кал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 09:20:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фестивал се претвори во хаос: 70.000 луѓе се заглавени во кал, едно лице почина во Невада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/festival-se-pretvori-vo-haos-70-000-luge-se-zaglaveni-vo-kal-edno-litse-pochina-vo-nevada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/festival-se-pretvori-vo-haos-70-000-luge-se-zaglaveni-vo-kal-edno-litse-pochina-vo-nevada/#respond Sun, 03 Sep 2023 09:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=873980

Покрената е истрага за смртта на едно лице за време на силен дожд на фестивалот „Burning Man“, кој се одржува во американската сојузна држава Невада. Околностите на смртта се уште не се познати. Околу 70 илјади луѓе остануваат блокирани на местото на фестивалот, бидејќи дождот го претвори пустинскиот песок во длабока, лизгава кал. Влезните и излезните патишта се затворени затоа што возилата едвај возат по нив. Познатиот фестивал „Burning Man“ се одржува во пустината Блек Рок, која обично е сува и правлива. -Канцеларијата на шерифот на округот Першинг во моментов истражува смрт што се случи за време на овој дожд, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на округот Першинг, додавајќи дека семејството на лицето е известено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/festival-se-pretvori-vo-haos-70-000-luge-se-zaglaveni-vo-kal-edno-litse-pochina-vo-nevada/feed/ 0
НАЈЗДРАВИ ДЕЦА НА ПЛАНЕТАТА: Не патат од алергии, бактериите и вирусите бегаат од нив! Еве како https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najzdravi-deca-na-planetata-ne-patat-od-alergii-bakteriite-i-virusite-begaat-od-niv-eve-kako/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najzdravi-deca-na-planetata-ne-patat-od-alergii-bakteriite-i-virusite-begaat-od-niv-eve-kako/#respond Mon, 07 Mar 2022 17:00:28 +0000 https://kurir.mk/?p=642780

Многумина од нас среќно се сеќаваат на детството во кое го достигнавме врвот на креативноста во играта со кал и песок! На децата им беше забавно, а на родителите им беше јасно - каде на земјата има дете што не се валка? Не пуштаа да се тркаламе по песок, трева, кал, да се капеме навечер и приказната заврши. Без навреди, без лутина поради дамката, сите имавме алишта со кои си играме и алишта со кои некаде одевме. Освен што е забавна, науката потврди и дека играта во песок и кал е добра! Многу деца денес се отуѓени од природата Нормално е родителите да се грижат за хигиената и безбедноста на своето дете, затоа многумина денес претпочитаат децата да си играат дома наместо надвор. Како резултат на тоа, добиваме деца кои подоцна немаат желба да играат на отворено, туку претпочитаат да изберат технологија. - Нашите деца и децата на нашите деца се генерацијата која е најотуѓена од природата во историјата, вели Ричард Лув, автор на студија која анализирала 3.000 семејства со деца. Малку нечистотија никогаш не му пречела на никого Педијатарот д-р Марија Јулија Карваљо се согласува со Лув и инсистира на тоа дека децата мора да бидат во контакт со микроорганизми кои се наоѓаат во почвата и тревата со цел нивниот имунолошки систем да се развие правилно. Чистењето на вашето дете по играњето во кал можеби е тешко, но мора да се потрудите да најдете средина, бидејќи овие нехигиенски игри му се неопходни на вашето дете. Кога на овој начин ќе се зајакне имунитетот, во иднина детето ќе биде поотпорно на болести и алергии. Освен тоа, Лув вели дека игрите во природа ја поттикнуваат креативноста, го минимизираат стресот и депресијата и овозможуваат подобар когнитивен развој. Истото важи и за животните Студијата објавена во списанието Allergy and Clinical Immunology покажа дека децата кои живеат и растат со животни како кучиња и мачки од рана возраст имаат помала веројатност да развијат алергии бидејќи овие деца живеат меѓу ендотоксини, вид на бактерии кои се наоѓаат во прашината и животната средина кои помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем. Едноставно - така функционира имунитетот Имунолошкиот систем е она што го штити човекот од надворешни „напаѓачи“, како што се микробите и бактериите кои се закана за здравјето. Ова успешно се прави со откривање на супстанции кои можат да стимулираат болести и инфекции, а потоа и со нивна борба. Но, за борбата да биде успешна, имунолошкиот систем мора да се навикне на микроорганизми од надворешната средина. Како што растат децата, тие стануваат сè поотпорни на одредени микроби, бидејќи веќе биле изложени на нив и имунитетот веќе го „знае непријателот“ и „тактики“ како да го нападне. Последици од држењето на децата подалеку од природата Без контакт со микроорганизми, имунолошкиот систем станува поподложен на супстанции кои инаку не се патолошки, како што се поленот или животинските влакна, по што децата развиваат алергии. Ричард Лув истакнува дека држењето на децата на растојание од природата го ограничува развојот на нивната креативност. Децата кои немаат интеракција со природната средина немаат физички дразби и немаат директни искуства на кои би можеле дополнително да ја развијат својата имагинација. Тој додава дека престојот во природа е феноменална превенција од дебелеење, бидејќи децата надвор се физички активни, додека причината за епидемијата на дебели деца лежи во поминувањето премногу време зад затворени врати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najzdravi-deca-na-planetata-ne-patat-od-alergii-bakteriite-i-virusite-begaat-od-niv-eve-kako/feed/ 0
Водата од чешмите полна со кал – жителите на Синичане протестираат и на дожд, во Владата немаше договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodata-od-cheshmite-polna-so-kal-zitelite-na-sinichane-protestiraat-i-na-dozd-vo-vladata-nemashe-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodata-od-cheshmite-polna-so-kal-zitelite-na-sinichane-protestiraat-i-na-dozd-vo-vladata-nemashe-dogovor/#respond Wed, 05 Aug 2020 18:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=386836

