветувам дека ќе продолжам по истиот пат, ќе работам за доброто на оваа сцена, за доброто на нашата држава и ќе продолжам да мотивирам млади луѓе дека сепак и во Македонија може да се успее.. да сте ми здрави и живи, се чувствувам како да е почеток, одиме понатаму, напиша под фотографијата Лазаров.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

На Стефан му го честитаме успехот и му посакуваме уште многу такви во иднина!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jutjuberot-koj-gi-pomesti-granitsite-na-jutjub-stsenata-vo-makedonija/feed/ 0
YouTube ја зголемува цената за претплата без реклами https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-ja-zgolemuva-tsenata-za-pretplata-bez-reklami/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-ja-zgolemuva-tsenata-za-pretplata-bez-reklami/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=895781

Пред неколку месеци YouTube ја зголеми цената на претплатата на Premium, а сега ова зголемување продолжува во повеќе земји. Се зголемува цената во Аргентина, Австралија, Австрија, Чиле, Германија, Полска и Турција. Во Австралија, претплатата на YouTube Premium сега чини 16,99 австралиски долари (околу 10 евра) и важи за индивидуални, семејни и студентски планови. Оние кои ги плаќаат пониските цени можат да продолжат со нив три месеци, по што ќе се применува поскапувањето. Беше наведено дека зголемувањето на цената ќе се применува од следниот период на наплата, а од компанијата велат дека тоа „ќе им помогне на креаторите да заработат повеќе, а со тоа и да донесат повеќе содржини што луѓето сакаат да ги гледаат“, пренесува Sam Mobile. YouTube Premium им носи повеќе функции на претплатниците, вклучително и отстранување на реклами, стриминг 1080p, аудио во заднина и преземања видеа офлајн. YouTube веќе им објави војна на блокаторите на реклами и активно ги спречува луѓето да гледаат содржина кога имаат такви програми инсталирани на нивните веб-прелистувачи или телефони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-ja-zgolemuva-tsenata-za-pretplata-bez-reklami/feed/ 0
Ова се 10-те најгледани видеа на YouTube на сите времиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-10-te-najgledani-videa-na-youtube-na-site-vremina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-10-te-najgledani-videa-na-youtube-na-site-vremina/#respond Sun, 06 Aug 2023 11:25:53 +0000 https://kurir.mk/?p=863753

Можете ли да верувате дека YouTube е дел од нашите животи од 2005 година? Интернетот тогаш беше многу поинакво место. Видеата беа масивни, а датотеките бавно се вчитуваа. YouTube, сега е втор најпосетуван сајт во светот, по Google. Како и најследените корисници на Инстаграм, познатите личности изградија (и уништија) кариери преку платформата, а бројните видеа на YouTube станаа дел од историјата, премостувајќи ги границите, културите и јазиците. Според статистиката на Google, повеќе од една милијарда месечни корисници на YouTube гледаат повеќе од една милијарда часа видео секој ден. Тоа се многу видеа. А најгледан е детскиот хит Baby Shark Dance, кој неодамна стана првото видео кое надмина 13 милијарди прегледи. Подолу можете да ги најдете 10-те најгледани видеа на YouTube на сите времиња: 1. Baby Shark Dance (13,1 милијарди прегледи) 2. Despacito (8,2 милијарди прегледи) 3. Johny Johny Yes Papa (7,1 милијарди прегледи) 4. Bath Song (6,3 милијарди прегледи) 5. Shape of You (6,02 милијарди прегледи) 6. See You Again (5,94 милијарди прегледи) 7. Phonics Song with Two Words (5,4 милијарди прегледи) 8. Wheels on the Bus (5,4 милијарди прегледи) 9. Uptown Funk (4,96 милијарди прегледи) 10. Learning Colors – Colorful Eggs on a Farm (4.91 милијарди прегледи) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ova-se-10-te-najgledani-videa-na-youtube-na-site-vremina/feed/ 0
YouTube влегува на пазарот на онлајн видео игри? Еве како ќе се прават пари! https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-vleguva-na-pazarot-na-onlajn-video-igri-eve-kako-ke-se-pravat-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-vleguva-na-pazarot-na-onlajn-video-igri-eve-kako-ke-se-pravat-pari/#respond Tue, 27 Jun 2023 13:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=850125

