јужна кореја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 14:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јужна кореја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јужна Кореја, САД и Јапонија ја одржаа првата трилатерална воена вежба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-sad-i-japonija-ja-odrzhaa-prvata-trilateralna-voena-vezhba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-sad-i-japonija-ja-odrzhaa-prvata-trilateralna-voena-vezhba/#respond Sun, 22 Oct 2023 14:36:45 +0000 https://kurir.mk/?p=891948

Војските на Јужна Кореја, САД и Јапонија денеска ја одржаа својата прва трилатерална воздушна вежба како одговор на севернокорејската нуклеарна закана, соопштија јужнокорејските воздухопловни сили. Во соопштението се наведува дека одржувањето на денешните вежби во близина на Корејскиот полуостров е имплементација на претходниот договор на трите земји за зголемување на одбранбената соработка и зајакнување на нивните заеднички способности да одговорат на заканите од Северна Кореја. Во вежбата учествуваа нуклеарни бомбардери Б-52 на американската армија и борбени авиони од армиите на Јужна Кореја и Јапонија. Јужна Кореја и Јапонија се клучни сојузници на САД во Азија, а таму се стационирани околу 80.000 американски војници. Трите земји повремено одржуваа трилатерални поморски вежби, но денешните маневри беа првпат тие да спроведат трилатерална вежба на воздухопловните сили. Зајакнувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја го принуди конзервативниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јул, да ги игнорира историските спорови со Јапонија и да ја засили трилатералната безбедносна соработка со САД и Јапонија. Како што наведуваат странските агенции, денешната вежба може да предизвика лут одговор од Северна Кореја, која редовно ги осудува вежбите на САД со Јужна Кореја, нарекувајќи ги проба за инвазија и одговарајќи со нови ракетни тестови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-sad-i-japonija-ja-odrzhaa-prvata-trilateralna-voena-vezhba/feed/ 0
Јужна Кореја ќе забрани јадење кучиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/#respond Mon, 18 Sep 2023 09:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=879058

Јужнокорејските пратеници планираат да воведат легислатива насочена кон забрана на продажба и консумирање на кучешко месо, контроверзен вековен обичај кој во моментов ниту е експлицитно забранет ниту легализиран. Според извештаите на медиумите, актот беше предложен од главната опозициска Демократска партија во четвртокот и веднаш доби поддршка од владејачката Партија на моќта на народот, која ќе донесе доволно гласови за усвојување на законот. „Околу 10 милиони јужнокорејски домаќинства одгледуваат домашни миленици. Сега е време да се стави крај на јадењето кучиња“, рече шефот на политичкиот комитет на владејачката партија, Парк Дае-Чул, цитиран од Блумберг. Првата дама ја поддржа забраната за сите видови трговија и консумирање кучешко месо. Минатиот месец, таа го повика Националното собрание да донесе закон за ставање крај на оваа практика и вети дека „ќе води кампања и ќе вложи напори за да се стави крај на консумирањето кучешко месо“. „Луѓето и животните треба да коегзистираат“, рече таа на прес-конференцијата организирана од граѓанска група кон крајот на август, додавајќи дека „треба да се стави крај на незаконските активности со кучешко месо“. Консумирањето кучешко месо е вековен обичај на Корејскиот полуостров, но во последните неколку години е во опаѓање. Во последниве години, бројот на фарми низ Јужна Кореја е намален за половина, но од 700.000 до еден милион кучиња сè уште се колат секоја година, што е пад од милионите од пред една деценија, според здружението на фармерите на кучиња. Претходните обиди на владата целосно да ја забрани индустријата за кучешко месо беа спротивставени од фармерите на кучиња и сопствениците на ресторани поради страв да не ја загубат својата егзистенција. Фармерите тврдат дека кучињата кои се одгледуваат за нивното месо се разликуваат од домашните миленици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-zabrani-jadene-kuchina/feed/ 0
Јужна Кореја со нова невоена помош за Украина во вредност од 2,3 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-so-nova-nevoena-pomosh-za-ukraina-vo-vrednost-od-2-3-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-so-nova-nevoena-pomosh-za-ukraina-vo-vrednost-od-2-3-milijardi-dolari/#respond Sun, 10 Sep 2023 13:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=876606

