кајсии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 07:27:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кајсии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Брз колач со кајсии! Слатко задоволство без граници https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brz-kolach-so-kajsii-slatko-zadovolstvo-bez-granitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brz-kolach-so-kajsii-slatko-zadovolstvo-bez-granitsi/#respond Mon, 17 Jul 2023 07:26:43 +0000 https://kurir.mk/?p=857268

Со овој рецепт ќе ги воодушевите семејството и гостите со неговата едноставна подготовка и одличниот резултат. Состојки: три поголеми јајца седум лажици шеќер десет лажици млеко осум лажици масло седум лажици брашно три лажици гриз кесичка прашок за пециво 500 гр исчистени кајсии шеќер во прав Подготовка: Измешајте ги брашното, гризот и прашокот за пециво. Белките со шеќерот изматете ги со миксер, а жолчките со млекото и маслото. Во смесата со жолчките додадете ја смесата со брашно, а потоа и изматените белки. Лесно соединете со шпатула и истурете во калап обложен со хартија за печење. Во тестото ставете ги сечканите кајсии и печете во рерна на 170 степени 15-20 минути. Изладете, посипете со шеќер во прав и послужете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brz-kolach-so-kajsii-slatko-zadovolstvo-bez-granitsi/feed/ 0
Совршен баланс на чоколадо и кајсија, пробајте ја оваа вкусна торта https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sovrshen-balans-na-chokolado-i-kajsija-probajte-ja-ovaa-vkusna-torta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sovrshen-balans-na-chokolado-i-kajsija-probajte-ja-ovaa-vkusna-torta/#respond Thu, 14 Jul 2022 12:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=705096

Оваа е торта е посебна поради совршениот баланс на чоколадо и џем од кајсии. Чоколадната кора со вкус на путер, како и нежната кајсија се одличен спој за овој десерт. Кора: 6 јајца 150 гр. путер 130 гр. чоколадо со 55% какао 100 гр. шеќер 100 гр. шеќер во прав 140 гр. брашно 1 стапче ванила Фил: 200 гр. џем од кајсии Прелив: 200 гр. шеќер 125 мл. вода 150 гр. чоколадо со 55% какао Подготовка: Одвоите ги жолчките и белките. Изматете ги белките и додадете го шеќерот. Посебно изматете го путерот со жолчките, а потоа додадете стопено чоколадо. Додадете брашно во смесата, па додадете ги претходно изматените белки. Во тава ставете хартија за печење и истурете ја смесата. Печете 10 минути на температура од 170 степени во претходно загреана рерна со подотворена врата од рерната. Потоа уште 50 минути на иста температура со затворена рерна. Оставете да се олади, па исечете на кората на половина. Во сад стопепе го чоколадото со шеќерот и водата. Едната кора нафилувајте ја со џем од кајсии, ставете ја втората кора и прелијте со стопеното чоколадо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sovrshen-balans-na-chokolado-i-kajsija-probajte-ja-ovaa-vkusna-torta/feed/ 0
Старински колач со кајсии: Не ви треба вага, се мери со шолја, а вкусот не враќа во детството https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/starinski-kolach-so-kajsii-ne-vi-treba-vaga-se-meri-so-sholja-a-vkusot-ne-vrakja-vo-detstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/starinski-kolach-so-kajsii-ne-vi-treba-vaga-se-meri-so-sholja-a-vkusot-ne-vrakja-vo-detstvoto/#respond Mon, 11 Jul 2022 13:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=703352

