камерен оркестар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 07:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камерен оркестар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт со филмска музика на гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-so-filmska-muzika-na-gudachkiot-kameren-orkestar-arko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-so-filmska-muzika-na-gudachkiot-kameren-orkestar-arko/#respond Fri, 11 Nov 2022 07:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=758880

Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ под диригентска палка на Ерхан Шукри вечер со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт со филмска музика во Музејот на македонската борба. На програмата, како што е најавено, ќе се најдат филмски музички теми од познатите композитори М. Џиакино, Х. Манчини, Х. Цимер, М. Хамлиш, В. Стефановски, Ф. Атакоглу, Е. Дога … Влезтот е слободен, а посетителите ќе може да уживаат во музиката од филмовите „Star Track“ (Ѕвездени патеки), „Инспекторот Клузо“, „Пацифик“, „Величенствениот“, „Џипси сонг“, „Skyfall“…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-so-filmska-muzika-na-gudachkiot-kameren-orkestar-arko/feed/ 0
Отворање на „Есенски музички свечености“ со концерт на Камерниот оркестар „БА-РОК“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-esenski-muzichki-svechenosti-so-koncert-na-kamerniot-orkestar-ba-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-esenski-muzichki-svechenosti-so-koncert-na-kamerniot-orkestar-ba-rok/#respond Fri, 04 Nov 2022 06:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=755487

Со концерт на Камерниот оркестар „БА–РОК“ вечерва во фоајето на Националната опера и балет со почеток во 20:30 часот, свечено ќе биде отворено годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022. Камерниот оркестар е во состав Климент Тодоровски, Јане Бекевски – виолини, Марија Георгиева – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – Флејта / пиколо, Татијана Петрушевска и Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударалки. Како солисти ќе настапат Биљана Јосифов – сопран, Николина Јаневска – мецосопран и Драган Ампов – баритон. Диригент и чембалист е Иван Еминовиќ, а режисер е Љупка Јакимовска. На програмата се дела од Ж.Ф. Рамо, Хендел, Бах и Вивалди, а ќе бидат изведени и ариите на Клеопатра од операта „ Јулие Цезар “, на Гризелда од истоимената опера и терцет од операта „Монтезума“, како и Свитата „Les IndesGalantes“. Членовите на ансамблот „БА-РОК“ својот прв заеднички настап го имаа на Мајските Оперски Вечери 2021 година во продукција на Националната Опера и Балет со претставата „ Игри на животот“ на која се изведе музика исклучиво од Барокот. Од таму произлезе идејата да продолжат да дејствуваат како ансамбл негувајќи ја Барокната музика, имајќи ја во предвид раритетноста на изведување на ваков музички стил во Северна Македонија. -Самата комплексност на Барокниот стил, бара од изведувачите голема виртуозност и висок професионализам, што е одлика на сите членови од ансамблот. Секој член на ансамблот е солист во оркестарот, нашите пејачи се носители на главни улоги во повеќето оперски претстави на сцената на НОБ. Предводени од нашиот диригент Маестро Иван Еминовиќ кој ја зазема и позицијата на чембалист во ансамблот и добро организирани од страна на професионален режисер се стремиме да ги достигнеме светските трендови и критериуми за изведба на исклучителен Барокен перформанс. Преку пристапот и начинот на изведба ќе се обидеме да го воздигнеме програмското и изведувачко ниво, а со тоа, да понудиме можност и да разбудиме интерес кај публиката за градење на свој вкус и категоризација на уметноста со високи вредности, наведуваат од ансамблот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoranje-na-esenski-muzichki-svechenosti-so-koncert-na-kamerniot-orkestar-ba-rok/feed/ 0
Камерниот оркестар „Профундис“ вечер на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kamerniot-orkestar-profundis-vecher-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kamerniot-orkestar-profundis-vecher-na-ohridsko-leto/#respond Mon, 18 Jul 2022 07:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=706801

Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје со вилоинистите Анна Кондратенко и Владимир Костов под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе настапи вечер во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Камерниот оркестар „Профундис“, како што информира националната установа „Охридско лето“, е „млад“ уметнички состав, кој постои три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри, Националната опера и балет и Националната филхармонија. Покрај класичниот репертоар, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, употреба на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригент Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција. Имаат забележителен настап во рамките на фестивалите: „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со реномирани солисти меѓу кои Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, Марија Јанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концерт-мајсторите на Националната филхармонија Анна Кондратенко и Владимир Костов. Ансамблот соработува и со еден од најистакнатите српски виолинисти- Јован Богосављевиќ со кого реализираа концерти во Скопје и во Р. Србија . Гордост на „Профундис“, според информацијата“ претставува реализацијата на целовечерениот концерт во чест на Арво Перт- еден од најистакнатите современи композитори поддржан од Естонската амбасада во Република Северна Македонија. Оркестарот настапил во Италија со мини-турнеја со концерти во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kamerniot-orkestar-profundis-vecher-na-ohridsko-leto/feed/ 0
Концерт на камерниот оркестар „Профундис“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-kamerniot-orkestar-profundis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-kamerniot-orkestar-profundis/#respond Fri, 15 Nov 2019 06:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=264322

Во рамки на 20. „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во фоајето на Националната опера и балет концерт ќе одржи камерниот оркестар „Профундис“, насловен „Полифони одблесоци“. Солисти се Наде Талевска-Спасовска (сопран), Стојанче Косовски (труба) и Ѓурѓица Дашиќ – диригентка што го води 13-члениот оркестар. На концертната програма се дела од Глук, Хендл, Телеман, Вивалди, Бах. Камерниот оркестар „Профундис“ е нов уметнички состав чија цел е промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на еманципација на сите концертни изведувања. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот, па сè до денес, овој камерен оркестар се насочува во развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3Д-мапинг, учество и презентација на нови технологии). – Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на „Есенски музички свечености“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-kamerniot-orkestar-profundis/feed/ 0
Камерен Оркестар на Битола со реакција за негрижата од страна на Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kameren-orkestar-na-bitola-so-reakcija-za-negrizata-od-strana-na-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kameren-orkestar-na-bitola-so-reakcija-za-negrizata-od-strana-na-ministerstvoto-za-kultura/#respond Sun, 10 Feb 2019 10:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=162229

Камерен Оркестар на Битола излезе со реакција по скандалозното доделување на пари од страна на Министерството за култура. Нивното обраќање ви го пренесуваме во целост: Камерниот Оркестар на Битола во врска со последните случувања на објавената програма од Министерството за култура, го замолува секој еден граѓанин на Битола, но и од околните градови, кој смета дека Камерниот оркестар има огромно значење за културата на цел овој регион, да го сподели овој текст за некако да допре до министерот и комисијата на Министерството за култура и да ја преиспита одлуката за доделување на средства за пола концерт, а не за годишна програма на Камерниот оркестар. Не е нескромно да кажеме дека концертот што беше во јули минатата година на ракометното игралиште беше најпосетуван концерт од сите настани воопшто со преку 3500 посетители. Во моментот кога се пишува историја со настапите на најреномираните фестивали на Балканот, кога за сите концерти во Битола се бара карта повеќе, ние добиваме се помалку и помалку средства од Министерството. Но ние не се откажуваме, секогаш ќе се трудиме да работиме за вас, затоа што и за вас постоиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kameren-orkestar-na-bitola-so-reakcija-za-negrizata-od-strana-na-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kamerniot-orkestar-na-makedonskata-filharmonija-gostuva-vo-kazahstan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kamerniot-orkestar-na-makedonskata-filharmonija-gostuva-vo-kazahstan/#respond Mon, 03 Sep 2018 06:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=95456

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од денеска до деветти септември ќе гостува во Казахстан каде што ќе одржи два концерта, во Алмати на петти септември и во Астана на седми. Гостувањето е поддржано од Амбасадата на Република Македонија во Астана и од амбасадорот Илија Псалтиров, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија Анна Кондратенко. На програмата се „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски. - Ми претставува чест и задоволство што со напорната работа во едногодишниот период и нашето внимание кон презентација на Македонската филхармонија надвор од границите на нашата држава, се разбира и како достоен репрезент на културата, да се претставиме првпат во Казахстан, вели директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески. Ова гостување, според него, ќе биде предвесник на следните две големи турнеи кои Македонската филхармонија ќе ги оствари со симфонискиот оркестар во Шпанија и во Кина, но и предвесник на новата концертна сезона. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kamerniot-orkestar-na-makedonskata-filharmonija-gostuva-vo-kazahstan/feed/ 0