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јол на Самитот на Г20 најави дополнителна невоена помош за Украина во вредност од 2,3 милијарди долари. Првите 300 милиони долари ќе бидат обезбедени во 2024 година во форма на хуманитарна помош, а останатите две милијарди долари ќе почнат да се исплаќаат во 2025 година во форма на долгорочни ниски каматни заеми преку Фондот за соработка во економскиот развој (ЕДЦФ). Јужна Кореја учествува во санкциите против Русија и обезбедува хуманитарна помош за Украина, но и покрај барањата на Киев, таа не испраќа никакво оружје.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-so-nova-nevoena-pomosh-za-ukraina-vo-vrednost-od-2-3-milijardi-dolari/feed/ 0
САД, Јужна Кореја и Јапонија се согласија да ја зајакнат соработката за следење проектили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-juzhna-koreja-i-japonija-se-soglasija-da-ja-zajaknat-sorabotkata-za-sledene-proektili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-juzhna-koreja-i-japonija-se-soglasija-da-ja-zajaknat-sorabotkata-za-sledene-proektili/#respond Thu, 07 Sep 2023 17:11:49 +0000 https://kurir.mk/?p=875819

Министрите за одбрана на САД, Јужна Кореја и Јапонија денеска заеднички ги осудија неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја и се согласија да ја засилат соработката за следење на ракетите, соопшти Министерството за национална одбрана на Јужна Кореја. Воените министри на трите земји се договорија и за заеднички вежби во блиска иднина како дел од одбранбените мерки против нуклеарната закана на Пјонгјанг, пренесуваат странските агенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-juzhna-koreja-i-japonija-se-soglasija-da-ja-zajaknat-sorabotkata-za-sledene-proektili/feed/ 0
По Јапонија, тропската бура „Ханун“ ја погоди и Јужна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-japonija-tropskata-bura-hanun-ja-pogodi-i-juzhna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-japonija-tropskata-bura-hanun-ja-pogodi-i-juzhna-koreja/#respond Thu, 10 Aug 2023 09:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=865374

Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од дожд до 60 мм на час во областите долж источниот брег на земјата и ветрови со максимална брзина од 90 км/ч на места во провинцијата Јужна Гјеонгсанг на островот Даеџу, соопшти јужнокорејската метеоролошка служба. Ханун се движи на север со 20 km/h помеѓу третиот по големина јапонски остров Кјушу, на југозападниот дел на земјата, 860 километри од главниот град Токио и Корејскиот полуостров, зголемувајќи ја малкута брзина додека се движи кон север со 20 km/h. Јужна Кореја нареди суспендирање на активностите на отворено за меѓународната средба во крајбрежна област на која се собраа десетици илјади извидници. Вчера, околу 37.000 извидници се преселиле на побезбедна локација бидејќи нивниот камп е близу патеката на невремето. Повеќе од 1.500 училишта ја прилагодија својата наставна програма, при што некои се затворени, а 877 од нив се префрлија на учење на далечина, соопшти јужнокорејското Министерство за образование. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-japonija-tropskata-bura-hanun-ja-pogodi-i-juzhna-koreja/feed/ 0
Тајфун во Јапонија и Јужна Кореја, откажани сите летови, се најавува ново невреме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-vo-japonija-i-juzhna-koreja-otkazhani-site-letovi-se-najavuva-novo-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-vo-japonija-i-juzhna-koreja-otkazhani-site-letovi-se-najavuva-novo-nevreme/#respond Wed, 09 Aug 2023 17:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=865141

