Калина Гривчева Старделова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 15:17:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Калина Гривчева Старделова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поведена постапка за одземање на лиценцата на анестезиологот од Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povedena-postapka-za-odzemane-na-litsentsata-na-anesteziologot-od-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povedena-postapka-za-odzemane-na-litsentsata-na-anesteziologot-od-tetovo/#respond Tue, 18 Apr 2023 15:17:26 +0000 https://kurir.mk/?p=825061

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора донесе одлука за поведување на постапка за времено одземање на лиценцата за работа на анестезиологот вработен во Клиничката болница во Тетово, поради тоа што со објава на видеоснимка од гинеколошкото Одделение на болницата во живо на социјалната мрежа Тик-Ток ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите и нивното достоинство, а со тоа го нарушил и угледот и честа на лекарската професија. „Комисијата за етички и правни прашања, согласно правните регулативи на Комората, денес одржа вонредна седница, на која по детална расправа и разгледување на случајот, членовите на Комисијата донесоа едногласна одлука за покренување на постапка пред Судот на честа на Лекарската комора“, истакна претседателката на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова. Согласно постапката, Обвинителот на Судот на честа, по разгледување на пријавата, истата ја прифати и до Судот на честа на Комората достави обвинение против д-р Ваљтон Дервиши, анестезиолог вработен во ЈЗУ КБ Тетово, со предлог Судот на честа да му изрече мерка за времено одземање на лиценцата за работа согласно условите предвидени во Законот за здравствена заштита. Согласно правните регулативи, обвинението денес му е доставено на д-р Дервиши, а по истек на минималните временски рокови предвидени во постапката, Судот на честа ќе заседава за донесување на конечна одлука. Претседателката на Комората потенцираше дека лекарите својата професија треба да ја извршуваат совесно и одговорно. Секогаш на прво место треба да им биде сочувување на здравјето, со следење на етичките норми и почитување на човековото достоинство, приватноста и интегритетот на пациентите. Лекарот е обврзан да ја чува професионалната тајна, а во професионалниот и приватниот живот да ги негува личните квалитети, соодветни на местото и достоинството на лекарската професија во општеството. Лекарот треба да е свесен дека со секој несоодветен, лекомислен, нечесен и понижувачки акт, ги компромитира сите други колеги. „За жал, во овој случај, етичката Комисија констатираше дека колегата со своите постапки и однесување прекршил повеќе етички норми на кои го обврзува Кодексот на медицинска деонтологија, поради што е поведена постапка пред Судот на честа. Лекарската комора уште еднаш изразува најостра осудува за инцидентот и искрено жалење за состојбата во која се доведени пациентите и упатува јавно извинување до нив“, изјави претседателката на Комората, која појасни дека лиценцата за работа трајно може да се одземе само во случај кога постои правосилна судска пресуда со која е утврдено дека лекарот сторил стручен пропуст со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт. Лекарската комора како професионална организација на сите доктори во нашата земја, со цел заштита на нивниот углед, како и да ги заштити правата на пациентите, активно ќе ги следи сите вакви инциденти и нема да дозволи изолираното несовесно однесување на поединци да биде препишано на колективна одговорност на сите лекари кои професионално и одговорно секојдневно постапуваат во третманот на пациентите, велат од ЛК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povedena-postapka-za-odzemane-na-litsentsata-na-anesteziologot-od-tetovo/feed/ 0
Старделова си го продолжи мандатот, не ги почитува правните акти – сега никој не верува во фер избори во ЛКМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stardelova-si-go-prodolzi-mandatot-ne-gi-pochituva-pravnite-akti-sega-nikoj-ne-veruva-vo-fer-izbori-vo-lkm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stardelova-si-go-prodolzi-mandatot-ne-gi-pochituva-pravnite-akti-sega-nikoj-ne-veruva-vo-fer-izbori-vo-lkm/#respond Sun, 26 Jun 2022 14:41:58 +0000 https://kurir.mk/?p=695971

Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева – Старделова прави се веќе подолг период, односно повеќе од две години само да остане на функцијата прв човек на ова еснафско здружение. Иако има Одлука од Антокорупциската комоисија дека има судир на интереси, односно дека Старделова не може да биде и претседател на Комората и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, таа овој правен акт го игнорира. Антикорупциска во ноември 2019 година донесе Одлука со која прсече дека Старделова може да биде само директор на клиника или претседател на ЛКМ. Во Одлуката се вели дека таа како претседател на ЛКМ не можеа да ја контролира и работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија, односно не може да ја оценува сопствената работа. Но, Старделова ја игнорира Одлуката повеќе од две години. Оправдувајќи се со корона пандемијата таа самата си го продолжи мандатот како претседателка на Лекарската комора. Старделова си го продолжи мандатот како претседател на ЛКМ за околу година и половина со образложение дека за време на корона не може да спроведе избори. Праксата говори дека таа можеше да направи такво нешто. Критиките се главно за тоа дека не се прецизирани постоечките акти, како и начинот на спроведување на самите избори или дека истите планира да ги спроведува далеку од очите на јавноста или народски кажано во нејзината канцеларија. Во Статутот на Комората од 2019 година прецизно се наведени сите акти на Комората меѓу кои и Правилникот за избори и отповикување. Притоа јасно стои дека Комората се обврзува во наредните шест месеци да ги усогласи актите и јавно да ги објави. Сето ова не е реализирано“, коментираат упатените. Правниците додаваат дека може да се толкува дека овие избори за Лекарската комора се незаконски и нестатутарни. Бидејќи нема усогласување на актите со Статутот може да се заклучи и дека изборите во Комората не можат да произведат правно дејство. Согласно со ова самата одлука за избори и изборот на нов претседател на Лекарската комора нема да доведе до правен ефект – коментираат правниците. Дополнително, велат правниците, имајќи во предвид дека секогаш се појавуваат апетити да се остане на функција, а тоа најчесто е проткаено со неправилности, добро е да се прецизира во Правилниот дека за истите треба да има набљудувачи. Правилникот тоа не го забранува, но според нив добро е да се прецизира истото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stardelova-si-go-prodolzi-mandatot-ne-gi-pochituva-pravnite-akti-sega-nikoj-ne-veruva-vo-fer-izbori-vo-lkm/feed/ 0
Кој ќе одговара за непочитување на правото, двојната функционерка Старделова или Антикорупциска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-nepochituvanje-na-pravoto-dvojnata-funkcionerka-stardelova-ili-antikorupciska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-nepochituvanje-na-pravoto-dvojnata-funkcionerka-stardelova-ili-antikorupciska/#respond Mon, 14 Dec 2020 10:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=442989

Кој ја заштитува Калина Гривчева Старделова? Миленичката на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче уште извршува две функции, таа е претседател на Лекарската комора и директор на Клиниката за гастоентерохепатологија истовремено. Зошто за ова ДКСК молчи година дена? Молкот на ДКСК дозволува Старделова како претседател на Лекарската комора сама да си ја контролира работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија. Бидејќи според правните норми, првиот човек на Комората ја контролира работата на првите луѓе на јавните здравствени институции. Ако на 22 ноември 2019 година Антикорупциска комисија доставила известување до Старделова за судир на интереси и дала рок од 15 дена истата да се откаже од една од функциите тоа до денес не е сторено. Старделова и по повеќе од една година се уште на двете функции. По овој преседан, реагираат граѓаните дека иако на големо се ветуваше дека ќе се спречи корупција и злоупотребување на функции очигледно е дека тие ги има се повеќе по стапувањето на Зоран Заев за премиер. „Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаме одговорност да се справиме со сериозните предизвици што корупцијата ги поставува пред нас. Корупцијата е закана за воспоставување на владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“, рече премиерот Зоран Заев на една од прес конференциите во 2017-тата година и додаде дека од успехот на борбата против корупцијата, зависи успехот на државата. „Свесни сме дека корупцијата не може да се искорени преку ноќ, напротив борбата против корупцијата е чекор по чекор, проект по проект, еден многу долготраен процес. Министерството за здравство има план за борба против корупцијата“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на една од своите прес конференции во 2018-тата година. „Сите ние сме за некаква борба против корупција, но ретко кој сака да се бори, а уште помалку да биде допрен со таа борба. Тие состојби мора да бидат наше минато“, додаде Билјана Ивановска, директор на ДКСК на една од своите прес конференции во 2019-тата година. Оваа тема ја потресе јавноста викендов дури се пишуваше и дневниот весник „Коха“ во текстот насловен како „Кој ја брани директорката и претседателката Старделова“. И покрај апелите и укажувањата од претставниците на власта и од ДКСК има само молк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-nepochituvanje-na-pravoto-dvojnata-funkcionerka-stardelova-ili-antikorupciska/feed/ 0
Државата не си ги спроведува сопствените одлуки- кој ја штити претседателката и директорката Старделова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-ne-si-gi-sproveduva-sopstvenite-odluki-koj-ja-shtiti-pretsedatelkata-i-direktorkata-stardelova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-ne-si-gi-sproveduva-sopstvenite-odluki-koj-ja-shtiti-pretsedatelkata-i-direktorkata-stardelova/#respond Sun, 13 Dec 2020 15:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=442726

