јужна граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Mar 2020 10:15:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јужна граница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема мигранти на јужната граница мирна, викендот спречен влез на 180 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-migranti-na-juznata-granica-mirna-vikendot-sprechen-vlez-na-180/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-migranti-na-juznata-granica-mirna-vikendot-sprechen-vlez-na-180/#respond Mon, 09 Mar 2020 10:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=313874

Општина Гевгелија редовно ги спроведува активностите за можен зголемен број на мигранти на јужната граница каде во моментов нема мигранти, а нив ги нема ниту во прифатниот транзитен центар „Винојуг“. Од регионалниот Центар за управување со кризи денеска информираа дека околу 180 мигранти кои во деновите од викендов биле фатени во обид за нелегално влегување во земјава веќе се вратени назад во Грција и оти моментно гевгелискиот камп е празен. Градоначалникот Сашо Поцков рече дека општината редовно информира за реалната состојба на јужната граница заради сузбивање на лажните вести и намалување на психолошкиот притисок. -Како општина сме вклучени во подготовките и координацијата со институциите во системот за управување со кризи, пред се, за справување со можен зголемен бран на бегалци и мигранти. Во редовна координација сме и со Главниот штаб за справување со кризи кој редовно ја следи состојбата и дава насоки за постапување, рече Поцков. Поради корона вирусот, кој претставува дополнителен проблем,во ПТЦ „Винојуг“ е поставен контејнер за изолација на лица од ризичните земји,а поставување на таков контејнер во кругот побара и Општата болница од Гевгелија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-migranti-na-juznata-granica-mirna-vikendot-sprechen-vlez-na-180/feed/ 0
Пендаровски во посета на припадниците на Армијата на јужната граница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-pripadnicite-na-armijata-na-juznata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-pripadnicite-na-armijata-na-juznata-granica/#respond Tue, 03 Mar 2020 06:16:24 +0000 https://kurir.mk/?p=311234

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска ќе изврши обиколка на припадниците на Армијата стационирани на јужната граница на државата. Потоа, како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ќе го посети Транзитниот центар кај Гевгелија каде се врши регистрација на мигрантите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-poseta-na-pripadnicite-na-armijata-na-juznata-granica/feed/ 0
ФОТО: Иванов во посета на јужната граница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ivanov-vo-poseta-na-juznata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ivanov-vo-poseta-na-juznata-granica/#respond Fri, 23 Nov 2018 16:36:23 +0000 https://kurir.mk/?p=131294

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, денеска беше во посета на јужната граница на Република Македонија, за да се информира за тековните состојби и активностите што се преземаат од страна на Армијата на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање, ЦУК, Граничната полиција и контингентот на странските полициски сили, како субјекти вклучени во соочувањето со нелегалната миграција. Иванов изврши обиколка на караулата Богородица и привремениот транзитен центар во близина на Гевгелија, на капацитетот за сместување на припадниците на АРМ во Богданци, како и на караулата Езеро во Дојран. За време на посетатa на караулата Богородица, Иванов изврши увид во моменталната состојба на македонско-грчката граница. Од страна на припадниците на АРМ беше информиран за обидите за нелегално минување на државната граница во изминатиот период, како и за тактичките мерки и активности кои се применуваат во спречувањето на нелегални минувања на јужната граница. Од страна на надлежните институции беше посочено дека во изминатите 3 месеци е спречен обид на околу 3300 илегални преминувања на јужната граница од мигранти, кои во најголем број доаѓаат од Блискиот Исток. Претседателот Иванов го посети и привремениот транзитен центар во Гевгелија, каде беше информиран за работата на хуманитарните организации, од страна на ангажираните во Црвениот Крст, Меѓународната организација за миграција, Агенцијата за бегалци при ОН, кои се распоредени таму и притоа изрази поддршка за нивниот континуиран придонес и ангажман. Македонскиот претседател разговараше и со мигранти кои во моментот престојуваат во транзитниот центар, и се информираше за условите и третманот кои тие го добиваат за време на нивниот престој во центарот. Воедно, претседателот Иванов се сретна и со полициските припадници на странски држави, кои се распоредени во контролирањето на теренот на јужната граница, во поддршка на македонските безбедносни сили. Во рамките на обиколката на јужната граница, македонскиот претседател ги посети и објектот за сместување на припадниците на АРМ во Богданци и караулата Езеро во Дојран. При тоа беше информиран за моменталните состојби, предизвиците и начинот на ангажирање на припадниците, во однос на справување со обидите за илегални преминувања на тој дел од нашата јужна граница, како и за условите за сместување и работа на припадниците на Армијата на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ivanov-vo-poseta-na-juznata-granica/feed/ 0