Поради силниот дожд што денеска го донесе тајфунот Канун додека ги погоди јужните делови на Јапонија и областите на Јужна Кореја, откажани се сите летови, а возовите се запрени бидејќи се приближува уште една бура од исток, која му се заканува на Токио. Невремето моментално е во морето јужно од Кјушу, главниот југозападен јапонски остров, на околу 860 километри од Токио. Претходно ја опустоши југозападната област на Окинава. Невремето не ја губи моќта и се движи невообичаено бавно, со брзина од околу 10 километри, што значи дека ветерот и дождот ќе се задржуваат подолго време над областа. Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) издаде предупредување за обилни дождови и силен ветер во многу делови од јужна и западна Јапонија. Поради ова, компаниите кои произведуваат автомобили, вклучително и Тојота, прекинаа дел од своето производство. „Јужна Кореја прогласи највисоко ниво на тревога и беше принудена да откаже речиси 80 летови и да затвори бројни морски патишта“, соопшти Министерството за внатрешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfun-vo-japonija-i-juzhna-koreja-otkazhani-site-letovi-se-najavuva-novo-nevreme/feed/ 0
Јужна Кореја планира евакуација на 40.000 млади извидници поради тајфунот Канун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-planira-evakuatsija-na-40-000-mladi-izvidnitsi-poradi-tajfunot-kanun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-planira-evakuatsija-na-40-000-mladi-izvidnitsi-poradi-tajfunot-kanun/#respond Mon, 07 Aug 2023 08:28:18 +0000 https://kurir.mk/?p=864118

Јужна Кореја планира да евакуира десетици илјади млади извидници од брегот поради приближувањето на тропската бура Канун, соопштија денеска претставници на извидниците. Светската организација на извидничкото движење соопшти дека добила потврда од Владата на Јужна Кореја дека извидниците, претежно тинејџери, предвреме ќе ја напуштат областа Буан. Владата подготвува план за брза евакуација на 40.000 извидници, кои доаѓаат од 158 земји пред да пристигне невремето. Метеоролошката агенција на Јужна Кореја соопшти дека Канун утринава околу девет часот пристигнал на околу 330 километри североисточно од јапонскиот остров Окинава. Се предвидува дека тајфунот на 10 август ќе ја погоди Јужна Кореја, а ветерот ќе биде со брзина од 118 до 154 километри на час. Големи делови од југот на земјата, вклучувајќи го и Буан, би можеле да бидат зафатени од невремето уште в среда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-planira-evakuatsija-na-40-000-mladi-izvidnitsi-poradi-tajfunot-kanun/feed/ 0
Јужна Кореја ќе ја зголеми помошта за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-ja-zgolemi-pomoshta-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-ja-zgolemi-pomoshta-za-ukraina/#respond Sat, 15 Jul 2023 17:58:45 +0000 https://kurir.mk/?p=856981

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол вети денеска дека неговата земја ќе ја зголеми хуманитарната и воената помош за Украина, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Сеул „ќе го зголеми износот на поддршката обезбедена минатата година, кога обезбедивме опрема како што се шлемови и панцири“, рече Јун, додавајќи дека хуманитарната помош ќе биде зголемена од 100 милиони долари во 2022 година на 150 милиони долари во 2023 година. Јужна Кореја, деветтиот по големина извозник на оружје во светот, испрати хуманитарна помош во Украина, а исто така и продаде тенкови и хаубици на Полска . Сепак, азиската земја има долготрајна политика да не доставува оружје за конфликтните региони, и покрај постојаните молби од САД, европските сојузници и самата Украина за поголема помош. Јужна Кореја, која технички сè уште е во војна со Северна Кореја, произведува големи количини на вооружување компатибилно со НАТО, вклучувајќи тенкови, хаубици и муниција, како и многу барани гранати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-ke-ja-zgolemi-pomoshta-za-ukraina/feed/ 0
Евакуација и откажани летови во Јужна Кореја поради обилни врнежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuatsija-i-otkazhani-letovi-vo-juzhna-koreja-poradi-obilni-vrnezhi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuatsija-i-otkazhani-letovi-vo-juzhna-koreja-poradi-obilni-vrnezhi/#respond Fri, 14 Jul 2023 12:11:19 +0000 https://kurir.mk/?p=856690

