јутјубер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 May 2023 10:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јутјубер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Му се заканува затвор до 20 години: Јутјубер уништил авион заради „слава“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-se-zakanuva-zatvor-do-20-godini-jutjuber-unishtil-avion-zaradi-slava-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-se-zakanuva-zatvor-do-20-godini-jutjuber-unishtil-avion-zaradi-slava-video/#respond Fri, 12 May 2023 10:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=833441

Јутјубер кој намерно уништил авион заради внимание и повеќе интернет-прегледи, ќе се изјасни виновен за попречување на федералната истрага, со тоа што чистел на местото на несреќата, соопштија американските обвинители. Тревор Џејкоб (29) во ноември 2021 година, полетал од Санта Барбара, Калифорнија, САД, опремен со камери поставени на авионот, падобран и селфи-држач. Јутјуберот е пилот и падобранец. Спорната видеоснимка од авионскиот судир ја објави на „Јутјуб“ во декември 2021 година, и таа собра повеќе од 2,9 милиони прегледи. Леталото паднало во Националниот парк Лос Падрес 35 минути по полетувањето. Како дел од договорот за признавање на вината, тој призна и дека го направил видеото како дел од договор за спонзорство и реклама на производ. Тој сега се соочува со затворска казна до 20 години. „Тој немал намера да стигне до својата дестинација, туку планирал да скокне од авионот во лет и да се сними како се спушта на земја со падобран додека неговиот авион се урива“, соопшти Обвинителството. Џејкоб ќе се појави на суд наредниве недели. Нему лани му е одземена и пилотската дозвола. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mu-se-zakanuva-zatvor-do-20-godini-jutjuber-unishtil-avion-zaradi-slava-video/feed/ 0
Јутјубер купил Ферари од 400.000 долари само за да го уништи, а причината е бизарна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jutjuber-kupil-ferari-od-400-000-dolari-samo-za-da-go-unishti-a-prichinata-e-bizarna-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jutjuber-kupil-ferari-od-400-000-dolari-samo-za-da-go-unishti-a-prichinata-e-bizarna-video/#respond Thu, 23 Feb 2023 08:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=804041

Еден Јутјубер купил Ферари само за да го уништи, а паралелно и ја тестирал оваа компанија, со оглед на тоа што е многу заштитнички настроена кон своите возила, дури и откако ќе им се врачат на новите сопственици. Ова младо момче решило сериозно да ја тестира компанијата Ферари, со оглед на тоа што се „изживувал“ над моделот „F8 Tributo“. Како што кажува и самиот назив на видеото, „Купив Ферари за 400.000 долари само за да го уништам“, Јутјуберот се однесувал исклучително сурово кон автомобилот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/jutjuber-kupil-ferari-od-400-000-dolari-samo-za-da-go-unishti-a-prichinata-e-bizarna-video/feed/ 0
Најплатениот jутјубер во светот откри како собрал милиони нови следачи https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/najplateniot-jutjuber-vo-svetot-otkri-kako-sobral-milioni-novi-sledachi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/najplateniot-jutjuber-vo-svetot-otkri-kako-sobral-milioni-novi-sledachi/#respond Wed, 26 Oct 2022 14:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=750756

Јутјуберот со најголема заработка во историјата MrBeast, попознат како Мистер Бист, ја откри идејата со која сериозно го зголемил бројот на следачи и стекнал милиони нови фанови. Јутјуберот, чие вистинско име е Џими Доналдсон, има речиси 200 милиони претплатници на неговите канали, а неговиот главен канал е петти најпретплатен канал на платформата за споделување видеозаписи. Тој неодамна го откри својот прилично едноставен и брз метод што го користел за да го зголеми бројот на луѓе што го следат. Додека гостуваше во поткастот на комичарот Џо Роган, тој ги спомна своите синхронизирани канали, кои ги прикажуваат неговите видеа преведени на други јазици. „Ние ги преведуваме сите наши видеа и на други јазици. Ги објавуваме истите видеа како на главниот канал, но им плаќаме на актерите да ги снимаат на други јазици. Го преведуваме и текстот на видеото, сè“, објасни тој. Мистер Бист додаде дека неговиот MrBeast en Español бил еден од најбрзо растечките канали минатата година. Ова може да се потврди ако се земе предвид дека шпанската верзија на неговиот канал имаше 300.000 гледачи, само за една година да скокне на неверојатни 22 милиони. „Помалку од 10 проценти од луѓето во светот зборуваат англиски, така што 90 проценти од светот не можат ни да уживаат во нашата содржина“, вели јутјуберот. Роган беше воодушевен од идејата, велејќи му на MrBeast: „Многу паметно. Колку одлична идеја, човеку“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/najplateniot-jutjuber-vo-svetot-otkri-kako-sobral-milioni-novi-sledachi/feed/ 0
Македонскиот јутјубер се огласи неколку месеци откако откри дека се бори со туморот на тестисите – повторно се расплаче, но овој пат од радост! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-jutjuber-se-oglasi-nekolku-meseci-otkako-otkri-deka-se-bori-so-tumorot-na-testisite-povtorno-se-rasplache-no-ovoj-pat-od-radost/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-jutjuber-se-oglasi-nekolku-meseci-otkako-otkri-deka-se-bori-so-tumorot-na-testisite-povtorno-se-rasplache-no-ovoj-pat-od-radost/#respond Sat, 05 Jun 2021 11:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=519344

