кафуле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 11:09:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кафуле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Посебна почит за Ќиро, во неговото кафуле поставена омилената нарачка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-posebna-pochit-za-kiro-vo-negovoto-kafule-postavena-omilenata-narachka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-posebna-pochit-za-kiro-vo-negovoto-kafule-postavena-omilenata-narachka/#respond Wed, 08 Feb 2023 11:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=797847

Кафулето „Чарли“ во Загреб во кое легендарниот фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ, секојдневно ги пиел своето кафе, на свој начин се прости од омилениот гостин. На шанкот ја поставиле неговата секојдневна нарачка, мало макијато и цедевита од лимон. Поставена била и фотографија од Блажевиќ заедно со дрес на Динамо, пишува Индекс.хр. Подоцна, нарачката ја преместиле на посебна маса поставена покрај прозорецот на кафулето. Ќиро Блажевиќ почина денеска, ден пред неговиот 88-ми роденден.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-posebna-pochit-za-kiro-vo-negovoto-kafule-postavena-omilenata-narachka/feed/ 0
Еден град од регионот, но и едена европска метропола започнаа да наплаќаат за кафе под греалка – за цената ќе се размислите двапати дали да седнете https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-grad-od-regionot-no-i-edena-evropska-metropola-zapochnaa-da-naplakjaat-za-kafe-pod-grealka-za-cenata-kje-se-razmislite-dvapati-dali-da-sednete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-grad-od-regionot-no-i-edena-evropska-metropola-zapochnaa-da-naplakjaat-za-kafe-pod-grealka-za-cenata-kje-se-razmislite-dvapati-dali-da-sednete/#respond Tue, 25 Oct 2022 07:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=750052

Едно кафуле во Загреб почна да наплаќа седење под греалки, а како што стојат работите, овој рецепт за намалување на трошоците ќе го применуваат многу ресторани. Кафето со греалка чини 14 куни, а без – 12 куни. Секој гостин во ова загрепско кафуле кој сака да седне на терасата под греалка, покрај сметката за консумација мора да плати дополнителни две куни за греење. „Мислам дека греалките надвор се луксуз, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор, ќе ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник“, изјави Иван Орешковиќ, сопственик на ресторанот. Сопственикот се одлучил на овој потег поради трипати повисоките сметки за струја, кои пораснале за 200 отсто. Лани еден киловат чинел 55 липи, а годинава една куни и 65 липи. Дополнителни 5 или 10 евра, им се бараат на гостите во кафеаните во Виена, ако седнат на терасите кои се греат со греалки, пишува Вечерњи лист. „Ако тоа не ви одговара, можете да влезете во ресторанот, каде што е топло“, им рекла сопственичката на оние гостите кои реагирале, за кои вели дека ги нема многу и дека реакциите на гостите се прилично позитивни. Како и сите други, и многу австриски ресторани „стенкаат“ поради експлозијата на трошоците за струја и гас. Енергетската криза веќе зафати некои од нив во Австрија, а тие ги затвораат локалите. Ако седнете на мала маса за четворица, тоа чини 5 евра, а за двојно повеќе, 10 евра, пишува таблоидот „Хојте“. Многу гости сега одат само на тераса за да пијат аперитив, а потоа продолжуваат да јадат и пијат во ресторанот, велат угостителите. „Надвор седите во просек по 30 минути, досега ние го плаќавме тој трошок. Секој греач троши приближно 2 киловати на час, тоа би било два пати по 1,6 што е еднакво на 3,2 куни, а за тоа плаќавме една куна. Разликата ја префрливме на гостите, а главниот дел од трошокот го задржуваме за себе“, објаснува сопственикот. Ова е единственото кафуле во земјава кое на ценовникот има греалка. Граѓаните се поделени за сѐ, некои се спремни да ги дадат тие две куни ако се задоволни од услугата, но други сметаат дека тоа не е фер. Како што стојат работите, ваквиот рецепт за намалување на трошоците и опстанок ќе го применуваат многу ресторани, пишува RTL. Сепак, за некои од нив наплатата за греење е последна опција. „Не можеме да ги зголемиме цените за да бидеме во чекор со трошоците, а сега тоа мораме да го покриваме на различни начини. Максимално ќе го избегнувам, односно конкретно што се однесува до греалките на терасите, нема да ги наплаќаме, но го разбирам секој мој колега што го применува“, посочува Леонард Топиќ, сопственик на ресторан во Загреб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-grad-od-regionot-no-i-edena-evropska-metropola-zapochnaa-da-naplakjaat-za-kafe-pod-grealka-za-cenata-kje-se-razmislite-dvapati-dali-da-sednete/feed/ 0
Повикал полиција поради цената на еспресо, познато кафуле казнето со 1.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povikal-policija-poradi-cenata-na-espreso-poznato-kafule-kazneto-so-1-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povikal-policija-poradi-cenata-na-espreso-poznato-kafule-kazneto-so-1-000-evra/#respond Thu, 19 May 2022 09:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=678835