Популарната услуга за стриминг тестира нов производ за игри, наречен „Playables“, кој ќе биде достапен за мобилни и десктоп платформи. Очигледно, Google ја разгледува можноста онлајн игрите да станат нов извор на приход за YouTube, како што објави Wall Street Journal. YouTube наводно ги поканил своите вработени да тестираат нов производ наречен Playables, кој им овозможува на корисниците пристап до онлајн игрите директно на YouTube. Врз основа на внатрешната кореспонденција видена од WSJ, игрите ќе бидат достапни и на мобилни уреди и на десктоп компјутери. Корисниците ќе можат да ги репродуцираат на страницата на YouTube преку веб-прелистувач или апликација, без разлика дали се работи за уред со Android или iOS. Иако извештајот сугерира дека неколку игри во моментов се достапни за тестирање, само Stack Bounce е конкретно споменато. Станува збор за аркадна игра, која им овозможува на играчите да уништат слоеви од цигли користејќи топка која отскокнува. YouTube веќе заработува од стриминг игри, но можноста за играње директно на платформата би донела дополнителен приход, во време кога профитот генериран од рекламите се намалува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-vleguva-na-pazarot-na-onlajn-video-igri-eve-kako-ke-se-pravat-pari/feed/ 0
ЈуТјуб ги укинува Stories https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/jutjub-gi-ukinuva-stories/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/jutjub-gi-ukinuva-stories/#respond Mon, 29 May 2023 19:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=840160

Видео сервисот ЈуТјуб ги исклучува Stories. Од 26 јуни, корисниците на ЈуТјуб повеќе нема да ја имаат оваа опција, а постоечките објави ќе исчезнат во рок од седум дена. ЈуТјуб сака да ги насочи корисниците кон кратка форма на видео што ја нарекува „Shorts“, која би требало да биде конкуренција на ТикТок. Иако многу платформи ги усвоија кратките приказните првично популаризирани од Снепчет, ЈуТјуб е првиот што официјално ја затвори својата верзија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/jutjub-gi-ukinuva-stories/feed/ 0
Гледате ЈуТјуб на ТВ? Наскоро доаѓа промена која воопшто нема да ви се допадне https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gledate-jutjub-na-tv-naskoro-doaga-promena-koja-voopshto-nema-da-vi-se-dopadne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gledate-jutjub-na-tv-naskoro-doaga-promena-koja-voopshto-nema-da-vi-se-dopadne/#respond Mon, 22 May 2023 12:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=837404

ЈуТјуб објави дека планира наскоро да воведе промена поврзана со рекламите прикажани на ТВ. Имено, наместо досегашните реклами кои траат 15 секунди, ќе се прикажува една од 30 секунди. Нема да можете да ја прескокнете освен ако не платите 120 долари. ЈуТјуб наведува дека на овој начин огласувачите ќе добијат можност да ги претстават своите производи „позначајно“. Тие изјавија и дека решиле да го воведат ова бидејќи забележале дека 70 проценти од содржината на YouTube Select се гледа преку ТВ. Тие исто така открија дека во иднина корисниците ќе можат да паузираат реклама од 30 секунди за да дознаат повеќе информации за производите или услугите што се рекламираат. Тврдат дека оваа опција ќе биде многу повизуелна и интерактивна. Некои корисници веруваат дека тоа значи дека QR-кодовите би можеле да почнат да се користат. Ова е карактеристика што Hulu ја додаде уште во 2019 година. Се уште не е познато кога точно ќе биде воведена оваа промена. За потсетување, YouTube ја лансираше платформата YouTube TV во 2017 година. Извршниот директор Нил Мохан рече дека помладите корисници повеќе не прават разлика помеѓу видот на содржината што ја гледаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gledate-jutjub-na-tv-naskoro-doaga-promena-koja-voopshto-nema-da-vi-se-dopadne/feed/ 0
Јутјуб го враќа каналот на Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jutjub-go-vraka-kanalot-na-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jutjub-go-vraka-kanalot-na-tramp/#respond Fri, 17 Mar 2023 18:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=813315

