камп ноу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 May 2023 04:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камп ноу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Барселона со емотивно видео се прости од „Камп Ноу“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-emotivno-video-se-prosti-od-kamp-nou/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-emotivno-video-se-prosti-od-kamp-nou/#respond Mon, 29 May 2023 04:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=839859

Барселона се прости од својот стадион Камп Ноу. По 65 години, дојде време да се реновира познатиот стадион и на истото место ќе се гради „Новиот Камп Ноу“. Вечерва Барселона го одигра последниот првенствен натпревар на стадионот „Камп Ноу“ против Мајорка. По оваа сезона ќе започне и неговото реновирање кое треба да трае во наредните три години. Во тој период, каталонскиот гигант своите домашни натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион, попознат како Монжуик. Капацитетот на овој стадион е речиси 56.000 седишта. Новиот Камп Ноу треба да биде завршен во 2026 година. Веќе е познато како ќе изгледа и наскоро ќе почне да се работи на проектот кој го доби името Еспаи Барса. Капацитетот на новиот стадион дополнително ќе се зголемува. Натпреварите ќе можат да ги следат 105.000 гледачи, а вкупниот проект чини близу две милијарди евра. Барса секако се прости од сегашниот стадион со емотивно видео. Во него тие ја поминаа целосната историја на овој објект, која започна во 1957 година.   https://twitter.com/i/status/1662897344705077250]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-so-emotivno-video-se-prosti-od-kamp-nou/feed/ 0
Реал Сосиедад прв пат победи на „Камп Ноу“ по пауза од 32 години https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-sosiedad-prv-pat-pobedi-na-kamp-nou-po-pauza-od-32-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-sosiedad-prv-pat-pobedi-na-kamp-nou-po-pauza-od-32-godini/#respond Sun, 21 May 2023 14:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=837011

Фудбалерите на Барселона го прославија синоќа освојувањето на шампионската титула во шпанското првенство со пораз на домашен терен (1-2) од Реал Сосиедад што за каталонскиот клуб беше само четврти натпревар сезонава без освоен бод во Ла Лига. Баскискиот клуб до својот прв триумф на „Камп Ноу“ во последните 32 години дојде со головите на Мерино (5 минута) и Сориот (72), додека стрелец за Барселона беше Левандовски (90). Реал Сосиедад со победата се зацврсти на табелата на четвртото место, кое последно обезбедува настап следната сезона во Лигата на шампиони. На три кола до крајот на шпанското првенство Реал Сосиедад има 65 бодови, пет повеќе од Виљареал на петтото место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-sosiedad-prv-pat-pobedi-na-kamp-nou-po-pauza-od-32-godini/feed/ 0
Барселона обезбеди 1.6 милијарди евра за реконструкција на „Камп Ноу“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-obezbedi-1-6-milijardi-evra-za-rekonstruktsija-na-kamp-nou/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-obezbedi-1-6-milijardi-evra-za-rekonstruktsija-na-kamp-nou/#respond Tue, 25 Apr 2023 16:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=827496

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави денеска дека обезбеди 1.6 милијарди евра за реконструкција на својот стадион „Камп Ноу“ која ќе почне на 1 јуни. Со реконструкцијата капацитетот на стадионот ќе се зголеми од 99.300 на 105.000 седишта. Клубот во соопштение прецизираше дека парите ги уплатиле 20 различни инвеститори, на кои ќе им бидат вратени во различни рокови – од пет до 24 години. Од вкупната сума предвидено е 420 милиони евра да се потрошат за реконструкција на „Палау Блауграна“, која е дом на кошаркарскиот и ракометниот клуб, а 20 милиони евра се наменети за стадионот „Јохан Кројф“ на кој своите натпревари ги играат резервниот и женскиот тим на Барселона. Во клубот очекуваат градежните работи да завршат до 2026 година, а првиот тим на Барселона додека трае реновирањето своите натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион, додека на „Камп Ноу“ ќе се врати во сезоната 2024/25, кога стадионот тогаш нема да биде во полн капацитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/barselona-obezbedi-1-6-milijardi-evra-za-rekonstruktsija-na-kamp-nou/feed/ 0
Лионел Меси доби порака од 92.500 навивачи на „Камп ноу“ и цел свет ја слушна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lionel-mesi-dobi-poraka-od-92-500-navivachi-na-kamp-nou-i-tsel-svet-ja-slushna-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lionel-mesi-dobi-poraka-od-92-500-navivachi-na-kamp-nou-i-tsel-svet-ja-slushna-video/#respond Mon, 27 Mar 2023 08:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=816795

