кадри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Mar 2023 18:01:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кадри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови кадровски одлуки на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-kadrovski-odluki-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-kadrovski-odluki-na-vladata/#respond Tue, 21 Mar 2023 18:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=814644

Во делот на кадровските прашања, Владата одлучи Зоран Јовановски да го именува за в.д. директор на Казнено поправен дом Идризово, со отворено одделение во Велес, откако го разреши Шпенд Таири од оваа позиција. Новиот в.д. директор Јовановски има завршено високо образование на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита, ЦОК БОС Елисие Поповски, Скопје, а магистрирал на Филозофскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Според приложената биографија, има работно искуство во МВР, како командир на Единицата за специјални задачи, како заменик генерал на Полицијата, како шеф на Граничната полиција, како помошник директор на БЈБ. Учествувал и на бројни семинари во Луизијана, САД, Германија, Обединетото Кралство, во врска со техники на истражувања, криминалистички истраги. Владата одлучи да го поништи огласот за избор на Државен правобранител на Република Северна Македонија. Владата одлучи Душко Арсовски да го разреши од портпарол на Владата на Република Северна Македонија, на негово барање. Премиерот Ковачевски изрази благодарност до Арсовски, за посветената и професионална работа во две ипол годишниот период на извршување на функцијата портпарол на Владата. Владата да даде согласност на Одлуката од 17.03.2023 година на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, со којашто за вршител на должноста директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е именуван Арсим Хасани. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање кандидатка, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и донесе ваква одлука. Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Северна Македонија. Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 – 14 декември 2023 година во Њујорк. Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Северна Македонија. Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот на Република Северна Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-kadrovski-odluki-na-vladata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излегоа со стари и истрошени кадри потонати во криминал, фокусот на јавноста нема да го изместат и со 100 монтирани случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-izlegoa-so-stari-i-istrosheni-kadri-potonati-vo-kriminal-fokusot-na-javnosta-nema-da-go-izmestat-i-so-100-montirani-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-izlegoa-so-stari-i-istrosheni-kadri-potonati-vo-kriminal-fokusot-na-javnosta-nema-da-go-izmestat-i-so-100-montirani-sluchai/#respond Thu, 15 Jul 2021 11:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=537178

СДСМ излегоа со стари и истрошени кадри потонати во криминал, фокусот на јавноста нема да го изместат и со 100 монтирани случаи. Петре Шилегов е градоначалник кој се посвети како да краде. Една набавка ја плаќа двојно поскапо од тоа што се плаќа во други држави или од тоа што е вообичаена пазарна цена. Зоран Зимбаков легализира погони со марихуана на фирми блиски до Заеви, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ацо Велковски малтретираше бремена жена која го изгуби бебето заради тоа. Филип Темелковски ја бетонизира Кисела Вода со узурпација на Расадник. Велимир Смилески троши 400.000 евра за вработување на партиски војници. Горан Трајковски се заканува на фирми и граѓани јавно пред камери. Константин Георгиевски не може да се справи со урбаната мафија, Охрид заради него може да ја загуби заштита од УНЕСКО. Марјан Јанев беше фатен како поткупува гласачи, истакнуваат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема кандидат кој го предложи СДСМ кој не е криминоген, насилник или неспособен, скоро сите се три во едно. -СДСМ нема како да го избрише овој факт и затоа ќе се обиде да дефокусира. Реалноста е дека четири години во Македонија се живее лошо. Криминалот царува, а локалните шерифи осилени од Заев со нова кандидатура за нов мандат малтретираат луѓе. Времето на овие криминалци завршува. Време е за Македонија за сите луѓе, порачаа од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-izlegoa-so-stari-i-istrosheni-kadri-potonati-vo-kriminal-fokusot-na-javnosta-nema-da-go-izmestat-i-so-100-montirani-sluchai/feed/ 0
