камп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 07:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png камп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стотици лица припадници на секта кампуваат покрај Мавровското езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/#respond Sat, 05 Aug 2023 07:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=863592

Неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави, веќе неколку дена кампираат покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Групацијата позната како Rainbow Gatherings, традиционално изведува повеќедневни собири на разни локации низ светот, пропагирајќи ги идеалите на некогашното хипи-движење во модерни услови, при што се кампува на отворено, во природа, а луѓето се собираат околу огнови, приготвуваат храна и се дружат. Локалното население реагира дека, во ек на сезона на опасност од шумски пожари, само дваесетина дена откако Владата донесе забрана за движење низ шумите во државава токму поради зголемената опасност од палење на сувата вегетација поради високите температури, полицијата и надлежните од Национален Парк Маврово го толерираат овој собир и палењето огнови и тоа на приватен имот на граѓани, кои за тоа не дале согласност. -Овие лица ја запоседнаа локацијата Црн Камен крај село Леуново, и сместени се на ливада која е во моја сопственост, и тоа со знаење и одобрение од Национален парк Маврово, вели Владо Лазаревски, кој воедно е и претседател на месната заедница во селото. Лазаревски вели дека група граѓани и МЗ Леуново го пријавиле случајот во полиција, но оттаму не било интервенирано. Од СВР Тетово за Телма информираат дека се работи за пријавен собир на луѓе од странство, за кој тие се информирани, а дозволата за користење на локацијата ја издал Национален парк Маврово, како и тоа дека се работело за државно земјиште. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, локацијата била избрана поради лесната пристапност, во случај на некаков инцидент или пожар. Што се однесува до поплаките на Лазаревски дека хипиците кампуваат на негов имот, Реџепи со одговор: „Со лицето е разговарано, очекуваме да достави писмен доказ дека се работи за негов имот. Доколку сепак е таков случај, ние ќе постапиме соодветно и ќе ги дислоцираме“. -Од месната заедница на село Жировница, кое исто така се наоѓа на територијата на НП Маврово, за Телма изјавија дека хипи-собирот најпрвин, пред да ги постават шаторите во Леуново, без никакво одобрение или информација, поставиле шатори над нивното село, а откако Жировничани побарале асистенција од полицијата поради палење на огнови и масовни собири во шумскиот простор во близина на селото во време кога е голема опасност од шумски пожари, тие морале да си заминат од таму. „Овие кампери беа лоцирани во излетничкиот дел што се наоѓа над село Жировница. Вие знаете дека сме ние народ со широко срце и модерни сфаќања ама ова беше премногу и за нас. Воопшто не ни се допадна нивното однесување и ги замоливме да си заминат, но тие почнаа да ни прават проблеми, па моравме да побараме асистенција од полицијата. За среќа, успеавме да ги натераме да си заминат, но, сега слушам дека нашите комшии од Леуново имаат проблеми со истите луѓе, вели Аднан Салиу, претседател на месната заедница во село Жировница. Одговор побаравме и од НП Маврово, но директорот Самир Ајдини најави дека преку соопштение дополнително ќе се изјаснат во врска со случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/feed/ 0
Албанија: Претрес во кампот на муџахедините во Драч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-pretres-vo-kampot-na-mudhahedinite-vo-drach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-pretres-vo-kampot-na-mudhahedinite-vo-drach/#respond Tue, 20 Jun 2023 10:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=847774

