калина велевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Feb 2019 14:34:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png калина велевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-dnevnikot-na-edna-planinarka-od-kalina-velevska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-dnevnikot-na-edna-planinarka-od-kalina-velevska/#respond Wed, 06 Feb 2019 14:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=160904

Во понеделник, 11 февруари, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска. Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија но и во соседните земји. Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан. Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-dnevnikot-na-edna-planinarka-od-kalina-velevska/feed/ 0
Пет месеци по трагедијата: Родителите бараат одговори на местото каде загинаа Калина и Александар – нови детали за кобниот ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-meseci-po-tragedijata-roditelite-baraat-odgovori-na-mestoto-kade-zaginaa-kalina-i-aleksandar-novi-detali-za-kobniot-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-meseci-po-tragedijata-roditelite-baraat-odgovori-na-mestoto-kade-zaginaa-kalina-i-aleksandar-novi-detali-za-kobniot-den/#respond Wed, 18 Jul 2018 09:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=78089

„Поминаа пет месеци од несреќата и се уште не можам да си објаснам како се случи тоа. Сите сме потресени бидејќи вашите деца се првите две жртви планинари за коишто јас знам дека настрадале на Кајмакчалан. Имало повредени скијачи, ловџии, планинари, но ова е прв пат некој да го загуби животот во планинарска тура“. Со овие зборови, изразувајќи сочувство, непосредниот сведок на настанот, инаку вработен во скијачкиот центар Ворас, ги пречека родителите на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски, кои зимава настрадаа при искачувањето на Кајмакчалан. После пет месеци од трагедијата, родителите го посетија местото на несреќата, во обид да добијат дел од одговорите на прашањата кои ги мачат изминатиов период, а кои за жал, остануваат заплеткани во инертната процедура на надлежните институции, објавува „Нова Македонија“. Средбата со домаќинот на родителите се одржала во селота Панагица, сместено на падините на Кајмакчалан од грчка страна. -Оваа слика што ја видовте сега горе е сосема поинаква од она што се случуваше на 10 февруари. Тој ден беше најлош во последниве 25 години, такво невреме не се памети во нашиов крај. На групата и беше укажано од самиот почеток кога дојдоа во Скијачкиот центар дека не треба да се качуваат нагоре бидејќи временските услови се исклучително лоши, но таквите апели беа игнорирани – објаснуваше тој, додавајќи дека групата имала некаква импровизирана радио врска која воопшто не била прикладна за местото и условите. Ако се има во предвид дека и мрежната покриеност на мобилните трелефони е слаба околу врвот на планината, тогаш станува појасно зошто комуникацијата на настраданите со спасителите не била на нивото кое го бара една таква ситуација. -Тој ден како се да беше свртено против исчезнатите деца. Најнапред доцна ја добивме информацијата дека планинарите се исчезнати, затоа што во такви временски услови секоја минута е драгоцена. Воедно, времето беше исклучително лошо, паметам како сега да се случува. По добивањето на веста дека треба да се бараат децата на врвот, тргнав со ратракот нагоре, но во еден момент морав да застанам бидејќи ја изгубив ориентацијата, толку беше намалена видливоста. Излегов од кабината а скијачките очила веднаш ми замрзнаа. Кога ги симнав, ветерот го носеше снегот во моите очи како замрзнати иглички и речиси не можев ништо да видам. Со последни сили го здогледав едниот од столбовите на ски-лифтот, па тргнав во тој правец да се ориентирам – продолжува сведокот, кој се потсетува и на фактот дека наспроти поголемиот број волонтери но и професионални спасители кои тој ден се собраа во Ворас, само еден од локалните познавачи на планината, инаку лиценциран планински водич, по име Панајотис успеал да се симне до настраданите. Целата сторија, погледнете ја на НОВА МАКЕДОНИЈА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-meseci-po-tragedijata-roditelite-baraat-odgovori-na-mestoto-kade-zaginaa-kalina-i-aleksandar-novi-detali-za-kobniot-den/feed/ 0
Два месеци по трагичната смрт на Калина и Александар: Документи уште се чекаат, семејствата бараат одговорност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-meseci-po-tragichnata-smrt-na-kalina-i-aleksandar-dokumenti-ushte-se-chekaat-semejstvata-baraat-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-meseci-po-tragichnata-smrt-na-kalina-i-aleksandar-dokumenti-ushte-se-chekaat-semejstvata-baraat-odgovornost/#respond Fri, 13 Apr 2018 16:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=40316

