кајмакчалан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Mar 2018 16:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кајмакчалан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Писмо од роднина: Пријателите на Калина и Александар да престанат да молчат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-rodnina-prijatelite-na-kalina-i-aleksandar-da-prestanat-da-molchat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-rodnina-prijatelite-na-kalina-i-aleksandar-da-prestanat-da-molchat/#respond Sat, 03 Mar 2018 16:24:02 +0000 http://kurir.mk/?p=27008

Македонија тагува по Калина и Александар, планинарите чии животи прерано згаснаа. Граѓаните чекаат некој да понесе одговорност за трагедијата и секој нов момент во сторијата ја чекаат со должно внимание. Роднина на еден од загинатите испрати писмо кое ние ви го пренесуваме во целост И после 20 дена од трагедијата на младите планинари Калина и Александар, планинарите, нивните здруженија и Федерацијата, се уште молчат. Надлежното обвинителство нека си ја утврдува евентуална кривична одговорност. Ќе се осврнеме на прашањето за професионалната и моралната одговорност на Федерацијата на планинарски спортови (ФПСМ) и на нејзиниот претседател, уважениот Проф. Угриновски. Замислете, Проф. Угриновски, не бил запознаен со фактот дека водичот на групата на Кајмакчалан, Зоран Костадиновски, бил прекршочно казнуван за бесправно организирање на вакви тури, а јавно се испрчи во одбрана на неговата „стручност“ за спасување на планинари во зимски услови, која се покажа на дело, на 10.02.2017. Дали истиот веќе покренал постапка за евентуално кршење на Кодексот на честа на планинарите? Наместо да го осуди молкот, тој изјави дека не е правник и дека не му се познати интерните процедури. Да го запрашаме уважениот хирург, дали влегува во операциона сала без запазување на строгите процедури и стандарди и дали оперира без ракавици и без операционен тим? Истиот, ниту еднаш не повика на покренување на соодветни постапки од страна на надлежните институции, инспекциски служби, полицијата и обвинителството. Наместо тоа, се обиде од себе да збрише било каква одговорност со трагикомичната изјава дека Калина, на минус 20 и ветер од 100 км на час, застанала да се „замези“ со еден сендвич и затоа се изгубила. Како дошол до оваа информација, кога знаеме дека помеѓу членовите на Трансверзалец владее молк ? Дали знае дека во ранецот на Калина, предаден на семејството, имало сендвичи, дали сака заеднички да ги изброиме ? Дали ја известил UIAA International Climbing and Mountaineering Federation, чијашто национална членка е Македонската Федерација од 1999 та година за трагичниот настан, дали се тие запознаени со фактот дека владее хаос во организирањето на планинарските спротови и дали јавноста ќе го добие на увид тоа известување ? Како воопшто функционира оваа Федерација, на чија веб страна има известие дека последната седница на Претседателството е во 2016 та година, а извештајот на Собранието е од 2015 та, а оттогаш наваму ништо??? На што личи нивниот Статут од 2014 та година, кој содржи терминологија, како „ целите на Федерацијата се : кај своите членови и граѓани да развива љубов спрема планината, − да работи на запознавање и зближување со другите народи во светот, да ги негува традициите од историското минато и НОВ (Народно ослободителната војна). Во кој век живеат уважените членови и Претседателот ? Небаре читате поезија, а не правила за постапување во опасна област во која се губат животи! Од подоцнежните изјави на вистински спасувачи и од објавениот видео запис за спасување на француските скијачи, целата јавност го констатира фактот дека планинарите можеле да бидат спасени, доколку во тие 11 часа од констатирањето на нивното исчезнување, навремено се алармирале компетентните стручњаци. Го прашуваме Зоран Костадиновски, зошто се јавил на планинарскиот сојуз во Битола во 03 часот на 11 ти Февруари, а тоа не го сторил 12 часа порано, кога ја узнале својата некадарност да ја спроведат спасувачката акција. Зошто за пријавениот проблем не го разбудиле од зимски сон Угриновски? Се надеваме дека дипломатските претставници на Република Грција во Република Македонија ќе помогнат експедитивно и ефикасно, по дипломатски пат, да се добијат потребните докази за да се утврди огромното доцнење и неодговорноста на грчките спасителни служби кои дошле многу доцна и ги оставија децата во снегот, „претпоставувајќи“ дека Калина е мртва, а Александар, жив, ама се откачил од јажето? Трагичното загинување на Калина и Александар ја потресоа целата македонска јавност. Долго ќе ги слушаме нивните повици за помош, која не пристигала цели 11 часа, за на крајот да замрзнат живи во снегот. Тие, нивните големи другари, пријатели, кои упорно молчат со гласен, срамен молк, им го должат одговорот на роднините, блиските, но и на целата вознемирена македонска јавност, а Претседателот на Федерација, уважениот хирург, достоинствено да си ја предаде функцијата на млади кадарни луѓе, кои ќе направат ред во планинарските спортови, во кои нема да има нови жртви поради ваква монтруозна негрижа и некомпетентност. Роднина на загинатите]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-rodnina-prijatelite-na-kalina-i-aleksandar-da-prestanat-da-molchat/feed/ 0
НОВИ ДЕТАЛИ: Македонските спасувачи мобилизирани еден час пред Калина и Александар да бидат пронајдени мртви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-makedonskite-spasuvachi-mobilizirani-eden-chas-pred-kalina-i-aleksandar-da-bidat-pronajdeni-mrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-makedonskite-spasuvachi-mobilizirani-eden-chas-pred-kalina-i-aleksandar-da-bidat-pronajdeni-mrtvi/#respond Fri, 23 Feb 2018 17:55:38 +0000 http://kurir.mk/?p=24375

