каматни стапки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 May 2023 14:11:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png каматни стапки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Банката на Англија ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankata-na-anglija-gi-zgolemi-kamatnite-stapki-na-najvisoko-nivo-od-krajot-na-2008-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankata-na-anglija-gi-zgolemi-kamatnite-stapki-na-najvisoko-nivo-od-krajot-na-2008-godina/#respond Thu, 11 May 2023 14:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=833103

Банката на Англија денеска ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година, борејќи се со високата инфлација во Велика Британија. Одлуката на деветчлениот комитет за монетарна политика на банката да ја зголеми основната каматна стапка за четвртина процентен поен на 4,5 отсто беше очекувана на финансиските пазари. Ова е 12-то зголемување по ред. Други големи централни банки, како што се Федералните резерви на САД и Европската централна банка, исто така ги зголемуваат каматните стапки за да ги спуштат стапките на инфлација од највисоките вредности во изминатите неколку децении. Банката на Англија почна да ги зголемува каматните стапки на крајот на 2021 година од најниските 0,1 отсто со цел да го контролира растот на цените што беа резултат на укинувањето на ограничувањата поради коронавирусот, а потоа и руската инвазија врз Украина, што доведе до пораст на цените на енергијата. Банката, чија цел е да ја задржи инфлацијата на околу два отсто, најави дека инфлацијата, која сега е нешто над 10 отсто, најверојатно до крајот на годината ќе падне на околу пет отсто. Во документите кои ја придружуваат нејзината денешна одлука, Банката соопшти дека цените на храната останале високи подолго од очекуваното и оти очекува инфлацијата на потрошувачките цени да опаѓа побавно отколку што се мислеше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankata-na-anglija-gi-zgolemi-kamatnite-stapki-na-najvisoko-nivo-od-krajot-na-2008-godina/feed/ 0
Народната банка повторно ги зголемува каматните стапки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodnata-banka-povtorno-gi-zgolemuva-kamatnite-stapki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodnata-banka-povtorno-gi-zgolemuva-kamatnite-stapki/#respond Wed, 10 May 2023 11:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=832678

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,65% и 3,70%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем. Најновите податоци важни за оценување на амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се движат во рамките на очекувањата, но ризиците и натаму опстојуваат. Од тие причини е неопходна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, и во април 2023 година годишната стапка на инфлација бележи забавување, коешто започна од ноември минатата година, но таа и натаму, како и во глобални рамки е над историскиот просек. Исто така, базичната инфлација и натаму е на повисоко ниво, што упатува дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната врз оваа компонента сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на увозните цени и натаму се движат по надолна патека, но се проследени со неизвесност поврзана со развојот на војната во Украина. На девизниот пазар движењата се стабилни, при зголемена склоност за штедење во домашна валута, но и натаму постои неизвесност. Гледано од аспект на странската каматна стапка, како битен надворешен фактор за спроведувањето на домашната монетарна политика, на состанокот во мај, ЕЦБ повторно донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки, но поумерено – со покачување на основната камата за 0,25 процентни поени, во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво од очекуваното, со посебен акцент на притисоците врз базичната инфлација. Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во согласност со очекувањата, и натаму има тренд на забавување на растот којшто во април 2023 година се сведе на 13% (14,7% во март). Побавниот годишен раст на инфлацијата главно произлегува од помалиот раст на цените кај прехранбената компонента. Најновите очекувања за движењата кај увозните цени упатуваат на надолно придвижување на берзанските цени на нафтата и храната, што поволно би влијаело и врз домашните цени, но и понатаму е нагласена неизвесностa во следниот период, условена од ефектите од војната во Украина. Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на април е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на април беа главно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит во првиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со април, се малку подобри од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Што се однесува до домашната економска активност, во последното тримесечје од 2022 година реалниот раст на БДП очекувано забави, со што во просек, за целата 2022 година, економијата бележи реален раст од 2,1%, што е многу блиску до очекувањата од октомвриската проекција на Народната банка. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов упатуваат на минимален годишен раст кај индустриското производство, мал реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, како и солидни стапки на раст кај градежништвото и угостителството. Овие движења посочуваат на веројатно умерено забрзување на растот во првото тримесечје на 2023 година. Во однос на монетарните движења, според првичните податоци за април 2023 година, растот на кредитната активност на годишна основа и натаму забавува, посилно од очекувањата според октомвриската проекција. Од друга страна, забрзува растот кај депозитите и тој е над очекувањата за вториот квартал. Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на потрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodnata-banka-povtorno-gi-zgolemuva-kamatnite-stapki/feed/ 0
Нацеска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/naceska-se-zabelezuva-nagorno-pridvizuvanje-na-kamatnite-stapki-za-denarskite-depoziti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/naceska-se-zabelezuva-nagorno-pridvizuvanje-na-kamatnite-stapki-za-denarskite-depoziti/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=755735

