Камала Харис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 06:45:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Камала Харис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американскaтa потпретседателка Камала Харис ќе присуствува на погребот на Тир Николс во Мемфис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris-ke-prisustvuva-na-pogrebot-na-tir-nikols-vo-memfis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris-ke-prisustvuva-na-pogrebot-na-tir-nikols-vo-memfis/#respond Wed, 01 Feb 2023 06:45:33 +0000 https://kurir.mk/?p=794479

Погребот на Афроамериканецот Тир Николс, жртва на полициско насилство во САД, ќе се одржи денеска во Мемфис. На погребот ќе присуствува и американската потпретседателка Камала Харис. Сè укажува дека настанот ќе добие политичка димензија, а адвокатот на семејството на Тир Николс, Бен Крамп треба да „повика на акција“ против полициското насилство. Се очекува и доаѓањето на братот на Џорџ Флојд, црнец кој во 2020 година беше задушен од полицаец, што предизвика големи протести. Активистот за граѓански права Ал Шарптон ќе одржи проштален говор во христијанската црква на улицата „Мисисипи“. Службата треба да почне во 10:30 часот (17:30 часот по средноевропско време). Тир Николс (29) на 7 јануари бил запрен од припадници на специјалната единица на полицијата во Мемфис поради сообраќаен прекршок, но тие го претепале до смрт и тој починал во болница три дена подоцна. Потпретседателката Харис вчера телефонски разговарала со мајката на Николс, Ровон Велс, и очувот, Родни Велс, кои ја поканиле на погребот, изјави нивниот адвокат. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris-ke-prisustvuva-na-pogrebot-na-tir-nikols-vo-memfis/feed/ 0
Американската потпретседателка го пофали романскиот одговор на миграциската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-potpretsedatelka-go-pofali-romanskiot-odgovor-na-migraciskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-potpretsedatelka-go-pofali-romanskiot-odgovor-na-migraciskata-kriza/#respond Fri, 11 Mar 2022 20:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=645757

Американската потпретседателка Камала Харис го пофали хуманитарниот одговор на Романија на бегалската криза предизвикана од војната во Украина. -Би сакала, за момент, да зборувам  директно со Романците, да ви се заблагодарам во име на САД, рече Харис по состанокот со романскиот претседател Клаус Јоханис во Букурешт. – Романија беше извонредна во великодушноста и храброста што ја покажа, рече Харис. Таа додаде дека Вашингтон е свесен за „особените предизвици“ со кои се соочува оваа источноевропска земја географски. Романија е транзитна земја за десетици илјади луѓе кои секојдневно бегаат од Украина. Волонтери и локални власти обезбедија помош, како храна и привремено сместување. За време на нејзината посета на Романија, Харис водеше разговори со Јоханис, како и со премиерот Николае Чиука и други членови на владата во Букурешт, фокусирајќи се на безбедносните предизвици претставени со руската инвазија на соседна Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-potpretsedatelka-go-pofali-romanskiot-odgovor-na-migraciskata-kriza/feed/ 0
Харис: Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haris-putin-ne-e-zainteresiran-za-seriozna-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haris-putin-ne-e-zainteresiran-za-seriozna-diplomatija/#respond Fri, 11 Mar 2022 17:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=645643

Владимир Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ изјави во Романија потпретседателката на САД Камала Харис. Таа додаде дека САД се посветени на изнаоѓање дипломатско решение но не е оптимист дека Москва во моментов го има истиот став. -Од самиот почеток, САД искрено се обидоа да се вклучат во дипломатијата. Од сè што знаеме и сме сведоци, Путин не покажува знаци дека се занимава со сериозна дипломатија, рече таа и додаде дека Русија се занимава со „лаги“ и „дезинформации“. Харис нагласи дека Русија треба да сноси одговорност за своите постапки додека продолжуваат дипломатските напори. -Ние веруваме дека дипломатијата е начинот за решавање на овие прашања“, рече таа, додавајќи дека тоа треба да „коегзистира со нашата посветеност да обезбедиме нашите сојузи да бидат силни и дека мора да има сериозни последици и одговорност за она што го прави Русија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haris-putin-ne-e-zainteresiran-za-seriozna-diplomatija/feed/ 0
Камала Харис од Варшава изјави какви ќе бидат последиците и трошоците за Русија поради агресијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamala-haris-od-varshava-izjavi-kakvi-kje-bidat-posledicite-i-troshocite-za-rusija-poradi-agresijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamala-haris-od-varshava-izjavi-kakvi-kje-bidat-posledicite-i-troshocite-za-rusija-poradi-agresijata/#respond Thu, 10 Mar 2022 14:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=644874