Дирекцијата за заштита и спасување, иако подготвена, не излезе на терен во потрага по планинарите Александар Миновски и Калина Велевска, кои пред две недели беа исчезнати, а потоа најдени мртви на планината Кајмакчалан. Двајцата планинари беа пронајдени на македонска територија, од каде што мртвите тела ги извлекоа грчките служби. Од ДЗС велат дека имале информација дека планинарите се на грчка територија, а без службите на соседната држава да побараат помош, македонските спасувачи не можеле да дејствуваат. – Иако бевме подготвени и комплетирани, не почнавме со претрага и нивно спасување. Причината е што во согласностс со добиената информација двајцата планинари беа од страната на Република Грција, а не од страната на Република Македонија. За ангажирање наши спасувачи на територија на други држави секогаш мора да има официјално барање од државата што бара помош ние да испратиме наши спасувачи – вели Слободан Вуковиќ од Дирекцијата за заштита и спасување за „Макфакс“. Тој вели вели дека тимот на ДЗС бил целосно мобилизиран во 9 часот, а грчкиот извештај за несреќата покажува дека во 10 часот Калина и Александар биле пронајдени мртви. Акцијата не се извршува, никој не дал насока за понатамошна активност. „На ден 11.2.2018 година (недела) во 3.30 часот добиена е информација од Секторот за внатрешни работи Битола дека во Република Грција при планинарење планинари од Скопје се изгубени, еден маж и една жена. Веднаш беше издадена наредба да се изврши процена, да соберат релевантни податоци, а потоа, доколку е потребно, веднаш да се почне со мобилизација на тимот за брз одговор за заштита и спасување од Битола. По извршената процена, во 4 часот е почната мобилизацијата. Таа заврши во 9 часот кога целокупната опрема беше ставена на располагање за престојната акција што требаше да се изврши и се чекаа насоки за понатамошна активност“, вели Вуковиќ. Доколку дванаесетте спасувачи по целосната мобилизација во 9 часот беа испратени да го пребаруваат теренот, според сервисот „Гугл мапс“, ќе им требало минимум два часа да стигнат до врвот Кајмакчалан од македонска страна за да ја започнат акцијата. Дирекцијата за заштита и спасување теоретски би пристигнала во 11 часот, време кога, според барањето за обдукција на телата, грчките служби ги извлекувале безживотните тела на Калина и Александар од местото каде што се пронајдени. Дирекцијата за заштита и спасување нема информации зошто АРМ не е вклучена во оваа активност. Претседателот на Федерацијата на планинарските спортови, Јовица Угриновсвки, пред два дена изјави дека Калина и Александар можеле да бидат спасени. Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори предмет за расветлување на трагичниот настан на планинскиот врв Кајмакчалан. Тие издале наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ , нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан. Извор: Макфакс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-makedonskite-spasuvachi-mobilizirani-eden-chas-pred-kalina-i-aleksandar-da-bidat-pronajdeni-mrtvi/feed/ 0
Угриновски: Трагедијата на Кајмакчалан можеше да се спречи, но не е сега време да кажеме како https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugrinovski-tragedijata-na-kajmakchalan-mozeshe-da-se-sprechi-no-ne-e-sega-vreme-da-kazeme-kako/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugrinovski-tragedijata-na-kajmakchalan-mozeshe-da-se-sprechi-no-ne-e-sega-vreme-da-kazeme-kako/#respond Wed, 21 Feb 2018 21:28:42 +0000 http://kurir.mk/?p=23774

