кацарска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Feb 2020 12:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кацарска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судскиот совет се разбуди: Ќе ја истражува вмешаноста на Кацарска во „Империја“ или ќе ја „пере“ од одговорност? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-se-razbudi-kje-ja-istrazuva-vmeshanosta-na-kacarska-vo-imperija-ili-kje-ja-pere-od-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-se-razbudi-kje-ja-istrazuva-vmeshanosta-na-kacarska-vo-imperija-ili-kje-ja-pere-od-odgovornost/#respond Mon, 03 Feb 2020 12:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=298512

Судскиот совет ќе одлучува за инволвираноста на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев. – На 31 јануари до судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет. Од друга страна, очекувањата на познавачите на состојбите се дека поради тамошната констелација, веројатно и очекувано е дури и Советот да застане во одбрана на Кацарска, особено поради нејзиниот „минат труд“ во времето на владеењето на Заевата Влада. Кон ова наведува и фактот што судијката која го ослободи Зоран Заев од „Поткуп“,  која обвинетите патриоти за местенката на 27 април ги осуди на драконски 211 години, судеше и пресуди во патетичниот случај на СЈО – „Тенк“ за мерцедесот кој и ден-денеска се вози и судијка на која фамозниот АКМИС постојано и ги доделува најжешките случаи против екс раководството на ВМРО-ДПМНЕ, „згрозена“ од сведочењето лично  побара од Судскиот совет да ги утврди сите факти и обвинувања на обвинителката Лиле Стефанова. Од отворање на истрагата и претресот во неговите фирми, за случајот „Империја“ осомничениот Орце Камчев праќаше судии, обвинители, политичари и бизнисмени, рече во сведочењето за случајот „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката Лиле Стефанова, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот „Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари. –Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев – рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски. Сепак, дел од јавноста се надева дека „будењето“ на Советскиот совет, кому му требаше цела недела за да гласот „допре“ до нив, се должи на општествените промени кои судиите во ова судско тело го почувствуваа. Од друга страна, Вилма Рускоска, која е дел од волшебниот судско-обвинителски триаголник Јовески-Кацарска-Рускоска, ја бранеше Кацарска и ја нападна колешката Лиле Стефанова за сведочењето на Кацарска. Пред 5 дена пак, Боки 13, обвинет во рекет, ја обвини истата таа Рускоска за криминал тежок 4 милиони евра. До денешен ден, обвинителот Јовески не најде време и место за да ги испита наводите на Бојан Јовановски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-se-razbudi-kje-ja-istrazuva-vmeshanosta-na-kacarska-vo-imperija-ili-kje-ja-pere-od-odgovornost/feed/ 0
Анализа: Зошто на Кацарска и требаа цели 96 часа за да се „згрози“ од сведочењето на Стефанова? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-zoshto-na-kacarska-i-trebaa-celi-96-chasa-za-da-se-zgrozi-od-svedochenjeto-na-stefanova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-zoshto-na-kacarska-i-trebaa-celi-96-chasa-za-da-se-zgrozi-od-svedochenjeto-na-stefanova/#respond Fri, 31 Jan 2020 16:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=297533

Судијката која го ослободи Зоран Заев од „Поткуп“,  која обвинетите патриоти за местенката на 27 април ги осуди на драконски 211 години, судеше и пресуди во патетичниот случај на СЈО - „Тенк“ за мерцедесот кој и ден-денеска се вози и судијка на која фамозниот АКМИС постојано и ги доделува најжешките случаи против екс раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сега  бара од Судскиот совет да ги утврди сите факти и обвинувања на обвинителката Лиле Стефанова за притисоци врз неа и обвинителите во СЈО и јавноста да ја дознаела целата вистина. Јавноста се прашува, зошто на Кацарска и требаа цели четири дена (96 часа) за да реагира за Стефанова и чуму и' требаше толку многу време за да го напише ова одбранбено писмо до Судскиот совет? Истата таа јавност македонското