Два месеци по смртта на младите Калина и Александар јавното обвинителство се уште ја чека документацијата од грчката страна за трагичниот настан на врвот Кајмакчалан. Од ОЈО за ТВ24 велат дека за документацијата била побарана и меѓународна правна помош, а по вчерашниот распит на првиот човек на федерацијата Јовица Угриновски, се сослушуваат и сведоци. -Предметот е во предистражна постапка и надлежниот јавен обвиител ги презема сите неопходни дејстввија во насока на расветлување на настанот. Се анализираат известувањата што ги обезбеди министерството за внатрешни работи по наредба на јавниот обвинител. Преку меѓународна правна помош побарана е целокупната документација од Р. Грција во врска со настанот, а во тек е сослушување на лица во својство на сведоци, велат од ОЈО, пренесува ТВ24. Роднините на двајцата планираи, пак откако вчера ја прозваа државата и ОЈО за тромавост во истрагата, денеска велат дела од медиумите дознале до каде е процесот. Тврдат дека  ОЈО мора да ги информира и да бидат вклученои во секоја фаза. -Согласно праксата на судот во Стразбур, истрагата во овие случаи треба да биде брза, транспарентна и енергична, а фамилиите на покојните, треба да бидат вклучени од првиот момент и да бидат известени за секое преземено дејствие и акт, заради заштита на нивните легитимни интереси и без тоа изречно да го бараат. Затоа,  зачудува околноста што  целата јавност и блиските,  дознаа од медиумите за  сослушувањето на Угриновски,  кој е и тоа како важен сведок, со оглед на хаосот во одвивањето на планинарските спротови, стои во писмото од семејствата. Смртта на Калина и Александар во јавноста предизвика бура од реакции за начинот на водење на турата во лоши временски услови, но и за лиценцата на водичот, кој не поседувал дозвола за зимско искачување. Федерацијата на планинари формираше и посебна комисија за да ги истражи околностите кои довеле до трагичниот настан. Епилогот од тоа беше суспензијата на летната лиценца на организаторот на турата за Кајмакчалан, Зоран Костадинов – Москито. Токму, него семејствата го посочија како главен виновник за трагедијата. Од Федерацијата во извештајот пак не најдоа вина во Костадинов, а лиценцата му беше суспрендирана за пропусти во органзацијата. Главен виновник според извештајот на федерацијата за смртта на Калина и Александар биле лошите временски услови, потсетува телевизијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-meseci-po-tragichnata-smrt-na-kalina-i-aleksandar-dokumenti-ushte-se-chekaat-semejstvata-baraat-odgovornost/feed/ 0
Писмо од роднина: Пријателите на Калина и Александар да престанат да молчат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-rodnina-prijatelite-na-kalina-i-aleksandar-da-prestanat-da-molchat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-rodnina-prijatelite-na-kalina-i-aleksandar-da-prestanat-da-molchat/#respond Sat, 03 Mar 2018 16:24:02 +0000 http://kurir.mk/?p=27008

