камати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jun 2022 11:14:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во мај годишен раст од 2,4 отсто на вкупните депозити и 9,9 отсто на вкупната кредитна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-maj-godishen-rast-od-2-4-otsto-na-vkupnite-depoziti-i-9-9-otsto-na-vkupnata-kreditna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-maj-godishen-rast-od-2-4-otsto-na-vkupnite-depoziti-i-9-9-otsto-na-vkupnata-kreditna-poddrshka/#respond Tue, 21 Jun 2022 11:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=693621

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 отсто при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 отсто, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). – Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1 отсто на месечна основа, пред сè како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, а во услови на раст на депозитните пари. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е зголемена за 2,7 отсто, речиси целосно поради зголемувањето на краткорочните депозити, при пад на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, соопшти НБ. Вкупните депозити во мај годинава, се истакнува во соопштението, останаа непроменети споредено со претходниот месец. Годишната промена е позитивна и изнесува 2,4 отсто, што целосно произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“. – Вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,8 отсто во текот на овој месец, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишната стапка на раст од 9,9 отсто е одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, кое е поизразено кај корпоративниот сектор, се нагласува во соопштението од НБ. Во мај, како што се посочува, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,1 отсто на месечно ниво, пред сè како резултат на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, во услови на остварен пад кај останатите компоненти. – Споредено со мај минатата година, вкупните депозити на корпоративниот сектор се пониски за 1,6 отсто, главно заради намалувањето на долгорочните депозити во странска валута, како и краткорочните и долгорочните депозити во денари, а во помал дел и заради депозитните пари, при забележан раст на краткорочните депозити во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор , овој месец е забележан месечен раст од 0,5 отсто и годишен од 11,9 отсто поради растот на кредитите во денари и во странска валута, кој е поизразен кај кредитите во денари,нагласуваат од НБ. Депозитите на домаќинствата, посочуваат, бележат раст од 0,2 отсто во мај во однос на претходниот месец. – Растот во поголем дел се должи на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Годишниот раст изнесува 4,5 отсто и пред сè се објаснува со зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута, при помало позитивно влијание и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај денарските долгорочни и краткорочни депозити. Овој месец, вкупните кредити на домаќинствата растат со стапка од 1,1 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, малку поизразено во денари. Споредено на годишна основа, овие кредити бележат раст од 8 отсто и во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари, прецизираат од НБ. Нагласуваат дека во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити остварија месечен раст од 0,8 отсто, а станбените од 1,2 отсто, додека на годишно ниво се зголемени за 6,9, односно за 15,8 отсто. – Во мај, автомобилските кредити бележат месечно намалување од 2,4 отсто и годишно и од 8,9 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички овој месец се зголемени за 0,7% отсто на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 2,2 отсто. Во мај, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен раст од 2,1 отсто и годишен од 0,5 отсто. Кредитите одобрени врз други основи се пониски на месечно ниво за 1,9 отсто и на годишно ниво за 34,4 отсто, посочуваат од НБ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-maj-godishen-rast-od-2-4-otsto-na-vkupnite-depoziti-i-9-9-otsto-na-vkupnata-kreditna-poddrshka/feed/ 0
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poznachajni-dvizenja-kaj-kamatnite-stapki-na-bankite-i-shtedilnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poznachajni-dvizenja-kaj-kamatnite-stapki-na-bankite-i-shtedilnicite/#respond Tue, 31 May 2022 11:42:24 +0000 https://kurir.mk/?p=684211

Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа. Народна Банка информира дека во месец април е на ниво од 4,30%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,68%. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poznachajni-dvizenja-kaj-kamatnite-stapki-na-bankite-i-shtedilnicite/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-postepeni-i-umereni-promeni-vo-kamatite-za-izbegnuvanje-na-negativnite-efekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-postepeni-i-umereni-promeni-vo-kamatite-za-izbegnuvanje-na-negativnite-efekti/#respond Sun, 22 May 2022 08:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=680058

