камерун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 13:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камерун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мбапе пречекан како американски претседател во родното село на татко му во Камерун https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-prechekan-kako-amerikanski-pretsedatel-vo-rodnoto-selo-na-tatko-mu-vo-kamerun/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-prechekan-kako-amerikanski-pretsedatel-vo-rodnoto-selo-na-tatko-mu-vo-kamerun/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=855044

Килјан Мбапе летниот одмор го искористи и за да го посети родното село на неговиот татко во Камерун. Мбапе, родум од Париз, пристигна минатиот викенд во селото на островот Џебале, а го третираа како американскиот претседател да пристигнал во таа африканска земја. Мбапе беше возен низ Камерун со оклопно комбе, а понекогаш дури и со оклопно возило кое цело време го придружуваше конвојот. На снимката на социјалните мрежи се гледаат специјалци како трчаат покрај колоната на Мбапе и не дозволуваат никој да се доближи до неа. Тој доби традиционална носија и седна во друштво на локалниот началник, по што одржа краток говор пред илјадници локални жители. Мбапе посети и основно училиште на крајбрежјето, чија изградба ја финансираше. Таткото на Мбапе, Вилфрид, на многу рана возраст го напуштил Камерун и отишол во Франција во потрага по подобар живот. Тој се преселил во Париз, каде што оформил семејство во кое ги израснале Мбапе, неговиот брат Итан и неговиот посвоен брат Жирес Кембо Екоко, кој исто така е фудбалер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-prechekan-kako-amerikanski-pretsedatel-vo-rodnoto-selo-na-tatko-mu-vo-kamerun/feed/ 0
Онана повеќе нема да брани за Камерун https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/onana-povekje-nema-da-brani-za-kamerun/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/onana-povekje-nema-da-brani-za-kamerun/#respond Fri, 23 Dec 2022 10:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=779559

Голманот на Интер, Андре Онана (26), објави дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Камерун. Непосредно пред дуелот против Србија, селекторот Ригоберт Сонг реши да го отстрани од тимот првиот голман Андреа Онана поради недисциплина, но деталите се уште не се познати. Веднаш по тој напревар, Онана, си замина од Катар и не ебеш дел од тимот кој го победи Бразил во последното коло, во Г-групата. Одличниот голман најави дека повеќе нема да биде дел од националниот тим. „Се започна од Нгола Нкок, мало село во Камерун, кога бев многу млад и моите родители ми ги пренесоа вредностите на камерунскиот народ. Сфатив дека љубовта кон татковината е вечна. Се сеќавам дека ги гледав натпреварите во Камерун со моето семејство, само нашите луѓе можат да разберат што значи за нас да се биде дел од „Лавовите“. За жал, секоја приказна, дури и да е добра, има крај. На мојата во репрезентацијата на Камерун и додеј крајот. Играчите доаѓаат и си одат, но Камерун е нешто многу повеќе. Моето срце останува камерунско и каде и да одам ќе го држам подигнато нашето знаме. Ќе продолжам да бидам навивач како што прават повеќе од 27 милиони Камерунци на секој натпревар. Им благодарам на сите што веруваа во мене, напиша Онана. Во 2016 година, Онана дебитираше кај селекторот Хуго Брос. Голот на Камерун го бранеше во 36 натпревари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/onana-povekje-nema-da-brani-za-kamerun/feed/ 0