Албанската државна полиција денеска соопшти дека започнала оперативна контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез, кај Драч, каде се сместени над три илјади лица. Според соопштението на Државната полиција, контролата доаѓа во рамките на одлуката на Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал. -Во спроведување на одлуката на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал и налогот за извршување на Обвинителството при овој суд, за контрола на сите простории и канцеларии во кои живеат лицата од хуманитарни цели, државната полиција во рамки на оперативен план, започна контрола на сите простории и канцеларии во кампот на МЕК, во Манез, Драч, соопшти полицијата. Додава дека во спроведување на контролните наредби издадени од Судот, Државната полиција презела мерки за нивно спроведување, со контролен план на просториите на територијата на кампот МЕК „строго применувајќи ја етиката и комуникацијата и почитувајќи ги основните права и слободи на сите граѓаните и заедницата што живее во овој камп“. Детални информации околу акцијата полицијата најавува по завршува на истата. Во меѓувреме медиумите, јавуваат дека дошло до судири меѓу полицајците и луѓето таму, кои се противеле и не дозволувале полицијата да врши контрола. Пренесувајќи изјави на припадници на муџахедините, тие тврдат дека полицијата употребила солзавец и оти едно лице е убиено, но полициски извори демантираат дека има жртви при контролата во кампот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-pretres-vo-kampot-na-mudhahedinite-vo-drach/feed/ 0
Сирија: Две бебиња починаа од студ во камп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-dve-bebinja-pochinaa-od-stud-vo-kamp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-dve-bebinja-pochinaa-od-stud-vo-kamp/#respond Thu, 03 Feb 2022 08:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=626262

Две бебиња, од кои едното седум дена, починаа во текот на ноќта, во камповите за раселени лица во сириската провинција Идлиб, поради леденото време. Леденото студено време во изминатите две недели го зафати северозападниот дел на Сирија, каде што живеат повеќе од 4 милиони раселени Сиријци. Околу 1,7 милиони од овие внатрешно раселени лица живеат во населби со шатори откако избегаа од силите на претседателот Башар ал-Асад. Најмалку уште три деца починаа од студ во последните две недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-dve-bebinja-pochinaa-od-stud-vo-kamp/feed/ 0
СКАНДАЛ: Средношколци од Скопје со шокантни активности на камп – си ги боеле половите органи, цртале слики со секс пози до манастир! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-srednoshkolci-od-skopje-so-shokantni-aktivnosti-na-kamp-si-gi-boele-polovite-organi-crtale-sliki-so-seks-pozi-do-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-srednoshkolci-od-skopje-so-shokantni-aktivnosti-na-kamp-si-gi-boele-polovite-organi-crtale-sliki-so-seks-pozi-do-manastir/#respond Tue, 28 Sep 2021 11:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=569392

Татко на средношколка од Скопје, за „Слободен печат“ сведочи дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“. Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со „Слободен печат“, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир. Целата вест, со аудио сведоштво можете да ја погледнете и слушнете на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-srednoshkolci-od-skopje-so-shokantni-aktivnosti-na-kamp-si-gi-boele-polovite-organi-crtale-sliki-so-seks-pozi-do-manastir/feed/ 0
Пожарот во мигрантскиот камп Липа ја уништи или оштети целата инфраструктура https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarot-vo-migrantskiot-kamp-lipa-ja-unishti-ili-oshteti-celata-infrastruktura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarot-vo-migrantskiot-kamp-lipa-ja-unishti-ili-oshteti-celata-infrastruktura/#respond Wed, 23 Dec 2020 16:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=447337

Пожарот во мигрантскиот капм Липа, во близина на Бихаќ е ставен под контрола, но целата инфраструктура е уништена или оштетена, изјави шефоt на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Босна и Херцеговина, Питер Ван дер Оверарт. Тој истакна дека пожарот бил предизвикан од мигрантите со палење на шаторите и контејнерите. Иако Советот на министри на БиХ минатата недела одлучи кампот Лила да остане и да бидат поставени контејнери во кои мигрантите ќе ја поминат зимата, ИОМ денеска одлучи да се затвори кампот поради недостиг на услови за претстој. На одлуката да кампот остане во Липа се спротивстави Партијата за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ, која побара мигрантски камппови да се постават и на територии каде не живеат само Бошњаци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarot-vo-migrantskiot-kamp-lipa-ja-unishti-ili-oshteti-celata-infrastruktura/feed/ 0
Со ваучер од „Кожувчанка” стани камперист на мадридистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-vaucher-od-kozuvchanka-stani-kamperist-na-madridistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-vaucher-od-kozuvchanka-stani-kamperist-na-madridistite/#respond Fri, 04 Jan 2019 11:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=148340