Не ви треба многу време за да го подготвите, а неговиот вкус е таков што кога еднаш ќе го пробате, ќе го правите повторно и повторно. Тоа е бисквит од јогурт кој можете да го направите со кое било друго овошје. Ванилиниот шеќер е исто така задолжителна состојка, бидејќи на колачот му дава посебна нота. Ако сакате, можете да додадете цимет и кора од лимон. Состојки: 2 јајца 1 чаша шеќер 1 лажичка ванилин шеќер 1 чаша јогурт 2/3 чаша стопен путер 2,5 чаши брашно 1 лажичка прашок за пециво 700 гр исчистени кајсии Подготовка: Јајцата, шеќерот и путерот се матат додека не станат пени. Додадете ги останатите состојки освен кајсиите и убаво измешајте. Намачкајте плех со дијаметар од 20*30 (или 25 см) и посипете го со брашно или покријте со хартија за печење. Истурете го тестото и наредете ги парчињата кајсии. Печете го колачот со кајсии во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути. Изладениот колач делумно посипете го со шеќер во прав кој сте го ароматизирале со ванила. Послужете го со кафе, чај или млеко и уживајте во неговиот неодолив вкус. Користете чаша за јогурт за мерење, тоа е најточната мерка. Кајсиите исечкајте ги на помали парчиња и наредете ги густо (ако сте љубител на овошје). А ако не ви се допаѓа премногу овошје во овие колачи, слободно намалете ја количината на кајсии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/starinski-kolach-so-kajsii-ne-vi-treba-vaga-se-meri-so-sholja-a-vkusot-ne-vrakja-vo-detstvoto/feed/ 0
Побрзо од ова не може, ниту послатко и повкусно: Направете ЏЕМ ОД КАЈСИИ по стар рецепт на нашите баби https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pobrzo-od-ova-ne-moze-nitu-poslatko-i-povkusno-napravete-dzem-od-kajsii-po-star-recept-na-nashite-babi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pobrzo-od-ova-ne-moze-nitu-poslatko-i-povkusno-napravete-dzem-od-kajsii-po-star-recept-na-nashite-babi/#respond Tue, 14 Jun 2022 13:16:23 +0000 https://kurir.mk/?p=690771

Џемот е секогаш омилено и совршено решение за брз десерт, а предноста е што можете да го направите од секое омилено овошје. Ова лето мора да се обидете да го направите идеалниот џем и да уживате во неговиот вкус, а стариот рецепт за џем од кајсии ќе ве воодушеви и несомнено ќе оставите впечаток на вистинска домаќинка. Друга предност на овој рецепт е тоа што не ви треба конзерванс. Состојки: 5 килограми кајсии 2 килограми шеќер Подготовка: Погрижете се кајсиите да бидат здрави, измиени, излупени, па пресечете ги на половина и наредете ги во тенџере. Кајсиите варете ги околу 15 минути на силен оган и одвреме-навреме мешајте да не изгорат. Не додавајте течност бидејќи кајсиите сами ќе го испуштат својот сок. По 15 минути намалете ја температурата и динстајте го овошјето следниот час, а морате да внимавате постојано да не ви горат кајсиите. По еден час додадете шеќер и сè заедно варете уште 20 минути. Вашиот џем е готов и се што треба да направите е да го истурите во малку загреана тегла и да го чувате на темно и ладно место. Не фрлајте ги семките од кајсиите, туку исчистете ги и земајте по неколку секој ден, тие се познати низ светот како природен лек против рак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/pobrzo-od-ova-ne-moze-nitu-poslatko-i-povkusno-napravete-dzem-od-kajsii-po-star-recept-na-nashite-babi/feed/ 0
Време е за освежување: Домашен сладолед од кајсии (РЕЦЕПТ) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vreme-e-za-osvezuvanje-domashen-sladoled-od-kajsii-recept/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vreme-e-za-osvezuvanje-domashen-sladoled-od-kajsii-recept/#respond Tue, 14 Jun 2022 13:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=690756

