Јужна Каролина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 17:36:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Јужна Каролина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тројцата мртви пронајдени во Јужна Каролина се маринци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsata-mrtvi-pronajdeni-vo-juzhna-karolina-se-marintsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsata-mrtvi-pronajdeni-vo-juzhna-karolina-se-marintsi/#respond Wed, 26 Jul 2023 17:36:51 +0000 https://kurir.mk/?p=860421

Тројцата мажи најдени мртви минатиот викенд во кола паркирана покрај бензинска пумпа во Јужна Каролина се идентификувани како морнарички каплари стационирани во блиската морнаричка воена база Лежун, изјавија синоќа од Корпусот на маринците на САД. Шерифи од округот Пендер ги пронашле тројцата во бессознание во неделата во приватно кола покрај бензинска во Хемпстед, 47 километри југозападно од базата. Медицинските служби ги прогласиле сите тројца за мртви истата ден, но причината за смртта не е објавена. Од канцеларијата на шерифот укажаа дека добиле повик за исчезнато лице за еден од маринците. Засега не се сомневаат во некакви направени прекршоци. Не биле пронајдени наркотички средства во возилото, изјави полицискиот наредник Честер Вард. Оттаму јавија дека чекаат на обдукција за да дознаат дали смртта на маринците од „нешто што ние можеби не го гледаме“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsata-mrtvi-pronajdeni-vo-juzhna-karolina-se-marintsi/feed/ 0
Петмина загинати при уривање на мал авион во Јужна Каролина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-zaginati-pri-urivane-na-mal-avion-vo-juzhna-karolina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-zaginati-pri-urivane-na-mal-avion-vo-juzhna-karolina/#respond Thu, 06 Jul 2023 08:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=853471

Пет лица загинаа при пад на мал авион во американската сојузна држава Јужна Каролина. Авионот се урна во близина на терен за голф во Норт Миртл Бич за време на викендот, а првичните информации беа дека само едно лице е повредено. Денеска е потврдено дека загинале сите на летот – четворица патници и пилотот, јавуваат локалните медиуми. Четири лица починале на лице место, а едно во болница. Денеска беа објавени и идентитетите на жртвите, две жени на возраст од 32 и 42 години и нивните синови на седум и 17 години, како и на 66-годишниот пилот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-zaginati-pri-urivane-na-mal-avion-vo-juzhna-karolina/feed/ 0
Јужна Каролина усвои забрана за абортус по шестата недела од бременоста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-karolina-usvoi-zabrana-za-abortus-po-shestata-nedela-od-bremenosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-karolina-usvoi-zabrana-za-abortus-po-shestata-nedela-od-bremenosta/#respond Wed, 24 May 2023 09:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=838153

Пратениците од Јужна Каролина вчера усвоија забрана за повеќе абортуси по шестата недела од бременоста, кога почнува срцевата активност на фетусот. Оспорениот предлог-закон, што се очекува да биде потпишан од републиканскиот гувернер Хенри Мекмастер, помина главно по партиска линија, со забележителен исклучок на пет членки на државниот Сенат - три републиканки, една демократка и една независна - кои се спротивставија, пренесуваат британските медиуми. Предлог-законот поддржан од републиканците, што ги забранува повеќето абортуси пред многу жени да знаат дека се бремени, е ревидирана верзија на претходната мерка која Врховниот суд оваа година ја прогласи за неуставна. Дозволува абортуси до 12 недела во случаи на силување и инцест и дава исклучок за итни медицински случаи. Врховниот суд на САД минатата година го укина речиси 50-годишното федерално право на абортус, што поттикна многу други држави низ јужниот дел на САД во голема мера да ги ограничат абортусите. -Ова што го правиме денеска ќе предизвика нелегални абортуси, кажа државната сенаторка Сенди Сен, републиканка која минатата година беше меѓу петте сенаторки кои успешно ја блокираа уште построгата забрана. -Кога тинејџерите умираат од нелегални абортуси бидејќи не знаеле дека се бремени во шестата недела - тоа е наша вина, рече таа. Државниот сенатор Шејн Меси, републиканец, се залагаше за забраната како мерка за усогласување на ограничувањата на абортусот во Јужна Каролина со другите јужни држави. -Јужна Каролина стана престолнина на абортуси на југоистокот, рече Меси за време на вчерашното сослушување. Застапниците за правата на абортус изјавија дека ќе поднесат уште една тужба за блокирање на мерката. Во моментов во Јужна Каролина се дозволени абортуси во првите 22 недели од бременоста, што е еден од најлибералните закони за абортус во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-karolina-usvoi-zabrana-za-abortus-po-shestata-nedela-od-bremenosta/feed/ 0
На 116 годишна возраст почина најстарата жена во Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-116-godishna-vozrast-pochina-najstarata-zena-vo-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-116-godishna-vozrast-pochina-najstarata-zena-vo-amerika/#respond Mon, 19 Apr 2021 06:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=499035

