камиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 07:39:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во општина Аеродром сметот се собираше со два камиони на штипски „Исар“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=854842

Два камиони за собирање на смет беа испратени синоќа на помош на Општина Аеродром за собирање на смет од страна на комуналното претпријатие „Исар“, изјави за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека камионите се испратени на барање на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски со цел да се собере сметот во неговата општина. Јорданов посочува дека не било дозволено камионите сметот да го депонираат на депонијата „Дрисла“, па на враќање го имаат истоварено на депонијата во Велес. Екипите на ЈП „Исар“се вратија во текот на ноќта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/feed/ 0
Забрана за камиони преку Пресека, укината забраната на Стража https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-preku-preseka-ukinata-zabranata-na-strazha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-preku-preseka-ukinata-zabranata-na-strazha/#respond Sat, 21 Jan 2023 08:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=789957

Автомото сојузот на Македонија информира дека од 06:35 часот утрово е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека поради снежни врнежи. ОД АМСМ исто така информираат дека од 07:50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Маврово и Попова Шапка.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-preku-preseka-ukinata-zabranata-na-strazha/feed/ 0
Во Србија покрената иницијатива за забрана камионите да престигнуваат на автопатиштата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-pokrenata-inicijativa-za-zabrana-kamionite-da-prestignuvaat-na-avtopatishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-pokrenata-inicijativa-za-zabrana-kamionite-da-prestignuvaat-na-avtopatishtata/#respond Wed, 28 Sep 2022 11:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=738492

Српскиот министер за сообраќај Томислав Момировиќ денеска изјави дека по анализа на компаративните практики и различни „пилот“ проекти, мистерството испратило иницијатива до ЈП „Патишта на Србија“ да изработат студии за забрана за престигнување на товарните возила на автопатишта во одредени временски интервали, кога е зголемен интензитетот на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. „Нашата цел е да го забрзаме сообраќајот за луѓето кои патуваат по автопатите да можат побрзо да стигнат до своите дестинации, а забраната за престигнување за камиони на автопатите ќе го намали метежот, ќе го забрза сообраќајот и дополнително ќе ја зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, посочи министерот Момировиќ и додаде дека Србија е важна транзитна земја во Источна Европа, а Владата на Република Србија и ресорното министерство водат активна сообраќајна политика, што подразбира дека моментално се работи на создавање на Национална стратегија за развој на сообраќајот“, се наведува во соопштението на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-pokrenata-inicijativa-za-zabrana-kamionite-da-prestignuvaat-na-avtopatishtata/feed/ 0
Две нови ленти за камиони на Табановце, од 1 октомври пуштање на стоката во промет за само еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-novi-lenti-za-kamioni-na-tabanovce-od-1-oktomvri-pushtanje-na-stokata-vo-promet-za-samo-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-novi-lenti-za-kamioni-na-tabanovce-od-1-oktomvri-pushtanje-na-stokata-vo-promet-za-samo-eden-chas/#respond Fri, 29 Jul 2022 12:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=711900

По алармот дека на граничниот премин „Табановце“ една од лентите за „Отворен Балкан“ не функционира, во употреба се пуштени други две кои товарните возила ќе можат непречено да ги користат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров. Како што рекоа Спасовски и Кутиров по посетата на „Табановце“, гужвите во овој период се многу големи поради годишните одмори, но мора да се направат максимални напори за обезбедување непречен проток на стоките, посебно на оние со краток рок на траење, како и да се овозможи брз премин на патниците. Во насока на забрзување и олеснување на протокот на стоки, како што најави Кутиров, од 1 октомври во примена ќе биде измената на увозната царинска постапка која ќе овозможи за еден час, ако е правилно поднесена потребната декларација и доколку е подмирен царинскиот долг, стоката по автоматизам да биде пуштена во слободен промет. Во првите седум месеци од годинава фреквенцијата на возила и патници на граничните премини за влез и излез од државата е зголемена за 45 проценти, а конкретно на „Табановце“ за 30 отсто. – Сите капацитети на граничните премини работат во полн состав. На „Табановце“ рабтевме на отворање две нови ленти и тоа веќе се реализира за да имаме побрз проток. Во однос на Отворен Балкан, не значи дека рампите се кренати и дека може да се влегува и излегува без да се застанува. Кога има граничен премин, постојат процедури кои мора да бидат запазени од безбедносен и од секаков друг аспект. Значи, иницијативата не значи кревање на рампите, туку дека државите од Отворен Балкан ќе имаат далеку подобри привилегии при поминувањето. Се уште се прават анализи каде ќе може да се скрати времето на минување, изјави Спасовски. Според директорката на Царинската управа, вчерашниот прекин на минување од еден час поради дефект на вагата за товарните возила, бил отстранет за 60 – 90 минути, но и тоа е доволно за предизвикување застој. -Сепак, тоа се нормални работи за ваков премин каде се применуваат современи технологии, а има и голема гужва зашто сезоната е во ек. Важно е дека институциите работат максимално за обезбедување на сите потребни услови за побрз проток на патници и товарни возила во најголемиот шпиц. Една од забелешките беше дека една од лентите за Отворен Балкан не функционира. Тоа не смее да биде проблем. Ние веднаш реагиравме со МВР и колегите од Србија и овозможивме уште две нови ленти кои досега беа на излез, да се применуваат за влез. Двете ленти за камиони ќе бидат непречено во функција, рече Кутиров. В.д. извршната директорка на Стопанската комора Билјана Пеева Ѓуриќ потсети дека следењето на протокот на стоки на „Табановце“ што почна на 1 јули, продолжува и во август. -Воочивме дека проблемите се главно од инфраструктурен карактер на кои би можело да се работи за поголема ефикансост и помала гужва. Договорено е да се воспостават тимови со по еден претставник од секоја служба на надворешно-трговското работење за оперативно секој ден да се работи на отстранување на сите детектирани пропусти. Во односна дигитализацијата, и тука има простор да се направат дополнителни унапрдувања за системот да биде поефикасен, потенцира Пеева Ѓуриќ. Моментно на „Табановце“ функционираат 10 ленти – две за камиони, една за автобуси која повремено се користи и за патники возила и уште седум ленти за патнички возила. Дигитализацијата и електонската сигнализација ќе бидат приоритети за уште поголема ефикасност на овој граничен премин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-novi-lenti-za-kamioni-na-tabanovce-od-1-oktomvri-pushtanje-na-stokata-vo-promet-za-samo-eden-chas/feed/ 0
Албанија претседава со Советот за безбедност на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-pretsedava-so-sovetot-za-bezbednost-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-pretsedava-so-sovetot-za-bezbednost-na-on/#respond Wed, 01 Jun 2022 10:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=684816