Македонија тагува по Калина и Александар, планинарите чии животи прерано згаснаа. Граѓаните чекаат некој да понесе одговорност за трагедијата и секој нов момент во сторијата ја чекаат со должно внимание. Роднина на еден од загинатите испрати писмо кое ние ви го пренесуваме во целост И после 20 дена од трагедијата на младите планинари Калина и Александар, планинарите, нивните здруженија и Федерацијата, се уште молчат. Надлежното обвинителство нека си ја утврдува евентуална кривична одговорност. Ќе се осврнеме на прашањето за професионалната и моралната одговорност на Федерацијата на планинарски спортови (ФПСМ) и на нејзиниот претседател, уважениот Проф. Угриновски. Замислете, Проф. Угриновски, не бил запознаен со фактот дека водичот на групата на Кајмакчалан, Зоран Костадиновски, бил прекршочно казнуван за бесправно организирање на вакви тури, а јавно се испрчи во одбрана на неговата „стручност“ за спасување на планинари во зимски услови, која се покажа на дело, на 10.02.2017. Дали истиот веќе покренал постапка за евентуално кршење на Кодексот на честа на планинарите? Наместо да го осуди молкот, тој изјави дека не е правник и дека не му се познати интерните процедури. Да го запрашаме уважениот хирург, дали влегува во операциона сала без запазување на строгите процедури и стандарди и дали оперира без ракавици и без операционен тим? Истиот, ниту еднаш не повика на покренување на соодветни постапки од страна на надлежните институции, инспекциски служби, полицијата и обвинителството. Наместо тоа, се обиде од себе да збрише било каква одговорност со трагикомичната изјава дека Калина, на минус 20 и ветер од 100 км на час, застанала да се „замези“ со еден сендвич и затоа се изгубила. Како дошол до оваа информација, кога знаеме дека помеѓу членовите на Трансверзалец владее молк ? Дали знае дека во ранецот на Калина, предаден на семејството, имало сендвичи, дали сака заеднички да ги изброиме ? Дали ја известил UIAA International Climbing and Mountaineering Federation, чијашто национална членка е Македонската Федерација од 1999 та година за трагичниот настан, дали се тие запознаени со фактот дека владее хаос во организирањето на планинарските спротови и дали јавноста ќе го добие на увид тоа известување ? Како воопшто функционира оваа Федерација, на чија веб страна има известие дека последната седница на Претседателството е во 2016 та година, а извештајот на Собранието е од 2015 та, а оттогаш наваму ништо??? На што личи нивниот Статут од 2014 та година, кој содржи терминологија, како „ целите на Федерацијата се : кај своите членови и граѓани да развива љубов спрема планината, − да работи на запознавање и зближување со другите народи во светот, да ги негува традициите од историското минато и НОВ (Народно ослободителната војна). Во кој век живеат уважените членови и Претседателот ? Небаре читате поезија, а не правила за постапување во опасна област во која се губат животи! Од подоцнежните изјави на вистински спасувачи и од објавениот видео запис за спасување на француските скијачи, целата јавност го констатира фактот дека планинарите можеле да бидат спасени, доколку во тие 11 часа од констатирањето на нивното исчезнување, навремено се алармирале компетентните стручњаци. Го прашуваме Зоран Костадиновски, зошто се јавил на планинарскиот сојуз во Битола во 03 часот на 11 ти Февруари, а тоа не го сторил 12 часа порано, кога ја узнале својата некадарност да ја спроведат спасувачката акција. Зошто за пријавениот проблем не го разбудиле од зимски сон Угриновски? Се надеваме дека дипломатските претставници на Република Грција во Република Македонија ќе помогнат експедитивно и ефикасно, по дипломатски пат, да се добијат потребните докази за да се утврди огромното доцнење и неодговорноста на грчките спасителни служби кои дошле многу доцна и ги оставија децата во снегот, „претпоставувајќи“ дека Калина е мртва, а Александар, жив, ама се откачил од јажето? Трагичното загинување на Калина и Александар ја потресоа целата македонска јавност. Долго ќе ги слушаме нивните повици за помош, која не пристигала цели 11 часа, за на крајот да замрзнат живи во снегот. Тие, нивните големи другари, пријатели, кои упорно молчат со гласен, срамен молк, им го должат одговорот на роднините, блиските, но и на целата вознемирена македонска јавност, а Претседателот на Федерација, уважениот хирург, достоинствено да си ја предаде функцијата на млади кадарни луѓе, кои ќе направат ред во планинарските спортови, во кои нема да има нови жртви поради ваква монтруозна негрижа и некомпетентност. Роднина на загинатите]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pismo-od-rodnina-prijatelite-na-kalina-i-aleksandar-da-prestanat-da-molchat/feed/ 0
НОВИ ДЕТАЛИ: Македонските спасувачи мобилизирани еден час пред Калина и Александар да бидат пронајдени мртви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-makedonskite-spasuvachi-mobilizirani-eden-chas-pred-kalina-i-aleksandar-da-bidat-pronajdeni-mrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-makedonskite-spasuvachi-mobilizirani-eden-chas-pred-kalina-i-aleksandar-da-bidat-pronajdeni-mrtvi/#respond Fri, 23 Feb 2018 17:55:38 +0000 http://kurir.mk/?p=24375