судство одамна го перципира токму како Кацарска судство, фраза која стана општоприфатена, исто како и Рускоска обвинителството. Индикативно е што во само два дена разлика, обвинителката Рускоска е обвинета за криминал од 4 милиони евра од обвинетиот во рекет Бојан Јовановски, а судијката Кацарска за влијанија и силни притисоци врз СЈО од сведокот во истиот случај, обвинителката Лиле Стефанова. Познавачите на состојбите, овие акти не ги сметаат како случајни, туку ги поврзуваат со доаѓањето на изборите, очигледноста на еден брод кој тоне и вистината која полека, со губењето на стегите поставени од актуелната влада, се почесто ќе излегува на виделина. Велат дека основното прашање кое деновиве се поставува по судските кулоари е - „Кој е следниот кој ќе „пропее“ и ќе посведочи за нов криминал или притисок“ на инволвираните ликови сплотени во волшебниот триаголник во кој е создадена судско-обвинителско-владината спрега. Судијката Добрила Кацарска четири дена по обвинувањатаво понеделникот, денеска испрати емотивно писмо до Судскиот совет, во кое наведува дека по сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“ секојдневно се соочувала со сè повеќе вербални напади од обвинети, нивните бранители, како и од некои политичари. Три дена по сведочењето, навредената Кацарска сфатила дека во случајот „Рекет“ нејзиното име било злоупотребено со цел да се наруши нејзиниот „интегритет, дигнитет и независност во постапувањето“ и дека е згрозена од изјавата на Стефанова дека таа ѝ вршела притисок. „Имено, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, Лиле Стефанова, во својство на сведок во предметот со кодно име ‘Рекет’ во својот исказ меѓу останатото навела дека и се вршеле притисоци преку разни емисари, односно обвинители, судии, бизнисмени и политичари, а притоа го споменала моето име, наводно јас сум ѝ вршела притисок, но не лично нејзе, туку наводно сум ѝ пуштила некој колега обвинител, како што известија и сите присутни медиуми,“ пишува Кацарска во емотивното писмо. Силно навредената судијка наведува дека била згрозена од ваквата изјава и тврди дека не е вистина дека вршела притисок врз Стефанова, ниту лично ниту преку нејзин колега. „Во делот на нејзините наводи дека јас сум „окапала“ во судот денот кога се одлучуваше за притворот на Јордан Камчев, додава Кацарска, истакнувам дека тоа беше работен ден, а јас секој работен ден од 8 часот сум на работа, а од месец јануари 2018 година до месец јули 2019 година бев секој ден на работа од раните утрински часови, па до доцна во ноќта, без оглед дали се работело за работни денови, празник или викенд, со оглед дека и јавноста знае на кои предмети во тој период работев и кои пресуди се донесоа и пресудите беа изготвениво законски рок“, се правда судијката, признавајќи притоа дека фамилијата Камчеви се нејзини фамилијарни пријатели, но таа нејзина искреност не смела да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, бидејќи шетните последици од изнесување невистини доведувале до нарушување на угледот на оној на кого се однесуваат, а имајќи предвид дека ја извршувала функцијата судија, се нарушува и угледот на судиската функција воопшто, нешто што во никој случај не сакала и не смеела да го дозволи,  наведува растревожената Кацарска во писмото. Индикативно, ова  е веќе четврто писмо кое треба да излезе во јасноста последните два дена. Трите други, досега непознати за јавноста која мислеше дека се работи за едно писмо, ги најави токму обвинителот Јовески. Нему, опозицијата која е „режим“ и кога не е на власт, му забрани да ги објави на дебатат за предлог законот за ЈО во собранието. Нивен автор наводно е Катица Јанева. На социјалните мрежи велат :„Јавноста е во очекување на ново писмо од новата епистоларна тактика на атавизмите од системот на заминување.“  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-zoshto-na-kacarska-i-trebaa-celi-96-chasa-za-da-se-zgrozi-od-svedochenjeto-na-stefanova/feed/ 0