Албанија денеска првпат го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации. Албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе одржи говор на церемонијата во Њујорк, го опиша овој ден како историски за земјата во меѓународните односи. Во видео-пораката објавена на Фејсбук, Рама изјави дека Албанија е веќе привилегирана што може да ги изрази своите верувања и „да го води Советот за безбедност на ОН“. Тој потсети на масовните прекршувања на човековите права, од Дарфур до Мјанмар, од Авганистан до Сирија и оцени дека „раните од војните што следеа по распадот на поранешна Југославија, особено на Косово, се уште се отворени во Европа“. – Правиме се што можеме за да продолжиме напред без да го заборавиме минатото, но се обврзуваме да изградиме заедничка иднина во мир, рече Рама. Тој додаде дека „руската војна во Украина ја доведе во прашање европската безбедност и го разниша светскиот поредок заснован на правила“ и посочи дека „не можеме и не треба да се навикнеме на неказнивост“. САД претседаваа со Советот за безбедност во мај, а Бразил ќе го преземе претседателството во јули. Албанија е членка на ОН е од 14 декември 1955 година, а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше избрана на 11 јуни 2021 година, нејзиниот мандат започна оваа година. Приемот се смета за историски датум за земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-pretsedava-so-sovetot-za-bezbednost-na-on/feed/ 0
Забрана за камиони на патот Гостивар-Кичево преку Стража https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabrana-za-kamioni-na-patot-gostivar-kichevo-preku-straza/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabrana-za-kamioni-na-patot-gostivar-kichevo-preku-straza/#respond Tue, 01 Mar 2022 19:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=638905

Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскот превој Стража, поради врнежи од снег, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија. Забраната е воведена во 19.40 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabrana-za-kamioni-na-patot-gostivar-kichevo-preku-straza/feed/ 0
Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-na-patot-mavrovo-debar-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-na-patot-mavrovo-debar-3/#respond Tue, 01 Mar 2022 07:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=638411

Од 08.00 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег имаме во Јужниот и Југо-Западниот дел на Републиката,Маврово и Смојмирово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-na-patot-mavrovo-debar-3/feed/ 0
Укината забраната за камиони на Стража https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-zabranata-za-kamioni-na-straza-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-zabranata-za-kamioni-na-straza-2/#respond Mon, 24 Jan 2022 08:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=622383

Од АМСМ известуваат дека од 08:40ч. е укината забраната за ТМВ на патниот правец Кичево – Гостивар на превој Стража Останатите активни информации: ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТМВ: Од 06:50ч. се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Снег врне во Крива Паланка, Маврово и Попова Шапка. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinata-zabranata-za-kamioni-na-straza-2/feed/ 0
Забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-na-patot-struga-kjafasan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-na-patot-struga-kjafasan/#respond Fri, 21 Jan 2022 14:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=621688

Од 14.20 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга - Ќафасан, соопшти АМСМ. ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови, информираат од УХМР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-kamioni-na-patot-struga-kjafasan/feed/ 0
НА -50 СТЕПЕНИ: Конвој камиони заглавен во Сибир, им снемува храна и гориво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/#respond Sat, 25 Dec 2021 10:10:11 +0000 https://kurir.mk/?p=612934

Група падобранци од спасувачка служба полетала денеска за да достави гориво на конвој од 12 камиони на истокот на Сибир. Конвојот е заглавен во снег и голем мраз, возачите немаат телефонски сигнал, а им се снемува храна и гориво. Камионите се наоѓаат на околу 30 километри од селото кон кое се упатиле. Во оваа област измерените температури се до -50 степени Целзиусови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/feed/ 0