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновсвки во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека трагедијата на Кајмакчалан во која загинаа Калина и Александар можела да се спречи, пренесува Фокус. -Да, можеше да се спречи. Но, нема сега да кажеме како. Да го оставиме јавното обвинителство да си ја заврши работата, па потоа ќе го откриеме тоа, рече Угриновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugrinovski-tragedijata-na-kajmakchalan-mozeshe-da-se-sprechi-no-ne-e-sega-vreme-da-kazeme-kako/feed/ 0
Судска медицина- Солун: Калина и Александар починале во рок од еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-medicina-solun-kalina-i-aleksandar-pochinale-vo-rok-od-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-medicina-solun-kalina-i-aleksandar-pochinale-vo-rok-od-eden-chas/#respond Wed, 21 Feb 2018 15:52:37 +0000 http://kurir.mk/?p=23721

На врвот Кајмакчалан, смртта настапила прво кај планинарката Калина Велеска, а еден час подоцна починал Александар Миновски. Времето на смртта е од извештајот за обдукција направен во солунскиот институт за судска медицина кој за Телма ги потврдил форензичарот Леонидас Мармалакис. -Миновски Александар, 10-ти февруари, околу 11 часот навечер. Тоа е заведено како време на смрт, истакнал Мармалакис, кој за времето на смртта на Калина рекол дека е истиот ден околу 10 (22) часот. Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е смрзнување, потврдил форензичарот од судска медицина во Солун. Во грчкиот институт не одговориле на прашањата на телевизијата дали двајцата планинари имале други повреди и скршеници, бидејќи во полицискиот извештај кој го објави Телма во понеделник стоеше дека Александар бил најден во 22 часот во свесна состојба, а спасувачите се обиделе со ремен да го извлечат, но тој им паднал во подлабока бездна и не можеле да го пронајдат. Еден час по неуспешното спасување, Александар починал, утврдиле во солунската судска медицина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-medicina-solun-kalina-i-aleksandar-pochinale-vo-rok-od-eden-chas/feed/ 0
ЦУК не се вклучил во потрагата бидејќи Калина и Александар биле на грчката страна на Кајмакчалан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-ne-se-vkluchil-vo-potragata-bidejkji-kalina-i-aleksandar-bile-na-grchkata-strana-na-kajmakchalan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-ne-se-vkluchil-vo-potragata-bidejkji-kalina-i-aleksandar-bile-na-grchkata-strana-na-kajmakchalan/#respond Wed, 21 Feb 2018 15:27:01 +0000 http://kurir.mk/?p=23710

Центарот за управување со кризи формирал тимови за спасување на двајцата планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, но тие не биле вклучени во потрагата бидејќи чекале од грчките колеги да ги известат дали планинарите ја ја поминале граничната линија на врвот на Кајмакчалан и се наоѓаат на македонска територија, дознава „Макфакс“. До Центарот за управување со кризи, „Макфакс“ испрати прашања, со барање на конкретни одговори за тоа во колку часот бил мобилизиран тимот на управата и колкумина биле вклучени во потрагата, дали тимот дејствувал на терен и какви мерки се преземи за пронаоѓање на сега починатите Калина и Александар, но тие не одговорија. Од таму кусо информираат дека првата дојава за настанот ја добиле во 03:50 часот изутрина, кога во битолскиот центар за управување со кризи пристигнала информација дека на планината Кајмакчалан, од грчка страна кај Лутраки, се изгубени две лица планинари на планинарското друштво „Трансферзалец“ – Скопје. „Веднаш е стапено во контакт со МВР, СВР Битола, Пограничната полиција, ДЗС – Битола, кои веќе биле запознати и подготвени да започнат потрага по изгубените лица“, велат од ЦУК за порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-ne-se-vkluchil-vo-potragata-bidejkji-kalina-i-aleksandar-bile-na-grchkata-strana-na-kajmakchalan/feed/ 0
Обвинителството ќе ја истражува смртта на Калина и Александар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-kalina-i-aleksandar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-kalina-i-aleksandar/#respond Mon, 19 Feb 2018 19:01:03 +0000 http://kurir.mk/?p=23022