Судијата се ракуваше со Абубакар, па му даде црвен картон! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudijata-se-rakuvashe-so-abubakar-pa-mu-dade-crven-karton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudijata-se-rakuvashe-so-abubakar-pa-mu-dade-crven-karton/#respond Fri, 02 Dec 2022 21:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=770430

Винсен Абубакар очигледно не беше многу разочаран откако доби црвен картон во финишот на мечот помеѓу Камерун и Бразил, откако во 91. минута го даде победничкиот гол за 1:0 триумф над Бразил, триумф кој беше бесцелен, бидејќи Камерун испадна од Мундијалот. Абубакар лудо го прославуваше голот, добивајќи жолт картон, кој му беше втор на натпреварот и му беше покажан патот кон соблекувалната. Инаку, ова е прв гол кој Бразил го прими на овој Мундијал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sudijata-se-rakuvashe-so-abubakar-pa-mu-dade-crven-karton/feed/ 0
ВИДЕО: Камерун го казни Бразил и слави со фаворитот на СП! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-kamerun-go-kazni-brazil-i-slavi-so-favoritot-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-kamerun-go-kazni-brazil-i-slavi-so-favoritot-na-sp/#respond Fri, 02 Dec 2022 21:09:06 +0000 https://kurir.mk/?p=770418

Фудбалерите на Камерун приредија сензација и го победија големиот Бразил со 1-0 (0-0), во последното коло од групата Г на Светското првенство во Катар. Иако бразилскиот тим доминираше и имаше безброј шанси, во финишот на натпреварот прими гол, кој им донесе пирова победа на Камерунците. Селекторот Тите целосно го измени составот од претходните натпревари. Едерсон застана меѓу стативите, во одбраната беа Бремер и Милитао, додека бекови Дани Алвес и Тељес. Средината на теренот ја зазедоа Фабињо и Фред, а по страните Мартинели и Ентони. Во нападот шанса добија Родриго и Габриел Жезус, додека на спротивната страна Камерунците играа со сите расположливи сили. Првата закана за Бразилците ја имаше Габриел Мартинели, откако со глава биеше по центаршут, а голманот Епаси одбрани. Првото полувреме мина во мирно темпо, за во финишот да има уште возбудувања на двете страни. Мартинели одново имаше шанса која голманот на Камерун ја одбрани, додека Едерсон беше тестиран од Мбеумо. Видеото погледнете го ТУКА Второто полувреме тргна со шанса на Винсен Абубакар, кој биеше крај бразилскиот гол. Доминацијата на Бразил беше залудна, одбраната на ривалот беше компактна и ги одбиваше налетите. Уште една можност имаше Мартинели кој одново изнуди одбрана на Епаси. До крајот следеа доста промени на двете страни, Бразилците продолжија да притискаат, ама не дојдоа до погодок. Казната за доминацијата без голови дојде во продолжението, бидејќи Винсен Абубакар стрела за победа на Камерун, шокирајќи го големиот фаворит. Бразил со шест бода го задржа лидерското место, Швајцарија со исто толку заврши како второпласирана, а Камерун го зазеде третото место со четири бода пред Србите со еден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-kamerun-go-kazni-brazil-i-slavi-so-favoritot-na-sp/feed/ 0
Бразилците и со втор тим се застрашувачки за Камерун https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazilcite-i-so-vtor-tim-se-zastrashuvachki-za-kamerun/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazilcite-i-so-vtor-tim-se-zastrashuvachki-za-kamerun/#respond Fri, 02 Dec 2022 17:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=770327

