кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 15:09:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 (ВИДЕО) Важно е да имаме дипломатија со капацитет, законите да важат подеднакво за сите и да нема непотизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vazhno-e-da-imame-diplomatija-so-kapatsitet-zakonite-da-vazhat-podednakvo-za-site-i-da-nema-nepotizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vazhno-e-da-imame-diplomatija-so-kapatsitet-zakonite-da-vazhat-podednakvo-za-site-i-da-nema-nepotizam/#respond Fri, 20 Oct 2023 15:09:42 +0000 https://kurir.mk/?p=891359

Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, граѓани продолжуваат со објавување на кратки видео пораки што според нив е важно. Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски порача дека за него важно е државата да има дипломатија со капацитет. -Важно е да имаме дипломатија со капацитет. А, тебе што ти е важно, праша Муцунски. Во кампањата се приклучи и адвокат Панче Тошковски кој рече дека за него важно е законите да важат подеднакво за сите. -Важно е законите еднакво да важат за сите граѓани во Република Македонија, изјави Тошковски. Според Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е важно да се реконструираат болниците. -Важно е да се реконструираат болниците во Македонија, вели Андоновска. Игор Јанушев, пратеник во македонското Собрание нагласи дека за него важно е да нема непотизам при вработување. -Важно е да нема непотизам и врски при вработување, потенцираше Јанушев. Пратеничката Лидија Петкоска порача дека за неа важно е да се исполнат барањата на лицата со оштетен слух. -Важно е да се исполнат барањата на лицата со оштетен слух, додаде Петкоска. „Покрај партиските функционери на партијата и активисти, се поголем број на граѓани се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ и го креваат својот глас за промени кои носат иднина. Секој еден е важен. Важно е да се обединиме“ - порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. https://youtube.com/shorts/hqYZXNGgq5w?si=zFWS75JjbnXy0vXn  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-vazhno-e-da-imame-diplomatija-so-kapatsitet-zakonite-da-vazhat-podednakvo-za-site-i-da-nema-nepotizam/feed/ 0
Кампањата за реизбор на Бајден нема да се концентрира на судските дела на Доналд Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kampanata-za-reizbor-na-bajden-nema-da-se-kontsentrira-na-sudskite-dela-na-donald-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kampanata-za-reizbor-na-bajden-nema-da-se-kontsentrira-na-sudskite-dela-na-donald-tramp/#respond Sun, 27 Aug 2023 19:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=871601

Кампањата за реизбор на Џо Бајден на претседателките избори идната година нема да се концентрира на судските дела на Доналд Трамп, кој претендира за номинација од Републиканската партија. -Не планираме да се концентрираме на правните проблеми на Доналд Трамп, изјави денеска Седрик Ричмонд, копретседател на изборниот штаб на Бајден, за Еј-бо-си њуз. Трамп веќе четврти пат оваа година е обинет за сторени сериозни кривични дела. Во четвртокот Трамп  доброволно се предаде на властите во затворот во Атланта и набрзо беше пуштен да се брани од слобода, по обвинение од повеќе точки за кривични дела поврзани со обидите да ги смени резултатите од изборите во 2020 година во државата Џорџија. Според резултатите од повеќето анкети, Трамп држи значајно водство во рејтингот меѓу републиканските избирачи, наспроти своте соперници во борбата за номинација од оваа партија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kampanata-za-reizbor-na-bajden-nema-da-se-kontsentrira-na-sudskite-dela-na-donald-tramp/feed/ 0
Царинската управа со кампања ќе се бори против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinskata-uprava-so-kampana-ke-se-bori-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinskata-uprava-so-kampana-ke-se-bori-protiv-koruptsijata/#respond Thu, 10 Aug 2023 08:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=865357

