кафулиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Mar 2021 13:33:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кафулиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пановски: За викенд треба да се затворат сите молови и кафулиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-za-vikend-treba-da-se-zatvorat-site-molovi-i-kafulinja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-za-vikend-treba-da-se-zatvorat-site-molovi-i-kafulinja/#respond Mon, 22 Mar 2021 13:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=486139

Полицискиот час кој е на сила од 22 до 5 наутро, не влијае негативно врз економијата, но многу е важно дали младите останатото време го користат за да излегуваат на отворено, или пак се собираат на затворено, изјави за „Слободен печат“ микробиологот проф.д-р Никола Пановски. - Доколку се мешаат и влегуваат во молови и кафулиња, тоа е катастрофално. Надвор вирусот не се шири. Освен полицискиот час, други мерки според мене што треба да се донесат е тоа да се затворат сите молови и кафулиња за викенд и да се мотивираат сите да излегуваат на отворено и да не се собираат на затворено. Значи, не да се ограничува слободата на движење, туку да се ограничува каде населението ќе го поминува времето. Треба да се надвор, да шетаат. Мислам дека бројот на заразени ќе се намали тогаш кога ќе се појави страв поради голем број починати, 25 до 30 дневно. Се создава некој вид на имунитет секој ден има по 1.000 нови заразени, тоа се 30 илјади месечно. Има трипати повеќе што не се откриени. Меѓутоа, ова го плаќаме со голем број на жртви. Најсовршено би било да се затворат сите несуштествени дејности, ама тоа економски е неможно, рече професорот Пановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panovski-za-vikend-treba-da-se-zatvorat-site-molovi-i-kafulinja/feed/ 0
Почнуваат со работа терасите на кафулињата и рестораните во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuvaat-so-rabota-terasite-na-kafulinjata-i-restoranite-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuvaat-so-rabota-terasite-na-kafulinjata-i-restoranite-vo-hrvatska/#respond Mon, 01 Mar 2021 07:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=475241

Во Хрватска Загреб, 1 март 2021 (МИА) – Во Хрватска, од денеска, кафулињата и рестораните можат да ги отворат терасите и таму да ги послужуваат гостите, а можни се и тренинзи во затворени простории, но сето тоа според строгите епидемиолошки правила. Како што најави во петокот шефот на Националниот штаб за цивилна заштита, министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ, сите угостителски објекти ќе можат да им служат на гостите на отворени тераси, истовремено почитувајќи ги епидемиолошките мерки, пренесува Индекс.хр. Работното време е од 6.00 до 22 часот, а работа е дозволена само во отворени делови од угостителските објекти. Исто така, потребно е да се обезбеди растојание помеѓу гостите кои не се од исто домаќинство. Растојанието помеѓу столиците треба да биде најмалку метар и половина, а помеѓу масите најмалку три метри, рече Божиновиќ. Можно е да се тренира во сите затворени простори, но со почитување на мерките. Во пракса, ова значи дека салите во кои се одржуваат тренинзи мора редовно да се проветруваат. Максималниот број на луѓе кои тренираат во исто време е ограничен, така што не смее да има повеќе од една личност на 20 квадратни метри. Дозволено е само тренирање без контакт помеѓу спортисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochnuvaat-so-rabota-terasite-na-kafulinjata-i-restoranite-vo-hrvatska/feed/ 0
Владата донесе нова одлука- кафулињата и рестораните со ново работно време од 21 јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-nova-odluka-kafulinjata-i-restoranite-so-novo-rabotno-vreme-od-21-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-nova-odluka-kafulinjata-i-restoranite-so-novo-rabotno-vreme-od-21-januari/#respond Tue, 19 Jan 2021 17:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=457176

Владата на денешната 40. седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот. -Со одлуката од денешната седница се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот, соопшти владината прес-служба. Попладнево за денешената владина одлука преку своите фејсбук профили информираа и премиерот Зоран Заев, како и министрите за здравство и за економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-donese-nova-odluka-kafulinjata-i-restoranite-so-novo-rabotno-vreme-od-21-januari/feed/ 0
НУК: Ограничувањето на работното време на угостителските објкети е неуставно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-ogranichuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-na-ugostitelskite-objketi-e-neustavno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-ogranichuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-na-ugostitelskite-objketi-e-neustavno/#respond Fri, 15 Jan 2021 08:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=455545

Независната угостителска комора бара унифицирани протоколи и препораки за работа во услови на пандемија, но не се согласува со ограничувањето на работното време. Во денешното соопштение од Комората се наведува дека секоја одлука и измени на Одлуката за превентивни препораки за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работното време на угостителските објекти е неуставно. – Работното време на угостителските објекти е утврдено во членот 23 од Законот за угостителска дејност, кој закон не е ниту укинат, ниту суспендиран во моментот. Ниедна одлука на Владата, ниту нејзина измена за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од Ковид -19 со која се носат препораки и протоколи за ограничување на работното време за работа на угостителските објекти кое работно време е утврдено со важечки закон е неуставна, велат од Комората. Додаваат дека очекуваат покана од Владата за учество во креирањето на петтиот сет мерки за поддршка на угостителската индустрија.

