Кадри Весели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jun 2022 11:09:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кадри Весели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судот во Хаг пресече: Хашим Тачи и Кадри Весели остануваат во притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-hag-preseche-hashim-tachi-i-kadri-veseli-ostanuvaat-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-hag-preseche-hashim-tachi-i-kadri-veseli-ostanuvaat-vo-pritvor/#respond Thu, 09 Jun 2022 11:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=688845

Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели. Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена денеска. Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета земја што понудила гаранции. Тачи и Весели се товарат за прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување на лица, незаконско апсење и лишување од слобода и сурово постапување, дела извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-hag-preseche-hashim-tachi-i-kadri-veseli-ostanuvaat-vo-pritvor/feed/ 0
Хаг: Кадри Весели се изјасни дека не е виновен за воени злосторства https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-kadri-veseli-se-izjasni-deka-ne-e-vinoven-za-voeni-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-kadri-veseli-se-izjasni-deka-ne-e-vinoven-za-voeni-zlostorstva/#respond Tue, 10 Nov 2020 16:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=427494

Поранешниот офицер во ОВК и лидер на Демократската партија на Косово Кадри Весели, денеска, во своето прво појавување пред Специјалниот суд за злосторства на поранешни припадници на ОВК во Хаг (чие полно име е Специјализирани совети и Специјализирано обвинителство на Косово) изјави дека не е виновен за злосторства против Албанци, Срби и Роми низ Косово и Албанија, 1998-1999 година. – Јас не сум виновен по ниту една точка од обвинението, рече Весели (53) откако судијата на претходна постапка Николас Гијо го праша како се изјаснува по 10 точки од обвинението. Бранител на Весели е британскиот адвокат Бен Емерсон, кој двапати го бранеше командантот на ОВК Рамуш Харадинај од обвиненијата за воени злосторства на Косово пред Хашкиот трибунал. Емерсон најави дека наскоро ќе побара привремено да биде ослободен Весели. Тој рече дека Весели не бил уапсен, дека доброволно се предал, согласнодоговорот со обвинителството. Во времето опфатено со обвинението, од март 1998 година до септември 1999 година, Весели бил шеф на безбедносната и разузнавачката служба на ГШ на ОВК. Заедно со членовите на Генералштабот на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, Весели е обвинет по 10 обвиненија за политички и етнички прогон, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура (две точки) и убиства (две точки). Овие дела се квалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото и во четири точки како воени злосторства. Како учесници во заеднички злосторнички потфат, тие се обвинети за злосторства против најмалку 407 затвореници во 34 притвори на ОВК низ Косово и Албанија и најмалку 98 убиства, од март 1998 година до септември 1999 година. „На повеќе локации низ Косово, како и во Кукеш и Кахан во северна Албанија, припадниците на ОВК извршија злосторства според обвинението против стотици цивили и лица кои не учествувале во непријателства“, се вели во обвинението. Според обвинението, „жртвите биле лица осомничени дека не ја поддржувале ОВК, а подоцна и привремената влада на Косово“. Тоа биле: „Србите, Ромите и Ашкали; католици; цивили за кои се верува дека соработувале или комуницирале со српските власти; Албанци кои ја поддржувале или биле поврзани со Демократската лига на Косово, како и со други партии за кои се смета дека се против ОВК “. Според обвинението, жртвите биле и „Албанци кои не се приклучиле на ОВК или не ја поддржувале ОВК и лица кои се сметале за противници на ОВК. Тачи му се предаде на судот на 5 ноември во Косово, заедно со Весели и Селими, а истата вечер беше ставен во притвор во Шевенинген. Вчера Красниќи (69), поранешен портпарол на ОВК, по првпат беше изведен пред судот во Хаг и се изјасни дека не е виновен за злосторствата од обвинението. Исто и Тачи вчера се изјасни дека не е виновен. Утре пред Судот ќе се појави и Селими (49) за да се изјасни по обвинението. Главниот обвинител Смит првото предлог обвинение го поднесе на 24 април, а второто, ревидирано, на 24 јули. Судијата Гију го потврди обвинението на 26 октомври. Косовските пратеници гласаа за формирање на Специјалниот суд во 2015 година, под силен притисок на САД и на ЕУ. Најголемите политички партии во Косово, според наодите на БИРН, не го поддржуваат барањето на ветераните на ОВК за укинување на судот, дури и ако се согласни дека судот е пристрасен. Од самиот почеток е крајно непопуларен меѓу косовските Албанци, кои на неговото постоење гледаат како на напад врз правичноста на борбата на ОВК против репресивната српска власт, наведува Балкан инсајт. Идејата за формирање на „хибриден“ суд, како дел од косовскиот судски систем, но со седиште во Холандија, во обид да се обезбеди негова независност и да се заштитат сведоците, дојде по објавувањето на извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за злосторствата наводно извршени од припадниците на ОВК, во 2010 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-kadri-veseli-se-izjasni-deka-ne-e-vinoven-za-voeni-zlostorstva/feed/ 0
Тачи, Весели, Сељими и Красниќи се во притвор во Хашкиот суд https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/#respond Fri, 06 Nov 2020 06:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=425629

Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека во средата и вчера се уапсени Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг. Во соопштението на обвинителството се наведува дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово на 26 октомври го потврдил обвиненијата против сите четворица актуелни или поранешни косовски функционери, а поранешни членови на ОВК. Во него се додава дека во согласност со Правилникот за постапување и доказите пред Специјализираните совети на Косово, во тој момент не било обелоденото обвинението, но дека сега се објавени сменетата верзија и налогот за апсење. Информациите за датумот и времето на првото појавување на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи пред судијата на претходна постапка ќе бидат објавени многу брзо. Поранешните високи припадници на ОВК вчера попладне, доброволно, со авион допатуваа во седиштето на судот во Хаг. Тачи претходно, вчера, поднесе оставка од функцијата претседател на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/feed/ 0
Потврдено обвинението за Кадри Весели од Меѓународниот суд за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-obvinenieto-za-kadri-veseli-od-megjunarodniot-sud-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-obvinenieto-za-kadri-veseli-od-megjunarodniot-sud-za-kosovo/#respond Thu, 05 Nov 2020 10:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=425341

На лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и поранешен претседател на косовското Собрание Кадри Весели му е потврдено обвинението од страна на Специјалното обвинителство на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку соопштението кое претпладнево го објави неговата партија, Весели информира дека обвинението го добил вчера попладне и дека ќе отпатува за Холандија во текот на денешниот ден. Весели, кој е еден од водачите на Ослободителната восјка на Косово (ОВК) и шеф на нејзините разузнавачки служби, вели дека доброволно ќе замине во Хаг за да се соочи со обвинениејата, затоа што, како што вели, тоа го гледа како можност да одоговори на „сомнежите и лажните озборувања кои кружат со години“ во врска со борбата на ОВК. – Свесен сум дека има луѓе во Косово кои мислат дека Специјализираните комори се навреда за нашата историска борба за одбрана на народот на Косово од злосторствата на режимот на (некогашниот претседател на Србија, Слободан) Милошевиќ. Но јас не го гледам тоа на тој начин. Јас го гледам како можност да одговорам на сомнежите и лажните озборувања кои кружат со години. Од кога Дик Марти го објави неговиот неоснован извештај, беше неизбежно доаѓањето на овој ден. Беше неизбежно неговите неправедни обвиненија да се проверат пред еден суд, за да им се стави крај еднаш и засекогаш. Тоа е причината зошто јас го поддржав основањето на тој ттрибунал и тоа е причината поради која сега сум подготвен да ја одиграм мојата улога во тој процес, порача Весели. Полицијата на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, вчера во негоиот дом во Приштина го приведе и го префрли во притворното одделение на Меѓународниот суд некогашниот портпарол на ОВК и поранешен спикер на Собранието на Косово, Јакуш Красниќи. Утрово за Хаг отпатува и шефот на пратеничката група на партијата Движење самоопределување (ВВ), Реџеп Селими, кој е исто така една од истакнатите фигури на некогашната ОВК. Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на меѓународниот суд, кој во косовската јавност е познат како „суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формиран е во 2015 година со одлука на Собранието на Косово, под силен притисок на САД и Европската унија. Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК. Како осомничени во Хаг се повикани и некои од основачите и водачи на ОВК, меѓу кои и актуелниот претседател на државата Хашим Тачи и шефот на главниот штаб на ОВК, подоцна и премиер на Косово, генералот Агим Чеку. Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-obvinenieto-za-kadri-veseli-od-megjunarodniot-sud-za-kosovo/feed/ 0
Хашкиот трибунал подигна обвиненија против Хашим Тачи и Кадри Весели https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-tribunal-podigna-obvinenija-protiv-hashim-tachi-i-kadri-veseli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-tribunal-podigna-obvinenija-protiv-hashim-tachi-i-kadri-veseli/#respond Wed, 24 Jun 2020 15:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=362223

Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели. Според дел од косовските медиуми, обвиненија се подигнати и против други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура. Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и друготе осолничени сносат кривична одрговорност за речиси 100 убиства. Во обвинението се наведуваат стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-tribunal-podigna-obvinenija-protiv-hashim-tachi-i-kadri-veseli/feed/ 0
Кадри Весели на распит во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kadri-veseli-na-raspit-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kadri-veseli-na-raspit-vo-hag/#respond Tue, 10 Dec 2019 06:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=275250

