КАМ маркети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Mar 2022 12:51:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png КАМ маркети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/#respond Wed, 23 Mar 2022 12:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=652024

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста, дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник. - Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна. Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност. Без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%, информираат од УЈП. Од таму посочуваат дека инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето. - Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на Законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Северна Македонија, се додава во соопштението на УЈП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zatvoranjeto-na-kam-marketite-udar-za-gragjanite-koi-pazarat-poevtino-dali-zad-vakviot-chekor-stoi-politichka-narachka-i-eliminacija-na-konkurencijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zatvoranjeto-na-kam-marketite-udar-za-gragjanite-koi-pazarat-poevtino-dali-zad-vakviot-chekor-stoi-politichka-narachka-i-eliminacija-na-konkurencijata/#respond Wed, 23 Mar 2022 07:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=651779

Под чудни околности се затвора еден од најголемите ланец на маркети каде граѓаните пазарат поевтино, реагираат преку денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана. Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот. Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта? Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино? Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zatvoranjeto-na-kam-marketite-udar-za-gragjanite-koi-pazarat-poevtino-dali-zad-vakviot-chekor-stoi-politichka-narachka-i-eliminacija-na-konkurencijata/feed/ 0
Се огласија од КАМ маркети: Еве зошто од утрово вратите им се затворени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-kam-marketi-eve-zoshto-od-utrovo-vratite-im-se-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-kam-marketi-eve-zoshto-od-utrovo-vratite-im-se-zatvoreni/#respond Tue, 22 Mar 2022 14:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=651440

Од утрово голем број од КАМ маркетите се со жолти ленти на вратите и не работат. Во јавноста се претпоставуваше дека УЈП врши контрола, но сега се огласија од КАМ и објаснија што се случува. „Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење“ - велат од КАМ маркети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-od-kam-marketi-eve-zoshto-od-utrovo-vratite-im-se-zatvoreni/feed/ 0
Под лупа 84 објекти на КАМ маркетите, Лукаревска ја откри причината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-lupa-84-objekti-na-kam-marketite-lukarevska-ja-otkri-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-lupa-84-objekti-na-kam-marketite-lukarevska-ja-otkri-prichinata/#respond Mon, 21 Mar 2022 19:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=650985

Во досегашната работа на Управата за јавни приходи утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката „Г“ во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека тоа што значи основен производ и е во делот на одлуката на Владата, не се почитува до крај, истакна вечерва директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, наведе дека, согласно она што го утврдиле од теренските контроли во изминатите два дена, сметаат дека во интерес на граѓаните и во интерес на она што значи зачувување на стандардот, УЈП има обврска, и професионална и морална, да постапува. Директорката на УЈП информираше дека над 300 инспектори и контролори на УЈП во моментов се во сите придружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност. -За такви големи даночни обврзници неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добиваме и соодветни други сознанија во делот на работењето, така што сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обврзник. Добиваме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните, нагласи Лукаревска Таа потенцираше дека под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава. Во истата емисија директорката на државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, изјави дека досега најмногу контроли биле вршени за продажбата на маслото, лебот и брашното, артикли кај кои маржата е нула и продажната цена треба да е еднаква на набавната. -Од почетокот на одлуката, од 1 март до денеска, имаме извршено над 600 надзори. По основ на овие надзори имаме констатирано неправилности кај 44 субјекти, по кои што изречени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 194.060 евра. Само по однос за непочитување на одлуката за цените, изречени се платни налози во износ од 144.360 евра, 36.400 евра изречени се заради утврдено нечесно пазарно однесување и за условување при купување, наведе Симеска Димоска. Таа појасни дека казните од 36.400 евра се за трговците кои биле констатирано дека одредени производи биле чувани во магацините а не биле ставани на рафтовите, во очекување на нови повисоки продажни цени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-lupa-84-objekti-na-kam-marketite-lukarevska-ja-otkri-prichinata/feed/ 0