јужно кинеско море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 11:10:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png јужно кинеско море – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина им порача на САД дека не смеат да се мешаат во нејзините проблеми со Филипини во Јужно Кинеско Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/#respond Thu, 26 Oct 2023 11:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=893360

САД немаат право да се мешаат во проблемите меѓу Кина и Филипините, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи за тензиите околу спорните води во Јужното Кинеско Море. -САД не се страна во прашањето на Јужното Кинеско Море, тие немаат право да се мешаат во проблемот меѓу Кина и Филипините, изјави портпаролот на министерството Мао Нинг на редовниот брифинг со новинарите како одговор на прашање за американската порака дека ќе ги брани Филипините. Кина и Филипините имаат неколку големи спорови во Јужното Кинеско Море, првенствено во спорните води околу вториот атол Томас Шоал, дел од островите Спратли. Во неделата кинески брод се судри со филипински брод, по што Манила најостро ги осуди „опасните маневри за блокирање“ на кинескиот брод. -Ветувањето на САД дека ќе ги бранат Филипините не смее да го наруши суверенитетот и поморските интереси на Кина во Јужното Кинеско Море и не смее да поттикнува незаконски претензии од Филипините, кажа Нинг. Портпаролот на филипинското Министерство за надворешни работи допрва треба да одговори на барањето за коментар. Американскиот претседател Џо Бајден вчера во Белата куќа изјави дека посветеноста на САД за одбраната на Филипините е „цврста како железо“, откако ја обвини Кина дека дејствува „опасно и незаконски“ во Јужното Кинеско Море. -Секој напад врз филипински авиони, бродови или вооружени сили ќе го активира... нашиот договор за заемна одбрана со Филипините, рече Бајден на заедничката средба со австралискиот премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/feed/ 0
Потрага по 27 исчезнати лица откако се преполови брод во Јужно Кинеско Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potraga-po-27-ischeznati-lica-otkako-se-prepolovi-brod-vo-juzno-kinesko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potraga-po-27-ischeznati-lica-otkako-se-prepolovi-brod-vo-juzno-kinesko-more/#respond Sat, 02 Jul 2022 15:40:50 +0000 https://kurir.mk/?p=698876

Напорите на спасувачите продолжија и денеска откако тајфунот Чаба преполови товарен брод со 30 членови на екипажот во Јужно Кинеско Море, јавија кинеските медиуми. Спасувачките тимови досега спасија само тројца членови на екипажот на бродот што тонеше, на 300 километри западно од Хонг Конг, што Кина го нарекува свој специјален административен регион. Засега останува нејасно што се случи со останатите 27 членови на екипажот на бродот, јави South China Morning Post. Весникот наведува дека бродот „Фуџинг001“, што пловел под кинеско знаме, рано утринава побарал помош, кога тајфунот се спуштил врз него. Видео снимка од спасувањето покажува како еден член на екипажот со јаже од хеликоптер е извлечен од бродот, непосредно пред да потоне под него. Спасувачките операции се отежнати од брановите што достигнуваат височина и до 10 метри, а видливоста е помала од 500 метри. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potraga-po-27-ischeznati-lica-otkako-se-prepolovi-brod-vo-juzno-kinesko-more/feed/ 0