Американскиот потпретседател Камала Харис денеска во Варшава, по разговорите со највисоките полски претставници, изјави дека е таму за да повтори дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, за да се договори за понатамошно зајакнување на источното крило на НАТО и да испрати сигнал до Русија дека ќе се соочи со сериозни последици и трошоци поради војната во Украина предизвикана од Путин. – Разговаравме за ефикасноста на санкциите. Треба да испратиме јасен сигнал. Рековме дека последиците и трошоците од руската агресија врз Украина ќе бидат исклучително сериозни. Гледаме дека рубљата паѓа така што во Русија е на ниво на „ѓубре“ само затоа што Путин предизвика војна, рече Камила Харис на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда. Потпретседателката на САД рече дека дошла во Варшава за да повтори колку сериозно САД го сфаќаат членот пет од договорот на НАТО за колективна одбрана. – САД имаат обврска според членот пет, ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО. Тука сме да ја повториме таа обврска и да видиме што можеме да направиме за источното крило. Префрливме 4,7 илјади американски војници во Полска со претходна ротација од 5.000 војници. Можам да кажам дека две батерии од противракетниот систем „Патриот“ се веќе во Полска“, изјави Камала Харис. На новинарско прашање дали САД сега се подготвени да одлучат за постојано присуство на свои војници во Полска, претседателот Анджеј Дуда одговори дека војниците се менуваат, но тие се секогаш таму. На прашањето дали Украина сè уште може да очекува помош од авиони од руско производство, пред сè МиГ-29 од членките на НАТО кои ги имаат, и потпретседателот на САД и полскиот претседател рекоа дека и помагаат на Украина со испораки со оружје, дека ситуацијата е динамична и оти членките на НАТО мора да се грижат за безбедноста на целата алијанса. – Прифаќаме дека Украинците имаат право да бараат помош од НАТО. Одредени очекувања беа насочени и кон Полска, но ние сме членка на НАТО и мора да гледаме на прашањето за безбедноста низ призмата не само на безбедноста на Полска, туку и на целата Алијанса. Затоа одлучивме да дадеме авиони на располагање на НАТО и сакаме цело НАТО заедно да донесе одлука, рече Дуда. Харис и Дуда ја обвинија Русија за воени злосторства, вклучително и гранатирање на детска болница и породилиште во Мариупол, и двајцата истакнаа дека мора да почне меѓународна истрага за евентуални злосторства. – Кога станува збор за злосторства и кршење на меѓународното право, ние јасно кажуваме дека ќе се направи проценка и преглед. Телевизиите цело време покажуваат што се случува таму. Земја која сака да заземе друга земја без никаква цел мора да биде под истрага, без сомнение, рече Камала Харис. Полскиот претседател рече дека група обвинители од Меѓународниот кривичен суд веќе се во Полска за да соберат докази и сведоштва од украинските бегалци кои пристигнуваат во земјата. – Русите вршат воени злосторства во Украина. Се надевам дека во иднина судот ќе одлучи кој е одговорен за тоа. Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои биле сведоци на бомбардирање на населени места, гранатирање болници. Има докази, сведочења, снимки во нивните телефони од кои се згрозува. Тоа се сцени а сторителите се Руси, рече Дуда. Потпретседателката на САД им вети на Полска и на другите земји во кои масовно доаѓаат бегалци од Украина, прво 50 милијарди долари хуманитарна помош за самата Украина, а дополнително американскиот Конгрес се обврза да помогне 13,5 милијарди долари за бегалците и земјите од Централна Европа кои примија бегалци. Камала Харис денеска разговараше и со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, а на дневен ред е и средба со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој исто така престојува во Варшава, утре ќе ги посети американските и полските војници, а потоа ќе продолжи во Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamala-haris-od-varshava-izjavi-kakvi-kje-bidat-posledicite-i-troshocite-za-rusija-poradi-agresijata/feed/ 0
Бајден со сопругата и Камала Харис со сопругот служеа оброци во пресрет на Денот на благодарноста (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-soprugata-i-kamala-haris-so-soprugot-sluzea-obroci-vo-presret-na-denot-na-blagodarnosta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-soprugata-i-kamala-haris-so-soprugot-sluzea-obroci-vo-presret-na-denot-na-blagodarnosta-foto/#respond Wed, 24 Nov 2021 12:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=599310

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил пакуваа оброци со мисирка и слатки компири во Централната кујна на ДЦ, организација која обезбедува храна за училиштата и засолништата за бездомници во Вашингтон, пред овонеделниот празник Денот на благодарноста. На првата дама и се придружија потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, кои служеа боранија и сос. Американците утре го слават Денот на благодарноста со традиционален оброк кој често вклучува мисирка, сос и пире од компири. По општествено корисната работа, Џо и Џил Бајден се упатија кон Масачусетс, каде треба да го поминат својот одмор до крајот на неделата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-soprugata-i-kamala-haris-so-soprugot-sluzea-obroci-vo-presret-na-denot-na-blagodarnosta-foto/feed/ 0
Бајден ја задолжи Камала Харис за мигрантската криза на границата со Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ja-zadolzi-kamala-haris-za-migrantskata-kriza-na-granicata-so-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ja-zadolzi-kamala-haris-za-migrantskata-kriza-na-granicata-so-meksiko/#respond Thu, 25 Mar 2021 06:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=487407

