јужен булевар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jun 2022 11:04:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јужен булевар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува реконструкцијата на пешачката и велопатека на Јужен булевар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prodolzuva-rekonstrukcijata-na-peshachkata-i-velopateka-na-juzen-bulevar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prodolzuva-rekonstrukcijata-na-peshachkata-i-velopateka-na-juzen-bulevar/#respond Wed, 08 Jun 2022 11:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=688344

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје денeс асфалтираа уште еден дел од пешачката и велопатека на Јужниот Булевар во површина од 130 квадратни метри. Изминатите денови беше асфалтиран првиот и втор дел од пешачката и велопатека во вкупна површина од 550м2, која по налог на Град Скопје од неодамна почна да се реконструира во насока од градилиштето на Лимак до стара Рампа. Деновиве екипите продолжуваат со активностите за реконструкција на патеките како и со поставување на заштитните столбчиња со цел зголемување на безбедноста на пешаците и на велосипедистите во овој дел од градот. Претпријатието ги извршува работните активности по налог на Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prodolzuva-rekonstrukcijata-na-peshachkata-i-velopateka-na-juzen-bulevar/feed/ 0
Реконструиран првиот и вториот дел од пешачка патека на Јужен булевар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruiran-prviot-i-vtoriot-del-od-peshachka-pateka-na-juzen-bulevar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruiran-prviot-i-vtoriot-del-od-peshachka-pateka-na-juzen-bulevar/#respond Fri, 03 Jun 2022 11:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=686170

Екипите на ЈП Улици и патишта го асфалтираа првиот и вториот дел од пешачката и велопатека на Јужен булевар во површина од 550 квадратни метри, која по налог на Град Скопје од неодамна почна да се реконструира во насока од градилиштето на Лимак до Стара рампа. Градежните активности за реконструкцијата, според планот за работа ќе се одвиваат во неколку фази. Во тек се градежните активности и се врши ископ на земјен материјал, се поставува тампон слојот, рабниците и штом заврши асфалтирањето на еден дел од патеките се преминува на подготовка на теренот за следно асфалтирање. Вкупна површина што ќе се реконструира е 1.480 квадратни метри. Екипите денеска ги поставуваат и новите 43 заштитни столпчиња на деловите каде што е асфалтирана површина и ќе продолжат со поставувањето до крај на потегот со завршувањето на реконструкцијата. Со поставените заштитни столпчиња се спречува непрописното паркирање на возилата од несовесни граѓани, а со реконструкцијата на пешачката и велопатека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците и на велосипедистите во овој дел од градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruiran-prviot-i-vtoriot-del-od-peshachka-pateka-na-juzen-bulevar/feed/ 0
Реконструкција на пешачка патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен булевар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstrukcija-na-peshachka-pateka-i-izgradba-na-nova-velosipedska-pateka-na-juzen-bulevar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstrukcija-na-peshachka-pateka-i-izgradba-na-nova-velosipedska-pateka-na-juzen-bulevar/#respond Wed, 25 May 2022 09:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=681276

Eкипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, деновиве почнаа со градежни активности за реконструкција на пешачката патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен Булевар на потегот од градилиштето на компанијата Лимак до стара Рампа, со вкупна површина од 1480 квадратни метри. Постоечката пешачка патека на овој потег во должина од 370 метри, широка е 4 метри, а на одредени делници со променлива широчина и во рамките на реконструкцијата на половина од овој потег ќе биде изведена нова велосипедска патека. Изградбата на нови велосипедски патеки и подобрување на постојната велосипедска инфрастуктура во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација, а со реконструкцијата на пешачката патека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците во овој дел од градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstrukcija-na-peshachka-pateka-i-izgradba-na-nova-velosipedska-pateka-na-juzen-bulevar/feed/ 0
ФОТО: Автомобил се преврте во паркот кај Јужен булевар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-avtomobil-se-prevrte-vo-parkot-kaj-juzen-bulevar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-avtomobil-se-prevrte-vo-parkot-kaj-juzen-bulevar/#respond Mon, 02 May 2022 13:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=670741

Автомобил „Фиат“ денеска се преврте во Урбан парк кај Јужен булевар. Од МВР за Курир велат дека во 14:20 часот добиле пријава за превртено возило кое претходно излетало од коловоз. Неофицијално, нема повредени лица. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, а полициските екипи се на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-avtomobil-se-prevrte-vo-parkot-kaj-juzen-bulevar/feed/ 0
Од среда: Привремен сообраќаен режим на Јужен булевар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-sreda-privremen-soobrakjaen-rezim-na-juzen-bulevar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-sreda-privremen-soobrakjaen-rezim-na-juzen-bulevar/#respond Mon, 20 Aug 2018 14:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=90012

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од среда (22.08.2018 година) поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „ЛИМАК“ се воведува привремен сообраќаен режим на булеварот Македонија (Јужен Булевар, зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“). Поради градежни работи ќе се извршат и промени во трасите на автобусите на јавниот превоз коишто се движат по оваа сообраќајница. Така, трасата на движење на автобуската линија бр. 9, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север е променета на тој начин што на крстосницата меѓу улицата Јордан Мијалков (поранешната улица Железничка) и улицата Герман, автобусите нема да вртат лево кон булеварот Македонија. Автобусите ќе продолжат да се движат право и истите подоцна ќе се приклучат кон булеварот Македонија преку привремена улица пред натпатникот на улицата Павел Шатев, при што ќе продолжат да се движат по постојната траса на линијата со бр.9. Согласно со овие промени, автобуското стојалиште на булеварот Македонија, кое што е во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето на „Макпетрол“) привремено ќе се премести на улицата Јордан Мијалков, по пешачкиот премин кој води до паркот „Урбан парк“. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/od-sreda-privremen-soobrakjaen-rezim-na-juzen-bulevar/feed/ 0