Бразил мина понатаму, ама не го завери првото место. Така, има за што да игра во последното коло на групата Г на Мундијалот во Катар. Веќе ја оправда улогата фаворит, се пласираше во осминафиналето, меѓутоа не му е баш сеедно на кој ќе налета во првата елиминациска етапа на турнирот. Затоа важно е да го сочува првото место и од лидерската позиција да го дочека Уругвај, Јужна Кореја или Гана, бидејќи прва во групата Х веројатно ќе заврши Португалија и не би било добро за „селесао“ веднаш да налета на потенцијална мина. Предвидувањата се такви дека мечот со Камерун е единствениот на турнирот на кој селекторот Тите би можел да ги одмори носителите на играта и да пружи шанса на резервистите. И досега во првите 180 минути, добро ја распореди минутажата и употреби дури 19 фудбалери во стартните две кола, што значи дека седуммина не го почувствувале мундијалскиот дух. Во прашање се голманите Едерсон и Вевертон, како и Дани Алвес, Бремер, Фабињо, Евертон Рибеиро и Педро. Веројатно некој од нив ќе добие шанса со африканскиот ривал, иако е пологично е од првата минута да играат момците кои против Србија и Швајцарија влегуваа од клупата. Предвидувањата се такви што би можел да брани Едерсон, десно да игра Дани Алвес (Данило е повреден), лево Алекс Тељес, стопери да бидат Милитао и Бремер, на средината се очекува Бруно Гимараеш кој блеска во Њукасл, со Фабињо. Напред би требало да тргнат Габриел Мартинели и Ентони на крилата, а Габриел Жезус и Родриго во средината. Тоа и натаму е силен тим, дури и без Винициус Џуниор, Ричарлисон, Касемиро, Лукас Пакета, повредениот Нејмар... Бразилците во текот на историјата петпати играле со Камерун и ги победиле четири пати. Од тоа на Мундијалите двапати со по три разлика. Прво во САД 1994 година (3-0), потоа и на свој терен 2014 кога беше 4-1. Измеѓу имаат една победа на Купот на конфедерациите пред 19 години (2-1) и во пријателска средба во ноември 2018 кога славеа со 1-0. Камерун единствено го совлада Бразил на Купот на Конфедерациите во 2003 година. Мечот се играше на „Сен Дени“ и беше 1-0 за африканците, на кои сега им е потребно славје за пласман понатаму. Тимот на Ригоберт Сонг ќе биде учесник на елиминациската фаза ако го победи Бразил, а Швајцарија и Србија одиграат нерешено или пак ако „орлите“ слават, а Камерунциите имаат подобра гол-разлика. Против Швајцарија во одредени делови од мечот Камерун покажа дека знае да се брани, во дуелот со Србија дека не губи глава и кога губи (од 1-3 до 3-3) и ќе биде интересно да се види дали Сонг ќе го промовира во стартер Винсен Абубакар кој даде два гола против Србите. Извесно е дека ќе брани Дејвис Епаси, бидејќи поради судир со селекторот од тимот замина првиот голман Андре Онана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazilcite-i-so-vtor-tim-se-zastrashuvachki-za-kamerun/feed/ 0
Неверојатна приказна: Oд фудбал на улица, до први голови во Катар, родени во ист град, имаат исти имиња, играат за различни репрезентации на Мундијалот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatna-prikazna-od-fudbal-na-ulica-do-prvi-golovi-vo-katar-rodeni-vo-ist-grad-imaat-isti-iminja-igraat-za-razlichni-reprezentacii-na-mundijalot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatna-prikazna-od-fudbal-na-ulica-do-prvi-golovi-vo-katar-rodeni-vo-ist-grad-imaat-isti-iminja-igraat-za-razlichni-reprezentacii-na-mundijalot-foto/#respond Mon, 28 Nov 2022 18:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=767817

Мохамед Салису е 23 годишен фудбалер на Саутемптон, репрезентативец на Гана. За оваа селекција дебитирал оваа година и има само пет мечеви за националниот тим. Неговата фудбалска бајка почнува во 2017-та кога станува дел од младинските категории на Ваљадолид. Мохамед Мунтари е 28 годишен фудбалер на Ал Ахли. Репрезентативец е на Катар. Нив двајца ги поврзува една успешна приказна како од бајките. Освен тоа што имаат исти имиња, двајцата се родени во градот Кумаси, Гана. Пред десетина години заедно играле фудбал на маалските терени или практично кажано на улица. Десет години подоцна тие се дел од Светското