Изнервиран маж повикал полиција откако платил две евра за еспресо без кофеин во кафулето „Ditta Artigianale“ во Фиренца, тврдејќи дека цената не била добро истакната. Познатот бар сега мора да плати казна од 1.000 евра. Тој на олицијата и се пожалил дека цената не била јасно изложена. Грешката, кафулето кое е познато по доброто кафе и неколкуте освоени признанија на натпревари, го чини парична казна. Сопственикот налутено на прокоментирал казната на социјалните мрежи и го бранел кафето кое го нудат, а кое доаѓа од мала плантажа во Мексико. -Ме казнија бидејќи некој се навредил што платил две евра за кафе. Дали можете да верувате? Денес секој може да се изнервира, да ја повика полицијата која пак ќе ве казни поради стар закон, вели сопственикот Франческо Санапо. Просечната цена на еспресо во Италија е едно евро, иако најголем дел од кафулињата и баровите ги зголемиле неодамна цените поради проблеми со снабдувањето, но и зголемување на цените на кафето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/povikal-policija-poradi-cenata-na-espreso-poznato-kafule-kazneto-so-1-000-evra/feed/ 0
Претепан менаџер на угостителски објект во Центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretepan-menadzer-na-ugostitelski-objekt-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretepan-menadzer-na-ugostitelski-objekt-vo-centar/#respond Sun, 21 Nov 2021 18:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=598015

На 21.11.2021 во 04.00 часот Н.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 20.11.2021 околу 23.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како менаџер, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со остар предмет од страна на И.К.(34) од Скопје. Според пријавеното, причина за недоразбирањето било оштетеното возило на И.К. пред објектот. Како што пријавил Н.Г., потоа на барање на И.К. тој отишол да го викне менаџерот од соседниот угостителски објект. Во врска со случајот, И.К. пријавил дека околу 22.45 часот во близина на угостителските објекти бил физички нападнат од четири лица кои му го оштетиле и патничкото возило „фолксваген пасат“. Се работи на расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretepan-menadzer-na-ugostitelski-objekt-vo-centar/feed/ 0
Овој пијалак никогаш не го нарачувајте во кафуле – полн е со бактерии https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-pijalak-nikogash-ne-go-narachuvajte-vo-kafule-poln-e-so-bakterii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-pijalak-nikogash-ne-go-narachuvajte-vo-kafule-poln-e-so-bakterii/#respond Sat, 20 Nov 2021 11:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=597678

Овие пијалоци никогаш не треба да се нарачуваат во кафулиња и ресторани. Едно истражување покажало дека напитокот кој сите го нарачуваме крие најмногу бактерии, а тоа е чаша минерална вода или газиран сок со парче лимон. Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, или 53 парчиња, биле со бактерии. Иако ова не е најсеопфатното истражување на оваа тема, можете сами да се уверите дека парчето лимон што го добивате во чашата е веќе однапред исечено и дека овие плодови се чуваат во пластични садови на собна температура, што е идеална средина за бактерии. Истражувањето не го откри јасно изворот на овие бактерии, но открива дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-pijalak-nikogash-ne-go-narachuvajte-vo-kafule-poln-e-so-bakterii/feed/ 0
Шок во Брисел откако се обелоденија повеќе силувања во познато кафуле https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shok-vo-brisel-otkako-se-obelodenija-povekje-siluvanja-vo-poznato-kafule/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shok-vo-brisel-otkako-se-obelodenija-povekje-siluvanja-vo-poznato-kafule/#respond Wed, 13 Oct 2021 05:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=578084