Лидерот на Демократската партија на Косово и претседател на последниот состав на Собранието на Косово Кадри Весели отпатува вчера за Хаг, каде што денеска ќе биде интервјуиран од Специјалниот суд за воени злосотрства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.есели, кој беше еден од водачите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) и раководител на косовската разузнавачка служба (ШИК), на новинарите на приштинскиот аеродром им изјави дека неговото сведочење пред истражителите на меѓународниот суд претставува „меѓународен момент за повторно докажување на чистотата на борбата на народот на Косово и на борбата на ОВК“. – Специјалниот суд е предизвик наспроти ужасните српски злосторства, но истовремено е и меѓународен момент за повторно докажување на чистотата на борбата на народот на Косово и на борбата на ОВК. Секој борец на слободата е горд што ја имал среќата да ѝ служи на својата земја. И јас сум многу горд и благодарен за тоа. Историјата на ОВК е историја на правото на народот на Косово за слобода и независност, изјави Весели. Тој не кажа дали во Хаг е повикан во својство на осомничен, или како сведок. Распитот на Весели во Хаг првично беше закажан за почетокот на овој месец, но подоцна се одложи за денеска, 10 декември. Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна на 14 јануари годинава, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК. Покана да се јават пред oбвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено околу 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК. Меѓу оние кои добија покана е и поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај кој, поради тоа, во јули годинава поднесе оставка од премиерската функција, по што беа распишани вонредни парламентарни избори, кои се одржаа на 6 октомври. Истрагите, како што е најавено, се концентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година. Првите обвиненија, според приштинските медиуми, се очекува да бидат подигнати набргу, односно до крајот на оваа или на почетокот на идната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kadri-veseli-na-raspit-vo-hag/feed/ 0
Весели одби да биде премиер на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-odbi-da-bide-premier-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-odbi-da-bide-premier-na-kosovo/#respond Thu, 08 Aug 2019 09:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=227610

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека ја одбил понудата, како претставник на владејачката коалиција, да биде нов премиер на Косово. – Вистина е, имаше понуди да се продолжи овој мандат до 2021 година, со мандатар за премиер од Демократската партија на Косово, односно со мене. Имаше понуди и од партии кои во јавност зборуваат за многу брзи предвремени избори, нагласи Весели. Тој истакна дека тоа нема да се случи поради околностите во кои се наоѓа Косово моментно и дека граѓаните заслужуваат влада која ќе ги води на патот за подобра перспектива и борба против корупцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-odbi-da-bide-premier-na-kosovo/feed/ 0
Весели: Харадинај може самиот себе да се урне, ние нема да го уриваме https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-haradinaj-moze-samiot-sebe-da-se-urne-nie-nema-da-go-urivame/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-haradinaj-moze-samiot-sebe-da-se-urne-nie-nema-da-go-urivame/#respond Wed, 30 Jan 2019 10:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=158157

Претседателот на косовското Собрание и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели вели дека Владата на премиерот Рамуш Харадинај може да се урне само самата себеси, но дека ПДК нема да го стори тоа, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели во интервју за ТВ Дукаѓини ги коментира шпекулациите во медиумите дека неговата партија, на барање на претседателот на Косово, Хашим Тачи, ќе ја урне Владата на Харадинај, поради неговото упорно одбивање да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина. Лидерот на ПДК порача дека тој и неговата партија, која е дел од владината коалиција, ќе го предадат мандатот „доколку се загрозат стратешките интереси на земјата“. – Јас ќе го оставам во кал секого кој и нанесува штети на земјата, доколку земјата не напредува, доколку се загрозат стратешките интереси на земјата, доколку се загрози партнерството со САД. Јас мандатот му го доверувам само на народот, не го ставам в џеб, изјави Весели. Тој има забелешки на премиерот Харадинај поради неговото упорно одбивање на барањата од страна на САД да ја укине таксата на српскиот увоз. – Она што јас би го побарал од Харадинај е да се фокусира повеќе на економските реформи и да внимава повеќе на односите со САД и другите партнери. Партнерството со САД не е прашање на шега, изјави собранискиот спикер. Весели завчера, по средбата со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, предложи таската, под одредени услови, да се суспендира на 120 дена. Меѓутоа, овој предлог Харадинај го одби, со образложение дека Србија не отстранила ниту една од причините поради кои таксата е воведена. Тој останува на ставот дека таксата ќе се укине тогаш кога Србија ќе ја признае независноста на Република Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-haradinaj-moze-samiot-sebe-da-se-urne-nie-nema-da-go-urivame/feed/ 0
Весели: Косово очекува дијалогот со Белград да резултира со признавање од Србија и зачленување во ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-kosovo-ochekuva-dijalogot-so-belgrad-da-rezultira-so-priznavanje-od-srbija-i-zachlenuvanje-vo-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-kosovo-ochekuva-dijalogot-so-belgrad-da-rezultira-so-priznavanje-od-srbija-i-zachlenuvanje-vo-on/#respond Tue, 08 Jan 2019 11:15:43 +0000 https://kurir.mk/?p=149656