првенство. Едниот, Мохамед Салису со Гана, додека Мохамед Мунтари со репрезентацијата на Катар. Приказната да биде уште повозбудлива и поубава и двајцата постигнаа гол за своите селекции на Мундијалот во Катар. Салису стрелаше за 1:0 на мечот Гана-Јужна Кореа (3:2), а Мунтари беше стрелец на единствениот гол за Катар досега и тоа на мечот против Сенегал (1:3). Катар е веќе елиминиран бидејќи има два порази, додека Гана со победата над Јужна Кореја останува во игра за пласман во осминафиналето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatna-prikazna-od-fudbal-na-ulica-do-prvi-golovi-vo-katar-rodeni-vo-ist-grad-imaat-isti-iminja-igraat-za-razlichni-reprezentacii-na-mundijalot-foto/feed/ 0
Србија против Камерун испушти два гола предност https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/srbija-protiv-kamerun-ispushti-dva-gola-prednost/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/srbija-protiv-kamerun-ispushti-dva-gola-prednost/#respond Mon, 28 Nov 2022 12:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=767564

Во првиот денешен натпревар на Светското фудбалско првенство 2022, Србиај и Камерун одиграа нерешено 3:3 (Г-група). Србите имаат причина да бидат незадоволни од ремито, бидејќи до 63. минута водеше со 3:1. Камерунците поведоа во 29. минута преку Кастелето, Павловиќ, Милинковиќ-Савиќ и Јовиќ направија целосен резултатски предност. Абубакар во 63.минута намали на 2:3, конечниот резултат го постигна Чупо-Мотинг. Второто коло од оваа група ќе биде заокружено попладнево по одигрувањето на натпреварот Бразил – Швајцарија (почеток 17 часот). Табела Г-група: Бразил 3 бода, Швајцарија 3, Камерун 1, Србија 1. Денес на Мундијалот во Катар се играат и натпреварите од 2.коло во Х-групата: Јужна Кореја – Гана (14 часот) Португалија – Уругвај (20 часот).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/srbija-protiv-kamerun-ispushti-dva-gola-prednost/feed/ 0
Буфон повтори дека навива за Камерун на Мундијалот, поради Н’Коно станал голман https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-povtori-deka-naviva-za-kamerun-na-mundijalot-poradi-n-kono-stanal-golman/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-povtori-deka-naviva-za-kamerun-na-mundijalot-poradi-n-kono-stanal-golman/#respond Tue, 22 Nov 2022 07:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=764526

Голманот на Парма и поранешен италијански репрезентативец Џанлуиџи Буфон повтори дека ќе ја бодри фудбалската репрезентација на Камерун на Светското првенство во Катар, пренесува италијанскиот „Раи радио Уно“. Буфон (45) го освои Светското првенство со Италија во 2006 година. „Азурите“ нема да играат на Мундијалот во Катар, а не играа ниту на првенството во Русија пред четири години. - Камерун отсекогаш бил мојот втор тим. Тие се во моето срце уште од Светското првенство во Шпанија во 1982 година, бидејќи Камерун тогаш не загуби ниту еден натпревар, но не успеа да се пласира во втората фаза. Во Италија во 1990 година како луд навивав за нив. Имаа фудбалери како Томас Н’Коно, поради кои решив да станам голман. Тогаш за Камерун играа Роџер Мило, Франсоа Омам-Биџик, тие беа моите херои. Наизуст ја знам репрезентацијата на Камерун од 1990 година, изјави Буфон. Камерун на Светското првенство во Катар ќе игра во група со Србија, Бразил и Швајцарија. Буфон изјави дека на денот на отворањето на Мундијалот не почувствувал возбуда каква што очекувал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-povtori-deka-naviva-za-kamerun-na-mundijalot-poradi-n-kono-stanal-golman/feed/ 0
