Каиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 08:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Каиро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ердоган пристигна во Каиро на Мировниот самит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-pristigna-vo-kairo-na-mirovniot-samit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-pristigna-vo-kairo-na-mirovniot-samit/#respond Sat, 21 Oct 2023 08:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=891528

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Каиро за да учествува на Блискоисточниот мировен самит, што ќе се одржи денеска во главниот град на Египет, објавија странските агенции. Меѓународната конференција ќе се одржи поради стравувањата од ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во поголема регионална војна. Ердоган вчера го повика Израел да ги прекине нападите врз Појасот Газа, за кои турскиот претседател вели дека се „геноцид“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-pristigna-vo-kairo-na-mirovniot-samit/feed/ 0
Британскиот премиер во Каиро се сретна со претседателите на Египет и на палестинската управа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-premier-vo-kairo-se-sretna-so-pretsedatelite-na-egipet-i-na-palestinskata-uprava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-premier-vo-kairo-se-sretna-so-pretsedatelite-na-egipet-i-na-palestinskata-uprava/#respond Sat, 21 Oct 2023 07:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=891515

Британскиот премиер Риши Сунак во Каиро се сретна со претседателите на Египет, Абдел Фатах ал Сиси и на палестинската управа Махмуд Абас, објавија странските агенции. Посетата на египетската престолнина беше уште една етапа од турнејата на Сунак низ регионот со цел да се спречи ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас. Британскиот премиер и неговите соговорници се согласија дека е неопходно да се дозволи пристап на хуманитарна помош до Појасот Газа и да се избегнат цивилни жртви. Сунак се сретна со Ал Сиси и Абас по посетата на Израел и Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-premier-vo-kairo-se-sretna-so-pretsedatelite-na-egipet-i-na-palestinskata-uprava/feed/ 0
Четворица загинати при уривање зграда во Каиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-zaginati-pri-urivane-zgrada-vo-kairo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-zaginati-pri-urivane-zgrada-vo-kairo/#respond Wed, 06 Sep 2023 19:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=875413

Четири лица загинаа, а петмина се повредени при уривање на зграда во областа Хадаик ал Куба во египетската престолнина Каиро, јави Ал-Ахрам. Повредените се пренесени во болница. Спасувачки тим трага по луѓе кои можеби биле затрупани под урнатините. Сите луѓе кои живееле во зградата биле роднини. Обвинителството го истражува инцидентот. Министерот за социјална солидарност Невин ал-Кабаг објави дека семејствата на жртвите ќе добијат по 60.000 египетски фунти (1.941 долари). Во јули уште една станбена зграда се урна во истата населба, при што загинаа 13 лица. Претходно паднаа три згради во Александрија и Бухаира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-zaginati-pri-urivane-zgrada-vo-kairo/feed/ 0
Македонскиот филм „Преекспонирано“ заедно со уште пет филма забранет за јавно прикажување во Каиро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-preeksponirano-zaedno-so-ushte-pet-filma-zabranet-za-javno-prikazuvanje-vo-kairo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-preeksponirano-zaedno-so-ushte-pet-filma-zabranet-za-javno-prikazuvanje-vo-kairo/#respond Fri, 25 Nov 2022 14:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=766549