И покрај тоа што Антикорупциска утврди судир на интереси кај Калина Гривчева Старделова, пред една година, таа се уште ги извршува двете функции, и претседател на Лекарската комора и директор на Клиниката за гастоентерохепатологија. На неизвршувањето на Одлуката на Антикорупциска комисија не реагира ниту самата Комисија, ниту било која друга институција. Ваквото однесување на институциите е уште едно од објаснувањата за негативна селекција и зошто имаме ваква Комисија за заразни болести. Токму затоа граѓаните скапо ја плаќаат битката со КОВИД-19. Доктор Гривчева како претседател на Лекарската комора  практично сама си ја контролира работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија. Или според правните норми, првиот човек на  Комората ја контролира работата на првите луѓе на јавните здравствени институции. Ако на 22 ноември 2019 година Антикорупциска комисија доставила известување до Гривчева за судир на интереси и дала рок од 15 дена Гривчева да се откаже од една од функциите тоа до денес не е сторено. Гривчева и по повеќе од една година е на двете функции. Државата не реагира, па доктор Идриз Орана, подоносител на минатогодишната иницијатива до Антикорупциска, со уште еден допис до Kомисијата од 3 декември 2020 година бара да биде известен зошто Комисијата не постапува по својата  Одлука од 2019 година. Медицинската фела со кратки коментари. -Очигледно некому тоа му одговара, очигледно најавата за борба против корупција е една голема лага, реагираат медицинарите. За оваа тема викендов пишуваше и дневниот весник „Коха“ во текстот насловен како „Кој ја брани директорката и претседателката Старделова“. И покрај се надлежните молчат за овој случај.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-ne-si-gi-sproveduva-sopstvenite-odluki-koj-ja-shtiti-pretsedatelkata-i-direktorkata-stardelova/feed/ 0
Старделова си тера работа на две функции, а надлежните иснтитуции молчат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stardelova-si-tera-rabota-na-dve-funkcii-a-nadleznite-isntitucii-molchat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stardelova-si-tera-rabota-na-dve-funkcii-a-nadleznite-isntitucii-molchat/#respond Mon, 17 Feb 2020 12:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=305010

Одлуката на Антикорупциска комисија со која се констатира судир на интереси за доктор Калина Гривчева - Старедлова која е и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и претседател на Лекарската комора датира од 22 ноември 2019 година. Во истата, пак, е наведено дека откако ќе биде доставена во рок од 15 дена Старделова треба да достави доказ до Антикорупциска дека се откажала од една од функциите. Изминува трет месец, а Старделова ги врши двете функции и директор и претседател на Лекарска комора. Притоа нема никаква реакција од надлежните за неизвршување на Одлуката на Антикорупциска. И Анткорупциска молчи што нејзината одлука не е извршена. Именао според член 78 од Законот за спречување на корупција „органот до кој е доставена иницијативата за покренување дисциплинска постапка, односно постапка за разрешување, е должен по истата да донесе одлука најдоцна во рок од 60 дена од денот на доставување на иницијативата“. Подносителот на Иницијативата за Старделова до Антикорупциска, доктор Идриз Орана на 11 февруари поднесе повторно допис. Тој ја потсетува Антикорупциска за да ја потсети дека треба да се постапува по Одлуката од 22 ноември минатата година. Во оваа Одлука се констатира дека Старделова во рок од 15 дена откако ќе ја добие Одлуката треба да се откаже од една од функциите, или директор на Клиниката за гастро или претседател на Лекарска комора и за истото да достави доказ до Антикорупциска. Но, Стаределова се уште гу врши двете функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stardelova-si-tera-rabota-na-dve-funkcii-a-nadleznite-isntitucii-molchat/feed/ 0
Доктор Орана бара одговор, Антикорупциска молчи: Може ли Старделова да биде и директор на Гастро и претседател на Лекарска комора? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-orana-bara-odgovor-antikorupciska-molchi-moze-li-stardelova-da-bide-i-direktor-na-gastro-i-pretsedatel-na-lekarska-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-orana-bara-odgovor-antikorupciska-molchi-moze-li-stardelova-da-bide-i-direktor-na-gastro-i-pretsedatel-na-lekarska-komora/#respond Thu, 23 Jan 2020 12:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=293626

Од Антикорупциска комисија молк по претставката на доктор Идриз Орана што се однесува на доктор Калина Гривчева Старделова која е и претседател на Лекарската комора и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија. Според Законот, двете функции се неспоиви зошто претседател на Лекарската комора одговара, меѓудругото, и за работата на јавните здравствени институции. Или, Старделова- претседател на Лекарската комора е одговорна за Старделова- директор на Гастро. Претставката, доктор Орана ја поднесува кон средината на 2019 година. Тој и покрај барањата да добие информација за претставката од Антикорупциска не добива одговор. Доктор Орана деновиве повторно се обрати до Комисијата, но нема повратна информација од Комисијата. Кон крајот на минатата година беше побарано од одреден број делагати, Стаделова да ја одложи седницата на Собранието на Комората. Причината беше тоа што за Старделова има предмет во Антикорупциската комисија за судир на интереси. Но и во тој случај Старделова постапи по свое, односно не ја одложи седницата на Собранието на Лекарската комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-orana-bara-odgovor-antikorupciska-molchi-moze-li-stardelova-da-bide-i-direktor-na-gastro-i-pretsedatel-na-lekarska-komora/feed/ 0