камерна сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Feb 2020 08:33:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камерна сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вокален дует во Камерната сала на Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vokalen-duet-vo-kamernata-sala-na-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vokalen-duet-vo-kamernata-sala-na-filharmonija/#respond Fri, 07 Feb 2020 08:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=300496

Во Камерната сала на Филхармонија на 10-ти овој месец во почеток во 20 часот ќе се одржи Вокален дует., концерт на Суат Арикан - бас-баритон, Шебнем Аридаг Кишлали - сопран и Џан Окан - пијано, сите тројца од Турција. По дипломирањето на Државниот конзерваторум во Анкара, бас-баритонот Суат Арикан континуирано го развива својот стил и репертоар кој опфаќа улоги од оперски дела од 17. век до современа музика. На сцената ги реализира улогите на Ферандо во „Трубадур“, Банко во „Магбет“, Јаго во „Отело“, Дон Базилио во „Севилскито берберин“, Дон Кихот во истоименото оперско дело и др. Добитник e на повеќе награди и признанија, а во 2006 година е одликуван како „витез на уметноста“ од италијанскиот претседател за неговите придонеси во оперската уметност. Од 2003 година работи како уметнички директор на Државната опера и балет во Истанбул. Освен што настапува активно како солист на оперската сцена, Арикан работи и како професор по пеење на неколку универзитети во Турција. Сопранот Шебнем Аридаг Кишлали е родена во Истанбул, а својата музичка едукација ја започнала во 1992 година на Универзитетот „Ататурк“. Дипломира со највисоки оценки на отсекот по пијано, а во 1997 година почнува да изучува и соло-пеење и дипломира на Државниот универзитет во Истанбул. Во 2006, добила стипендија од Италијанскиот културен центар и посетувала семинари во Сиена, каде што е наградена со почесна диплома, а во истовреме е поканета да посетува специјално училиште и во Софија, каде што партиципира во програмата на Рајна Кабаиванска на Новиот Бугарски универзитет. Зад себе има бројни улоги во опери како „Фалстаф“, „Боеми“, „Аријадна од Наксос“... Пијанистот Џан Окан е роден во Истанбул (1986) каде што и започнал да изучува пијано. Негова втора пасија е оркестарското диригирање и зад себе има неколку врвни настапи како диригент со Филхармонискиот оркестар и со Операта во Истанбул. Често посетува мајсторски курсеви кај врвни пијанисти како Дмитри Алексеев, Емануел Акс, Клаудиус Тански... Магистрирал и како пијанист, но и како диригент на Кралскиот колеџ за музика во Стокхолм. Активен е и на двете полиња, настапувајќи ширум Турција, како и надвор од земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vokalen-duet-vo-kamernata-sala-na-filharmonija/feed/ 0
Сонатна вечер со рускиот пијанист Евгениј Корољов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonatna-vecher-so-ruskiot-pijanist-evgenij-koroljov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonatna-vecher-so-ruskiot-pijanist-evgenij-koroljov/#respond Mon, 02 Dec 2019 06:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=271944

Рецитал на рускиот пијанист Евгениј Корољов ќе биде одржан вечер во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се пет антологиски дела за пијано од големиот германски композитор Лудвиг ван Бетовен чие творештво годинава се чествува низ целиот свет по повод 250 годишнината од неговото раѓање. Публиката ќе има можност да ги чуе безвременските ремек дела: Соната бр.8 во c-moll, оп.13- „Патетична“, Соната бр.13 во Es-dur оп.27, бр.1- „Квази уна Фантазија“, Соната бр. 14 во cis-moll, оп.27, бр.2: „Месечева соната“, Соната бр. 27 во e-moll, оп.90 и Соната бр. 23 во f-moll, оп.57- „Апасионата“. Евгениј Корољов (1949) е роден во Москва каде што и студирал на Московскиот конзерваториум, живее и работи во Хамбург, а од 1978 година е професор на тамошниот Колеџ за музика. Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формира дуото „Корољов“, со кое настапува ширум светот и од своето постоење (1976) се здобива со значајни награди, меѓу кои и наградата „Choc“ на фестивалот „Le monde de la musique“ за аудиозаписот на Шубертовата музика. Во 2011 година, дуото сними цеде со дела од Бах.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonatna-vecher-so-ruskiot-pijanist-evgenij-koroljov/feed/ 0