На „Камп ноу“ вчера се одржа финалето на првата Лига на кралевите во мал фудбал, која е во организација на Жарарт Пике. На најголемиот стадион во Европа имаше неверојатни 92.522 гледачи, а во еден момент навивачите од трибинтие почнаа да го скандираат името на Лионел Меси. Од сите страни ечеше „Меси, Меси, Меси“, како во времето кога легендарниот фудбалер блескаше во дресот на Барселона. Меси, кој повеќе од 20 години беше дел од Барселона, во последниве две сезони е дел од тимот на Пари Сен Жермен. Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а сè погласни се најавите дека Аргентинецот може да се врати во Барселона. Пораката од навивачите на „Камп ноу“ е јасна со скандирањето на нешто што со години беше препознатливо на овој стадион. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lionel-mesi-dobi-poraka-od-92-500-navivachi-na-kamp-nou-i-tsel-svet-ja-slushna-video/feed/ 0
Реконструкцијата на „Камп Ноу“ ќе започне во јуни https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rekonstrukcijata-na-kamp-nou-kje-zapochne-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rekonstrukcijata-na-kamp-nou-kje-zapochne-vo-juni/#respond Thu, 28 Apr 2022 15:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=669339

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона соопшти дека реновирањето на стадионот „Камп Ноу“ ќе започне во јуни 2022 година. Како што е објавено на веб-страницата на клубот, Градскиот совет на Барселона издал лиценца за отпочнување со работа веднаш по завршувањето на сезоната. Особено внимание ќе се посвети на првиот и вториот ред на стадионот, развојот на техничките капацитети, околината на стадионот и надворешната урбанизација. Уривањето на третото ниво ќе се случи во летото 2023 година, што ќе „купи“ време и ќе обезбеди „Камп Ноу“ да може да работи со речиси полн капацитет следната сезона. Во текот на сезоната 2023/24, поголемиот дел од работата според проектот ќе продолжи непречено, па тимот ќе игра на „Олимпискиот стадион“ на ридот Монжуик. Во сезоната 2024/25, работата на Камп Ноу ќе продолжи, но натпреварите на стадионот ќе можат да се следат со намален капацитет за околу 50 проценти. Работата ќе биде завршена во сезоната 2025/26. Барселона тврди дека вкупната цена на проектот нема да надмине 1,5 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rekonstrukcijata-na-kamp-nou-kje-zapochne-vo-juni/feed/ 0
ВИДЕО: Барселона на „Камп ноу“ го промовира новиот тренер Чави https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-barselona-na-kamp-nou-go-promovira-noviot-trener-chavi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-barselona-na-kamp-nou-go-promovira-noviot-trener-chavi/#respond Mon, 08 Nov 2021 14:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=592658

Чави од денес и официјално е нов тренер на Барселона. Каталонскиот клуб одржа официјална презентација на својот поранешен играч, која се одржа на стадионот „Камп ноу“. Назначувањето на Чави на тренерската функција беше објавено на 6 ноември. Договорот е со важност до летото 2024 година. Тој на оваа функција го замени Холанѓанецот Роналд Куман. Предтходно, Чави беше на чело на катарски Ал-Сад. Чави најголемиот дел од кариерата го помина играјќи за Барселона како играч од средниот ред. Има осум титули во шпанското првенство и четири купа од Лигата на шампионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-barselona-na-kamp-nou-go-promovira-noviot-trener-chavi/feed/ 0
ВИДЕО: Спектакуларно, новиот „Камп Ноу“ вреден 900 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-spektakularno-noviot-kamp-nou-vreden-900-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-spektakularno-noviot-kamp-nou-vreden-900-milioni-evra/#respond Tue, 19 Oct 2021 10:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=581945

Барселона наскоро ќе започне со обнова на „Камп Ноу“. Култниот каталонски стадион ќе добие сосема нов изглед, а Барселона откри како ќе изгледа сето тоа. Реновирањето на стадионот требаше да започне во 2020 година, но се одложи поради коронавирусот и финансиската криза. Сега сè е подготвено за реновирање, кое според најавите треба да започне следната година, и ќе чини вкупно 900 милиони евра. Новиот „Камп Ноу“ ќе добие покрив на кој ќе има соларни панели за производство на енергија. Стадионот ќе има над две илјади паркинг места, и повеќе луксузни ВИП простори. Внатре, ќе се реновираат постојните капацитети и соблекувалните на клубот, а ќе се направат и нови деловни простории. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-spektakularno-noviot-kamp-nou-vreden-900-milioni-evra/feed/ 0
„Камп Ноу ќе го промени името“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kamp-nou-kje-go-promeni-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kamp-nou-kje-go-promeni-imeto/#respond Fri, 08 Oct 2021 10:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=575333