Македонското обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан, дознава Макфакс. Според извори од обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства. Од обвинителстово засега не откриваат кој се ќе биде сослушан во врска со трагедијата која се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје. „Се зависи од тоа кога ќе стигнат наодите од Грција“, велат од Јавното обвинителство.  Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработваат со македонската полиција за разветлување на причините за трагедијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-kalina-i-aleksandar/feed/ 0
Суспендиран водичот кој ја водеше групата планинари кога загинаа Калина и Александар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-vodichot-koj-ja-vodeshe-grupata-planinari-koga-zaginaa-kalina-i-aleksandar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-vodichot-koj-ja-vodeshe-grupata-planinari-koga-zaginaa-kalina-i-aleksandar/#respond Fri, 16 Feb 2018 15:13:23 +0000 http://kurir.mk/?p=22222

Федерацијата на планинарски спортови го суспендираше водичот на групата која изминатиот викенд се искачуваше на планината Ниџе кога двајца македонски планинари загинаа. Водичот Зоран Костадинов е суспендиран пред се од морални причини, потврдуваат од Федерацијата на планинарски спортови. Во извештајот и анализата за искачувањето на Кајмакчалан се наведува дека кон врвот тргнале 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови може да биде прекинато искачувањето во било кој момент. На половина пат кон врвот, 23 планинари се откажале од понатамошното искачување и се вратиле во ски центарот. Кон врвот продолжила колона од 40 планинари, а на отприлика 600 м од врвот, колоната се поделува на две групи односно 22 планинари предводени од Костадинов биле први, а останатите од групата предводени од Калина Велевска ги следеле на околу 100 -150 метри растојание. Во 11:15 часот првата група била на врвот и во 11:20 часот тргнала назад. Во 11.30 часот се сретнале со групата која се качувала кога е дадена наредба од Костадинов да се прекине искачувањето поради влошените временски услови. Во 11:35 часот двете групи почнале заеднички да се симнуваат кон ски центарот освен седум планинари кои се одвоиле од групата и самоиницијативно продолжиле кон врвот и стигнале до маузолејот. - Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо. Пет члена од оваа група се сретнува со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радио контакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува, се упатува надолу кон центарот. Во 13 часот, групата која што пребарува, пристигнува во ски центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот, се вели во извештајот. Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на планината Кајмакчалан изминатиот викенд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/suspendiran-vodichot-koj-ja-vodeshe-grupata-planinari-koga-zaginaa-kalina-i-aleksandar/feed/ 0
Федерацијата на планинарски спортови објави извештај што се случувало на Кајмакчалан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/federacijata-na-planinarski-sportovi-objavi-izveshtaj-shto-se-sluchuvalo-na-kajmakchalan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/federacijata-na-planinarski-sportovi-objavi-izveshtaj-shto-se-sluchuvalo-na-kajmakchalan/#respond Fri, 16 Feb 2018 14:25:48 +0000 http://kurir.mk/?p=22193

Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај од командантот на тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување за тоа што се случувало на Кајмакчалан каде што викендов младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски ги загубија животите. Во продолжение го пренесуваме извшетајот интегрално: Хронологија на случувањата 10.02 2018 : 01 часот поагање на автобусот од Скопје.(мк време) 9 часот (грчко време )присигнување во ски центарот Ворас. 9,30 поаѓање на групата 10 часот враќање на I група планинари (23) 11 часот поделба на колоната на две групи 11,15 часот I-та група е на врвот 11,20 часот групата се враќа назад 11,30 средба на групата што се симнува со групата што се качува. Наредба да втората група го прекине искачувањето поради влошените временски услови и да се вратат заедно назад. Наредбата е издадена од водичот Зоран Костадинов лично на водичот на втората група. 11,35 часот двете групи почнуваат заедничко симнување кон ски – центарот освен 7 планинари кои се одвојуваат од групата и самоиницијативно продолжуват кон врвот, стигнуваат до маузолејот. Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо. Пет члена од оваа група се сретнува со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радио контакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува се упатува надолу кон центарот. 13 часот групата која што пребарува пристигнува во ски центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот. 13,10 часот, два ратрака од центарот придружувани во едниот со водичот Зоран и во другиот со Дејан се упатуваат кон врвот по потрага. Ратракот придржуван со Дејан го пребарува теренот до 14,30. По нивното враќање во центарот Дејан воспоставува телефонски контакт со Калина и Александар, кои му кажуваат дека се добро и дека се под некоја карпа во заветрина. За ова по радиоврска од центарот е информиран ратракот во кој се наоѓа Зоран и почнува претрага на терен каде што се претпоставува дека има карпа. 17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во Ски центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува се до 19 часот. АНАЛИЗА И ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗИМСКОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА КАЈМАКЧАЛАН 2018 1. Терен и карактеристики на маршутата Појдовна точка: Скијачки центар Ворас (2070 мнв) – Грција Целна точка: врв Кајмакчалан (2520 мнв), маузоолеот и костурницата од I Светска војнa Завршна точка: Ски центар Ворас Карактеристики на теренот: Планираната маршута е на чист, непошумен терен со просечен нагиб од 25-30 степени што се зголемува до 35 степени на 400 метри пред врвот. Целиот трен е прекриен со снег кој е добро утапкан и чврст ( ски стаза што го олеснува движењето) Теренот е обезбеден со уредно поставени зимски маркации од левата и десната страна на ски стазата како и жичарата и столбовите кои можата да послужат како добра маркација. На 410 метри од врвот постои контролна куќичка од ски лифтот (види прилог топографска карта и google earth). 2. Просечни времетраење на искачувањето – 3-4 часа во зимски услови. 3. Метеореолошки услови (види извод од хидромереолошки завод): На самиот старт, временските услови биле релативно неповолни со ветер 30-40 м /сек. Температура од -9 степени целзиусови и магла со видливост од 100 -150м. Овие метереолошки услови се вообичаени и очекувани за периодот и локацијата на акцијата. Подоцна, метео-условите се влошуваат со ветер до 50 км на час и температура од -10 до -12 степени целзиусови и магла со видливост од 15 – 20 м. што веќе може да се смета за неповолни услови за зимско планинарење. 4. Целата група на местото на пристигнувањето брои 54 (пристигнати со автобус), плус 12 учесници (од Демир Хисар пристигнати со минибус) и плус две учесничи (странски државјани пристигнати со сопствени возило). По информација за временските услови на турата кон врвот појдуваат 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови искачувањето може да биде прекинато во било кој момент. На половина пат кон врвот 23 планинари се откажуваат од понатамошното искачување и се вракаат во ски центарот. Кон врвот продолжуваат колона од 40 планинари. На отприлика 600 м од врвот колоната се поделува на две групи: 22 планинари предводени од Зоран Костадинов одат први, а останатите од групата предводени од Калина Велевска ги следат на околу 100 -150 метри растојание. 5. Состав на групата: Водичи: два Искусни планинари: 28 Планинари: 6 планинари- почетници 4 6. Лична опрема на учесниците: 80% од учесниците се соодветно опремени за искачување во зимски услови, а 20% релативно добро опремени. 7. Средства за комуникација: Индивидуални мобилни телефони Радиоврска (токи-воки) 2 комада – на почетокот и крајот на колоната. 8. Опрема за ориентација: GPS, компас и топографска карта мобилните телефиони имааат апликација за GPS и локација. ПРЕТХОДНИ АКТИВНОСТИ 1. Организатор ДПС.„Трансверзалец“ ( 20 години традиција, 200 регистрирани членови, 6 лиценцирани водичи и 4 во постапка на лиценцирање). 2. Акцијата зимско искачување е најавена 45 дена пред реализацијата на facebook на друштвото со точно наведени напаствиjа за секој од учесниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/federacijata-na-planinarski-sportovi-objavi-izveshtaj-shto-se-sluchuvalo-na-kajmakchalan/feed/ 0
Преку писмо се огласија фамилиите на загинатите планинари Калина и Александар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preku-pismo-se-oglasija-familiite-na-zaginatite-planinari-kalina-i-aleksandar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preku-pismo-se-oglasija-familiite-na-zaginatite-planinari-kalina-i-aleksandar/#respond Tue, 13 Feb 2018 17:58:34 +0000 http://kurir.mk/?p=21220