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, што дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. -Јасно е дека циклусот на ниски каматни стапки веќе е завршен и насоката во којашто во глобални рамки се движат централните банки и меѓународните финансиски пазари е постепено нормализирање, односно враќање постепено на некои претходни нивоа. Секако, ова се прелева и во сегментот на банкарскиот систем, односно кај активните каматни стапки, вели Ангеловска-Бежоска. Гувернерката посочува дека ние сме дел од глобалните финансиски текови, односно тоа што се случува надвор, се случува и кај нас. -Подолготрајните притисоци од увозните цени, особено на храната и енергијата, коишто учествуваат со близу 50-тина проценти во нашата потрошувачка кошничка, влијеа на подолготрајни и пошироко распространети инфлациски притисоци, бидејќи колку подолго се присутни увозните притисоци, толку повеќе стоки од потрошувачката кошничка се засегнати. Во овој контекст, Народната банка започна со затегнување на монетарната политика, односно двапати ја покачи основната камата. Одлуките за монетарната политика се носат секој месец, врз основа на најновите информации, најновите податоци и анализите коишто ги прават стручните служби на централната банка, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска. Таа вели дека покачувањето на основната камата влијае врз сите каматни стапки, и на кредитите, и на депозитите, во нагорна насока. Сепак, истакнува дека засега не се очекуваат поизразени поместувања кај каматите затоа што промените на монетарната политика се прават постепено. Гувернерката посочува и дека секоја банка носи своја одлука за каматите. Кога се носи одлуката во одредена банка, во предвид се зема цел сет фактори, како билансот на банката, макроекономските ризици, расположливиот доход на населението, конкуренцијата, изворите на финансирање итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-postepeni-i-umereni-promeni-vo-kamatite-za-izbegnuvanje-na-negativnite-efekti/feed/ 0
Се зголемуваат каматите на кредитите и депозитите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zgolemuvaat-kamatite-na-kreditite-i-depozitite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zgolemuvaat-kamatite-na-kreditite-i-depozitite/#respond Wed, 11 May 2022 12:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=675079

На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. По промените во инструментот задолжителна резерва и зголемувањето на основната каматна стапка во април на 1,5%, како превентивен одговор на нагорните движења кај инфлациските очекувања, на мајската седница на Комитетот беше одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка за 0,25 п.п., на нивото од 1,75%. Понудата на благајнички записи на денешната аукција изнесува 10 милијарди денари. При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка. Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата, во април 2022 година, забрза и достигна годишна стапка од 10,5%, што упатува дека оваа година инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции. Движењата кај домашната инфлација се во согласност и со глобалната инфлација, вклучително и со инфлацијата во регионот на Централна и Југоисточна Европа, каде што просечната инфлација за април е околу 11%. Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачката. Девизните резерви и натаму се во сигурната зона. Со оглед на високото ниво на девизните резерви во претпандемичниот период и натамошниот раст во двете години од пандемијата, тековно девизните резерви се на соодветното ниво согласно со сите меѓународни стандарди. Од почетокот на годината, на девизниот пазар имаше зголемена потреби за девизи од компаниите заради повисокиот увоз на енергенси, во услови на значителен раст на светските цени на овие производи. Во текот на април и мај овие притисоци значително се намалија, заедно со притисоците поврзани со неоснованите шпекулации за курсот, при што тековно девизниот пазар е стабилен, а се забележува и сезонски поголема понуда на девизи. Во однос на движењата во реалната економија, во 2021 година беше остварен реален економски раст од 4%, во рамките на очекувањата. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал од 2022 година упатуваат на натамошен раст на домашната економија во овој период. Но, со воената ескалација помеѓу Русија и Украина од крајот на февруари, дополнително се влошија веќе нарушените глобални синџири на снабдување и пазарот на енергија, како и довербата на економските субјекти. Ова придонесе за влошување на очекувањата за раст на глобалната, а пред сѐ на европската економија, што неповолно делува врз економските изгледи и врз динамиката на закрепнување на домашната економија за оваа и за следната година, односно растот би бил понизок од очекувањата. Од аспект на движењата во монетарниот сектор, според првичните податоци за април 2022 година, годишниот раст на кредитите и натаму е солиден, при поумерен раст кај депозитите. Притоа, кај депозитите на населението се забележува раст на месечна основа во април. Општо земено, најновите оцени за основните макроекономски параметри упатуваат на потреба од натамошно затегнување на монетарната политика, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за побарувачката. Ризиците за целокупниот макроекономски контекст се поизразени, а се поврзани главно со надворешното окружување. Ефектите од пандемијата сѐ уште постојат, а нарушувањата во синџирите на снабдување и енергетска криза се уште понагласени заради воениот конфликт во Украина. И понатаму има голема неизвесност, особено околу времетраењето и интензитетот на војната во Украина и ефектите од тековните и идните санкции кон Русија. Оттука, неопходни се претпазливи макроекономски политики коишто ќе бидат целни, заради ублажување на ефектите од кризата, но водејќи сметка за инфлациските притисоци. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици и соодветно ќе реагира заради постепена нормализација на монетарната политика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-zgolemuvaat-kamatite-na-kreditite-i-depozitite/feed/ 0
Приведени двајца лихвари од Штип, давале заеми по енормни камати на социјално загрозени лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-lihvari-od-shtip-davale-zaemi-po-enormni-kamati-na-socijalno-zagrozeni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-lihvari-od-shtip-davale-zaemi-po-enormni-kamati-na-socijalno-zagrozeni-lica/#respond Fri, 03 Dec 2021 10:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=603506

