каменос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Oct 2018 08:29:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png каменос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ципрас и Каменос во официјални, одвоени посети на Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-i-kamenos-vo-oficijalni-odvoeni-poseti-na-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-i-kamenos-vo-oficijalni-odvoeni-poseti-na-moskva/#respond Wed, 17 Oct 2018 08:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=116018

Министерот за одбрана на Грција на 29 октомври, а грчкиот премиер на 7 декември ќе остварат официјални посети на Русија, јави дописничката на МИА од Атина. Кусо по посетата на САД, министерот за одбрана на Грција и коалиционен партнер во владата, заминува во посета на Москва. Информацијата ја објави грчкиот портал militaire.gr, а ја потврди самиот Каменос на неговиот официјален Твитер профил споделувајќи ја информацијата. - Во Русија, Панос Каменос има многу работи да разговара, покрај обидот да ја намали тензијата што постоеше во грчко- руските односи, во пресрет на посетата на Ципрас. Постојат прашања поврзани со одржување н руските оружја што ги имаме во нашиот арсенал, пишува грчкиот портал. Нешто повеќе од еден месец по посетата на Каменос, на 7 декември, според информациите на дописничката на МИА од Атина, за Москва заминува и грчкиот премиер на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Во грчката делегација, заедно со Алексис Ципрас, според истите информации, ќе биде и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cipras-i-kamenos-vo-oficijalni-odvoeni-poseti-na-moskva/feed/ 0