Фамилиите на загинатите планинари испратија писмо до Планинарскиот сојуз на Македонија.

-Навистина е згрозувачки повикот на квази планинарското друштво „Трансверзалец“ од чие дилетанство, кое се граничи со умисла, загинаа нашите две деца Калина и Александар. Цели три дена од нив не чувме јавно извинување или барем некаков израз на сочувство за прерано трагично изгубените животи. Наместо тоа, друштвото што ја организирало оваа тура под водство на некаков си самопрогласен водич Зоки Москито (за кого се сомневаме дали воопшто има лиценца за организирање на тури во зимски услови, но за кого сме сигурни дека нема физички и интелектуални капацитети да води луѓе ни до Средно Водно), безобразно повикува на молк и на гушење на слободата на изразување. Се разбира, за да ги прикријат големите грешки во целиот овој настан!

Сите социјални мрежи брујат од реакции на гнев и револт поради лошата организација на целиот настан во кој попусто отидоа два млади животи. Планинарскиот сојуз на Македонија треба итно да го преиспита случајот за да се утврди евентулната одговорност и да испита од која причина има неколку противречни верзии за самиот настан. Имено, од која причина турата тргнала кога од грчката страна дале предупредување да не се качуваат бидејќи условите биле екстремно лоши, колку пари се земаат од секој учесник во турата и зошто не се одложила турата за наредната недела, за кога имало прогноза дека ќе биде сончево? Кој ја пуштил веста дека во црквичката биле заробени млада жена и нејзината ќерка и дека треба да се спасуваат? Од која причина, кога се дознало дека двајцата млади планинари ги нема, во 14,30 часот, кога се известени грчките власти, ниту тогаш, ниту во текот на целиот ден, ниту следниот ден (родителите кутри од порталите дознаа), никој од организацијата на турата не ги известил родителите, ниту блиските на двајцата млади луѓе, за несреќата и кои можеле да превземат мерки за спасување?, дали воопшто некој од ова катастрофално друштво имал лиценца за водење на тури во зимски и екстремни услови? Како можеше ова дилетантско друштво, сега да повикува на молк на социјалните мрежи и да бидат толку транспаретни, а истите тие не дадоа никаква објава кога во 14, 30 ( според некои верзии уште во 13, 30 ), утврдија дека нашиве деца исчезнаа и кога можеше да се крена на нозе целата јавност и сите безбедносни служби во државава и во пријателска Грција, за да ни ги спаси децата? Дали особата Москито имал лиценца за водење на тура во зимски услови? Дали оваа особа има положено психолошки тест? Во кој временски период се обновуваат лиценците и кој тоа го контролира? Од која причина, досега нема никакво известување од друштвото, а од членовите на друштвото имаме информација дека им било забрането да зборуваат било што? Од нив имаме информации дека никогаш досега не биле на вака лошо организирана тура од ниедно планинарско друштво во Македонија. Кој од членовите на турата до доцна во ноќта славеле во кафеана во Лутраки? Што правеле другите членови на групата, од кои се некои искусни планинари, а особено најблискиот и најверниот другар на Калина и Алек- Дени Ќировски???? Колку пари од оваа тура земал лицето Москито? Ако времето било екстремно лошо со темепература од минус 20 степени и ветер од 150 км на час, кој дозволил лицата да тргнат на турата со полулесни јакни кои не се ни за пролетни услови, а не за вака исклучително лоши. ....И редица други прашања, прашалници и дилеми, чии одговори ќе ни помогнат за лоцирање на индивудуалната и колективна одговорност за граѓанска и кривична постапка..... И нормално, да се одземе дозволата за работа на овие аматери!