Обилните врнежи во Јужна Кореја доведоа до откажување на повеќе од сто летови и илјадници домови без струја. Откажани се повеќе од 130 летови, а до 17 часот одложени се околу 270 летови. Прекини на струја се регистрирани во повеќе од 4.000 домаќинства во главниот град Сеул, а повеќе од 130 лица се евакуирани низ целата земја, соопшти Министерството за внатрешни работи. Се додава дека едно лице е исчезнато, а друго е повредено поради обилните дождови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuatsija-i-otkazhani-letovi-vo-juzhna-koreja-poradi-obilni-vrnezhi/feed/ 0
Јужна Кореја се согласи: Јапонија ќе испушта радиоактивна вода од Фукушима во океанот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-se-soglasi-japonija-ke-ispushta-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-se-soglasi-japonija-ke-ispushta-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/#respond Fri, 07 Jul 2023 08:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=853926

Јужна Кореја денеска соопшти дека планот на Јапонија за ослободување на прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима ги исполнува глобалните безбедносни стандарди и е во согласност со упатствата на надзорното тело на ОН. Јапонија планира наскоро да започне со испуштање повеќе од милион тони прочистена радиоактивна вода во океанот, која досега беше складирана во нуклеарна централа северно од Токио и главно се користеше за ладење на реакторите уништени во цунамито во март 2011 година. Јапонија се соочи со отпор кон таков план и дома и во странство, особено во Јужна Кореја и покрај уверувањата дека водата, откако ќе се филтрира за да се отстранат повеќето изотопи, е безбедна. -Планот ги исполнува меѓународните стандарди, вклучително и оние пропишани од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), рече јужнокорејскиот министер Банг Мун-кју. Повикувајќи се на МААЕ, тој посочи дека водата ќе има „незначителен радиоактивен ефект врз луѓето и животната средина“. Во проценката на штетите учествуваа експерти од 11 земји, меѓу кои и експерти од Јужна Кореја, САД и Кина. Јужнокорејската опозиција ја критикуваше владата дека се согласила со планот и смета дека таа требало да го изведе случајот пред Меѓународниот суд за право на морето. Покрај тоа, кинески експерт кој учествуваше во проценката рече дека е разочаран од „избрзаниот“ извештај и се очекува дека Пекинг ќе продолжи да се спротивставува на планот. Иако Јужна Кореја даде согласност да се испушти оваа вода во океанот, забраната за увоз на храна и морски плодови од регионот каде што се наоѓа Фукушима сè уште останува на сила. Контаминираната вода беше третирана со методот ALPS преку систем за филтрирање кој го отстрани најголемиот дел од радиоактивниот материјал. Сепак, не постои практичен начин да се отстрани тритиумот, радиоактивен изотоп на водород. Тритиумското зрачење, кое има полуживот од 12,3 години, може да биде опасно по здравјето, но Јапонија тврди дека радиоактивни дози во водата ослободена од Фукушима ќе бидат помали од една четириесеттина од меѓународните безбедносни стандарди, што е една седмина од количината која Светската здравствена организација (СЗО) ја постави како стандард за вода за пиење. Речиси 1,3 милиони тони загадена вода, доволна за полнење на 500 олимписки базени, моментално се складирани во огромни резервоари во нуклеарната централа Фукушима по цена од речиси една милијарда долари годишно. Експерти од компанијата TEPCO која управува со нуклеарната централа и владата на Јапонија потврдија дека од радиоактивната вода не може да се отстрани само тритиум, кој во мали количини, по планираното разредување, нема да биде штетно за животната средина и за здравјето на луѓето. TEPCO исто така наведува дека количината на сите други радиоактивни материјали во водата може да се намали на прифатливо ниво, но многу научници предупредуваат дека долгорочните штетни ефекти од ослободувањето на големи количини радиоактивна вода врз морскиот живот не се познати. Несреќата во Фукушима се случи на 11 март 2011 година, по силниот земјотрес со јачина од 9 степени и цунамито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhna-koreja-se-soglasi-japonija-ke-ispushta-radioaktivna-voda-od-fukushima-vo-okeanot/feed/ 0