каховка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Jun 2023 16:38:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png каховка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-rusija-e-odgovorna-za-unishtuvane-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-rusija-e-odgovorna-za-unishtuvane-na-branata-kahovka/#respond Sun, 18 Jun 2023 16:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=847120

Њујорк тајмс објави дека има докази што потврдуваат дека Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка. Браната Каховка, што е под руска окупација, беше уништена на 6 јуни, а бетонската бариера што ја уништи била поставена длабоко во конструкцијата. - Доказите јасно укажуваат дека браната била оштетена од експлозија иницирана од страна која е под контрола на Русија, пишува Њујорк Тајмс. Браната е изградена во советско време, па Москва ги имала инженерските планови и знаела каде се наоѓа „Ахиловата пета“ на градбата. Според експертите малку е веројатно уривањето на бетонските темели на браната да се случи само по себе. Украина ја обвини Русија за уништување на браната, која е под руска контрола од 2022 година. Кремљ негираше вмешаност во оштетувањето на браната, која потопи дел од линијата на фронтот и бројни домови и многу ниви во околните региони. (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-rusija-e-odgovorna-za-unishtuvane-na-branata-kahovka/feed/ 0
Малиар: Русија ја разнесе браната Каховка за да ја спречи офанзивата на југот на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maliar-rusija-ja-raznese-branata-kahovka-za-da-ja-sprechi-ofanzivata-na-jugot-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maliar-rusija-ja-raznese-branata-kahovka-za-da-ja-sprechi-ofanzivata-na-jugot-na-ukraina/#respond Sun, 11 Jun 2023 13:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=844623 Браната Каховка беше крената во воздух од руските сили за да ги спречат украинските сили да напредуваат во јужниот регион Херсон, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар, пренесе Хина.

Украина ги обвини руските сили дека ја кренале во воздух браната од нивната хидроцентрала. Местото е под руска окупација уште од првите недели од руската инвазија минатиот февруари.

И Москва ја обвини Украина за уривањето на браната. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање цивили додека се спроведуваат спасувачки операции.

„Експлозијата на хидроцентралата Каховка беше јасно изведена со намера да ги спречи украинските одбранбени сили да започнат офанзива во секторот Херсон“, рече Малиар на каналот за пораки Телеграм.

Таа додаде дека целта на операцијата, што предизвика огромни поплави во градовите и селата низводно од Дњепар, и зароби жители и однесе цели куќи, е, исто така, да помогне во распоредувањето на руските резервни сили во областите Запорожје и Бахмут.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека во Украина и официјално почнаа да се одвиваат контраофанзивни и одбранбени операции. Тој не други даде детали за операциите.

Портпаролот на украинската војска изјави дека во контранападот на украинските сили има напредување од 1,4 километри на бројни делови од линијата на фронтот во близина на источниот град Бахмут.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maliar-rusija-ja-raznese-branata-kahovka-za-da-ja-sprechi-ofanzivata-na-jugot-na-ukraina/feed/ 0
По уривањето на браната Каховка 700.000 Украинци имаат потреба од вода за пиење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-urivaneto-na-branata-kahovka-700-000-ukraintsi-imaat-potreba-od-voda-za-piene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-urivaneto-na-branata-kahovka-700-000-ukraintsi-imaat-potreba-od-voda-za-piene/#respond Sat, 10 Jun 2023 11:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=844324

Главниот претставник на ОН за хуманитарна помош, Мартин Грифитс, денеска предупреди дека уривањето на браната Каховка уште повеќе ќе им го отежне животот на Украинците. Потсекретарот Грифитс изјави дека на дури 700.000 лица им е потребна вода за пиење. Тој, исто така, стравува дека поплавите ширум областа може да резултираат со помал извоз на жито, повисоки светски цени на храната и помалку храна за милиони луѓе на кои им е потребна. Грифитс додаде дека Обединетите нации, кои работат главно преку украинските хуманитарни групи, стигнале до 30.000 лица во поплавените области под украинска контрола. Но, се верува дека илјадници други се заробени од водата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-urivaneto-na-branata-kahovka-700-000-ukraintsi-imaat-potreba-od-voda-za-piene/feed/ 0
Нивото на водата се зголеми за пет метри по експлозијата на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/#respond Tue, 06 Jun 2023 07:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=842604

Нивото на водата околу браната Нова Каховка во јужна Украина, која беше разнесена во текот на ноќта, се зголеми за пет метри, а неколку острови низводно веќе се целосно поплавени, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на локалните власти. Засега 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужна украинска област Херсон се во опасност од поплави по експлозија на брана, изјави во вторникот прорускиот гувернер на регионот, пренесува руската новинска агенција РИА. Украинскиот премиер Денис Шмихал одделно изјави дека до 80 населени места се изложени на опасност од поплави откако браната беше оштетена. Проруски функционер во градот Нова Каховка изјави дека жителите на околу 300 куќи биле евакуирани откако била пробиена браната во близина. ТАСС го цитира и рускиот градоначалник на Нова Каховка, Владимир Леонтјев, кој рекол дека дел од градот е исклучен од снабдувањето со електрична енергија поради безбедносни причини. Руски функционер во украинскиот град Новаја Каховка во вторникот изјави дека најверојатно ќе биде невозможно да се поправи браната, откако експлозија предизвика дупка во структурата. Во коментар за руската државна телевизија, Владимир Леонтјев рече дека оштетувањето на браната е резултат на серија украински удари, пренесува британската агенција Reuters. Хидроцентралата Каховка е „целосно уништена“ и не може да се обнови по детонација во машинската просторија, соопшти во вторникот украинската државна компанија за управување со хидроцентралите. Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во вторникот соопшти дека нема закана за нуклеарната централа Запорожје на територијата која од ланскиот февруари е под контрола на Русија, откако беше пробиена блиската брана. Директорот на нуклеарната централа Запорожје, одделно рече дека нема ризик за безбедноста на објектот во изјавата на Телеграм. Ниту еден метар не треба да им се остави затоа што секој метар го користат за терор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/feed/ 0