– Веруваме дека Владата преку Министерството за економија и Министерството за финансии во целост ќе ја превземат обврската и одговорноста за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата Ковид-19 и ќе креираат безусловни посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош на угостителите. Угостителската индустрија нема време за чекање и со цел угостителите да ги сочуваат сите работни места на угостителските работници очекуваат веднаш и итно Владата да донесе одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати од почетокот на јануари 2021 години со траење се додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19, се вели во соопштението.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-ogranichuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-na-ugostitelskite-objketi-e-neustavno/feed/ 0
Градоначалничката на Амстердам сака на туристите да им забрани да влегуваат во кафулињата со марихуана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnichkata-na-amsterdam-saka-na-turistite-da-im-zabrani-da-vleguvaat-vo-kafulinjata-so-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnichkata-na-amsterdam-saka-na-turistite-da-im-zabrani-da-vleguvaat-vo-kafulinjata-so-marihuana/#respond Tue, 12 Jan 2021 10:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=454169

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предлага забрана за влез на туристите во познатите кафулиња низ градот во кои се продава марихуана. -Голем број туристи доаѓаат во Амстердам само за консумирање на лесните дроги, а таквите туристи станаа досадни, изјави Халсема на јавната телевизија. Градоначалничката Халсема, членка на Зелената партија ГроенЛинкс, на фунцкијата е од 2018 година. -Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура, рече таа. Канабисот технички е незаконски во Холандија, но поседувањето на помалку од пет грама за лична употреба е декриминализирано уште од 1976 година. Халсема на Градскиот совет му предложи уредба според која во кафулињата со канабис ќе може да влезат само оние што ќе покажат холандски пасош. Таа се надева дека градот со тоа ќе престане да биде дестинација за „туризам на меките дроги“. Во Холандија има 570 кафулиња во кои може да се купи и консумира марихуана, а само во Амстердам ги има 166.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnichkata-na-amsterdam-saka-na-turistite-da-im-zabrani-da-vleguvaat-vo-kafulinjata-so-marihuana/feed/ 0
Во Хрватска од утре се затвораат кафулињата и рестораните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-od-utre-se-zatvoraat-kafulinjata-i-restoranite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-od-utre-se-zatvoraat-kafulinjata-i-restoranite/#respond Thu, 26 Nov 2020 07:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=434533

Во Хрватска, во петок на полноќ, треба на сила да стапат новите заострени мерки против ширењето на коронавирусот, а според порталот Индекс, тие се однесуваат на затворањето на сите кафулиња и ресторани во земјата. Мерките треба да бидат на сила до Божиќ, соопшти Индекс по состанокот меѓу началникот на Националниот кризен штаб и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ со префектите. -Аргументот е дека тие се претвораат во диско клубови, рече еден од учесниците за порталот. Рестораните ќе можат да организираат достава и тоа не до 22 часот, како што првично беше планирано, туку нон стоп. Според Индекс, свадбените церемонии се привремено забранети, а фитнес центрите, според последните информации, остануваат отворени, но мора да обезбедат 10 квадратни метри по корисник. Потврдено е, исто така, дека продавниците и трговските центри ќе продолжат да работат, но ќе се зајакне контролата дали бројот на клиенти во нив е во согласност со пропишаниот број на метар квадратен. Хотелите остануваат отворени, а нивните ресторани ќе бидат отворени, но само за гостите во хотелот. Кината и театрите остануваат отворени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-od-utre-se-zatvoraat-kafulinjata-i-restoranite/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе заболуваат и умираат од корона, а мафијата на Заев мува не ја лази – се забавува по кафулиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-lugje-zaboluvaat-i-umiraat-od-korona-a-mafijata-na-zaev-muva-ne-ja-lazi-se-zabavuva-po-kafulinja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-lugje-zaboluvaat-i-umiraat-od-korona-a-mafijata-na-zaev-muva-ne-ja-lazi-se-zabavuva-po-kafulinja/#respond Tue, 06 Oct 2020 06:49:36 +0000 https://kurir.mk/?p=412799

Македонија е црна дупка во Европа во однос на справувањето со корона вирусот. Според Би-Би-Си Македонија е црн рекордер по смртност. И последното деноноќие државата бележи црн биланс, односно над 15% од тестираните се заразени, а четворица се починати, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на епидемијата заразени се 18.873 лица, а починале 760. Згора на се, мафијашите на власт ниту знаат ниту умеат да спроведат мерки кои ваквата состојба ќе ја подобрат или спречат. За политички цели промовираа нова нормалност и декларираа дека Македонија го победиле вирусот, за сега кога ситуацијата ескалираше да бараат вина во народот и во секој друг, само не во самите себе. Сето тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт. Мафијата на власт се грижи само за личното богатење. За нив ваквата катастрофална состојба е само обична статистика, која уште без срам сакаат да ја прикажат како успешно справување со вирусот. Луѓе се разболуваат и умираат, а тие отвораат си тераат забави во кафулиња, како во случајот од пред некој ден во Кочани. Македонија тоне од ден во ден. Не само поради здравствената криза, туку и поради последиците од неа. Образованието е во хаос, а економијата ни е во слободен пад, народот осиромашува, а мафијата на власт мува не ја лази, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-lugje-zaboluvaat-i-umiraat-od-korona-a-mafijata-na-zaev-muva-ne-ja-lazi-se-zabavuva-po-kafulinja/feed/ 0
Хрватска ќе ја намали бучавата во кафулињата за луѓето да комуницираат без да се доближуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-ja-namali-buchavata-vo-kafulinjata-za-lugjeto-da-komuniciraat-bez-da-se-doblizuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-ja-namali-buchavata-vo-kafulinjata-za-lugjeto-da-komuniciraat-bez-da-se-doblizuvaat/#respond Tue, 29 Sep 2020 07:43:18 +0000 https://kurir.mk/?p=409878