На 02.12.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ казниво по член 260 од Кривичниот законик. -Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело - пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци, информира МВР. Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-lihvari-od-shtip-davale-zaemi-po-enormni-kamati-na-socijalno-zagrozeni-lica/feed/ 0
Монетарната политика на ЕЦБ и каматите остануваат без промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monetarnata-politika-na-ecb-i-kamatite-ostanuvaat-bez-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monetarnata-politika-na-ecb-i-kamatite-ostanuvaat-bez-promeni/#respond Thu, 28 Oct 2021 14:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=587184

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи денеска да ги задржи каматните стапки и пандемиската програмата за стимулација на непроменето ниво и покрај тековните инфлациски притисоци. Одлуката за тоа дали и како да се прекине програмата за купување обврзници вредна 1,85 билиони евра (2,14 билиони долари), која влијае на 19 земји од Европската унија кои ја користат заедничката валута, еврото, ќе биде на дневен ред на ЕЦБ на нејзината декемвриска седница. Тој стимулативен пакет ги намали трошоците за долгорочно корпоративно задолжување за да им помогне да го надминат периодот на заклучување и овозможи поевтино задолжување од владите чии трошоци нагло се зголемија поради мерките за финансирање за поддршка на националните економии и граѓаните за време на пандемијата. Се очекува стимулативната програма да трае најмалку до март 2022 година, или додека ЕЦБ не процени дека кризата со корона е завршена, но неодамнешниот пораст на инфлацијата предизвика контроверзии околу тоа дали да се напушти купувањето обврзници порано отколку подоцна. ЕЦБ во септември објави дека ќе го намали купувањето на должнички хартии од вредност поради зголемената инфлација во еврозоната, која во септември достигна 3,4 отсто, што е највисоко ниво во последните 13 години и значително повисока од проектираната стапка на ЕЦБ од 2,0 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monetarnata-politika-na-ecb-i-kamatite-ostanuvaat-bez-promeni/feed/ 0
НУК: За жал најголемиот дел од мерките за финансиска помош и поддршка на Владата за угостителите ќе завршат или завршиле за плаќање на камати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-za-zal-najgolemiot-del-od-merkite-za-finansiska-pomosh-i-poddrshka-na-vladata-za-ugostitelite-kje-zavrshat-ili-zavrshile-za-plakjanje-na-kamati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-za-zal-najgolemiot-del-od-merkite-za-finansiska-pomosh-i-poddrshka-na-vladata-za-ugostitelite-kje-zavrshat-ili-zavrshile-za-plakjanje-na-kamati/#respond Tue, 25 May 2021 07:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=514639