Арсовски: На Кацарска и се закануваат 11 години затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-fekaliite-od-luj-viton-pravosudstvoto-so-sekoe-novo-rochishte-za-reket-pochnaa-da-izleguvaat-na-videlina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-fekaliite-od-luj-viton-pravosudstvoto-so-sekoe-novo-rochishte-za-reket-pochnaa-da-izleguvaat-na-videlina/#respond Wed, 29 Jan 2020 12:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=296354

Фекалиите од Луј Витон правосудството со секое ново рочиште за Рекет почнаа да излегуваат на виделина. Разобличени се сите маски на независно расцветано судство на Зоран Заев, кое всушност е судство зависно од власта на Заев и СДСМ, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. -Кацарска судството и Русковска обвинителството нема кредибилитет и е пример за криминално-насилно обвинителство и судство што работи под палката на актуелната Влада на СДСМ и Заев. Покрај Кацарска судството, денеска сериозни сомнежи за испитување на криминал има и за омилената обвинителка на Зоран  Заев, Вилма Русковска, каде што обвинет во случајот Рекет јавно изјави дека поседува докази за криминал од 4 милиони евра. Маските се паднати. Ова е сериозна индиција за криминал вреден 4 милиони евра во кој е вмешан главниот обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција и мора уште веднаш да се истражи. Не смее да се замижи пред ова јавно излагање на обвинетиот од случајот Рекет. Според тврдењата на обвинителот Лиле Стефанова доколку се точни, Добрила Кацарска директно влијаела врз судски одлуки за што треба да одговара по најмалку 3 члена од Кривичен Законик на Република Македонија и еден член од Законот за судови. Член 353 став (1) - Злоупотреба на службената положба и овластување кое што фаќа рамка од  6 месеци до 3 години затвор, Член 358-а став (2) - Давање награда за противзаконито влијание кое што опфаќа рамка доколку се прекшри членот Законот од 1 година до 5 години затвор, Член 375 став (1) - Присилба спрема правосуден работник кое што опфаќа рамка за  парична казна или до 3 години затвор, истакна Арсовски. Дополнително,  Членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“, вели Арсовски. -Според сите овие членови од Кривичен Закони на Република Македонија на Добрила Кацарска и се заканува до 11 години казна  затвор и веднаш да биде суспендирана од член 75 од законот за судови од страна на Иван Џолев, бидејќи му тече законскиот рок од 8 дена. Доколку не ја суспендира во рокот од 8 дена тој самиот е соучесник  во она што го направила Добрила Кацарска. Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува јасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираат партиски нарачки. Добрила Кацарска ургира кај Катица Јанева, Катица Јанева ја фали Добрила Кацарска дека и била ментор и учела од нејзе, а Вилма Русковска со индиции за вмешаност во криминал од 4 милиони евра, потенцираше тој. Институциите не смеат да замижат пред сите овие случаеви. Одговорност мора да има. Сите овие луѓе под палката на Заев го урнисаа правосудниот систем и затоа е потребен закон кој нема да амнестира криминалци, додава Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-fekaliite-od-luj-viton-pravosudstvoto-so-sekoe-novo-rochishte-za-reket-pochnaa-da-izleguvaat-na-videlina/feed/ 0
Арсовски: Ако се точни сведочењата во „Рекет“, Кацарска треба кривично да одговара и да лежи во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ako-se-tochni-svedochenjata-vo-reket-kacarska-treba-krivichno-da-odgovara-i-da-lezi-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ako-se-tochni-svedochenjata-vo-reket-kacarska-treba-krivichno-da-odgovara-i-da-lezi-vo-zatvor/#respond Tue, 28 Jan 2020 13:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=295796

Ако се точни сведочењата во Рекет, Кацарска треба да одговара кривично и да лежи затвор. Впрочем ниту еден сериозен правник или обвинител со долгогодишно искуство не би сведочел лажно и би знаел дека за тоа се одговара.  