Македонскиот филм „Преекспонирано“ кој ја имаше светската премиера на Интернационалниот фестивал во Каиро бил еден од шесте филмови кој бил забранет за јавно прикажување, пишува Ал Џезеира на арапски. Иако фестивалот тврди дека филмовите не биле цензурирани или забранети, потврдуваат дека за одредени филмови, меѓу кои и македоснкиот „Преекспонирано“ биле ставени ограничувања за влез, односно тој бил достапен само за полнолетни лица. Сепак Ал Џезеира тврди дека всушност филмот бил достапен само за филмските професионалци акредитирани на фестивалот, како и за критичарите и претставниците на медиумите, додека за локалното население картите биле недостапни. Од продукцијата ДНФ филмс велат дека се изненадени од оваа вест и за ова дознале дури откако се вратиле од Каиро. „Навистина сме изненадени од она што го прочитавме. На самата премиера салата беше исполнета и бевме доста задоволни од посетеноста и одзивот, имајќи превид дека нашата премиера се поклопи со отворањето на Светското првенство во Катар. Добивме многу прашања и имаше позитивни реакции, но гледано од оваа точка, повеќето од присутните носеа беџови со акредитации или ни се претставија како новинари.“ Според режисерката на филмот, Елеонора Венинова, оваа вест ги оставила со измешани чувства. „Од една стана сум благодарна на програмерите и селекторот на фестивалот што не поканија да учествуваме и тоа во официална конкуренција, но фактот што нашиот филм не бил достапен за љубителите на филмот ми остава навистина горчливо чувство. Очигледно од фестивалот презеле ризик да поканат филмови кои третираат теми кои се контроверзни во тоа општество, но на крај последниот збор го имал Комитетот за цензура на Египет. Мислам дека за нив е спорен начинот на кој го третирам бракот и сексуалноста на ликовите во филмот,“ вели Венинова.  Филмот „Преекспонирано“ наиде на одличен прием на фестивалот во Каиро, еден од 15-те А фестивали во светот, а веќе излегоа и првите критики кои пишуваат дека „..Уште од првите моменти во нејзиниот дебитантски долгометражен филм, станува јасно дека режисерката Елеонора Венинова има дарба за поставување на пасивно-агресивна драматуршка структура.“ Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија), Интернационален агент: Опен Реел. Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Српскиот филмски центар и Еуроимаж.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-preeksponirano-zaedno-so-ushte-pet-filma-zabranet-za-javno-prikazuvanje-vo-kairo/feed/ 0
Руско-американска средба во Каиро за Нов СТАРТ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-amerikanska-sredba-vo-kairo-za-nov-start/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-amerikanska-sredba-vo-kairo-za-nov-start/#respond Fri, 11 Nov 2022 15:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=759349

САД и Русија наскоро ќе одржат состанок во Каиро на кој ќе разговараат за новиот договор за нуклеарно оружје СТАРТ, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Американскиот Стејт департмент во вторникот соопшти дека двете земји наскоро ќе се состанат за да разговараат за продолжување на инспекциите според договорот, кој беше суспендиран од пред руските сили да ја нападнат Украина. Изјавата на Рјабков е прва потврда дека разговорите ќе се одржат во Египет. Рускиот дипломат рече дека тоа ќе се случи кон крајот на ноември или почетокот на декември, пренесоа руски медиуми. Нов СТАРТ, кој стапи во сила во 2011 година, поставува ограничувања на бројот на стратешки нуклеарни боеви глави со кои САД и Русија можат да располагаат, како и распоредување на надземни и подводни ракети и бомбардери, способни да ги носат. Москва во август годинава ја прекина соработката за инспекции, обвинувајќи ги ограничувањата за патување наметнати на Русија од Вашингтон и неговите сојузници поради нејзината инвазија врз Украина, но додаде дека сепак е посветена на почитување на одредбите од договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-amerikanska-sredba-vo-kairo-za-nov-start/feed/ 0
СКАНДАЛ: Уапсен е српски амбасадор, носел 84.000 евра во 12 куфери https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-uapsen-e-srpski-ambasador-nosel-84-000-evra-vo-12-kuferi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-uapsen-e-srpski-ambasador-nosel-84-000-evra-vo-12-kuferi/#respond Thu, 07 Oct 2021 20:28:45 +0000 https://kurir.mk/?p=575091

Српскиот амбасадор во Каиро, Југослав Вукадиновиќ е фатен на белградскиот аеродром со големо количество пари кои се обидел да ги пренесе преку граница, дознава „Блиц“. Имено, според сознанијата на весникот, Вукадиновиќ пред некое време со сопругата слетал од Каиро на аеродромот во Белград и се обидел во земјата да внесе 84.000 евра во кеш кои претходно не ги пријавил пред надлежните. Српскиот амбасадор во Египет неколку дена пред тоа е отповикан од амбасадорската позиција. Слетал во Белград со сопругата, носејќи 12 куфери во кои биле распоредени 80.000 евра и уште 4.500 евра имале во паричниците, пишува весникот. Според српските прописи во земјата едно лице може да внесе неограничено количество пари, но секоја сума над 10.000 евра мора да ја пријави. Брачната двојка Вукадиновиќ имале многу поголема сума, и не ја пријавиле. -Кога го фатија, рече дека се работи за дипломатска пратка. Меѓутоа секоја дипломатска пратка е проследена со курирско писмо, а тој немаше, па цариниците го фатија во лага. Тој го смени исказот и рече дека тоа му е лична заштеда, вели извор за весникот. Поради овие факти, неговите пари се запленети, а амбасадорот е пуштен, но дури денеска за скандалот дозна српската јавност, со напомена дека против него во Каиро се води постапка пред надлежните органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-uapsen-e-srpski-ambasador-nosel-84-000-evra-vo-12-kuferi/feed/ 0
Расте бројот на загинати во урнатата зграда во Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-urnatata-zgrada-vo-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-urnatata-zgrada-vo-egipet/#respond Sun, 28 Mar 2021 08:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=488752

