каја калас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Sep 2022 10:15:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png каја калас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Калас: Западната воена помош е клучна за Украина и мора да продолжи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kalas-zapadnata-voena-pomosh-e-kluchna-za-ukraina-i-mora-da-prodolzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kalas-zapadnata-voena-pomosh-e-kluchna-za-ukraina-i-mora-da-prodolzi/#respond Sat, 17 Sep 2022 10:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=734041

Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека воената помош што Западот и ја дава на Украина е клучна во борбата против руската инвазија и дека мора да се задржи политичката волја да се продолжи таа помош. Калас ја даде оваа изјава во врска со неодамнешните успеси на украинската армија. „Тековната контраофанзива покажува дека воената помош ја приближува Украина до победата и мирот. Нашиот фокус мора да биде на зголемување на таа помош и испорака на оружје за да се спротивставиме на руската агресија што е можно поскоро“, рече Калас за време на говорот на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Талин. Украинската армија неодамна во контраофанзива ја врати под своја контрола окупираната територија на истокот на земјата. „Неодамнешниот оперативен пораз на Русија во (Харков) ја покажува силата и остроумноста на Украина. Тоа, исто така, покажува дека помошта и советите на Западот се ефективни“, рече естонската премиерка. Таа истакна дека Естонија придонесе со околу 0,8 отсто од своето економско производство како заедничка поддршка за Украина и најави дека ќе ја задржи таа помош „се додека е неопходна“. И шефот на естонската армија, Мартин Херем, ги повика своите колеги од другите 29 членки на НАТО да продолжат да и помагаат на Украина. „Ако сакаме да го зачуваме светскиот поредок каков што го знаеме, Украина мора да победи. Како шеф на одбраната, сметам дека треба да се залагаме за значителна и континуирана воена помош, било во форма на материјална поддршка или во форма на обука и друга релевантна помош“, изјави воениот командант на земјата-членка на НАТО, која граничи со Русија. „Сите сфативме дека ова не е спринт туку маратон“, порача Херем. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kalas-zapadnata-voena-pomosh-e-kluchna-za-ukraina-i-mora-da-prodolzi/feed/ 0
Премиерката на Естонија ги повика европските земји да престанат да издаваат туристички визи за Русите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierkata-na-estonija-gi-povika-evropskite-zemji-da-prestanat-da-izdavaat-turistichki-vizi-za-rusite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierkata-na-estonija-gi-povika-evropskite-zemji-da-prestanat-da-izdavaat-turistichki-vizi-za-rusite/#respond Tue, 09 Aug 2022 13:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=716127

Каја Калас, премиерката на Естонија, ги повика европските земји да престанат да издаваат туристички визи за Русите поради инвазијата на Украина, пишуваат медиумите во светот. „Посетата на Европа е привилегија, а не човеково право. Авиосообраќајот од Русија е затворен. Тоа значи дека додека членовите на шенген-зоната издаваат визи за руските граѓани, соседите на Русија го носат товарот. Време е да се запре туризмот од Русија“, напишала Калас на „Твитер“. Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека треба да се забрани влез на руски државјани во Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierkata-na-estonija-gi-povika-evropskite-zemji-da-prestanat-da-izdavaat-turistichki-vizi-za-rusite/feed/ 0
Калас: Путин не смее да победи во оваа војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kalas-putin-ne-smee-da-pobedi-vo-ovaa-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kalas-putin-ne-smee-da-pobedi-vo-ovaa-vojna/#respond Sun, 20 Mar 2022 21:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=650334

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да победи во оваа војна, изјави денеска естонската премиерка Каја Калас, додавајќи дека е вознемирувачки да се види што прави Русија во Украина. – Се обидуваме да направиме се што можеме за да ја поддржиме и помогнеме Украина да се бори во оваа војна. Путин не смее да победи во оваа војна, истакна Калас за Си Ен Ен. Премиерката на Естонија, кој ќе присуствува на претстојниот самит на НАТО, рече дека стратегијата на Алијансата треба да се фокусира на завршување на војната со употреба на „паметна воздржаност“, што значи дека НАТО треба да премине од „ставот на одвраќање“ на безбеден став на „одбранбена позиција“. Како што истакна таа, тоа ќе ги охрабри земјите-членки на НАТО да придонесат за зајакнување на одбраната на секоја нација и конечно на Алијансата во целина и фокусирање на соработката. – Постојат одредени можности кои се премногу скапи за која било земја, но ако ги направиме заедно овде во Европа за да ги заштитиме нашите територии, ние сме посилни, нагласи Калас, додавајќи дека земјите-членки на НАТО треба да почнат да ја изолираат Русија на сите можни политички нивоа. На прашањето за предлогот на Полска за испраќање мировници во Украина, Калас одговори дека прво мора да се постигне мир, но Русија не покажува никаква намера да се дојде до тоа. Таа, исто така, изјави дека не гледа можност за трета светска војна во Европа и дека треба да се направат напори да се стави крај на оваа војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kalas-putin-ne-smee-da-pobedi-vo-ovaa-vojna/feed/ 0