Откако пред речиси четири месеци македонскиот Јутјубер Стефан Расковиќ Стефонатор (24) јавно кажа дека има тумор на тестисите, сега, во најновото видео откри дека ја победил болеста. „Конечно заврши овој хорор“, вели Стефонатор низ солзи и откива што му се случувало изминатите месеци, додека бил на лекување и ги чекал последните резултати. „Уште немам проговорено три збора, а ми идат солзи на очи. Стварно не знам, ќе пробам да зборам, па што биде нека биде. Ова е продолжение на видеото кое претпоставувам дека сите го знаете. Последно знаете дека снимањата после хемотерапијата покажаа дека постои нешто активно во мене и дека јас морам да правам втора операција. Направив едно видео во кое кажав дека направив операција, јас закрепнав доста брзо, па се чекаше патолошкиот наод кој ќе покаже дали постојат било какви клетки кои укажуваат на тумор. Овојпат се покажа дека не постојат такви клетки, чекав да направам уште едно финално испитување. Како најрелевантна снимка да ми покаже дали стварно можам да седнам и да го снимам ова видео. Имав резултати завчера што ми кажаа дека сум излечен. Знам дека треба во моментов многу да славам и се радувам. Ова се солзи радосници“, вели Стефан во видеото. Целото видео погледнете го во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-jutjuber-se-oglasi-nekolku-meseci-otkako-otkri-deka-se-bori-so-tumorot-na-testisite-povtorno-se-rasplache-no-ovoj-pat-od-radost/feed/ 0
НАЈПОПУЛАРЕН ДО СЕГА: 23-годишен јутјубер се кандидирал за градоначалник на Лондон – еве што велат анкетите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpopularen-do-sega-23-godishen-jutjuber-se-kandidiral-za-gradonachalnik-na-london-eve-shto-velat-anketite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpopularen-do-sega-23-godishen-jutjuber-se-kandidiral-za-gradonachalnik-na-london-eve-shto-velat-anketite/#respond Fri, 23 Apr 2021 18:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=501371

Јутјуберот Нико Омилана (23) одлучи да се кандидира за градоначалник на Лондон, а според анкетите, тој е најпопуларниот независен кандидат на изборите. Никој не дошол на идеја да води кадар затоа што, како што рече, „ништо не е функционално за младите“, а на социјалните мрежи каде го следат 1,1 милиони луѓе ги повикува да го поддржат и да гласаат за него. Тој апелираше на Инстаграм со фотографија и видео пред Би-Би-Си да оваа медиумска куќа да направи интервју со него, а неговата објава има скоро половина милион лајкови. Тој е поддржан и од колегите на Јутјуб, меѓу кои KSI е најпопуларен и има 9,3 милиони следбеници. Анкетите покажаа дека Нико може да освои пет проценти од гласовите на изборите, што би значело дека тој е најпопуларен меѓу независните кандидати. На социјалните мрежи му велат дека има свој глас и многу луѓе му даваат јавна поддршка. Тој е еден од 20-те кандидати на изборите, кои требаше да се одржат во 2020 година, но тие беа одложени поради пандемијата на коронавирусот. Изборите се закажани за 6 мај, а актуелниот градоначалник Садик Кан (50) се очекува да добие втор мандат, иако можеби не со толку голема разлика како што се предвидуваше претходно. Омилана официјално ја објави својата кампања на 2 април, во видео клип, претставувајќи се себеси како „татко основач и врховен лидер на одбранбената лига на Нико“, попозната како НДЛ, која ја нарече своја политичка партија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Niko Omilana (@niko)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpopularen-do-sega-23-godishen-jutjuber-se-kandidiral-za-gradonachalnik-na-london-eve-shto-velat-anketite/feed/ 0
ФОТО: На само 26 години почина еден од најпознатите јутјубери и инфлуенсери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-samo-26-godini-pochina-eden-od-najpoznatite-jutjuberi-i-influenseri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-samo-26-godini-pochina-eden-od-najpoznatite-jutjuberi-i-influenseri/#respond Sat, 05 Sep 2020 16:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=399709

Познатиот јутјубер и инфлуенсер Лојд Кадена почина на 26 години. Тој имаше повеќе од 3 милиони претплатници на својот канал на Јутјуб, а на социјалната мрежа Фејсбук го следеле околу 6,5 милиони луѓе. На неговата официјална интернет страница оваа вест е потврдена, но се уште не е позната причината за смртта на комичарот од Филипините, пренесе „Њујорк пост“. „Со тешко срце и со огромно жалење ве известуваме дека почина нашиот сакан брат Лојд Кафе Кадена. Ќе го паметиме по смеата и радоста што ги носеше на сите околу себе. Моето семејство и јас бараме од вас да се молите, почитувајте не нас и нашата приватност во текот на овој тежок период“, пишува во соопштението. Тој стана познат во 2011 година, кога започна со снимање влогови, а познат е под псевдонимот „Kween LC“. Бројни обожаватели на социјалните мрежи оддадоа почест на насмеаниот млад човек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-na-samo-26-godini-pochina-eden-od-najpoznatite-jutjuberi-i-influenseri/feed/ 0