Калиманско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 13:17:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Калиманско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/som-tezhok-80-kilogrami-uloven-na-kalimansko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/som-tezhok-80-kilogrami-uloven-na-kalimansko-ezero/#respond Thu, 10 Aug 2023 13:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=865534

Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманско Езеро. -Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми, вели Стојмирски. Претходно во месец јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми. -Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од оној на Стојмирски, значи 70 килограми и 230 сантиметри, додава Ќурчиски. Калиманско Езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/som-tezhok-80-kilogrami-uloven-na-kalimansko-ezero/feed/ 0
Забранет риболовот на Калиманско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabranet-ribolovot-na-kalimansko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabranet-ribolovot-na-kalimansko-ezero/#respond Wed, 03 May 2023 16:49:09 +0000 https://kurir.mk/?p=830267

Воведена е забрана за ловење риба на Калиманско Езеро. Забраната стапува на сила од денеска и ќе трае до 2 јуни 2023 година, информираа од здружението „Шаран“ од Македонска Каменица. -ЗРСК „Шаран“ ги известува сите риболовци дека од 3.05 до 2.06.2023 година на езерото Калиманци воведена е забрана за риболов. Забраната важи за сите видови на риба освен за видовите караш и белвица, што значи ќе биде дозволен риболов со една трска со една јадица од брег без употреба на чамец и 200 метри подалеку од уливите на Каменичка река, Брегалница, Луковичка и Рибничка река. Риболовот на наведените реки е целосно забранет, а како што додадоа оттаму ќе биде дозволен само дење, додека во ноќниот период ќе биде забранет, информираа од ЗРСК „Шаран“. Доколку се утврди непочитување на забраната по било кој основ, против несовесните рибари како што додадоа од здружението ќе бидат поведени прекршочни постапки до Државниот инспекторат за земјоделство согласно Законот за рибарство и аквакултура. -Секој риболовец доколку фати друга риба освен Карас и Белвица е должен веднаш да ја врати во водата. Воедно се известуваат рекреативните риболовци дека ќе биде зголемена контролата од МЗШВ, Државната риболовна контрола и активисти на ЗРСК Шаран, додадоа од каменичкото риболовно здружение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabranet-ribolovot-na-kalimansko-ezero/feed/ 0
На повидок еколошка катастрофа во Калиманско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-ekoloshka-katastrofa-vo-kalimansko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-ekoloshka-katastrofa-vo-kalimansko-ezero/#respond Wed, 05 Jan 2022 12:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=616179

Шишиња, ќеси, најразлична пластична амбалажа и цврст отпад, ваква е сликата која деновиве може да се забележи на Калиманско Езеро по поплавите кои во декември минатата година го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион, зголемувајки ја опасноста од еколошка катастрофа во Калиманско Езеро. Поради надојдените води на реката Брегалница и нејзините притоки, најголем дел од отпадот од дивите депонии кои се наоѓаа покрај речните корита заврши во Калиманско Езеро, што е директна закана за животинскиот свет во езерото. За ваквата состојба реагираа граѓани, кои велат дека итно треба да се преземе акција со цел езерото да биде исчистено. -Бараме надлежните органи да преземат соодветни мерки, како би ја спречиле оваа честа и несакана појава во водите на Калиманско Езеро. Отпадот го донесе река Брегалница, која заедно со своите притоки од општините Делчево, Пехчево и Берово се влева во езерото. Поради покачениот водостој, реката Брегалница во водите на Калиманци, со себе го носи и со години одложуваниот отпад покрај своето речно корито, што е најверојатна причина за оваа несакана појава, велат загрижени граѓани. Граѓаните предупредуваат дека оваа појава ја има на целата површина од езерото и апелираат навремено да се пристапи кон чистење на отпадот, како би се спречила оваа еколошка катастрофа. Според нив, чести се и пријавите за помор на риби во река Брегалница што ја прави најголем загадувач на водите во Калиманското Езеро. Реакција за оваа појава од други субјекти вклучително и еколошки и риболовни друштва засега нема. Во насока на подигање на свеста кај граѓаните за ваквата појава досега реагираше делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој за време на поплавите истакна дека фрлањето ѓубре во реката освен што ја загадува водата, го блокира природното движење на водотеците, со што дополнително придонесува и за загадување на блиската околина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-ekoloshka-katastrofa-vo-kalimansko-ezero/feed/ 0
Трипуновски: Калиманско езеро е десеткувано, и е доведено до раб на пресушување заради алчноста на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-kalimansko-ezero-e-desetkuvano-i-e-dovedeno-do-rab-na-presushuvanje-zaradi-alchnosta-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-kalimansko-ezero-e-desetkuvano-i-e-dovedeno-do-rab-na-presushuvanje-zaradi-alchnosta-na-vlasta/#respond Sun, 15 Nov 2020 09:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=429704

Езерото Калиманци е пресушено во целост. Од 120 милиони метри кубни вода колку што е капацитет на истото, во моментот имаме само 19 милиони метри кубни вода. Тоа значи дека власта ја десеткувала акумулацијата, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Калиманското езеро е доведено на раб на пресушување и до раб на биолошки минимум. -Претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја во летниот период придонесе Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении. Езерото не е оперативно. А иста е состојбата низ цела држава. Доколку зимото кое е пред нас нема доволно врнежи се доведува под знак прашалник дали воопшто ќе биде исполнет капацитетот на акумулацијата. А со тоа се доведува во прашање како понатамошното производство на струја од истото, така и наводнувањето на земјоделските површини долж реката Брегалница од Виница и Кочани па се до Велес односно со тоа се загрозени директно илјадници земјоделци кои што егзистираат од оваа дејност, нагласи тој. Трипуновски вели дека Зоран Заев и СДСМ ја ставаат цела држава во залог. -Македонија тоне со СДСМ. За оваа проблематика веќе алармиравме во текот на пролетта, но ниту тогаш ништо не се презема и затоа сме денес каде што сме. Потребен е итно стратешки пристап на проблемот, со аматеризам со кој пристапува СДСМ само се влошува состојбата со акумулациите ширум Република Македонија, изјави Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-kalimansko-ezero-e-desetkuvano-i-e-dovedeno-do-rab-na-presushuvanje-zaradi-alchnosta-na-vlasta/feed/ 0