Пешевска: Владината политика и погрешниот избор на кадри се единствените виновници за лошата состојба во институциите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vladinata-politika-i-pogreshniot-izbor-na-kadri-se-edinstvenite-vinovnici-za-loshata-sostojba-vo-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vladinata-politika-i-pogreshniot-izbor-na-kadri-se-edinstvenite-vinovnici-za-loshata-sostojba-vo-instituciite/#respond Fri, 16 Oct 2020 11:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=417199

Крајно време е лицата на власта да престанат да вршат притисок и да ги остават врботените да си ја работат својата работа, бидејќи декларативно тоа беше нивна заложба за професионализирање на администрацијата и вложување во човечки капитал, пишува на својата Фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава на Пешевска: Владината политика и погрешниот избор на кадри се единствените виновници за лошата состојба во институциите! Крајно време е лицата на власта да престанат да вршат притисок и да ги остават врботените да си ја работат својата работа, бидејќи декларативно тоа беше нивна заложба за професионализирање на администрацијата и вложување во човечки капитал. За жал, навикнавме на предизборни манипулации кои потоа прераснуваат во постизборна амнезија. Па така, денес сме сведоци на страшната реалност во која мобингот од страна на владините кадри оди до таа мера што завршува со смртни закани! Тоа се невидени притисоци и газење по личноста на секој можен начин. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува секој вид на притисок на работните места. Од таа причина апелираме директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Лидија Димова да се посвети на унапредување и развој на институцијата која ја предводи, наместо да дозволува нејзина соработничка на крајно нечовечки начин, недостигот на пари во благајната да го бара на погрешно место и при тоа дрско да се изживува врз жена која заслужува достинствено пензионирање. Бараме надлежните институции итно и неодложно да го испитаат случајот кој го пријави благајничката Ана Павлиду, личност која после 38 години работа во институцијата, токму пред пензионирање ја доживува агонијата да биде третирана како криминалец, трпејќи и закани по сопствениот живот. - Зошто управниот одбор не ја потпишал завршната сметка за 2019 година? - Кое е надворешното лице ангажирано во Агенцијата кое ги потпишало подигнатите и исплатени документи, како и изјавата дека ја превзема целата одговорност и зошто на истото лице потоа му е прекинат договорот со одлука од страна на директорката Лидија Димова лицето да ги врати подигнатите средства назад? - Зошто лицето не ги вратило средствата, а за тоа директорката ја обвинува Ана Павлиду, иако е информирана за целиот тек на случајот? - Зошто Димова одбивала да ја пензионира благајничката сè до усвојувањето на нејзините жалби од страна на надлежните институции? - Зошто надлежните институции го премолчеле овој случај против Димова? - Зошто не се почитува мериторната одлука од Агенцијата за администрација со која се докажува дека Ана Павлиду не зела пари од благајна и не причинила никаква материјална штета? - Зошто на Ана и е забранет пристапот во службените простори, а при тоа добива и закана по сопствениот живот ако недостасува нешто во документацијата .... се дел од прашањата на кои Ана Павлиду и целата македонска јавност заслужуваат одговор, а Лидија Димова мора да понесе одговорност!, пишува во својата објава пратеничката Пешевска. https://www.facebook.com/ZPeshevska/posts/1772934319549790 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-vladinata-politika-i-pogreshniot-izbor-na-kadri-se-edinstvenite-vinovnici-za-loshata-sostojba-vo-instituciite/feed/ 0
Незаконските кадри на СДСМ во енергетиката! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nezakonskite-kadri-na-sdsm-vo-energetikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nezakonskite-kadri-na-sdsm-vo-energetikata/#respond Tue, 07 Jul 2020 06:23:46 +0000 https://kurir.mk/?p=370700