Бројот на лица кои загинаа откако се урна висококатница во Каиро достигна 22 лица, јави ТАСС, повикувајќи се на информации од Екстра Њуз. Претходно имаше информации за 18 мртви. Три лица се пријавени како исчезнати и потрагата продолжува. Спасувачките екипи успеаја да спасат 25 лица. Според прелиминарните извештаи, сопственикот нелегално додал шест ката. Куќата, првично изградена во 2011 година, имала четири ката. Според очевидци, пред неколку дена во продавницата, сместена на приземјето, сопственикот започнал со реконструкција, при што ги пробил sидовите и урнал неколку потпорни столбови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-urnatata-zgrada-vo-egipet/feed/ 0
Најмалку десет загинати во поплави во Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-deset-zaginati-vo-poplavi-vo-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-deset-zaginati-vo-poplavi-vo-egipet/#respond Thu, 24 Oct 2019 05:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=255408

Најмалку десет лица, од кои четири деца, загинаа во вчерашните поплави што го погодија главниот град на Египет, Каиро. Поради надојдената вода не работеа училиштата и универзитетите, а голем дел фирми делумно работаат. Обилните дождови поплавија голем број патишта, поради што беше нарушен и сообраќајот. Од поплавите најмногу погодени се источните предградија на Каиро, Наср Сити и Хелиополис, кои се лоцирани во близина на меѓународниот аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-deset-zaginati-vo-poplavi-vo-egipet/feed/ 0
Деветнаесет загинати и 30 повредени во експлозија во Каиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetnaeset-zaginati-i-30-povredeni-vo-eksplozija-vo-kairo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetnaeset-zaginati-i-30-povredeni-vo-eksplozija-vo-kairo/#respond Mon, 05 Aug 2019 06:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=226392

Деветнаесет лица загинаа, а 30 други се повредени во експлозија во близина на медицински центар во египетската престолнина Каиро, соопшти утринава Министерството за здравство, јавува ДПА.

Експлозијата пред Националниот институт за онкологија се случила доцна синоќа, по судир во кој учествувале повеќе автомобили, во јужната област Ал-Маниал, се вели во соопштението на Министерството. Првично, министерството јави дека во инцидентот загинале 16 лица, а 21 друго е повредено. Експлозијата, исто така, предизвика и голем пожар, што во меѓувреме бил изгаснат, јавувија државните медиуми. Министерството за здравство соопшти дека пациентите од Центарот за онкологија се евакуирани во други болници низ Каиро. Експлозијата ја потресе областа околу реката Нил и ги испокрши прозорците во медицинскиот центар, што го посетуваат пациенти од цел Египет, изјавија  сведоци. На снимки можат да се видат неколку автомобили зафатени со пламен од експлозијата. Универзитетот во Каиро, во кој институтот е негова членка, ги негираше тврдењата дека експлозијата се случила во рамки на медицинската установа или дека пожарот се проширил во центарот. -Сите пациенти и вработени во центарот се добро, соопштија од државниот универзитет, пренесе ДПА. Државниот обвинител на Египет нареди истрага за инцидентот, наведе државната телевизија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetnaeset-zaginati-i-30-povredeni-vo-eksplozija-vo-kairo/feed/ 0
Египет: Потврдени 13 смртни казни за тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-potvrdeni-13-smrtni-kazni-za-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-potvrdeni-13-smrtni-kazni-za-terorizam/#respond Tue, 07 May 2019 14:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=195193

Највисокиот египетски Апелациски суд денеска ги потврди смртните казни на 13 лица осудени за терористички напади во главниот град Каиро, во кои загинаа двајца полицајци. Касацискиот суд, исто така, ги потврди и доживотните казни затвор за 17 лица и помалите казни за уште девет лица, сите со слични обвиненија. Осудените се обвинети дека се обиделе да убијат полицајци и цивили, така што поставиле експлозивни направи пред универзитетскиот кампус во декември 2014 година и пред претседателската резиденција следниот месец. Во нападите, 12 лица беа повредени. Првите казни беа изречени во 2017 година, а пет лица беа ослободени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-potvrdeni-13-smrtni-kazni-za-terorizam/feed/ 0