Американскиот претседател Џо Бајден ја задолжи својата заменичка Камала Харис да управува со чувствителното прашање за приливот на мигранти на границата меѓу САД и Мексико. -Ви доверувам тешка задача, и рече тој на состанокот во Белата куќа. -Таа се согласи да го води тој дипломатски проблем“, додаде Бајден, осврнувајќи се на разговорите со Мексико, Салвадор, Гватемала и Хондурас, земјите од кои доаѓаат повеќето мигранти. -Оваа ситуација е вистински предизвик, одговори Харис. Тоа е првиот предмет што Бајден и го довери. Делегација на Конгресот и претставници на Белата куќа денеска треба да заминат на границата со Мексико, во прифатниот центар во Тексас, соопшти Белата куќа, која републиканците ја обвинуваат дека одбива да ги преземе сите кризни мерки на јужната граница, особено во врска со доаѓањето на многу малолетници без придружба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-ja-zadolzi-kamala-haris-za-migrantskata-kriza-na-granicata-so-meksiko/feed/ 0
Симпсонови уште пред 21 година предвидоа како ќе биде облечена Камала Харис- модната комбинација е потполно иста! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/simpsonovi-ushte-pred-21-godina-predvidoa-kako-kje-bide-oblechena-kamala-haris-modnata-kombinacija-e-potpolno-ista-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/simpsonovi-ushte-pred-21-godina-predvidoa-kako-kje-bide-oblechena-kamala-haris-modnata-kombinacija-e-potpolno-ista-foto/#respond Fri, 22 Jan 2021 13:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=458586

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, рамо до рамо со актуелната потпретседалка Камала Харис дојде до победата на изборите одржани во ноември 2020 година. Но, интересно е тоа што легендарната анимирана серија „Симпсонови“ уште пред 21 година ја предвиделе победата на Камала. Имено, во 2000 година се појави епизода со наслов „Барт кон иднината“ (Bart To The Future), во која Лиса стана првата жена претседател на САД по владеењето на Доналд Трамп. Имено, обожавателите велат дека фактот дека Камала Харис е првата жена некогаш именувана на позицијата потпретседател во САД е пресвртница која не се разликува премногу од она што го замислуваа „Симпсонови“ пред 21 година и дека, како во епизодата, нејзиниот мандат започнува откако заврши владеењето на Трамп. Новата потпретседателка на Америка на церемонијата носеше виолетов капут и бисерен ѓердан, а во 2000 година, креаторите на „Симпсонови“ ја покажаа Лиса облечена во истата модна комбинација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/simpsonovi-ushte-pred-21-godina-predvidoa-kako-kje-bide-oblechena-kamala-haris-modnata-kombinacija-e-potpolno-ista-foto/feed/ 0
ВИДЕО: Село во Индија ја прослави инаугурацијата на американската потпретседателка Камала Харис https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-selo-vo-indija-ja-proslavi-inauguracijata-na-amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-selo-vo-indija-ja-proslavi-inauguracijata-na-amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris/#respond Wed, 20 Jan 2021 10:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=457461

Жителите на малото село Туласендрапурам во Индија, од каде што потекнува дедото на новата потпретседателка на САД, Камала Харис, денеска подготвија огномет и поделија слатки за да ја прослават нејзината инаугурација. Календари со ликот на американскиот претседател Џо Бајден и Камала Харис им беа подарени на сите жители на ова село, кое се наоѓа на околу 320 километри јужно од индискиот град Ченај. Претставник на властите одржа специјална молитва, а атмосферата во во селото беше во целосна спротивност на мрачното расположение коешто во тој миг владееше во Вашингтон. Под засилени безбедносни мерки и заканата од коронавирусот во воздухот, Бајден и Харис денеска положија заклетва. Харис, чија мајка е Индијка и чијшто татко е од Јамајка, го посетила Туласендрапурам кога имала пет години и често зборува за нејзините спомени од прошетките со нејзиниот дедо на плажите во Ченај, каде што тој и неговото семејство се преселиле од неговото родно село пред скоро 90 години. Камала Харис е првата жена и прва личност со индиско-афроамериканско потекло, избрана за потпретседателка на Соединетите Американски Држави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-selo-vo-indija-ja-proslavi-inauguracijata-na-amerikanskata-potpretsedatelka-kamala-haris/feed/ 0
Бајден и Харис ќе им оддадат почит на жртвите од Ковид-19 пред Меморијалот на Линколн https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-haris-kje-im-oddadat-pochit-na-zrtvite-od-kovid-19-pred-memorijalot-na-linkoln/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-haris-kje-im-oddadat-pochit-na-zrtvite-od-kovid-19-pred-memorijalot-na-linkoln/#respond Tue, 19 Jan 2021 17:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=457187

