камења – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Jun 2020 17:45:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камења – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Татко на 30 деца преку ноќ стана милионер, нашол два ретки камена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tatko-na-30-deca-preku-nokj-stana-milioner-nashol-dva-retki-kamena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tatko-na-30-deca-preku-nokj-stana-milioner-nashol-dva-retki-kamena/#respond Thu, 25 Jun 2020 17:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=363044

Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ продавајќи ги двете најголеми парчиња танзанит што некогаш биле пронајдени. Санину Лаизер заработил 3,4 милиони долари од продажбата на танзанитот на Министерството за минерали. Вкупната тежина на двата камена била 15 килограми. „Утре ќе има голема забава“, изјави таткото на 30 деца за Би-Би-Си. Танзанит може да се најде само во северниот дел на Танзанија и се користи за правење украси. Тоа е еден од најретките камења на земјата, а еден локален геолог проценува дека резервите ќе бидат целосно исцрпени во наредните 20 години. Привлечноста на скапоцениот камен се состои во различни нијанси, вклучувајќи зелена, црвена, виолетова и сина боја. Лаизер ги пронашол камењата минатата недела. Тие тежеле 9,2 и 5,8 килограми, а ги продал во средата за време на трговски настан во северниот регион Маријара. Досега најтешкиот танзанит тежел 3,3 килограми. Дури и претседателот Џон Магуфифи го повикал Лазиер да му честита за неговото ретко откритие. „Тоа е предност на малите рудари и ова докажува дека Танзанија е богата“, изјавил претседателот. Лазиер (52), кој има четири сопруги, вели дека ќе заколе една од своите крави за прославата. Тој, исто така, планира да инвестира во својата заедница во округот Симанњиро во Манијари. „Сакам да изградам трговски центар и училиште. Сакам да изградам училиште во близина на мојот дом. Тука има многу сиромашни луѓе кои не можат да си дозволат да ги пуштат своите деца на училиште“. Тој рече дека ненадејното богатство нема да го промени неговиот животен стил и дека сè уште планира да се грижи за своите 2000 крави. Тој исто така рече дека не треба да се преземат дополнителни мерки на претпазливост и покрај ново стекнатото богатство. „Тука има многу безбедност. Нема да има никакви проблеми. Може да шетам ноќе без никакви проблеми“. Некои мали рудари како Лазиер добиваат владина дозвола да бараат танзанит, но преовладува нелегалното рударство, особено во близина на рудниците во сопственост на големите компании. Во 2017 година, претседателот Магуфифи и нареди на војската да изгради ѕид долг 24 километри околу рудникот Мерелани во Мусара, за кој се верува дека е единствениот светски извор на танзанит. Една година подоцна, владата објави зголемување на приходите во рударскиот сектор и тоа го припиша на ѕидот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tatko-na-30-deca-preku-nokj-stana-milioner-nashol-dva-retki-kamena/feed/ 0
Два воза удриле во камења поставени на пруга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dva-voza-udrile-vo-kamenja-postaveni-na-pruga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dva-voza-udrile-vo-kamenja-postaveni-na-pruga/#respond Mon, 25 Jun 2018 09:46:02 +0000 https://kurir.mk/?p=69416

Два патнички воза удриле во камења поставени на пругата меѓу Браилово и Слепче. Во несреќите нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета. Според информациите на полицијата, првата несреќа се случила вчера околу 13:50 часот кога патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје удрил во камења на пругата кои биле поставени од непознати лица. Од ударот предизвикано е оштетување на браникот на возот, но истиот не застанал, односно го продолжил движењето. Потоа истиот ден околу 19:05 часот патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола, удрил во камењата на пругата, но од ударот не била предизвикана материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dva-voza-udrile-vo-kamenja-postaveni-na-pruga/feed/ 0