Дирекцијата за заштита и спасување, иако подготвена, не излезе на терен во потрага по планинарите Александар Миновски и Калина Велевска, кои пред две недели беа исчезнати, а потоа најдени мртви на планината Кајмакчалан. Двајцата планинари беа пронајдени на македонска територија, од каде што мртвите тела ги извлекоа грчките служби. Од ДЗС велат дека имале информација дека планинарите се на грчка територија, а без службите на соседната држава да побараат помош, македонските спасувачи не можеле да дејствуваат. – Иако бевме подготвени и комплетирани, не почнавме со претрага и нивно спасување. Причината е што во согласностс со добиената информација двајцата планинари беа од страната на Република Грција, а не од страната на Република Македонија. За ангажирање наши спасувачи на територија на други држави секогаш мора да има официјално барање од државата што бара помош ние да испратиме наши спасувачи – вели Слободан Вуковиќ од Дирекцијата за заштита и спасување за „Макфакс“. Тој вели вели дека тимот на ДЗС бил целосно мобилизиран во 9 часот, а грчкиот извештај за несреќата покажува дека во 10 часот Калина и Александар биле пронајдени мртви. Акцијата не се извршува, никој не дал насока за понатамошна активност. „На ден 11.2.2018 година (недела) во 3.30 часот добиена е информација од Секторот за внатрешни работи Битола дека во Република Грција при планинарење планинари од Скопје се изгубени, еден маж и една жена. Веднаш беше издадена наредба да се изврши процена, да соберат релевантни податоци, а потоа, доколку е потребно, веднаш да се почне со мобилизација на тимот за брз одговор за заштита и спасување од Битола. По извршената процена, во 4 часот е почната мобилизацијата. Таа заврши во 9 часот кога целокупната опрема беше ставена на располагање за престојната акција што требаше да се изврши и се чекаа насоки за понатамошна активност“, вели Вуковиќ. Доколку дванаесетте спасувачи по целосната мобилизација во 9 часот беа испратени да го пребаруваат теренот, според сервисот „Гугл мапс“, ќе им требало минимум два часа да стигнат до врвот Кајмакчалан од македонска страна за да ја започнат акцијата. Дирекцијата за заштита и спасување теоретски би пристигнала во 11 часот, време кога, според барањето за обдукција на телата, грчките служби ги извлекувале безживотните тела на Калина и Александар од местото каде што се пронајдени. Дирекцијата за заштита и спасување нема информации зошто АРМ не е вклучена во оваа активност. Претседателот на Федерацијата на планинарските спортови, Јовица Угриновсвки, пред два дена изјави дека Калина и Александар можеле да бидат спасени. Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори предмет за расветлување на трагичниот настан на планинскиот врв Кајмакчалан. Тие издале наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ , нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан. Извор: Макфакс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-makedonskite-spasuvachi-mobilizirani-eden-chas-pred-kalina-i-aleksandar-da-bidat-pronajdeni-mrtvi/feed/ 0
Угриновски: Трагедијата на Кајмакчалан можеше да се спречи, но не е сега време да кажеме како https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugrinovski-tragedijata-na-kajmakchalan-mozeshe-da-se-sprechi-no-ne-e-sega-vreme-da-kazeme-kako/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugrinovski-tragedijata-na-kajmakchalan-mozeshe-da-se-sprechi-no-ne-e-sega-vreme-da-kazeme-kako/#respond Wed, 21 Feb 2018 21:28:42 +0000 http://kurir.mk/?p=23774

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновсвки во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека трагедијата на Кајмакчалан во која загинаа Калина и Александар можела да се спречи, пренесува Фокус. -Да, можеше да се спречи. Но, нема сега да кажеме како. Да го оставиме јавното обвинителство да си ја заврши работата, па потоа ќе го откриеме тоа, рече Угриновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugrinovski-tragedijata-na-kajmakchalan-mozeshe-da-se-sprechi-no-ne-e-sega-vreme-da-kazeme-kako/feed/ 0
Судска медицина- Солун: Калина и Александар починале во рок од еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-medicina-solun-kalina-i-aleksandar-pochinale-vo-rok-od-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-medicina-solun-kalina-i-aleksandar-pochinale-vo-rok-od-eden-chas/#respond Wed, 21 Feb 2018 15:52:37 +0000 http://kurir.mk/?p=23721