Компанијата Јутјуб (Alphabet Inc. YouTube) денеска објави дека ги укина ограничувањата за каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Платформата за видео стриминг го забрани Трамп на 12 јануари 2021 година поради кршење на неговата политика за поттикнување насилство. Тоа се случи откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол кога Конгресот почна да ја потврдува победата на Џо Бајден на претседателските избори една недела претходно. Јутјуб почна да ги отстранува видеата на крајот на 2020 година во кои тогашниот американски претседател Доналд Трамп „лажно обвинуваше дека исходот од претседателските избори бил под влијание на изборна измама“. На почетокот на приказната за изборниот фалсификат, Јутјуб не се мешаше премногу, во споредба со Фејсбук и Твитер, кои ги означија коментарите на Трамп како дискутабилни веднаш по нивното објавување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jutjub-go-vraka-kanalot-na-tramp/feed/ 0
ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ЈУТЈУБ – едни едвај ја чекаа, други се разочараа https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/golema-promena-na-jutjub-edni-edvaj-ja-chekaa-drugi-se-razocharaa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/golema-promena-na-jutjub-edni-edvaj-ja-chekaa-drugi-se-razocharaa/#respond Wed, 22 Feb 2023 13:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=803700

„Гугл“ отсега им овозможува на корисниците на стрим-услугата „Јутјуб мјузик“ да креираат свои радиостаници врз основа на алгоритам кој „ќе одлучува“ кои песни и изведувачи ќе ги пушта. Новата функција се вика „Радио билдер“ (Radio Builder), а корисниците имаат пристап до неа од вчера. Кога корисникот ја креира својата станица може да избере до 30 изведувачи, но и дали сака да ја слуша само нивната музика или да додава песни од слични музичари. Исто така, можно е да се намести да се пуштаат само песни кои му се познати на корисникот или комбинација, како и прилагодување за миксот. „Јутјуб“ почна со тестирање на оваа функција лани. Иако „Јутјуб мјузик“ веќе има бројни станици и плеј листи засновани на алгоритам, можноста за создавање станици кои корисникот ќе може да ги управува е нова опција за оние кои сакаат да слушаат нешто специфично, но не сакаат „рачно“ да си создаваат плеј листа. Новата функција е достапна за претплатниците, како и за луѓето кои ја користат платформата „Јутјуб мјузик“ бесплатно.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/golema-promena-na-jutjub-edni-edvaj-ja-chekaa-drugi-se-razocharaa/feed/ 0
YouTube тестира бесплатен стриминг на ТВ канали https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-testira-besplaten-striming-na-tv-kanali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-testira-besplaten-striming-na-tv-kanali/#respond Tue, 17 Jan 2023 15:03:12 +0000 https://kurir.mk/?p=788495

Популарната платформа YouTube започна со тестирање на нова услуга, односно бесплатен стриминг на ТВ канали поддржан од реклами. YouTube моментално преговара со различни компании со цел да понуди ТВ емисии, филмови, па дури и целосни ТВ канали на својата платформа. Всушност, веќе започна тестирањето на одреден број корисници на видео сервисот. Засега YouTube го проценува интересот на гледачите и ако се оди според планот, платформата во сопственост на Google би можела да бара 45 отсто од приходите генерирани од реклами. Ова е исто така договор помеѓу YouTube и креаторите на содржини. Се чини дека ова е уште еден обид на YouTube да го прошири својот бизнис. Неодамна, платформата постигна договор со NFL Sunday Ticket и ќе обезбеди преноси преку YouTube TV и YouTube Primetime каналите почнувајќи од оваа година. Исто така, YouTube почнува да ги споделува приходите од реклами со креаторите на YouTube Shorts, па би требало да стане попрофитабилен од мегапопуларниот TikTok.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/youtube-testira-besplaten-striming-na-tv-kanali/feed/ 0
Како на телефон да слушате музика од YouTube во позадина? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-na-telefon-da-slushate-muzika-od-youtube-vo-pozadina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-na-telefon-da-slushate-muzika-od-youtube-vo-pozadina/#respond Mon, 14 Nov 2022 21:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=760509