- Во време и услови на пандемија Ковид-19 банките без отстапки целосно ги пресметаа, наплатијa и репорограмираа каматите и трошоците за провизии и надоместоци од угостителите и угостителската индустрија. И покрај тоа што угостителите не работеа или работеа и работат со ограничувања на работното време по строги протоколи и со половина од своите капацитети ниту една банка не изврши самоиницијативно намалување на каматите или провизиите и трошоците од водење на сметки туку истите во целост и континуитет ги пресметува и наплатува во услови кога на угостителите секој денар им е броен и битен, се вели во соопштението на Независната угостителска комора. - Годишните приходи во угостителската индустрија до периодот пред пандемијата надминаа осумстотини милиони евра. Половина од овие приходи беа остварени како извоз односно приходи од странски гости и туристи. Безмалку сто милиони евра се комерцијални краткорочни и долгорочни кредити од македонските комерцијални банки вклучувајќи ги и кредитите од Развојната банка на РСМ кои ги користат угостителите и вработените во угостителската индустрија. И во периодот кога не работеа или работат под посебни ограничувања и протоколи во услови на пандемија најголемиот број на угостители истовремено корисници на повеќе економски сет мерки за финансиска помош и поддршка од Владата навреме и во целост ги подмириле своите обврски кон банките. За жал ниту една банка во изминатиот период во време на пандемија Ковид-19 не излегла во пресрет на угостителите и направила самоиницијативно намалување на камати, провизии, трошоци или останати надоместоци. Затоа пак банките не ги пропуштиле сите законски можности да прокнижат и наплатат повеќе од десет милиони евра на име камати, провизии, разни надоместоци за платен промет, провизии од наплата на картички и трошоци за водење на сметки и да ги зголемат енормно своите приходи и профити од угостителите и во услови на пандемија, велат угостителите. Тие посочуваат дека банките и покрај тоа што континуирно се декларираат како општествено одговорни друштва со ништо не допринесоле или направиле во изминатиот период да дадат свој допринос во помош или поддршка на загрозените сектори од угостителската индустрија и наместо активно да земат учество за поддршка во заедничко надминување на кризата со пандемијата Ковид-19, безмилосно наплатуваат и понатаму во целост сите законски приходи од камати, провизии и трошоци за водење на сметки. - Затоа јавно ги покануваме и повикуваме сите банки кои се сметаат за општествено одговорни друштва во наредниот период да најдат начини и донесат одлуки за да ИЗДВОЈАТ ДЕЛ ОД СВОИТЕ ПРОФИТИ КОИ ГИ ОСТВАРИЛЕ ОД УГОСТИТЕЛИТЕ И УТОСТИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА за директна помош и поддршка на угостителите и/или кампањи на угостителската индустрија. Воедно очекуваме банките да организираат заедничка средба со претставници на угостителската индустрија со цел на формирање на фонд за финансиска поддршка во опоравување и ревитализација на угостителите наменет за помош и поддршка во организација на разни настани или за унапредување на работењето на угостителските објекти во интерес и зачувување на јавното здравје, појаснуваат од НУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-za-zal-najgolemiot-del-od-merkite-za-finansiska-pomosh-i-poddrshka-na-vladata-za-ugostitelite-kje-zavrshat-ili-zavrshile-za-plakjanje-na-kamati/feed/ 0
Каматите пониски и на кредитите и на депозитите во февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kamatite-poniski-i-na-kreditite-i-na-depozitite-vo-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kamatite-poniski-i-na-kreditite-i-na-depozitite-vo-fevruari/#respond Fri, 02 Apr 2021 05:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=491097

Просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 отсто, додека на годишно основа е намалена за 0,03 процентни поенти, покажуваат податоците на Народната банка. Податоците покажуваат дека намалување има и кај просечната каматна стапка на депозитите и тоа на меечно ниво од 0,01 процентен поен и изнесува 0,92 отсто, додека на годишно нниво пониска е за 0,27 процентни поени. Просечната каматна стапка кај новоодобрените кредити е 4,25 отсто со забележан пад од 0,27 процентни поенти на месечна основа и на годишна е намалена за 0,08 процентни поенти. Кај новопримените депозити каматната стапка е 0,71 отсто и е повисока за 0,09 процентни поенти на месечно ниво, но на годишна основа бележи пад од 0,27 процентни поенти. Кај корпоративниот сектор просечната каматна стапка во февруари изнесувала 3,70 отсто, на новоодборените каматната стапа е 3,76 отсто и бележи месечен раст од 0,16 процентни поени. Депозитите на корпоративниот сектор имале каматна стапка од 1,20 отсто со месечен пад од 0,02 процентни поени. Во секторот домаќинства каматната стапка на кредитите изнесува 5,43 отсто со забележан пад на месечно ниво за 0,02 процентни поени, додека кај депозитите во февруари изнесува 0,88 отсто и е минимално намалена за 0,01 процентен поен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kamatite-poniski-i-na-kreditite-i-na-depozitite-vo-fevruari/feed/ 0
Спасовски призна: Граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-prizna-gragjanite-kje-treba-da-platat-dopolnitelni-kamati-za-odlozuvanjeto-na-kreditite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-prizna-gragjanite-kje-treba-da-platat-dopolnitelni-kamati-za-odlozuvanjeto-na-kreditite/#respond Tue, 31 Mar 2020 18:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=325154