Што значи дали тврдењата се точни, тоа треба да го докаже судот. Добрила Кацарска веќе нема кредибилитет да суди и да пресудува на македонските граѓани, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. -Сведочењето на Лиле Стефанова отвори сериозен сомнеж како функционирало Луј Витон судството на Зоран Заев или народски познато Кацарска судство. Вредностите и вербата во институциите и системот се целосно загубени и затоа мора да се отвори сериозна истрага преку која ќе бидат санкционирани сите кои ја злоупотребувале службената положба и овластувањата за да се пресметуваат со политички неистомисленици, наместо да судат по словото на законот. Членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“. Обвинителката Стефанова на вчерашното сведочење под полна морална и материјална одговорност изјави дека судијата Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Стефанова сведочеше дека судијката Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката. Доколку ова не претставува потешка дисциплинска повреда, тогаш подобро да го избришеме законот или членот 75 од Законот за судови, истакна Арсовски. Истиот член предвидува дека Претседателот на судот во рок од осум дена од денот на осознавање на сторената дисциплинска повреда е должен да го извести Судскиот совет на Република Македонија за истото, потенцираше Арсвоски. -Вклучително истата судијка Добрила Кацарска според сведочењето на Лиле Стефановска треба да одговара по член 353 од КЗ на Република Македонија за злоупотреба на службена должност кооја што ја има. Затоа јавно го повикуваме Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев да не го чека крајниот рок, туку веднаш да постапи и да го извести Судскиот совет по службена должност. Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува јсе појасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираа партиски нарачки на Зоран Заев и СДСМ. Еве како Катица Јанева ја фалеше Добрила Кацарска. Кога веќе гледаме дека Катица Јанева учела од Добрила Кацарска, видовме и што се случи и како заврши Катица Јанева, додава тој. Институциите не смеат да замижат пред овој случај. Одговорност мора да има. Сите овие луѓе под палката на Заев го урнисаа правосудниот систем и затоа е потребен закон кој нема да амнестира криминалци, подвлече Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ako-se-tochni-svedochenjata-vo-reket-kacarska-treba-krivichno-da-odgovara-i-da-lezi-vo-zatvor/feed/ 0
Кацарска од „Кацарска судството“ се јавила кај Јанева од „независното“ СЈО за да влијае врз истраги! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kacarska-od-kacarska-sudstvoto-se-javila-kaj-katica-janeva-za-da-vlijae-vrz-istragi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kacarska-od-kacarska-sudstvoto-se-javila-kaj-katica-janeva-za-da-vlijae-vrz-istragi/#respond Mon, 27 Jan 2020 10:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=295116

Обвинителката Лиле Стефанова во своето сведочење истакна дека судијката Добрила Кацарска се јавувала кај Катица Јанева за да влијае врз истраги, пренесе ТВ 21. Покрај Кацарска, во сведочењето Стефанова вели дека за влијание се јавувале и политичари, обвинители, како и судии. Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот “Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари. -Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kacarska-od-kacarska-sudstvoto-se-javila-kaj-katica-janeva-za-da-vlijae-vrz-istragi/feed/ 0
Одбраната побара изземање на судијката Кацарска за „27 април“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-pobara-izzemanje-na-sudijkata-kacarska-za-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-pobara-izzemanje-na-sudijkata-kacarska-za-27-april/#respond Wed, 19 Sep 2018 11:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=103051

Адвокатот на пратеникот Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, на денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април лани, побара изземање на судијката Добрила Кацарска бидејќи се сомнева дека таа е во роднински врски со некој од оштетените во предметот. Судијката побара да го образложи ваквото барање, а тој рече дека во текот на денот ќе достават докази до Судот. Апостолски, исто така, рече дека Кацарска тенденциозно го води предметот. Судијката даде пауза од еден час за претседателот на Судот да одлучи за барањето. Апостолски изземањето го побара откако Кацарска ги предупреди адвокатите дека нема да им дозволи да влегуваат и излегуваат и излегуваат од судницата кога сакаат. По паузата, треба да сведочи пратеникот Ферид Мухиќ.