ГРУПА Г: Бразил е фаворит, а „орлите“ на Пикси горат за одмазда https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grupa-g-brazil-e-favorit-a-orlite-na-piksi-gorat-za-odmazda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grupa-g-brazil-e-favorit-a-orlite-na-piksi-gorat-za-odmazda/#respond Sat, 19 Nov 2022 18:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=763517

Светското првенство во Катар е 22. во историјата. Вкупно 32 репрезентации за последен пат (следното СП 2026 е со 48 селекции) ќе се борат за „божицата“ и тоа во невообичаен есенски термин. Се очекува овој Мундијал да биде еден од најинтересните досега затоа што фудбалерите ќе бидат во полна натпреварувачка форма и ќе може да го понудат најдоброто од себе. Натпреварите во азиската земја ќе се играат од 20 ноември до 18 декември во вкупно пет градови. Финалето е закажано на грандиозниот стадион во Лусаил (80.000 гледачи). Групата Г на Светското првенство во Катар го има главниот фаворит за „божицата“ – супер-квалитетниот и петкратен светски првак Бразил, а жестока ќе биде битката за второто место за кое ќе се борат Србија, Швајцарија и Камерун. Сите очи ќе бидат вперени кон последното коло во кое одат на мегдан овие две репрезентации. Србите горат за одмазда, поради оној болен пораз од Швајцарците на последното СП во 2018 година со головите на Гранит Џака и Џердан Шаќири (1-2). Камерун ја има улогата на аутсајдер, но секако е дека ќе биде тврд орев за сите во оваа група, претпоследна по редоследот на Мундијалот во Катар. Распоред во групата Г 24 ноември Швајцарија – Камерун Бразил – Србија 28 ноември Камерун – Србија Бразил – Швајцарија 2 декември Србија - Швајцарија Камерун - Бразил Првите две најдобри репрезентации патуваат во осминафиналето. Ако два или повеќе тима имаат ист број на бодови прво се гледа гол-разликата (предност има оној кој дал повеќе голови). Ако и овие параметри се изедначени, следи следново: дуелите меѓу двата или повеќето тимови кои се во бодовниот круг, гол-разликата меѓу нив и повеќето дадени голови. БРАЗИЛ Две децении големиот Бразил чека на светската круна. Се чинеше дека „кариоките“ се најблизу до големиот успех на СП 2014 кое го играа на домашно тло, но сонот им беше распарчен со брутален пораз од Германија во кој примија седум гола. Оваа генерација има нова шанса за успех во Катар и да донесе титула по онаа на СП 2022, петта во историјата за оваа држава. И покрај поразот од големиот ривал Аргентина во финалето на Копа Америка, Бразилците веруваат дека поседуваат квалитет за светскиот трон. Во славните „селекао“ веруваат и букмејкерите, затоа што квотата за шампион на Бразил е најмала. А, како и да не е, кога тимот на селекторот Тите е составен од супер-ѕвезди како Нејмар, Габриел Жезус, Винициус, Касемиро... тука е и ветеранот Дани Алвеш, најтрофејниот играч на светско ниво на кого во богатата му фали овој трофеј. Играч со најмногу настапи: Дани Алвеш (124) Играч со најмногу голови: Нејмар (75) Најстар играч: Дани Алвеш (39 години) Најмлад играч: Габриел Мартинели (21 година) Најскап играч: Винициус Жуниор (120.000.000 евра) СРБИЈА „Орлите“ од соседството со висок оптимизам пристигнаа во Катар. Предводена од селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, Србија верува во чуда. Како на пример, она чудо кое се случи во Португалија и кое во групата ѝ го донесе првото место на балканската селекција за директна виза во Катар. Има право оваа спортска нација да се надева на успех, затоа што во тимот има играчи како Александар Митровиќ кој блеска во Премиер лигата, потоа Душан Влаховиќ и Филип Костиќ од Јувентус, Немања Гудељ од Севиља, Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, Душан Тадиќ во Ајакс... Страшна офанзивна артилерија! Доказ за квалитетот на Србите е што само еден играч им доаѓа од домашното првенство, тоа