„Не замижувај, и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“. Ова е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата. Целта е граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да го пријават. Во рамки на кампањата на граничните премини ќе се делат брошури со кои ќе се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsarinskata-uprava-so-kampana-ke-se-bori-protiv-koruptsijata/feed/ 0
„Следи го сопствениот ритам“ – dm дрогерие маркт со нова кампања која има за цел подобрување на здравјето на жените https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledi-go-sopstveniot-ritam-dm-drogerie-markt-so-nova-kampana-koja-ima-za-tsel-podobruvane-na-zdravjeto-na-zhenite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledi-go-sopstveniot-ritam-dm-drogerie-markt-so-nova-kampana-koja-ima-za-tsel-podobruvane-na-zdravjeto-na-zhenite/#respond Thu, 13 Jul 2023 07:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=856130

Компанијата дм дрогерие маркт, која е препознатлива по својот општествено одговорен пристап, како и континуираната посветеност на зајакнувањето на заедницата, ова лето започна сеопфатна кампања посветена на социјалното, менталното и физичкото здравје на жените. Со почетокот на месец јули, под слоганот „Следи го сопствениот ритам“ dm дрогерие маркт го означи почетокот на широката иницијатива за подигнување на свеста за женското здравје: Во дванаесет земји во кои dm е присутен на пазарите, во период од неколку месеци, фокусот е на физичкото, менталното и емоционалното здравје на жените. Дополнително, dm сака да привлече внимание кон социјалните фактори кои се особено релевантни за здравјето на жените. „Сакаме да дадеме поттик за поздрав живот, да пружиме помош, да се занимаваме со табу теми и да привлечеме внимание на новите случувања и трендови. Околу 90 проценти од нашите купувачи и вработени се жени, па токму затоа оваа тема ни е посебно драга. Сакаме да се посветиме на грижата за женското здравје како дел од една сеопфатна иницијатива која ќе опфати повеќе сегменти од проблемите со кои се соочуваат жените“ – изјавија од компанијата по повод лансирањето на новата кампања.

Од жени за жени

Во соработка со стручни лица од повеќе области како гинеколози, советници за исхрана, ментални и фитнес тренери, како и други експерти, dm во наредните месеци ќе обработува одбрани теми од жени за жени. Широкиот опсег на теми, почнувајќи од физичко здравје и исхрана, нега на кожа, бременост и пост-породилни предизвици, па сѐ до ментално здравје се фокусира на женското зајакнување, грижата за себе и позитивниот став кон сопственото тело. Од почетокот на месец јули на своите канали и во самите дрогерии dm ќе обезбедува информации со кои сака позитивно да влијае на женското здравје и да ја поттикне свеста за тоа, како да се грижиме за себе.

{Заедно} за подобро утре – Конкурс за поддршка на женското здравје

Како дел од кампањата за женско здравје, дм дрогерие маркт распиша и конкурс, преку кој ги повикува сите институции, здруженија и установи (јавни и приватни) кои имаат свој проект, кој има за цел подобрување или зачувување на физичкото или менталното здравје на жените. Сите заинтересирани може да се пријават и да учествуваат со свој нов или веќе постоечки проект со пополнување на барањето на следната веб страната dm-zaedno.mk , а најсоодветните проекти ќе бидат одбрани од страна на компанијата и ќе ја добијат бараната поддршка во форма на производи или делумно или целосно финансирање на проектот. Конкурсот трае до 20 август, а компанијата ги охрабрува сите заинтересирани да земат активно учество во конкурсот со цел создавање на подобри услови за развој и поддршка на женското здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sledi-go-sopstveniot-ritam-dm-drogerie-markt-so-nova-kampana-koja-ima-za-tsel-podobruvane-na-zdravjeto-na-zhenite/feed/ 0
„Тој доаѓа“ – нова кампања на ДУИ, се работи ли за премиерот Албанец? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toj-doaga-nova-kampana-na-dui-se-raboti-li-za-premierot-albanets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toj-doaga-nova-kampana-na-dui-se-raboti-li-za-premierot-albanets/#respond Thu, 16 Mar 2023 10:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=812638