Претходно на судењето на обвинетите за настаните во Собранието на РМ на 27 април минатата година  сведочеше само еден од предвидените четири сведоци, вработен во Собранието задолжен за електронскиот систем, вклучување на микрофоните и на системот за гласање.
Сведокот Сашко Коцевски рече дека собраниската седница тој ден имала нормален тек се додека тогашниот претседател Трајко Вељаноски не му дал збор на пратеникот Зекирија кој ја интонирал химната на Албанија што ги вознемирило пратениците од опозицијата и дел од мнозинството. Потоа Крсто Мукоски побарал збор и ја интонирал химната на Македонија, а процедурално збор побарале пратениците Томислав и Илија Димовски, но не добиле, по што Вељаноски ја прекинал седницата. Сведокот ги слушнал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како разговараат дека не треба да се дозволи гласање доколку СДСМ сака да избере претседател на Собранието. Полицаец од обезбедување му рекол да го исклучи системот за гласање и да ја напушти седницата, а тоа, како што наведе Коцевски, не е практика на Собранието. Тој отишол во техника и го прекинал снимањето, но камерите останале вклучени поради праксата се додека има пратеници во пленарната сала, тие да се вклучени. Случувањата во салата ги следел од мониторите, но без тон. Коцевски рече дека бил член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година,  а за време на случувањата на 27 април добивал пораки на вибер што се случува надвор, а тој, пак, ги известил дека внатре е хаос и дека Талат Џафери е избран за претседател. Полицаец им кажал да се заклучат во собата за режија бидејќи во Собранието влегле многу луѓе од надвор. Слушнале трескање на вратата им викале „отворете комуњари" раководителката се уплашила, по што и дале дијазапам и се сокриле позади плакар... по некое време се јавил секретарот на Собранието Жарко Денковски кој прашал дали работи техниката за снимање и не прашал ниту дали се живи и дали им треба нешто. На прашање на обвинителката Вилма Русковска за неговото учество во протестите тој рече дека „ние како партија работиме како војска и добивавме насоки од месните комитети за поддршка на протестите против тиранската платформа". Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-pobara-izzemanje-na-sudijkata-kacarska-za-27-april/feed/ 0
„Тенк“ на СЈО: Адвокатите на одбраната побараа изземање на судијката Кацарска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tenk-na-sjo-advokatite-na-odbranata-pobaraa-izzemanje-na-sudijkata-kacarska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tenk-na-sjo-advokatite-na-odbranata-pobaraa-izzemanje-na-sudijkata-kacarska/#respond Tue, 04 Sep 2018 08:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=96104

Барање за изземање на судијката Добрила Кацарска побараа адвокатите од одбраната на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на почетокот на денешното рочиште во раздвоената постапка во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на „мерцедесот“ вреден 600 илјади евра. Судијката Кацарска даде пауза од половина час за претседателот на судот, Иван Џолев, да се произнесе за барањето на адвокатите. Адвокатите Сања Алексиќ и Боро Тасевски објаснија дека барањето за изземање се однесува на мислење добиено на 27 август од седум члена на Комисијата за заштита од дискриминација со кое таа го задолжува судот да ја отстрани веќе утврдената дискриминација во постапката. За денешното рочиште предвидено е да бидат сослушани шест сведоци предложени од обвинителството. Судијката Кацарска на почетокот на судењето за овој случај закажа 23 рочишта за помалку од 40 работни дена. На претходното рочиште беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tenk-na-sjo-advokatite-na-odbranata-pobaraa-izzemanje-na-sudijkata-kacarska/feed/ 0