Во последните месеци може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацеска. – Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели Нацевска во интервју за Банкарство.мк. Таа истакнува дека за одржување на среднорочната ценовна стабилност, којашто е впрочем целта, централните банки на скоро сите економии во светот работат на стабилизирање на инфлациските очекувања предизвикани од тековната глобална криза, преку затегнување на монетарната политика, односно со покачувањето на основната камата, со што делуваат врз притисоците од страната на побарувачката. – Целта на овие политики е да се закотват пред сè инфлациските очекувања. Целиот процес се води постепено, анализирајќи ги детално сите податоци и движења во светски рамки и дома и имајќи ја како приоритет макроекономската и финансиската стабилност. Банкарскиот сектор е стабилен, соодветно капитализиран и овозможува соодветна поддршка на приватниот сектор, посочува Нацевска. Додава дека зголемувањето на основната каматна стапка е дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва, заради поттикнување на денаризацијата, односно штедењето во денари, преку просторот којшто им се остава на банките за да можат да понудат поповолни каматни услови за денарските депозити. Вицегувернерката во интервјуто ја нагласува и сигурноста што за економските субјекти и за населението ја нуди долго применуваната стратегија на стабилен номинален курс на денарот во однос на еврото. – Мерките со корекција на задолжителната резерва заради поголема денаризација и повисоки каматни стапки за денарски депозити би придонесле за зголемено штедење во денари. Се очекува дека на среден рок ќе продолжи трендот на раст на депозитите, вели вицегувернерката и посочува дека заклучно со септември растот на депозитите изнесува 3,4 проценти на годишно ниво, кој главно се должи на растот на депозитите кај секторот домаќинства од 5,3 проценти.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/naceska-se-zabelezuva-nagorno-pridvizuvanje-na-kamatnite-stapki-za-denarskite-depoziti/feed/ 0
НБ: Зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе го ублажи ценовниот раст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nb-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-od-centralnite-banki-kje-go-ublazi-cenovniot-rast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nb-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-od-centralnite-banki-kje-go-ublazi-cenovniot-rast/#respond Thu, 18 Aug 2022 15:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=720644

Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо, истакнува во интервјуто за „Пари.мк“ Давидовска-Стојанова. Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, како што посочува таа, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. -Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели Давидовска-Стојанова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nb-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-od-centralnite-banki-kje-go-ublazi-cenovniot-rast/feed/ 0
Давидовска-Стојанова: Зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки ќе делува на ублажување на ценовниот раст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/davidovska-stojanova-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-od-strana-na-centralnite-banki-kje-deluva-na-ublazuvanje-na-cenovniot-rast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/davidovska-stojanova-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-od-strana-na-centralnite-banki-kje-deluva-na-ublazuvanje-na-cenovniot-rast/#respond Thu, 18 Aug 2022 09:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=720409

Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, посочува во интервјуто за „Пари.мк“ директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. „Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо“, вели Давидовска-Стојанова. Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените. „Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута“, вели Давидовска-Стојанова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/davidovska-stojanova-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-od-strana-na-centralnite-banki-kje-deluva-na-ublazuvanje-na-cenovniot-rast/feed/ 0
Федералните резерви со ново зголемување на каматните стапки за да се „олади“ економијата на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/federalnite-rezervi-so-novo-zgolemuvanje-na-kamatnite-stapki-za-da-se-oladi-ekonomijata-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/federalnite-rezervi-so-novo-zgolemuvanje-na-kamatnite-stapki-za-da-se-oladi-ekonomijata-na-sad/#respond Wed, 27 Jul 2022 17:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=710977

Федералните резерви на САД се очекува утре повторно да ги зголемат каматните стапки во обид на „оладување“ на економијата на земјата и справување со растечката инфлација. Набљудувачите велат дека Централната банка најверојатно ќе објави за три четвртини од еден процентен поен зголемени каматните стапки. Очекуваното зголемување на стапките би било слично на она од минатиот месец – најголемо во речиси три децении со оглед на тоа што инфлација во САД се искачи за 8.6 отсто на годишно ниво, највисоко во изминатите 40 години. Со повлекувањето на глобалната пандемија на Ковид-19, економијата на САД забележа зголемена побарувачка на стоки и услуги од страна на потрошувачите. Зголемената побарувачка, поттикната од субвенциите во готовина давани од владата за време на пандемијата, но и прекинот на синиџирот за испораки поради нарушена логистика, доведе до зголемување на цената на најчесто користените стоки, како што се бензинот, храната и облеката, како и цените на новите и половни автомобилит, но и апаратите за домаќинство и мебелот. Во меѓувреме, поради работата од далеку и работа од дома, но и миграција на населението од големите центри во предградијата и помалите места, посебно посакувани дестинации се уште се на пример Флорида и Тексас, рекордно пораснаа и цените на станбените недвижности, домовите, кондоминиумите и апартманите во САД. Одлуката на Федералните резерви за зголемување на каматната стапка што ја плаќаат потрошувачите за да земаат кредити, води кон поскапи заеми кај банките, а со тоа и намалување на побарувачката, на пример на недвижности, а ова може да помогне во стабилизација на цените, и да ја врати инфлацијата до посакуваната стапка на Централната банка од два отсто годишно. Сепак, шансите за тоа засега се мали, бидејќи набљудувачите очекуваат Бруто домашниот производ да биде негативен и овој квартал, со што фактички, по два квартали по ред негативен БДП, економијата обично се смета дека е во рецесија. Сите три главни американски берзански индекси во вторникот затворија со пад откако гигантот Волмарт ја намали процената за профит и предупреди дека зголемените цени на храната и бензинот ги поттикнуваат потрошувачите да го намалат купувањето на поскапите стоки од електроника и облека. Индексите не пораснаа и по отварањето на берзите денеска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/federalnite-rezervi-so-novo-zgolemuvanje-na-kamatnite-stapki-za-da-se-oladi-ekonomijata-na-sad/feed/ 0
Најголем пораст на каматните стапки во САД од 1994 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolem-porast-na-kamatnite-stapki-vo-sad-od-1994-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolem-porast-na-kamatnite-stapki-vo-sad-od-1994-godina/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=691459

