кабинет на премиер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Mar 2018 11:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кабинет на премиер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амди Бајрам бара Ром да биде вработен во Кабинетот на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amdi-bajram-bara-rom-da-bide-vraboten-vo-kabinetot-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amdi-bajram-bara-rom-da-bide-vraboten-vo-kabinetot-na-zaev/#respond Thu, 29 Mar 2018 11:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=34180

Пратеникот Амди Бајрам на денешната седница за пратенички прашања ги праша членовите на Владата во врска со снабдувањето со лекови и за вработувањето на Ромите во МВР и во Кабинетот на премиерот. Бајрам го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зошто на конкурсите што ги објавува МВР не се вработуваат Роми и кога тие ќе бидат рамноправни со другите. Министерот Спасовски рече дека има распишано конкурс минатата година за прием на нови полицајци и оти според законот се избираат 550 полицајци. - Во селекцијата досега според информации од Комисијата имаме различна национална структура во однос на кандидатите. Јас очекувам на крајот на селекцијата да имаме доволно кандидати кои припаѓаат на сите заедници, вклучително и на ромската, рече Спасовски. За жал, како што посочи, точно е дека на изминатите конкурси нема ниту еден вработен од ромска националност. Пратеникот Бајрам упати прашање и до премиерот Зоран Заев за тоа дали размислува да вработи советник од ромска националност во неговиот Кабинет. Заев одговори дека во текот на април има намера да го пополни слободното место - советник за ромски прашања. - Јас познавам многу квалитетни Роми и верувам дека ќе се мотивираат да конкурираат. Се надевам на квалитетни кадри, за да може Роми да се борат за ромските прашња, рече Заев. Според Бајрам не е важно кој ќе биде, туку важно е да биде образуван, а такви Роми има. Бајрам на седницата рече дека аптеките прават големи малверзации, криејќи ги лековите од луѓето што зависат од нив, а не можат да си дозволат да ги купат. Тој го праша министерот за здравство Венко Филипче дали Владата размислува граѓаните кои не примаат социјална помош дали можат да се лекуваат. - Владата донесе одлука за укинување на партиципацијата за лица до 18 години кои примаат социјална помош. Ова е прва мерка и очекуваме да помогне сите млади лица до 18 години бесплатно да се лекуваат, изјави Филипче. Ова, како што додаде, е прва мерка и ќе се размислува за нејзино продолжување. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amdi-bajram-bara-rom-da-bide-vraboten-vo-kabinetot-na-zaev/feed/ 0