Не е важно дали имате iPhone или Android, ова се најдобрите реешенија за слушање YouTube содржини во позадина - потполно бесплатно. Со растот на популарноста на платформите за стримување музика, како што се Spotify, Deezer, Tidal и YouTube Music, има сѐ помалку луѓе кои чуваат музика на своите уреди. За жал, сите овие платформи бараат од корисниците да плаќаат одредена претплата за да добијат полна функционалност, па така за бесплатно стримување музика и слушање во позади е сѐ потешко да се најде соодветно решение. Се разбира, независно од тоа дали сакате да слушате студиски верзии на песните, каверите или нешто сосема друго, како подкасти, YouTube е место кое нуди најголем избор на содржини. За жал, доколку не се претплатите, официјалната апликација нема да ви дозволите да ја ставите да работи во позадина. Сепак, постојат алтернативни решенија, кои ви ги претставуваме подолу, независно од тоа дали имате iPhone или Android уред. Најдобра Android апликација за слушање YouTube музика во позадина Според многумина, најдобрата апликација за оваа намена е YMusic. Оваа апликација постои веќе неколку години и е проверено решение не само за слушање музика во позадина, туку и за заштеда на драгоцени мегабајти додека тоа го правите. Интерфејсот е многу едноставен, а иако ја има таа опција, YMusic не подразбира репродукција на видеа, туку само на аудио, па затоа нема да стравувате дали брзо ќе ви се потроши мобилниот интернет додека слушате музиката. Кога ќе ја инсталирате апликацијата, YouTube содржината можете да ја пребарување низ секцијата Discover, а откако ќе ги пронајдете посакуваните видеа, апликацијата ќе состави листа од 25 препорачани песни чиј редослед можете да го прилагодувате по желба. YMusic нуди и бројни други функции како правење плејлисти, еквализатори, тајмери за гасење музика, па дури и подесување на брзината на репродукцијата. Сепак, функцијата која многумина ја сметаат за најкорисна е можноста за симнување на содржини во MP3 формат. Доколку во моментов помислувате на YouTube Vanced, апликација која нуди слична функционалност, имајте на ум дека YMusic не е замена за YouTube Vanced, туку бесплатна алтернатива на YouTube Music апликацијата. Понатаму, овие две апликации можете да ги користите во пар, на истиот начин на кој можете да ги користите и YouTube Premium и YouTube Music. Најдобра iPhone апликација за слушање YouTube музика во позадина За жал, инсталирањето на апликации вон App Store е невозможно без комплициран процес, па на корисниците на iPhone изборот им останува само на апликациите кои Apple ги има одобрено, односно кои што не ги кршат нивните правила. Ова не значи дека iPhone корисниците не можат да слушаат YouTube содржини во позадина, туку само дека решенијата им се прилично ограничени и далеку помалку функционални во однос на Android. Такви решенија на App Store има доста, но според мислењето на мнозинството, најдоброто решение се вика Musi. Апликацијата Musi не е толку богата со функции како YMusic, но ќе ви заврши работа. По пуштањето на песна, автоматски создава плејлиста со 25 песни која можете да ја прилагодувате, нуди создавање сопствени плејлисти, еквализатор и тајмер за гасење на музиката. За жал, сите апликации од ваков тип во App Store, па и Musi, на своите корисници им прикажуваат реклами, па морате да издвоите еднократна сума доколку не сакате да ви се прикажуваат, што не е идеално, но секако е поевтино од редовното плаќање на претплата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-na-telefon-da-slushate-muzika-od-youtube-vo-pozadina/feed/ 0