камионџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Feb 2022 12:11:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камионџии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канадските камионџии ги блокираа граничните премини со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-kamiondzii-gi-blokiraa-granichnite-premini-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-kamiondzii-gi-blokiraa-granichnite-premini-so-sad/#respond Wed, 09 Feb 2022 12:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=629152

Најпрометниот граничен премин меѓу САД и Канада денеска остана затворен, соопшти канадската погранична агенција откако возачите на камиони вчера ги блокираа пристапните патишта, во знак на протест против владината одлука за задолжителна вакцинација на возачите кои ја минуваат границата. Возачите бараат укинување на одлуката на сојузната влада за обврската за вакцинација. Протестите започнаа на 28 јануари со блокада на улиците на канадската престолнина Отава. Полицијата заплени илјадници галони гориво од неделата навечер и го отстрани камионот-цистерна. Камиони почнаа да го блокираат сообраќајот доцна синоќа на мостот Амбасадор, кој се наоѓа помеѓу езерото Ири и Хјурон. Канадската агенција за гранична контрола денеска соопшти дека мостот е затворен, но полицијата подоцна информираше дека сообраќајот по мостот кон САД е дозволен. Канада извезува 75 отсто од својата стока во САД, а дневно, вообичаено по мопстот минуваат околу 8.000 камиони. – Дојдовме овде да испратиме порака, а пораката не се пробива, изјави синоќа портпаролот на протестот Том Марацо. Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера се појави во јавност по првпат по повеќе од една недела, откако беше заразен со Ковид-19, и порача дека протестите мора да престанат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-kamiondzii-gi-blokiraa-granichnite-premini-so-sad/feed/ 0
Несоодветен третман на „Евзони“ кон македонските камионџии: Ќе реагираат ли МНР и Филипче? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesoodveten-tretman-na-evzoni-kon-makedonskite-kamiondzii-kje-reagiraat-li-mnr-i-filipche-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesoodveten-tretman-na-evzoni-kon-makedonskite-kamiondzii-kje-reagiraat-li-mnr-i-filipche-foto/#respond Wed, 24 Mar 2021 12:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=487122

На социјалните мрежи кружат фотографии од македонските камионџии кои се тестираат на „Евзони“ и се жалат на лош третман од страна на тамошните медицински тимови кои им прават тестови. -Здраво, сакам да ви испратам слика за да види јавноста како се тестираат колегите на ЕвзониУтрово во 8:30 часот по извршен ПЦР тест, цел ден ми течеше крв од носот и имав чувство на крв во устата.  Ова мислам дека ги помина сите граници на нормала, но не бев само јас, имаше и 10 други колеги кои се пожалија на истиот проблем, мислам дека е редно време некој да превземе одговорност, под итно да се превземат мерки за разговор со “јужниот сосед” за укинување на ПЦР тестовитеПо оваа случка јас повеќе не сакам да возам камион кон “јужниот сосед”, јас сум исто така нов возач и 4 месеци сум зад волан и здравјето ми е пред сѐ! стои во Фејсбук статусот на македонски камионџија. Дали макадонското МНР во координација со министерството за здравство ќе реагира со цел заштита на македонските граѓани и нивното здравје? За излез од земјава кон соседна Грција на излезот Евзони здравствени екипи таму прават брзи тестови на возачите за да се утврди дали се позитивни на Ковид 19. На 1 март Грчките власти воведија нови мерки за заштита од корона вирусот камионџиите кои што ќе влегуваат во соседна Грција на граничните премини им се прават брзи ПЦР тестови оние кои се позитивни се враќаат назад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesoodveten-tretman-na-evzoni-kon-makedonskite-kamiondzii-kje-reagiraat-li-mnr-i-filipche-foto/feed/ 0
Се уште не е нормализиран сообраќајот на Евзони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-normaliziran-soobrakjajot-na-evzoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-normaliziran-soobrakjajot-na-evzoni/#respond Sat, 06 Mar 2021 10:28:41 +0000 https://kurir.mk/?p=478099