Прсти да излижеш СОСТОЈКИ: 500 гр кајсии шолја и пол слатка павлака половина чаша млеко половина чаша шеќер сок од половина лимон ПОДГОТОВКА: Кајсиите измијте ги, исчистете ги, исечете ги на парчиња, па ставете ги во блендер. Додадете сок од лимон и измешајте во пире. Потоа додадете шеќер, млеко и слатката павлака и мешајте уште неколку минути. Префрлете го во пластичен сад и ставете го во замрзнувач да се олади сладоледот и да се стегне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vreme-e-za-osvezuvanje-domashen-sladoled-od-kajsii-recept/feed/ 0
Доаѓа сезоната, еве зошто треба да ја јадете: Oвошка која го чува срцето, коските, но и подмладува https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doagja-sezonata-eve-zoshto-treba-da-ja-jadete-ovoshka-koja-go-chuva-srceto-koskite-no-i-podmladuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doagja-sezonata-eve-zoshto-treba-da-ja-jadete-ovoshka-koja-go-chuva-srceto-koskite-no-i-podmladuva/#respond Fri, 03 Jun 2022 13:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=685725

Доаѓа сезоната на кајсии, а тие се добри за срцето, коските и подмладуваат. Тие се одличен избор ако сте на диета. Имаат витамин А, поради што се добри за очите, кожата и го зајакнуваат имунитетот. Суви или свежи, тие се полни со влакна. Калиумот кој го содржат е добар за срцевите мускули. Имаат антиоксиданси и ако здравствениот ефект од нив не ви е важен, убавината сигурно ви е важна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doagja-sezonata-eve-zoshto-treba-da-ja-jadete-ovoshka-koja-go-chuva-srceto-koskite-no-i-podmladuva/feed/ 0
Направете го во лето, ќе го јадете цела година: Рецепт за највкусното слатко од кајсии https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-vo-leto-kje-go-jadete-cela-godina-recept-za-najvkusnoto-slatko-od-kajsii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-vo-leto-kje-go-jadete-cela-godina-recept-za-najvkusnoto-slatko-od-kajsii/#respond Sat, 22 May 2021 19:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=513588

Слаткото од кајсии е едно од најубавите, а доколку одлучите да го направите, според количината на кајсиите одредете ја количината на шеќер и вода. За 1 килограм кајсии- 800 грама шеќер и 1 чаша вода. Кајсиите се лупат, им се вадат семките па се ставаат во варова вода да отстојат 2 часа. Потоа една по една убаво се мијат и се ставаат да се исцедат. Додека се цедат, од шеќерот и водата се вари шербет кој врие околу 15 минути, па исцедените кајсии се ставаат во шербетот и слаткото се вари на тивок оган додека шербетот не се згусни (околу 30- 40 минути, можеби и малку подолго). За да проверите дали шербетот е густ, извадете малку во тацна и оставете да се излади. Потоа проценете за густината. Додека слаткото се вари, повремено со лажица собирајте ја пената. Откако ќе се свари, тенџерето се покрива со влажна крпа (убаво исцедена) и се остава да се излади. Слаткото се собира ладно во ладни тегли. На здравје!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-vo-leto-kje-go-jadete-cela-godina-recept-za-najvkusnoto-slatko-od-kajsii/feed/ 0
Идеја за летен десерт: Колач со кајсии https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ideja-za-leten-desert-kolach-so-kajsii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ideja-za-leten-desert-kolach-so-kajsii/#respond Thu, 30 Jul 2020 14:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=383892

Ако обожавате кајсии, ќе ви се допадне овој рецепт. Потребни состојки: 1 кг кајсии Путер ¾ шолја шеќер Лажичка екстракт од ванила 4 јајца 2 шолји брашно 3 лажици прашок за печиво Малку сол Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте ги кајсиите, извадете ги семките и тргнете 500 гр на страна. Останатите кајсии ставете ги во блендер. Со миксер изматете путер и шеќер и додајте јајца и ванила. Во добиената смеса додајте брашно, прашок за печиво, сол, а потоа додајте го и пирето од кајсии. Измешајте па ставете ја смесата во тавче за печење. Одозгора наредете го остатокот од кајсиите и печете во загрејана рерна околу 55-60 минути. Откако малку ќе се излади колачот, наросете шеќер во прав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ideja-za-leten-desert-kolach-so-kajsii/feed/ 0
Диета со кајсии: Ќе намалите килограми, но тоа не е најважното https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dieta-so-kajsii-kje-namalite-kilogrami-no-toa-ne-e-najvaznoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dieta-so-kajsii-kje-namalite-kilogrami-no-toa-ne-e-najvaznoto/#respond Sun, 14 Jun 2020 11:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=357711