Во куќите во Синичане, наместо вода, од чешмите тече кал. Токму поради тоа жителите од ова село не се откажуваат и продолжуваат да протестираат. Ниту обилните врежи дожд не ги спречи да се повлечат од местото каде беа прекинати работните активности за изградба на водоводна мрежа. „Иако продолжува да врне, ние ќе продолжиме да протестираме. Сакаме само вода“, вели жител. Првиот човек на Боговиње, Аљбон Џемаили по вторпат се сретна со техничкиот премиер, Оливер Спасовски, во обид да изнајдат решение за водоводот во Синичане. Сепак, и денешната средба не вроди со плод. „Никаква дилема нема околу барањата на жителите, едноставно разговарано е да почнат со работа или да не почнат. Прашав неколку пати кога ќе продолжи…Премиерот бара да седне уште еднаш со министрите, да дискутираат како владин кабинет и ќе ме известат мене и ќе добиеме одговор. Јас повторно инсистирам дека моите жители станаа без вода за пиење и треба што поскоро да се реши оваа ситуација“, истакна Аљбон Џемаили. Џемаили вели дека Спасовски му побарал проект за водоводот што според него е неприфатливо бидејќи оваа работа бара време, а проблемот не може да се одолговлекува. „Се бара проект во ваква алармантна ситуација, во време на пандемија. Проектот ќе трае, треба итно решение на проблемот, се надеваме дека овие денови ќе имаме позитивен одговор“, посочи Аљбон Џемаили. Во врска со кривична пријава која ја покрена СВР Тетово, градоначалникот на Боговиње вели дека ова се случува бидејќи тој сака да ги снабди граѓаните со вода и да се надмине проблемот. Проблемот со водата за пиење во Синичане трае со децении, велат жителите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodata-od-cheshmite-polna-so-kal-zitelite-na-sinichane-protestiraat-i-na-dozd-vo-vladata-nemashe-dogovor/feed/ 0