Повеќе девојки се огласија преку социјалната мрежа Инстаграм во последните неколку денови за да обелоденат дека келнер вработен во едно од најпосетуваните студентски кафулиња во градот ги силувал, а газдата не го санкционирал. Сведоштвата се множат секојдневно на социјалните мрежи, повеќе девојки пишуваат дека биле дрогирани и потоа брутално силувани од келнер во кафулето “Ле Ваф“ во студентскиот дел на градот. Девојки и анонимни вработени во кафулето предупредуваат дека газдата не само што не го санкционирал осомничениот силувач, туку го преместил да работи во друго кафуле. Дури по бројните сведочења бриселската полиција отвори истрага, но повеќе жртви во меѓувреме се огласија дека претходно поднеле пријави кои биле отфрлени од страна на полицијата. Темата стигна и до медиумите во последните два дена. Девојките кои сведочат раскажуваат сите сличен модус операнди од страна на келнерот: “ме најдоа гола и несвесна, не можев да одам веќе, нема сила во телото, се сеќавам само на неколку моменти од вечерта“. Станува јасно дека едно од најпосетуваните кафулиња, “Ле Ваф“, но и “Ел Кафе“, во студентскиот кварт во Брисел биле повеќепати местото каде што студентки се нашле во иста ситуација. Келнерот ставал дрога во пијачките на своите жртви, по што им нудел да ги придружи до дома. Сите девојки велат дека изгубиле меморија или свест во даден момент откако ја испиле пијачката. Станува најверојатно збор за дрогата “ГХБ“, позната како дрога на силувањето. Се намножија и сведоштва за расизам во истите кафулиња, на повеќе клиенти со африканско потекло им бил забранет влез. На социјалните мрежи се повикува на масовен бојкот на овие популарни места за младите. Газдата на кафулињата досега не се огласил, не одговара на повиците на новинарите, но во објава на социјалните мрежи кафулето тврди дека “многу сериозно ги сфаќа обвинувањата“. Според последните информации вработениот е суспендиран. Јавното обвинителство во Брисел соопшти вчера дека е отворена официјална истрага. Градоначалникот на општината каде се наоѓаат кафулињата изјави и дека ги повикал сопствениците и менаџерите на кафулињата за да ги слушне нивните објаснувања, и ќе информира какви мерки ќе бидат преземени откако ќе добие повеќе детали од полицијата. Според него е време за “структурна работа“ со целиот угостителски сектор во неговата општина, сопствениците на дискотеките и кафулињата ќе треба да поднесат планови како ќе ја засилат безбедноста на нивните клиенти, посебно жените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shok-vo-brisel-otkako-se-obelodenija-povekje-siluvanja-vo-poznato-kafule/feed/ 0
Условна казна и 50 евра за инвеститорот на дивоградбата кај „Мавровка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/#respond Fri, 08 Oct 2021 13:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=575467

Една година по уривањето на дивоградбата, на истото место во полн ек работи кафулето „Фонтана“, а дел од останатите простории се нудат за издавање. Случајот со дивоградбата кај „Мавровка“ доби и правна разрешница. Како што пишува „Призма“, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба лани се уриваше со полициска придружба, признал вина и добил условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3 000 денари (50 евра). „Колку што беше силен одекот во јавноста дека спроти судската палата, во центарот на Скопје, ‘непознат’ инвеститор си ѕида објект и тоа трае со месеци, толку незабележано помина пресудата, која судски го запечати овој случај. Една година по оваа епизода, излегува дека правдата е задоволена. Едно признание на вина, условна казна, и судски паушал од 3 000 денари. Накусо, ова е среќниот крај на приказната за тоа бетонско здание пред трговскиот центар. Ако лани во септември, Мевлудин Алити заедно со неговиот адвокат пред медиумите говореше дека правдата е на нивна страна и оти потрагата по неа ќе стигне до судот во Стразбур, приказната доби сосема поинаков тек, и тоа буквално во само едно судско рочиште. Обвинетиот инвеститор, како што е наведено во правосилната пресуда објавена по барање на БИРН, во јуни годинава признал дека е виновен“,се вели во текстот на „Призма“. Како што понатаму се појаснува, ова значи дека за овој предмет не се изведувале докази, туку судот ја прифатил неговата вина и во пресуда од четири и пол страници го осудил со условна казна затвор од две години, кои ќе бидат активни ако во следните пет стори ново кривично дело. Во диспозитивот се наведува оти Алити во јуни и во јули, без одобрение за градење, градел објект со површина од 330 квадратни метри. Неговиот адвокат пред судот, меѓу другото, го бранел клиентот дека „градел на сопствени објекти“. Како што пишува „Призма“, Алити, пак, рекол дека „се кае за ова што го направил, не бил свесен за последиците од неговото однесување, сметал дека со тоа што градел е само обнова на неговиот објект, сметал дека со тоа не врши кривично дело…“ и ветил дека во иднина нема да го повтори делото. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/feed/ 0
ВИДЕО: Автомобил влета во летна тераса на кафуле во Париз, најмалку еден загинат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtomobil-vleta-vo-letna-terasa-na-kafule-vo-pariz-najmalku-eden-zaginat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtomobil-vleta-vo-letna-terasa-na-kafule-vo-pariz-najmalku-eden-zaginat/#respond Fri, 30 Jul 2021 05:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=543753