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека Косово влегува во дијалогот со Србија за да добие признавање од таа држава и да обезбеди зачленување во Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели во објава на Фејсбук, кратко време откако во Брисел започна средбата на косовската државна делегација за преговори со Србија со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, напиша дека тимот има целосен мандат од Собранието на Косово. Според него, одлуките кои ќе се донесат ќе бидат во целост координирани со меѓународните партнери. – Државната делегација, која денеска го претставува Косово на средбата во Брисел, има целосен легален и легитимен мандат од Собранието на Косово. Овој мандат е целосно во согласност со принципите на демократското функционирање на институциите. Косово е подготвено и решено за дијалог со Србија. Одлуките кои ќе се донесат ќе бидат со целосно почитување на независната и суверена држава Косово и во координација со нашите западни партнери, како и со сите оние кои не поддржуваат, напиша Весели. Одбивањето на дијалогот, според парламентарниот спикер, не е алтернатива, ниту пак решение. – Дотолку повеќе, тоа би претставувало фаворизирање на Србија на меѓународната сцена. Знаеме од минатото дека секогаш кога го одбивала дијалогот, Србија излегувала губитник во процесите. Ние не смееме да ја повториме таа погрешна лекција на Србија. Косово влегува во дијалогот со јасни намери: признавање на косовската држава од страна на Србија и наше зачленување во ОН. Ние нема да дозволиме ниеден резултат кој ќе го ослаби интегритетот на косовската држава. Ние влегуваме во дијалогот за да ја зајакнеме уште повеќе косовската држава и нема никакви сомневања дека ќе го постигнеме тоа, вели Весели. Првиот парламентарец и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК) најави дека наскоро во Собранието ќе помине законот за референдум, со цел „граѓаните да го кажат последниот збор за резултатите од процесот“. – Ние не влегуваме во дијалогот за да погрешиме. Ниту за да изгубиме. Влегуваме само за да добиеме и ќе добиеме. ПДК не греши никогаш кога е во прашање нацијата, државата и партнерството со САД и западните земји. Работата која ја започна денеска Државната делегација на Косово ќе биде транспарентна во сите нејзини фази. А, финалната одлука ќе се легитимира со слободната волја на суверенот. За таа цел ние наскоро во Собранието на Косово ќе го усвоиме законот за референдум. Граѓаните на Косово ќе бидат тие што ќе го кажат последниот збор за резултатите од процесот, напиша Весели. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-kosovo-ochekuva-dijalogot-so-belgrad-da-rezultira-so-priznavanje-od-srbija-i-zachlenuvanje-vo-on/feed/ 0
Весели: Укинувањето на таксите зависи од однесувањето на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-ukinuvanjeto-na-taksite-zavisi-od-odnesuvanjeto-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-ukinuvanjeto-na-taksite-zavisi-od-odnesuvanjeto-na-srbija/#respond Thu, 20 Dec 2018 07:35:54 +0000 https://kurir.mk/?p=142611

Укинувањето на таксите од 100 проценти за увоз на српски производи во Косово, ќе зависи од однесувањето на Србија, изјави синоќа претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели.
Во изјава за КТВ, Весели нагласи дека токму тој го советувал косовскиот премиер Рамуш Харадинај за зголмување на таксите за увоз на стоки од Србија и од Босна и Херцеговина од 10 на 100 отсто, дидавајќи дека засега нема промена на таквата одлука. – Европската унија мора да ги третира двете страни на ист начин, а не да врши притисок во Приштина, нагласи Весели, осврнувајќи се на барањата на Брисел за укинување на таксите. Претседателот на косовското Собрание призна дека политиката на блокади не е рационална, но нагласи дека таквата пракса Србија ја применувала долго време „без да ги почитува граѓаните, стоките, енергетиката, прашањето за документите, а тука се и блокадите на членство на Косово во меѓународните органзиации“. Весели истакна дека косовскиот претседател Хашим Тачи има „уставна улога во дијалогот“ меѓу Белград и Приштина, но потенцираше дека секој постигнат договор во преговорите ќе мора да биде одобрен од Собранието на Косово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/veseli-ukinuvanjeto-na-taksite-zavisi-od-odnesuvanjeto-na-srbija/feed/ 0