Федералните резерви на САД ја зголемија краткорочната референтна каматна стапка за три четвртини процент, во обид да го запрат растот на инфлацијата и прогнозираа побавна економија и зголемување на невработеноста во наредните месеци. Тоа е најголемото зголемување на каматните стапки за американската централна банка од 1994 година, а одлуката е донесена откако неодамнешните податоци покажаа дека не е постигнат голем напредок во борбата против постојаната инфлација. Претставниците на Централната банка, исто така, навестија дека ќе ги зголемат каматните стапки уште побрзо, со што ќе ја усогласат монетарната политика со брзата промена во проценките на финансиските пазари за тоа што ќе биде потребно за да се стават цените под контрола. „Инфлацијата продолжува да расте, како одраз на нерамнотежата на понудата и побарувачката поврзана со пандемијата, повисоките цени на енергијата и општите ценовни притисоци“, соопшти Федералната комисија за отворен пазар, тело за креирање политики на Централната банка. „Комисијата е цврсто решена да ја врати инфлацијата на посакуваното ниво од два отсто“. Потрошувачките цени во САД се зголемени за седум отсто, највисоко ниво од 1982 година. Во соопштението се наведува војната во Украина и политиката на карантин на Кина како извори на дополнителни инфлациски притисоци. Со тој потег, федералните краткорочни каматни стапки беа зголемени на 1,50 до 1,75 отсто. Надлежните предвидуваат дека каматните стапки ќе се зголемат на 3,4 и 3,8 отсто до крајот на годината во 2023 година, што е значителна промена во однос на проекциите од март дека стапката ќе се зголеми на 1,9 отсто годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolem-porast-na-kamatnite-stapki-vo-sad-od-1994-godina/feed/ 0
Ердоган сака да ги намали каматните стапки и покрај високата инфлација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-saka-da-gi-namali-kamatnite-stapki-i-pokraj-visokata-inflacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-saka-da-gi-namali-kamatnite-stapki-i-pokraj-visokata-inflacija/#respond Mon, 06 Jun 2022 19:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=687471

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека сака повторно да ги намали каматните стапки откако инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво. -Никој да не го очекува тоа од нас. Оваа влада нема да ги зголеми каматните стапки. Напротив, ќе продолжиме да ги намалуваме, рече Ердоган на прес-конференција по владиниот состанок. Спротивно на традиционалните економски теории, турскиот претседател смета дека високите каматни стапки ја стимулираат инфлацијата. На крајот на 2021 година, Ердоган ја принуди централната банка да ја намали каматната стапка од 19 отсто на 14 отсто од септември и декември истата година, што предизвика колапс на националната валута. Инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво, што е најмногу од декември 1998 година, поттикната од растот на цените на енергенсите и храната, покажуваат неодамнешните официјални бројки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-saka-da-gi-namali-kamatnite-stapki-i-pokraj-visokata-inflacija/feed/ 0
Турција ќе ги зголеми каматните стапки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-kje-gi-zgolemi-kamatnite-stapki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-kje-gi-zgolemi-kamatnite-stapki/#respond Wed, 12 Sep 2018 11:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=99887

Се очекува турската Централна банка утре да ги зголеми каматните стапки, како уште една мерка за запирање на монетарната криза што ја зафати земјата. Лирата загуби 40 проценти од вредноста во однос доларот од почетокот на годината, а инфлацијата во август достигна највисоко ниво во изминатите 15 години. Поради тоа банката најави дека ќе преземе акција за да ги сузбие „значителните ризици за ценовната стабилност“ во пресрет на утрешната средба. Поради кризата, економскиот раст на Турција забави на 5,2 проценти од БДП во вториот квартал на годината. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, сепак, повеќе пати бараше од банката да ги држи каматните стапки ниски, велејќи дека „каматитт се извор на секое зло“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-kje-gi-zgolemi-kamatnite-stapki/feed/ 0