На врвот Кајмакчалан, смртта настапила прво кај планинарката Калина Велеска, а еден час подоцна починал Александар Миновски. Времето на смртта е од извештајот за обдукција направен во солунскиот институт за судска медицина кој за Телма ги потврдил форензичарот Леонидас Мармалакис. -Миновски Александар, 10-ти февруари, околу 11 часот навечер. Тоа е заведено како време на смрт, истакнал Мармалакис, кој за времето на смртта на Калина рекол дека е истиот ден околу 10 (22) часот. Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е смрзнување, потврдил форензичарот од судска медицина во Солун. Во грчкиот институт не одговориле на прашањата на телевизијата дали двајцата планинари имале други повреди и скршеници, бидејќи во полицискиот извештај кој го објави Телма во понеделник стоеше дека Александар бил најден во 22 часот во свесна состојба, а спасувачите се обиделе со ремен да го извлечат, но тој им паднал во подлабока бездна и не можеле да го пронајдат. Еден час по неуспешното спасување, Александар починал, утврдиле во солунската судска медицина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-medicina-solun-kalina-i-aleksandar-pochinale-vo-rok-od-eden-chas/feed/ 0
ЦУК не се вклучил во потрагата бидејќи Калина и Александар биле на грчката страна на Кајмакчалан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-ne-se-vkluchil-vo-potragata-bidejkji-kalina-i-aleksandar-bile-na-grchkata-strana-na-kajmakchalan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-ne-se-vkluchil-vo-potragata-bidejkji-kalina-i-aleksandar-bile-na-grchkata-strana-na-kajmakchalan/#respond Wed, 21 Feb 2018 15:27:01 +0000 http://kurir.mk/?p=23710

Центарот за управување со кризи формирал тимови за спасување на двајцата планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, но тие не биле вклучени во потрагата бидејќи чекале од грчките колеги да ги известат дали планинарите ја ја поминале граничната линија на врвот на Кајмакчалан и се наоѓаат на македонска територија, дознава „Макфакс“. До Центарот за управување со кризи, „Макфакс“ испрати прашања, со барање на конкретни одговори за тоа во колку часот бил мобилизиран тимот на управата и колкумина биле вклучени во потрагата, дали тимот дејствувал на терен и какви мерки се преземи за пронаоѓање на сега починатите Калина и Александар, но тие не одговорија. Од таму кусо информираат дека првата дојава за настанот ја добиле во 03:50 часот изутрина, кога во битолскиот центар за управување со кризи пристигнала информација дека на планината Кајмакчалан, од грчка страна кај Лутраки, се изгубени две лица планинари на планинарското друштво „Трансферзалец“ – Скопје. „Веднаш е стапено во контакт со МВР, СВР Битола, Пограничната полиција, ДЗС – Битола, кои веќе биле запознати и подготвени да започнат потрага по изгубените лица“, велат од ЦУК за порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-ne-se-vkluchil-vo-potragata-bidejkji-kalina-i-aleksandar-bile-na-grchkata-strana-na-kajmakchalan/feed/ 0
ОЈО ја истражува трагедијата на Кајмакчалан: Ќе им се прегледуваат мобилните на починатите, ќе се “чешла“ Трансверзалец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ja-istrazuva-tragedijata-na-kajmakchalan-kje-im-se-pregleduvaat-mobilnite-na-pochinatite-kje-se-cheshla-transverzalec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ja-istrazuva-tragedijata-na-kajmakchalan-kje-im-se-pregleduvaat-mobilnite-na-pochinatite-kje-se-cheshla-transverzalec/#respond Wed, 21 Feb 2018 08:50:46 +0000 http://kurir.mk/?p=23465

Основното јавно обвинителство Скопје постапува за расветлување на настанот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија двајца македонски планинари. Надлежен јавен обвинител издаде Наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога и како ја организирал планинарската експедиција, кои се потребните услови за таква организација и дали тие биле исполнети, како и други околности. Во исто време, издадена е Наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ – Скопје, нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан. По Наредба на надлежниот обвинител треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на починатите планинари.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ja-istrazuva-tragedijata-na-kajmakchalan-kje-im-se-pregleduvaat-mobilnite-na-pochinatite-kje-se-cheshla-transverzalec/feed/ 0
Обвинителството ќе ја истражува смртта на Калина и Александар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-kalina-i-aleksandar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-kalina-i-aleksandar/#respond Mon, 19 Feb 2018 19:01:03 +0000 http://kurir.mk/?p=23022

Македонското обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан, дознава Макфакс. Според извори од обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства. Од обвинителстово засега не откриваат кој се ќе биде сослушан во врска со трагедијата која се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје. „Се зависи од тоа кога ќе стигнат наодите од Грција“, велат од Јавното обвинителство.  Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработваат со македонската полиција за разветлување на причините за трагедијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-kje-ja-istrazuva-smrtta-na-kalina-i-aleksandar/feed/ 0