е талентираниот Страхиња Ераковиќ од Црвена Звезда. Сите останати на списокот се интернационалци во најквалитетните фудбалски лиги ширум Европа. Играч со најмногу настапи: Душан Тадиќ (90) Играч со најмногу голови: Александар Митровиќ (50) Најстар играч: Душан Тадиќ (33 години) Најмлад играч: Страхиња Ераковиќ (21 година) Најскап играч: Душан Влаховиќ (80.000.000 евра) ШВАЈЦАРИЈА „Крстоносците“ на Мурат Јакин во сите линии делуваат доста сигурно. Играчите играат во одлична форма, посебно оние во кои се гледа како лидери на оваа швајцарска фудбалска генерација која најавува нова ренесанса на овој фудбалски собир. Но, ќе биде тешко, затоа што за такво нешто ќе мора или да се изненади Бразил, или да се добијат Камерун и Србија. Квалификациите беа според планот за Швајцарците, завршија без пораз и како лидери, сега доаѓа она вистинското. Гранит Џака и Џердан Шаќири пак ќе бидат главни адути на теренот, тука се и дефанзивците Мануел Аканџи (Манчестер Сити) и Фабијан Шер (Њукасл), потоа Денис Закарија (Челзи), Брет Емболо (Монако), Харис Сеферовиќ (Галатасарај)... Швајцарија настапи на сите Светски првенства од 2006 година во низа, а на само едно од нив не ја мина групата. Играч со најмногу настапи: Џердан Шаќири (108) Играч со најмногу голови: Џердан Шаќири (26) Најстар играч: Јан Зомер (33 години) Најмлад играч: Ноа Окафор (22 години) Најскап играч: Мануел Аканџи (30.000.000 евра) КАМЕРУН Рекордер по број на учества на Светските првенства од Африка, но без некој значаен успех. Камерун и во оваа група ја има улогата на четврти тим и тешко дека може да се надева на некој позначаен резултат во Катар. Во последните 40 години, Камерунците не играа само на три Мундијали (1986, 2006 и 2018), а најголем успех им е на СП 1990 во Италија каде дојдоа до четвртфиналето. Во последниот настап, на СП 2014 во Бразил, Камерун доживеа три порази на три меча во групата и заврши последен во рангирањето. Сакаат Винсент Абубакар, Карл-Тото Екамби и Ерик-Максим Чупо Мотинг како најголеми ѕвезди да го поправат впечатокот, факт е дека триото игра во врвна форма, меѓутоа тешко е да се надеваш кога против себе имаш еден јужноамерикански гигант и две европски големи фудбалски имиња. Играч со најмногу настапи: Винсент Абубакар (88) Играч со најмногу голови: Винсент Абубакар (33) Најстар играч: Ерик-Максим Чупо Мотинг (33 години) Најмлад играч: Симон Нгапандоетнбу (19 години) Најскап играч: Франк Ангиса (38.000.000 евра)   извор: gol.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grupa-g-brazil-e-favorit-a-orlite-na-piksi-gorat-za-odmazda/feed/ 0
ФОТО: Самуел Ето доживеа тешка сообраќајка, со автомобил се забил во автобус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-samuel-eto-dozivea-teshka-soobrakjajka-so-avtomobil-se-zabil-vo-avtobus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-samuel-eto-dozivea-teshka-soobrakjajka-so-avtomobil-se-zabil-vo-avtobus/#respond Mon, 09 Nov 2020 07:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=426705

Камерунската фудбалска легенда Самуел Ето имал тешка сообраќајна несреќа, но не е животно загрозен. Светските медиуми јавуваат дека екс ѕвездата на Барселона, Челси и други бројни клубови, со автомобил удрил во автобусот додека се враќал дома од свадба. На Твитер набрзо се појавија фотографии од местото на несреќата, а членови за семејството за Би-Би-Си Африка истакнале дека Ето „е добар“, но се наоѓа во болница каде му била пружена лекарска помош. Според објавите на медиумите, Ето не бил виновен за несреќата, а одговорниот бил приведен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-samuel-eto-dozivea-teshka-soobrakjajka-so-avtomobil-se-zabil-vo-avtobus/feed/ 0