Новите мерки што се воведени од грчките надлежни органи за превенција од Ковид-19, а се однесуваат на транспортерите од двете страни, ќе важат и викендов. Поточно, најмалку до понеделник, кога се очекува одговор од грчката страна на вчерашните барања од нивните камионџии за симнување на мерките и нормализирање на транспортниот сообраќај, потврди утрово Лефтер Андонов, генерален секретар на АМЕРИТ. Вчера писмено реагирале и нашите надлежни органи по што, велат од АМЕРИТ, дека ќе почекаат до понеделник да стигне одговорот од грчките надлежни органи, па потоа ќе донесат решение за понатамошни чекори доколку биде неопходно. До тогаш, транспортниот сообраќаен режим за излез и влез во земјава на граничните премини Богородица и Евзони продолжува да се одвива со примена на заштитните мерки од Ковид-19 на грчката страна. Во Грција ќе влегуваат само возачите на камиони со негативен резултат од брзите бесплатни ПЦР тестови, а ГП Евзони и понатаму е отворен за влез и излез од Грција од 7 до 19 часот. Моментно, поради актуелната ситуација, низ премините Богородица и Евзони минуваат помалку и претежно празни камиони, чиј број е многу намален, а натоварените со роба, вели Андонов, се принудени да минуваат повеќе километри преку Бугарија и да влегуваат во Грција преку ГП Промахонас, каде нема никакви ограничувања за возачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-normaliziran-soobrakjajot-na-evzoni/feed/ 0
Грчките камионџии протестираат на граничниот премин Евзони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-kamiondzii-protestiraat-na-granichniot-premin-evzoni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-kamiondzii-protestiraat-na-granichniot-premin-evzoni/#respond Fri, 05 Mar 2021 08:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=477567

Воведување временско ограничување за влез на камиони од Евзони, меѓу 7 и 19 часот, како и целосниот недостиг на организација во процесот на спроведување на брзите тестови од екипите на Националната организација за јавно здравје на Грција, на сите што влегуваат во земјата, предизвика „хаос“ и огромни доцнења, а редиците на камиони кои чекаат достигнува и до десет километри, велат од Федерацијата на грчките камионџии, во соопштението во кое ги повикуваат транспортерите на протест на граничниот премин Евзони, закажан за 7 часот утрово по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Во меѓувреме, на граничниот премин Богородица прес-конференција одржаа претставници на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ и грчката асоцијација на транспортери ОФАЕ, за проблемите со кои се соочуваат транспортерите поради воведените мерки на грчката Влада. Генералниот секретар на АМЕРИТ, Лефтер Андонов, рече дека во изминатата недела имале многу контакти со најголемата грчка асоцијација во транспорт ОФАЕ, со цел да се деблокира транспортот поради воведувањето на заштитните мерки од грчката влада. Истакна и дека имаат испратено и писма до Европската комисија како и до грчкото МНР. Претседателот на ОФАЕ Апостолос Кенанидис рече дека речиси илјада камиони дневно поминуваат на овој граничен премин и оти со оваа нова мерка, донесена од грчката Влада се попречува целиот товарен сообраќај кој започнува од Северна Македонија или од Србија. -Со досегашните активности, како и со денешниот симболиочен протест, сакаме да постигнеме Владата да одлучи да ги тргне овие рестрикции за транспортерите, за да се овозможи непречен, нормален, колку што е можен нормален проток на стоки, рече Кенанидис. Истакна оти тие не се против тестирањата на границата, туку сметаат оти треба персоналот што го врши тестирањето да биде во поголем број, со цел да не се прави застој на границата. -Со овој симболичен протест сакаме да покажеме дека не се согласуваме со владините одлуки како што не се согласуваат и асоцијациите, здруженијата од другите земји, бидејќи оваа блокада на сите ни пречи, рече Кенакидис. Додаде оти целта на ОФАЕ, заедно во соработка со грчките комори, здруженија, шпедитери, но и асоцијации како што е АМЕРИТ од Северна Македонија и од соседните земји, да се заземе заеднички став со цел да се тргнат овие рестриктивни мерки. Транспортерите, кои уште во понеделникот најавија дека ако не се исполнат нивните барања, подготвени се да се мобилизираат и да го блокираат граничниот премин од грчка страна, истакнуваат дека ситуацијата на „една од главните копнени порти за влез во земјата веќе четири дена е исклучително тешка“ и се создадени големи проблеми во протокот на стоки и во грчкиот извоз. -Возилата што пренесуваат медицинска опрема, лесно расиплива, како и секаков вид на стока, се принудени да чекаат и до 12 часа за да влезат во Грција, поради неможноста на државата да преземе соодветни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без да се спречува нормалното функционирање на синџирот на снабдување, велат од Федерацијата во соопштението за денешниот протест. Како што веќе објави МИА, грчките камионџии реагираат а новите мерки за копнените граници воведени во понеделникот, преку писмо до Министерството за транспорт и врски и Министерството за развој на Грција, бараат граничните Евзони и Какавиа, за транспортерите, да бидат отворени 24 часа и да има дополнителен персонал од Националната организација за јавно здравје кои ги вршат брзите тестови, за да се забрза целата процедура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkite-kamiondzii-protestiraat-na-granichniot-premin-evzoni/feed/ 0
Тестирани повеќе од 15.000 камионџии кои чекаат да влезат во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/testirani-povekje-od-15-000-kamiondzii-koi-chekaat-da-vlezat-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/testirani-povekje-od-15-000-kamiondzii-koi-chekaat-da-vlezat-vo-francija/#respond Sat, 26 Dec 2020 20:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=448864