Жоан Лапорта во разговор за шпанските медиуми одново зборуваше за Лионел Меси и ситуацијата со Роналд Куман. Претседателот на Барселона објасни дека кредиот кој го земале од милијарда евра за нов стадион и комплекс е добра одлука која во иднина ќе им донесе голема заработка. Тој откри дека новиот стадион ќе има ново име. „Додека се гради стадионот ќе играме на игралиштето на академијата, тоа ќе биде само една сезона. Новиот стадион ќе биде спектакуларен. Во светот на бизнисот нема никакви гаранции, но веруваме дека тој потег ќе биде вистински. Не станува збор за класичен кредит, бидејќи истиот ќе го враќаме кога ќе почнеме да заработуваме. Работите ќе почнат следното лето, а новиот стадион ќе го носи името на спонзорот, бидејќи тоа носи голема заработка која ние не можеме да ја игнорираме“, рече Лапорта. Барса ова лето остана без Меси после 21 година. „Не му се лутам, премногу го сакам. Секако дека се разочаран кога си замина, беше разочаран и тој. За да ја задржиме стабилноста на тимот моравме да ги ограничиме платите, затоа не можевме да му понудиме нов договор. Се надевав дека ќе остане и ќе игра без пари, но тоа не можевме да очекуваме, особено по понудата од ПСЖ. Се обидвме да му понудиме нешто, но тоа беше далеку од очекувањата. Тој е најголемиот играч во историјата на овој клуб“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kamp-nou-kje-go-promeni-imeto/feed/ 0
ФОТО: Познато како ќе изгледа новиот „Камп Ноу“ кој ќе чини 900 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-poznato-kako-kje-izgleda-noviot-kamp-nou-koj-kje-chini-900-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-poznato-kako-kje-izgleda-noviot-kamp-nou-koj-kje-chini-900-milioni-evra/#respond Fri, 08 Oct 2021 09:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=575309

Барселона тргнува во изградба нов спортско деловен комплекс. Каталонскиот џин минатата сезона ја заврши со минус од 451 милиони евра, со што вкупниот минус на клубот се зголеми на 1.35 милијарди евра. Иако клубот е во минус, најавени се нови големи вложувања, кои на долги патеки би требало да донесат заработка. Клубот од своето Собрание ќе бара одобрение за подигнување кредит од една и пол милијарди евра, за изградба на нов спортско деловен комплекс. Тие за барањето би требало да гласаат на крајот на годината и се очекува во јануари веќе да бидат потпишани преддоговорите па барањето за кредитот да биде и службено предадено. Барселона со години планира да гради комплекс и целосно да го реконструира Кам Ноу. Иницијалниот проект чинел 600 милиони евра и требаше да биде готов до крајот на ова година, но трошоците во меѓувреме се качија на дури речиси милијарда и пол евра. Само реконструкцијата на стадионот ќе чини околу 900 милиони евра, а остатокот од парите ќе се потпроши на салата кој има капацитет од 12.500 гледачи, нов стадион за Академијата и поопратна инфраструктура. Доколку се биде според планот овој проект би требало да биде готов во 2025 година. АС објави и како би требало да изгледа Камп Ноу и комплексот на Барслеона: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-poznato-kako-kje-izgleda-noviot-kamp-nou-koj-kje-chini-900-milioni-evra/feed/ 0
ФОТО: КРАЈ – Меси „тргнат“ од Камп Ноу https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-kraj-mesi-trgnat-od-kamp-nou/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-kraj-mesi-trgnat-od-kamp-nou/#respond Tue, 10 Aug 2021 11:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=548757

Лионел Меси денеска најверојатно ќе биде официјализиран како ново засилување на ПСЖ, а во Барселона на големо се простуваат од него. Иако утринава одекна веста дека Барселона испратиле последна понуда во надеж дека ќе се договорат со Меси, веќе е јасно дека сите преговори завршија. Случувањата на Камп Ноу сведочат дека крајот навистина дојде. Големиот плакат со ликот на Меси кој се наоѓаше на надворешната страна на стадионот се отстранува. Во исто време италијанскиот новинар Фабрицио Романо пишува дека Меси договорил две годишна соработка во ПСЖ со можност за продолжување, а ќе заработува годишна со сите бонуси околу 35 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-kraj-mesi-trgnat-od-kamp-nou/feed/ 0