Во предвечерието на нивната инаугурација, новоизбраните претседател и потпретседателка на САД, Џо Бајден и Камала Харис ќе им оддадат почит на речиси 400.000 Американци кои починаа од Ковид-19. Бајден денеска ќе пристигне во Вашингтон, а комеморацијата ќе се одржи вечерва во 17:30 часот по источноамериканско време, пред Меморијалот на Линколн. На настанот ќе присуствуваат и сопругата на Џо, Џил Бајден, како и сопругот на Камала, Даг Емхов. Се планира поставување на 400 светилки по ивицата на базенот пред Меморијалот кој се наоѓа на спротивниот крај од Националното шеталиште и Конгресот, каде утре Бајден и Харис ќе положат заклетва. Оваа церемонија ќе означи почеток на „национален момент на единство“. И други познати локации низ САД, како Емпајр стејт билдинг во Њујорк и Спејс нидл во Сиетл, ќе бидат осветлени во исто време. Слични настани ќе има и на други познати места во земјата како и во градовите Вилмингтон и Скрантон, Делавер, од каде потекнува Бајден. На вечерашната церемонија пред споменикот на Линколн говор ќе оддржи кардиналот Вилтон Грегори, архиепископ на католичката црква во Вашингтон. Хорските пејачи Јоланда Адамс и Лори Мари Ки, ќе настапат на комеморацијата. Комитетот за инаугурација на Бајден соопшти дека стотици градови, племиња и заедници исто така ќе се вклучат во „националниот момент на единство.“ Избраниот шеф на кабинетот во Белата куќа, Рон Клајн, за Си Ен Ен изјави дека ситуацијата со коронавирусот во САД е критична. Во првите недели од новата администрација бројката на смртност се очекува да достигне половина милион. Сегашната бројка се приближува до 400.000 починати лица, а вчера во САД беа регистрирани 24 милиони заразени случаи на коронавирус. – Ситуацијата со вирусот ќе се влоши пред да стане подобра. Луѓето кои сега ќе се заразат, ќе почнат да покажуваат симптоми следниот месец, а тоа ќе ја зголеми бројката на смртност кон крајот на февруари, па дури и во март. Ќе биде потребно подолго време за ова да се запре, изјави Клaјн. Во меѓувреме, местото на инаугурацијата, Капитол Хил, е затворено со голем број безбедносни огради, контролни пунктиви и бодликава жица, многу поголема мерка за претпазливост во споредба со претходните инаугурации. Властите го затворија Националното шеталиште, како и улиците и метро станиците во голем дел од Вашингтон. И некои мостови кои водат кон градот од државата Вирџинија исто така ќе бидат затворени. Претседателот Доналд Трамп, спротивно на традицијата стара 160 години, нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник. Наместо тоа утре наутро ќе го напушти Вашингтон и ќе замине на Флорида. Од највисокото раководство во заминување, на инаугурацијата планира да присуствува потпретседателот Мајк Пенс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-haris-kje-im-oddadat-pochit-na-zrtvite-od-kovid-19-pred-memorijalot-na-linkoln/feed/ 0
Пенс и честиташе на Камала Харис, прв контакт меѓу двете администрации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-i-chestitashe-na-kamala-haris-prv-kontakt-megju-dvete-administracii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-i-chestitashe-na-kamala-haris-prv-kontakt-megju-dvete-administracii/#respond Fri, 15 Jan 2021 21:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=456043

Потпретседателот на САД Мајкл Пенс телефонираше на својата наследничка Камала Харис и и честиташе за нејзината идна позиција, рекоа две лица запознати со нивниот разговор, кои побарале да не бидат именувани, јави Си Ен Ен. Ова е прв контакт меѓу избраните членови на администрацијата во заминување и администрацијата која доаѓа, додека сегашниот претседател Доналд Трамп не разговарал со избраниот претседател Џо Бајден и повеќепати ја оспори неговата победа. Едно лице упатено во разговорот што се одржал во четвртокот попладне по локално време, го опиша како „добар“ и додаде дека Пенс и ја понудил својата помош на својата наследничка. Пенс и Харис разговараат пет дена пред новата администрација да стапи на должност. За разлика од Трамп, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-i-chestitashe-na-kamala-haris-prv-kontakt-megju-dvete-administracii/feed/ 0