Најмалку едно лице загина, а шест се повредени доцна синоќа во Париз откако автомобил влета на терасата на едно кафуле, јавуваат локалните медиуми. Поточно до несреќата дошло кога автомобил удрил во паркирано возило веднаш до кафулето, кое од силината на ударот се превртело и влетало во кафулето каде имало гости. Во тешка состојба се наоѓа совозачот, додека возачот кој ја предизвикал целата несреќа побегнал од местото. Инцидентот се води како несреќен случај, пренесува Ројтерс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtomobil-vleta-vo-letna-terasa-na-kafule-vo-pariz-najmalku-eden-zaginat/feed/ 0
Се обидел да ја силува: Келнерка му го отсекла половиот орган на својот газда! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-obidel-da-ja-siluva-kelnerka-mu-go-otsekla-poloviot-organ-na-svojot-gazda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-obidel-da-ja-siluva-kelnerka-mu-go-otsekla-poloviot-organ-na-svojot-gazda/#respond Wed, 02 Jun 2021 06:59:33 +0000 https://kurir.mk/?p=517948

Шпанската полиција уапсила келнерка, која се сомничи дека му го отсекала половиот орган на својот шеф, кој што наводно се обидел да ја силува. Таа пред полицијата рекла дека се спротиставила на сексуален напад, а настанот се случил вторникот околу полноќ, пренесуваат светските медиуми. Неидентификуваната жена, самта се јавила во полиција да го пријави нападот врз нејзе, а мажот веднаш бил префрлен во болница, каде што лекарите би се обиделе отсечениот дел да му го припојат на телото. До изутринава немаше инсормации за успешноста на операцијата, јавуват медиумите. Како што пренесуваат истите, жената е со потекло од Бангладеш и е околу 30тите години и е задржана во полициска станица. Полицијата започнала истрага за инцидентот, дали жената тоа го направила во самоодбрана и не се исклучува можноста, сопственикот по заздравувањето да биде уапсен. Полициски извори откриваат дека жената била со месеци злоставувана и на неколку пати пред да го изврши нападот со нож, била принудена на сексуални односи од спостеникот на кафулето, пренесува Dayli Mail. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-obidel-da-ja-siluva-kelnerka-mu-go-otsekla-poloviot-organ-na-svojot-gazda/feed/ 0
ФОТО: Фрлена бомба во кафуле во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-frlena-bomba-vo-kafule-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-frlena-bomba-vo-kafule-vo-belgrad/#respond Thu, 21 Jan 2021 13:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=458072

Експлозивната направа е фрлена утрово околу 5 часот во едно кафуле во Белград во областа Дорчол, пренесуваат српските медиуми. Ова е втор ваков случај на улицата Добрачина, бидејќи неодамна беше фрлена бомба врз друго кафуле во близина. Новата експлозија ја оштети фасадата, излогот и автомобилот кој бил паркиран пред него. Оштетената зграда е на компанијата Хорека Системс доо, филијала на Пржионица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-frlena-bomba-vo-kafule-vo-belgrad/feed/ 0