Националниот штаб за заштита оваа недела ќе побара нови мерки против ширењето на коронавирусот во Хрватска, вклучително и контроверзен предлог со кој треба да се намали музиката во кафулињата и баровите. Шефот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, се обиде да ја објасни оваа мерка во интервју за ТВ Нова. – „Кога бучавата е голема, природно е човекот што сака да разговара со некого да му пријде поблиску на соговорникот за да го слушне подобро. Тој не може да остане на растојание. Покрај тоа, обемот на говорот е засилен. Кога викате, се зголемува и аеросолта, која патува побрзо и инфекцијата се шири полесно. Логично е да се намали бучавата во кафулињата и ноќните клубови за луѓето да можат да комуницираат. Бучавата треба да остане, но не мора да биде премногу гласна, за луѓето да можат да комуницираат, рече Чапак. Тој посочи дека веќе е пишувано за поврзаноста помеѓу ширењето на коронавирусот и нивото на бучава. – Не знам дали некој забележал, но работата е логична. Ако има повеќе бучава, луѓето се приближуваат и зборуваат погласно, рече Чапак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-ja-namali-buchavata-vo-kafulinjata-za-lugjeto-da-komuniciraat-bez-da-se-doblizuvaat/feed/ 0
Ограничено работно време на рестораните и кафулињата во повеќе делови на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-restoranite-i-kafulinjata-vo-povekje-delovi-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-restoranite-i-kafulinjata-vo-povekje-delovi-na-grcija/#respond Tue, 11 Aug 2020 10:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=389187

Во повеќе делови на Грција, меѓу кои и дел од острови што се популарни туристички дестинации, од денеска се воведува ново, ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, баровите, ноќните клубови и слично, односно ќе треба да затвораат на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина. Мерката денеска стапува во сила и ќе важи до 23 август, а се однесува на регионот источна Македонија и Тракија, на градовите Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крит, Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос. Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, вчера, соопштувајќи ја мерката, рече дека во зависност од текот на епидемиолошките податоци, забраната може да се прошири и во други делови на земјата. Со одлуката на Владата, сите угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично во конкретните области забрането е да работат од полноќ до 7 часот наутро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-restoranite-i-kafulinjata-vo-povekje-delovi-na-grcija/feed/ 0
Од утре работат и внатрешните делови на ресторани и кафулиња, но без жива музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-rabotat-i-vnatreshnite-delovi-na-restorani-i-kafulinja-no-bez-ziva-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-rabotat-i-vnatreshnite-delovi-na-restorani-i-kafulinja-no-bez-ziva-muzika/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=362963

Од утре во кафулињата и рестораните ќе можат да се служат гости и во внатрешните делови од објектите. Но според новиот протокол и натаму нема да има свадби и дрuги прослави, а се забрануваaт и музички настани и во внатрешните и во надворeшните делови. На ова веќе регираат и угостителите и музичарите, бараат надлежните да направат измени во овој дел. Музичарите пак велат ако не се дозволат музички настани дополнително ќе бидат оштетени. Велат дека илјадници музички работници изминатиов период се борат да опстанат поради ограничувањата да ја извршуваат својата работа. Угостителите апелираа до владата што е можно поскоро да се донесе правилник за оргнизрање и на свадби и други прослави затоа што токму порати тоа многу објекти сеуште се затворени. Повторно побараа од налджените да се промени правилото со кое се предвидува на една маса да може да седат четири лица само ако се од исто семејство. Од минатата недела угостителите можат да работат и до еден часот по полноќ и во текот на работата недела и за време на викенд. Со новиот правилник и натаму вработените мора да носат заштитна маска и зачестено да одржуваат хигиена на рацете. Не е дозволено служење на гости на стоење на шанк. Столчињата треба да се на растојание од 1, 5 до два метри. На секоја маса мора да има средства за дезинфекција. На една маса може да седат најмногу две лица, а четворица само ако се од иста фамилија. Тоалетите постојано треба да се дезинфицираат, а феновите за раце не смее да се користат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-rabotat-i-vnatreshnite-delovi-na-restorani-i-kafulinja-no-bez-ziva-muzika/feed/ 0