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашната емисија Топ тема на телевизија Телма истакна дека, граѓаните ќе треба да платат дополнителни камати за одложувањето на кредитите. -Ние можеме сега да побараме се да се одложи, во функција на некаква помош, но мораме да водиме сметка особено за банкарскиот систем или сектор и мораме да направиме се за истиот да го одржиме таков, посочи Спасовски. Тој вели решиле да се помогне, но секоја од банките да изврпи одлагање за три до шест месеци. На прашањето дали одложувањето е со дополнителна камата, тој рече дека точно е дека не е предвидено да се стопира каматата, но треба да се има во предвид дека треба да се одржува ликвидноста на банките. Новинарката Наташа Стојановска му посочи на Спасовски дека чесно е на граѓаните да им се каже дека ќе се одложат плаќањата на каматите, но на тоа тече дополнителна камата, затоа што на ваков начин се доведуваат до заблуда, таа вели дека банките имаат повеќе од 100 милиони евра профит, и ниедна банка не ги намали кредитните стапки. Спасовски на ова рече дека ова било повеќе од чесно, но морало да се одржи ликвиден банкарскиот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-prizna-gragjanite-kje-treba-da-platat-dopolnitelni-kamati-za-odlozuvanjeto-na-kreditite/feed/ 0
Јавна расправа за Предлог-законот за отпишување камати за наплата на долгови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-predlog-zakonot-za-otpishuvanje-kamati-za-naplata-na-dolgovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-predlog-zakonot-za-otpishuvanje-kamati-za-naplata-na-dolgovi/#respond Tue, 03 Jul 2018 05:57:16 +0000 https://kurir.mk/?p=72263

Јавна расправа по Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште  во второ читање, ќе се одржи денеска во македонското Собрание. Јавната расправа е организирана во рамки на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Предлог законот е поддржан од повеќето пратенички групи. Се однесува на постапката, условите и начинот на отпис на каматата, а за датум како пресек за кои предмети се однесува е одреден јуни 2011 година кога стапи во сила трансферот на извршната функција од редовните судови на овластените извршители. Предлог законот се однесува на оние предмети кои се во фаза на предлози за извршување, а не се правосилни или предлози за извршување по однос на веродостојна исправа за кои не се донесени правосилни решенија до мај 2006 година, односно за предмети кај кои е започната постапката, на пресуди во однос на издадени платни налози за предмети кои што не се трансферирани од судот до нотарите и извршителите овој закон го ограничува важењето на отписот на камата, бидејќи и главниот долг веќе е застарен. Со членот 3 од Предлог законот се регулира правото на стекнување на отпис од камати, со член 4 правото на отпис од страна на доверителите согласно Законот за облигациски односи како доброволна основа на доверителите, а со член 5 постапката, според која должникот откако ќе го плати долгот, со доказ дека го платил треба да се обрати со барање до доверителот кој го разгледува барањето и донесува одлука во рок од 15 дена. Потоа во рок од 8 дена треба да го извести соодветниот нотар или извршител. Во таков случај нотарот постапува по членот за запирање на постапката по правосилни и извршни налози што ги има по членот 73 од Законот за нотаријат, или пак извршителот во таков случај ја запира постапката по членот 93 од истиот Закон. Како што образложи на претходната седница на Комисијата, пратеникот Панчо Минов, постојните тарифи кај извршителите и нотарите се превисоки и се очекува член 7 од Предлог законот да резултира со најмалку 50 проценти намалување на трошоците за извршување по однос на опфатените предмети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-predlog-zakonot-za-otpishuvanje-kamati-za-naplata-na-dolgovi/feed/ 0