Кајсиите ја стимулираат активната работа на нашиот имунитет, кој помага на телото ефикасно да се справи со патогените вируси и бактерии. Освен тоа, содржат растителни влакна кои ја регулираат дигестијата и го стимулираат метаболизмот. Диетата со кајсии ви ја обезбедува  оптималната дневна доза витамин А, кој е задолжен за здравјето и добриот изглед на кожата, косата и ноктите. Кајсиите се исто така богати со калиум, па затоа и се препорачуваат за луѓе кои страдаат од анемија. Диетата со кајсии истовремено е и тридневна детоксикација, а нутриционистите советуваат тоа да го правиме неколку пати во годината. Еве како треба да изгледа тоа: Бидејќи пред се намената на оваа диета е темелно чистење на организмот од натрупаните токсини, менито се сведува само на овошје, чај и зеленчук. Потребно е да изедете од 8-10 кајсии дневно и да испиете 2 литри зелен чај кој се приготвува наутро, ќе додадете сок од 2-3 лимони во него и неколку лажички мед. Чајот се пие во текот на денот. Кога ќе почуваствувате глад можете да си направите свежа сезонска салата со соја сос и една мала лажичка маслиново или друго растително масло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dieta-so-kajsii-kje-namalite-kilogrami-no-toa-ne-e-najvaznoto/feed/ 0
Кајсиите на удар поради ниските температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kajsiite-na-udar-poradi-niskite-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kajsiite-na-udar-poradi-niskite-temperaturi/#respond Wed, 25 Mar 2020 10:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=321856

Снегот што падна првите два дена откако земјава ја зафати бранот врнежи, може да предизвика штети кај кајсиите зашто поради ниските утрински температури, се задржа на цветот. Во овој период најосетливи се раните сорти кајсии, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески за МИА. Кај останатото коскесто овојше не би требало да има штети. Можно е само проредување на плодот. Но, тоа нема да се одрази врз вкупниот принос, туку ќе резултира со помалку, а поголеми плодови. Јаболчестите видови, пак, покасно цветаат и поради тоа во овој период може да издржат пониски темратури. И кај виновата лоза, како и кај градинарските култури, проблеми не се очекуваат. Лозата е во рана вегетација, а пластениците не може значително да се оладат поради постиденто време. Врнежите ќе ја забават седибата на сончогледот. Условите не дозволуваат да се спроевде иако земјдоелците се подготвени. Можно е да се забави и расадот за тутунопроизводството. Според Ангелески, врнежите снег и ваквото време се поволни за есенските посеви. -Состојбата не е добра зашто неколку дена трае ваквото време. Посебно беа критични првите два дена кога снегот се задржуваше на  цевтотвите на овошките поради ниските утрински температури кои беа и негативни. Можни се штети кај кајсијата, посебно кај раните сорти. Таму веќе има уништување на плодот со оглед дека се осетливи на температура од -0,6 до -1 степен, истакнува Ангелески. Сега, додава, ситуацијата е малку пооптимистичка зашто температурите не се толку ниски. -Струењето на ветерот полека забавува, не нагло. Времето е облачно и поради тоа нема да има драстичен пад на температурите. Следната недела преку ден ќе биде и до 17 степени, атмосферата ќе се загрее доволно. Сепак, ништо не можеме да предвидиме, истакнува Ангелески. Негова оценка е дека врнежите нема да бидат доволни за да ја подобрат позначително состојбата со акумулациите. -Вештачките акумулации ќе добијат изесно колиество вода зашто падна снег и на пониските места. Но, не значи дека со овие врнежи ќе го решиме проблемот со полнење на акумулациите кои беа премногу празни, на минималното ниво, а вода ќе ни треба за новото пролетно производство, нагласува Ангелко Ангелески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kajsiite-na-udar-poradi-niskite-temperaturi/feed/ 0