Министерот за транспорт во Велика Британија Грант Шапс во сабота на Твитер објави дека досега се направени 15.526 тестови а позитивни биле само 36. Само на возачите со негативен тест им е дозволено да ја преминат границата преку море или преку тунел од Англија кон Франција. Франција ги затвори границите со Велика Британија пред една недела поради страв од новиот вид на коронавирус кој е откриен во Англија. Поради тој потег илјадници возачи на камиони останале заглавени за време на Божикните празници, Во среда Лондон и Париз се договорија за повторно отворање под услов возачите кои доаѓаат од Англија да се тестираат пред преминувањето на граница. Напуштениот аеродром Манстон во Кент, кој беше претворен во диво паркиралиште додека многу возачи чекаа во своите камиони да бидат тестирани, сега е празен, рекол Шапс. Повеќе од 1000 припадници на воската помогнале во таа акција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/testirani-povekje-od-15-000-kamiondzii-koi-chekaat-da-vlezat-vo-francija/feed/ 0
Камионџиите можат повторно од Велика Британија во Франција, со негативен тест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamiondziite-mozat-povtorno-od-velika-britanija-vo-francija-so-negativen-test/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamiondziite-mozat-povtorno-od-velika-britanija-vo-francija-so-negativen-test/#respond Wed, 23 Dec 2020 06:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446905

Француските и другите странски камионџии ќе можат повторно да влезат во Франција од британска страна, под услов да имаат негативен тест за присуство на коронавирусот, не постар од 72 часа, соопшти француското Министерство за транспорт. Во соопштението се наведува дека е договорено британските власти да обезбедат капацитети за тестирање на возачите, за да можат побрзо да дојдат до резултатот, пренесуваат британските медиуми. Во случај да се позитивни, возачите ќе мора да останат во изолација во Велика Британија 10 дена. Претходно, канцеларијата на францускиот премиер Жан Кастекс соопшти дека француските и државјаните на ЕУ од полоноќ повторно ќе можат да влезат во Франција од Велика Британија, под услов да имаат негативен тест за коронавирусот, не постар од 72 часа. Во соопштението се додава дека британските и државјаните на трети земји кои престојуваат во Франција или ЕУ, исто така, можат да влезат во Франција доколку се во транзит, но, исто така, и на нив им треба негативен тест за Ковид-19. Повеќето земји во светот во последните три дена ги затворија своите граници со Обединетото Кралство, откако во Лондон и јужниот дел на Англија беше откриен нов, многу позаразен вид на коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamiondziite-mozat-povtorno-od-velika-britanija-vo-francija-so-negativen-test/feed/ 0
Сакал да се фрли од надвозник на автопат, но погледнете што направија камионџии за да го спречат самоубиството https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakal-da-se-frli-od-nadvoznik-na-avtopat-no-poglednete-shto-napravija-kamiondzii-za-da-go-sprechat-samoubistvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakal-da-se-frli-od-nadvoznik-na-avtopat-no-poglednete-shto-napravija-kamiondzii-za-da-go-sprechat-samoubistvoto/#respond Wed, 25 Apr 2018 07:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=45721

Полицијата во американската сојузна држава Мичиген спречи самоубиство од надвозник на автопатот 696 благодарение на солидарноста на локалните камионџии, кои се паркираа под надвозникот за да го ублажат падот. Полицијата морала бргу да реагира откако добиле дојава дека човек стои на надвозникот и се заканува со самоубиство. Полицајците повикале група локални камионџии, кои се паркирале под надвозникот, со што значително ја намалиле височината од која би паднал човекот. Планот вродил со плод, и набргу по постројувањето на камионите, човекот се предомислил и се симнал долу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sakal-da-se-frli-od-nadvoznik-na-avtopat-no-poglednete-shto-napravija-kamiondzii-za-da-go-sprechat-samoubistvoto/feed/ 0