Во плејадата на незаконски кадри во енергетиката лидери се државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО. Скоро 3 години на високи позииции во АД МЕПСО се Ева Шуклева и Симон Шутиноски. Ева Шуклева од август 2017 па сė до јули 2019 година беше Претседател на Надзорниот одбор на АД МЕПСО, а од август 2019 е именувана за Претседател на Управниот одбор. м-р Ева Шуклева е дипломиран електротехнички инженер, која своето долгогодишно работно искуство го стекнувала во ЕВН Македонија АД Скопје. По назначувањето за генерален директор на компанијата МЕПСО, работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје ǔ е ставено во мирување. Во слична позиција е и Директорот на Операторот на пазар на електрична енергија - МЕМО Симон Шутиноски, дипломиран електротехнички инженер, кој своето долгогодишно работно искуство исто така го стекнува во ЕВН Македонија АД Скопје. По назначувањето за член на Управниот одбор на АД МЕПСО, а потоа и за Управител на МЕМО, работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје му е ставено во мирување. На двајцата им мируваат раководните позиции ви ЕВН Македонија АД Скопје, бидејќи уште во 2017 година беа инсталирани како кадар на СДСМ во управувачката структура на АД МЕПСО. Ако се земе во предид дека овие двајца се на чело на две значајни компании од енергетскиот сектор, а по завршувањето на функциите ќе се вратат во својата матична енергетска компанија ЕВН Македонија АД Скопје, се поставува прашањето чии интереси ќе штитат овие двајца партиски војници на СДСМ? Ова е важно да се знае бидејќи се работи за компании од енергетскиот сектор кои имаат долгогодишни спорови меѓу себе. Само за потсетување, меѓу ЕВН и МЕПСО постојат нерешени спорови за повеќе стотици милиони денари по разни основи, како и нерешени имотно-правни односи поврзани со поделбата на имотот од старото ЕСМ. Дали овие ликови ќе ја почитуваат т.н. Конкурентска клаузула - договорна забрана на конкурентското дејствување, согласно член 36, 37 и 38 од Законот за работни односи? Сличен конфликт на интереси има и во АД ЕЛЕМ. Се работи за Благојче Трповски, директор за производство и член на Управниот одбор на ЕЛЕМ, кој претходно работеше во ЕВН ТРЕЈД, како дел од групацијата ЕВН. И на овој кадар на СДСМ работното местото во ЕВН Македонија АД Скопје му е ставено во мирување. Се поставуваат неколку прашања поврзани со ваквите случаеви: -Дали после завршување на мандатот овие кадри ќе ги понесат со себе најважните информации за компаниите кои ги раководат и ќе ги предадат на компанијата во која се трајно вработени од што ќе зависат понатаму сите судски пресуди?. -Дали ваквиот трансфер на сомнителни кадри во енергетиката нема да предизвика загуби за компанијата која ќе ја напуштат по завршување на мандатот? -Дали овие вработени ги имаат испочитувано став 1 и став 2 од член 37 од Законот за работни односи кои гласат: (1)Ако работникот при своето работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и работодавачот, да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула). (2) Конкурентската клаузула може да се договори најдолго за период од две години по престанувањето на договорот за вработување и тоа само во случаите кога на работникот му престанува договорот за вработување по негова волја или вина. Доколку во договорите немаат склучено ваква конкурентска клаузула, тогаш некој ќе треба да се позанимава со нивното делување после истекот на мандатот во АД МЕПСО и АД ЕЛЕМ Скопје. За да биде срамот уште поголем, енергетската компанија АД МЕПСО ја тресат уште скандали. Имено, членот на Управниот одбор Кираца Накова, Директор за правни и општи работи во АД МЕПСО, иако има навршено 67 години и понатаму останува на истата функција. Надзорниот одбор на АД МЕПСО не презел никакви чекори во врка со овој скандал. Споменатата не е ниту разрешена, ниту пак е склучен нов договор или некаков некаков анекс на постоечкиот договор, со цел да се испочитуваат Законот за работни односи, Колективниот договор на АД МЕПСО и Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Ваквото незаконско работење на компаниите кои се акционерки друштва во државна сопственост е пракса секогаш кога е СДСМ на власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nezakonskite-kadri-na-sdsm-vo-energetikata/feed/ 0