Дали воопшто некој од државните власти ќе се заинтересира на кој начин овие друштва функционираат, дали ги следат прописите за безбедност на планинарите, дали овие тури некаде се пријавуваат и регистрираат, дали постои некоја евиденција, дали овие друштва имаат обврска на некого да пријават вакви тури и каков е нивниот исход? Минатата година се дозволи, младиот Мартин на возраст од 17 години, да оди на ноќна тура на Шапка, но благодарение на околноста што двајца други му го грееле телото на минус 20, истиот преживеа. Треба ли уште некој живот да изгубиме? Ќе се спречи ли ова дилетанство и анарахија и ќе се воведе ред во планинарските тури или ќе се сведе на бизнис во кој човечките животи не вредат ни пет пари????

Од фамилиите на загинатите

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preku-pismo-se-oglasija-familiite-na-zaginatite-planinari-kalina-i-aleksandar/feed/ 0
Неофицијално- причината за смртта на планинарите на Кајмакчалан била хипотермија, телата утре ќе бидат предадени на семејствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neoficijalno-prichinata-za-smrtta-na-planinarite-na-kajmakchalan-bila-hipotermija-telata-utre-kje-bidat-predadeni-na-semejstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neoficijalno-prichinata-za-smrtta-na-planinarite-na-kajmakchalan-bila-hipotermija-telata-utre-kje-bidat-predadeni-na-semejstvata/#respond Tue, 13 Feb 2018 17:05:12 +0000 http://kurir.mk/?p=21207

Се утврдуваат причините за несреќата, кој и каква одговорност ќе понесе, ќе соопшти Федерацијата на планинари. Според информации до кои дојде Сител, се уште се сумираат извештаите по кои ќе постапува комисија формирана од претседателство. Друштвото Трансверзалец поднело извештај до федерацијата но се уште чекаат изјави од членови на експедицијата како и извештаите од сите надлежни кои учествуваа во акцијата за пронаоѓање на планинарите. Извесно е дека ќе се одземат лиценци, но се уште се утврдува дали некој ќе понесе и кривична одговорност- објави Сител. Како настанала трагедијата во која настрадаа планинарите Калина и Александар, кај нас првично ќе биде разоткриено во петок. Трансверзалец откако вчера одбија да дадат коментар за несреќата, денеска излегоа со апел преку социјалните мрежи со кој бараат планинарите да се воздржат од изјави во врска со трагичниот настан на Кајмакчалан до објавување на официјалниот извештај. Неофицијално првичните резулати од обдукцијата на телата, покажале дека смртта кај двајцата планинари настапила поради премрзнување. Немале видливи повреди иако беа пренесени информации дека едно од лицата било пронајдено во провалија. Според извори на Сител, телата на починатите утре ќе им бидат предадени на семејствата во Македонија. Во Грција се уште во тек е истрагата за несреќата. Пред грчката полиција уште првиот ден биле сослушани водичот и членовите на експедицијата. Ќе се анализираат и телефонските разговори на починатите, за да се утврди точното време кога за прв пат побарале помош. Она што успеавме да го дознаеме е дека еден од нив јавил веднаш по токи воки дека се загубиле и се наоѓаат во близина на карпа. По вчерашната објава на Сител, дека водичот не бил лиценциран за планинаски тури во зимски услови, денеска добро упатени извори потврдија дека групата била слабо организирана. За целиот настан и како се одвива истрагата МВР е во постојана координација и комуникација колегите од Грција велат за Сител од Јавното обвинителство. ЈОРМ ќе ги чека извештаите на судската медицина и полицијата од Грција, по што ќе донесат одлука за натамошно постапување. Во врска со навредувачки написи за несреќата на социјалните мрежи од обвинителство велат ги следат сите објави и доколку наидат на елементи за кривично дело ќе постапат согласно законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neoficijalno-prichinata-za-smrtta-na-planinarite-na-kajmakchalan-bila-hipotermija-telata-utre-kje-bidat-predadeni-na-semejstvata/feed/ 0