На 10 дена пред почетокот на вториот камп на мадридистите брендот „Кожувчанка“ подарува ваучери за учество на 5 деца во висина од 12.000 денари. Пријави се и искористи ја можноста која ти ја нуди „Кожувчанка". Доплати го остатокот од сумата и стани учесник на кампот кој се организира во 50 земји на планетава и е прогласен за најдобар фудбалски камп и камп со најголема репутација во светот. Пријавувањето направи го со испраќање порака на официјалната страна на Фејсбук “Кожувчанка”. Може да се пријавите и на телефон 075 329-745. Целосната понуда за фудбалскиот камп можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК. Кој прв ќе се пријави тој ќе ја има можност да ја искористи поволноста од „Кожувчанка". И не заборавај на кампот на најтрофејниот клуб на планетава кој се одржува од 14 до 18 јануари ќе почувствуваш светски фудбал, донесен преку шпански тренери, и секако кралско искуство. Пријавувањето е за момчиња и девојчиња од 7 - 17 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-vaucher-od-kozuvchanka-stani-kamperist-na-madridistite/feed/ 0
Почна пријавувањето за кампот на најтрофејниот фудбалски колектив на планетата ” Реал Мадрид” и оваа година поддржано од Кожувчанка https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochna-prijavuvanjeto-za-kampot-na-najtrofejniot-fudbalski-kolektiv-na-planetata-real-madrid-i-ovaa-godina-poddrzano-od-kozuvchanka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochna-prijavuvanjeto-za-kampot-na-najtrofejniot-fudbalski-kolektiv-na-planetata-real-madrid-i-ovaa-godina-poddrzano-od-kozuvchanka/#respond Wed, 21 Nov 2018 10:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=130283

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години. Кампот на Реал Мадрид Фондација може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височинина на сите момчиња и девојчиња кои ќе бидат дел од истиот. Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување. Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот , во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, спортски бон-тон, дружење и многу забава. Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа на кампот во јануари тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа. Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот. Комплетната понуда на вториот фудбалски камп Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia се состои во може да се најде на следниот линк https://bit.ly/2Bb2KnS Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија "Спорт Арена" првиот камп го направи во јуни оваа година во Скопје.На него поминаа 100-тина учесници, голем дел од Македонија но и учесници надвор од границите на татковината. Насмевката на нивните лица и задовоството кај нивините родители се најголема награда за добро завршената работа. На вториот камп организаторскиот дел е доверен на КМГ Спорт Агенција. Компанијата "Кожувчанка" својата општествена одговорност и грижата за здрав развој на најмладите ја потврдува со повторното партнерсво и на вториот камп на " мадридистите" Пријавувањето,  за да бидете дел од големото семејство на кралските "бели" е во тек. Истото може да се направи на следниот линк https://bit.ly/2K9FvxA . Фудбалската приказна на кралскиот светски гигант во Македонија продолжува во јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochna-prijavuvanjeto-za-kampot-na-najtrofejniot-fudbalski-kolektiv-na-planetata-real-madrid-i-ovaa-godina-poddrzano-od-kozuvchanka/feed/ 0
ФОТО: УМС на ВМРО-ДПМНЕ организира неколкудневен камп во Битола и Ресен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ums-na-vmro-dpmne-organizira-nekolkudneven-kamp-vo-bitola-i-resen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ums-na-vmro-dpmne-organizira-nekolkudneven-kamp-vo-bitola-i-resen/#respond Sun, 02 Sep 2018 09:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=95270

Најбројната младинска политичка организација во Македонија, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира неколкудневен камп во Битола и Ресен. Тие вчера кампуваа на плажата Стење на Преспанското езеро. Од УМС велат дека ваквите дружби ја зајакнуваат силата на нивната организација, како и допринесува за нови познанства меѓу младите, што е од голема важност, велат од таму. Младите кои се присутни на кампот велат дека се презадоволни од атмосферата и дружбата, а изразија и надеж дека вакви организирани рекреативни работи ќе ги има повеќе во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ums-na-vmro-dpmne-organizira-nekolkudneven-kamp-vo-bitola-i-resen/feed/ 0