Највозрасната Американка, Хестер Форд, почина во саботата на 116 години, оставајќи зад себе околу 200 правнуци, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи. Афроамериканката е родена во Јужна Каролина и израснала на фарма за памук, каде што работела како земјоделка, а потоа и како дадилка. Иако не е сигурно дали е родена 1905 или 1904 година, Групата за геронтолошки истражувања во САД во 2019 година ја призна Хестер како – најстара Американка. -Таа го претставуваше напредокот на нашето семејство, но и напредокот на Афроамериканците и нивната култура во нашата земја. Таа не потсетуваше на патот што го минавме како нација, рече нејзиното семејство. Г-ѓа Форд е родена околу 40 години по укинувањето на ропството, но ја искусила сегрегацијата, која заврши дури во 1960-тите. Таа ја преживеала и пандемијата на шпанскиот грип. Имала повеќе од 280 потомци: 12 деца, 48 внуци, околу сто правнуци и приближно ист број праправнуци. Починала дома, опкружена со семејството. Причината за смртта засега е непозната. Најстарата жена во светот во моментов е Јапонката Кане Танака, која има 118 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-116-godishna-vozrast-pochina-najstarata-zena-vo-amerika/feed/ 0
Јужна Каролина објави евакуација на повеќе од милион луѓе поради ураганот Дориjан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-karolina-objavi-evakuacija-na-povekje-od-milion-lugje-poradi-uraganot-dorijan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-karolina-objavi-evakuacija-na-povekje-od-milion-lugje-poradi-uraganot-dorijan/#respond Mon, 02 Sep 2019 06:52:33 +0000 https://kurir.mk/?p=235904

Во сојузната држава Јужна Каролина синоќа беше објавена наредба за задолжителна евакуација на жителите во крајбрежните делови на државата поради приближување на ураганот Доријан, која треба да почне денес напладне. Наредбата ја потпиша гувернерот Хенри Мекмастер. -Поради приближување на ураганот во крајбрежните области на државата на пладне на 2 септември ќе почне задолжителна евакуација на која се подложни околу милион луѓе, се вели во документот. Поради приближување на временската стихија, вонредни состојби со предупредувања за силни бури и поплави претходно беа објавени во сојузните држави Флорида, Џорџија, Јужна Каролина и Северна Каролина. Циклонот во моментов беснее се силина од петта, најопасна, категорија во северозападниот дел на Бахамските острови, каде брзината на ветриштата на некои места достигнува и 300 киломери на час, а нивото на морето е повишено и за 23 метри. „Окото“ на ураганот во саботата го промени правецот и се задржа на Бахамите повеќе од 40 часа. Како што се очекуваше, место на Флорида, неделава на удар најверојатно ќе бидат бреговите на Џорџија, Јужна и Северна Каролина. Американските власти ги предупредуваат жителите во југоисточното крајбрежје на САД да бидат подготвени за ураганот и будно да го следат развојот на ситуацијата. Сезоната на ураганите над Северен Атлантски Океан почнува во јуни и трае до ноември. Правилото е секој следен циклон да добива име по азбучен ред, и имињата, кои ги дава Светската метеоролошка организација, напоредно се менуваат според родот. Така, годинава ураганите ги носеа следните имиња: Бари, Шантал (Chantal) и Дориjан, а следен циклон на ред е (доколку се појави) Ерин. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzna-karolina-objavi-evakuacija-na-povekje-od-milion-lugje-poradi-uraganot-dorijan/feed/ 0
Еден убиен и шестмина повредени полицајци во престрелка во Јужна Каролина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-ubien-i-shestmina-povredeni-policajci-vo-prestrelka-vo-juzna-karolina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-ubien-i-shestmina-povredeni-policajci-vo-prestrelka-vo-juzna-karolina/#respond Thu, 04 Oct 2018 06:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=110492

Еден полицаец е убиен и шестмина се повредени во престрелка што се случила во американската држава Јужна Каролина, а локалните власти соопштија дека осомничениот напаѓач е уапсен. Полицајците биле нападнати во градот Флоранс при обид да спроведат налог за апсење. Локалните медиуми истакнуваат дека инцидентот се случил во богат кварт. Напаѓачот се предал по преговори. Повеќе претставници на американските власти, вклучително и претседателот Доналд Трамп, реагираа на престрелката. - Моите мисли и молитви вечерва се со службата на шерифот на округот Флоранс и полициската управа на Флоранс, Јужна Каролина. Засекогаш сме благодарни за она што го прави нашата полиција 24/7/365, напиша Трамп на Твитер. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-ubien-i-shestmina-povredeni-policajci-vo-prestrelka-vo-juzna-karolina/feed/ 0
Масовна тепачка во затвор: 7 загинати, 17 тешко повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovna-tepachka-vo-zatvor-7-zaginati-17-teshko-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovna-tepachka-vo-zatvor-7-zaginati-17-teshko-povredeni/#respond Mon, 16 Apr 2018 13:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=41382

Најмалку седум затвореници загинаа, а 17 се тешко повредени во тепачка во затвор со максимални безбедносни мерки во сојузната американска држава Јужна Каролина. Дури три часа им биле потребни на чуварите во затворот за да ја стават ситуацијата под контрола. Портпаролот на затворот Џеф Тејлон изјави дека никој од чуварите не е повреден. Според него, на повредените затвореници, медицинска помош им е укажана надвор од затворот. Тепачката избила во три затворски крила. Во тој затвор лежат околу 1.500 затвореници и тука се наоѓаат некои од најнасилните престапници во Јужна Каролина. Во тепачка во 2015 година до смрт се избодени двајца чувари, а еден затвореник е убиен во февруари во овој затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovna-tepachka-vo-zatvor-7-zaginati-17-teshko-povredeni/feed/ 0