Слоганот „Да, тој доаѓа“ се најде на социјланите мрежи споделуван од активисти на ДУИ. Се шпекулира дека можеби станува збор за кампања со која партијата го најавува премиерот Албанец во техничката влада или сличен проект. Засега нема информации од ДУИ во врска со значењето на слоганот. ДУИ имаше кампања за премиер Албанец на парламентарнинте избори во 2020 година, со називот „Псе јо“, во превод, „А зошто да не?“. Вицепремиерот Артан Груби неодамна во интервју за косовската телевизија Дукаќини изјави дека договор меѓу Али Ахмети и Зоран Заев за албански премиер уште важи и во новата влада на Димитар Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toj-doaga-nova-kampana-na-dui-se-raboti-li-za-premierot-albanets/feed/ 0
Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски во „Кампања“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-lube-boshkoski-vo-kampana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-lube-boshkoski-vo-kampana/#respond Wed, 22 Feb 2023 11:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=803625

Основниот кривичен суд Скопје во повторената постапка врз основа на пресуда на Европскиот суд за човекови права, денеска донесе ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, во врска со случајот „Кампања“. Лидерот на Обединети за Македонија и советник во Владата беше уапсен на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор, а во 2016 година излезе од затворот во Идризово каде ја отслужуваше казната. Европскиот суд за човекови права во 2020 година пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци. Во 2021 година, по барање на одбраната, судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ беше вратено на повторно судење. – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно, соопшти Кривичниот суд своевремено. Од страна на Специјалното обвинителство во 2017 година беше поднесено обвинение за тортура и нечовечно постапување при апсењето на Бошкоски во „Кампања“, против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков и седуммина припадници на „алфите“ во МВР. Судењето започна на 28.02.2018 година, а пред самиот крај, судењето се врати од почеток поради промена на член-поротник во Судечкиот совет. Во јули 2021, Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Сашо Мијалков во предметот „Тортура“. Според Судот, обвинителството не докажало надвор од основано сомнение дека обвинетите се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-lube-boshkoski-vo-kampana/feed/ 0
Салвини ја почнува својата предизборна антимигрантска кампања од островот Лампедуза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-ja-pochnuva-svojata-predizborna-antimigrantska-kampanja-od-ostrovot-lampeduza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-ja-pochnuva-svojata-predizborna-antimigrantska-kampanja-od-ostrovot-lampeduza/#respond Thu, 04 Aug 2022 08:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=713885

Италијанскиот екстремнодесничарски лидер Матео Салвини ќе ја започне својата кампања за парламентарните избори од островот Лампедуза во Средоземното Море, каде секоја година десетици илјади мигранти се симнуваат од бродови. Како што често се случува лете, кога времето е поубаво и намалени се ризиците при патување од Северна Африка, сместувачкиот центар на островот е преполн – таму се регистрирани над 1.500 лица, трипати повеќе од капацитетот. Камен – темелник на програмата на Салвини се идеите за запирање на миграциските текови и граничните контроли. На изборите закажани за 25 септември, неговата партија „Лига“ ќе се претстави со своите сојузници – десничарската „Напред, Италија“ и постфашистичката „Италијански браќа“. Тие се сметаат за фаворити со оглед на неединството на левата страна – меѓу нивните ривали. – Италија не може да прими десетици илјади имигранти, кои носат само проблеми, доаѓајќи од другиот крај на светот, изјави тој пред денешната посета на островот Лампедуза, каде и ќе преноќи. Како министер за внатрешни работи во 2019 година, Салвини спречи низа хуманитарни спасувачки бродови со мигранти да се симнат во Италија. Според анкетите, имиграцијата не ги загрижува толку Италијанците, колку економските прашања со оглед на високата инфлација, што ја намалува куповната моќ и ги зголемува сметките за струја и гориво. Изминативе месеци анкетите покажуваат дека „Лига“ заостанува зад партијата „Италијански браќа“, раководена од Џорџија Мелони, која исто така повикува на „морска блокада“, со цел спречување на мигрантите да дојдат до Медитеранот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/salvini-ja-pochnuva-svojata-predizborna-antimigrantska-kampanja-od-ostrovot-lampeduza/feed/ 0
СВР Тетово со активности во рамки на кампањата „Лето без пожари 2022“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-aktivnosti-vo-ramki-na-kampanjata-leto-bez-pozari-2022/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-aktivnosti-vo-ramki-na-kampanjata-leto-bez-pozari-2022/#respond Wed, 13 Jul 2022 10:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=704426

Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција заедно со претставници од Јавното претпријатие „Национални шуми“ -Подружница Лешница Тетово, денеска на наплатната станица Желино им поделија на речиси 200 возачи флаери. Како што истакнува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски ова е дел од планираната активност во рамките на кампањата за заштита од пожари „Лето без пожари 2022“, која неодамна беше промовирана во Скопје. -Во дистрибуираните флаери, изработени на македонски и албански јазик, граѓаните поблиску се информираат и се предупредуваат на опасностите од настанување на пожари, на најчестите причини за нивно избувнување, а во нив се наведени и законските импликации, но и последиците од огнените стихии и особено од оние од поголеми размери. Цел на кампањата во која се вклучени и неколку високообразовни институции од нашата земја, Противпожарниот сојуз, Шумска полиција, професори и студенти е навреме да се превенираат пожарите на отворен простор во летниот период и пред се шумските, кои неретко завршуваат со тешки последици по шумите и имотот и животот на луѓето, вели Јосифоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svr-tetovo-so-aktivnosti-vo-ramki-na-kampanjata-leto-bez-pozari-2022/feed/ 0
Се соблече Сека Алексиќ: Позираше заводливо и за тоа наплати 25.000 евра (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-sobleche-seka-aleksikj-pozirashe-zavodlivo-i-za-toa-naplati-25-000-evra-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-sobleche-seka-aleksikj-pozirashe-zavodlivo-i-za-toa-naplati-25-000-evra-video/#respond Mon, 11 Jul 2022 15:41:50 +0000 https://kurir.mk/?p=703392

Пејачката Сека Алексиќ неодамна стана заштитно лице на уникатен козметички бренд и гордо го презентираше на своите социјални мрежи, а за нејзината вклученост во промоцијата на оваа луксузна козметичка линија доби завиден хонорар. Алексиќ потпиша шестмесечен договор и стана побогата за 25.000 евра. -Сека е една од најубавите природни јавни личности, нејзината кожа е беспрекорна и јасно е зошто таа беше изборот на оваа престижна козметичка компанија. Успеаја да се договорат за помалку од една недела и не штедеа трошоци само за таа да се согласи да биде нивно лице. Бидејќи трошокот за рекламирање на нејзините социјални мрежи не е мал, се договориле за шестмесечна промоција и Сека земала хонорар од 25.000 евра, вели изворот и открива дека Алексиќ одлучила половина од хонорарот да го препрати во хуманитарни цели. Ова секси видео за кампањата која ја наплатила 25.000 евра доби низа коментари од воодушевени фанови.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-sobleche-seka-aleksikj-pozirashe-zavodlivo-i-za-toa-naplati-25-000-evra-video/feed/ 0
Галеника ја освои регионалната награда „Digital Cup Awards“ за најдобра дигитална ребрендинг кампања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galenika-ja-osvoi-regionalnata-nagrada-digital-cup-awards-za-najdobra-digitalna-rebrending-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galenika-ja-osvoi-regionalnata-nagrada-digital-cup-awards-za-najdobra-digitalna-rebrending-kampanja/#respond Thu, 09 Jun 2022 10:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=688795

На неодамна одржаната конференција Social Media Summit во Сараево, Галеника ја освои „Digital Cup Awards“ наградата во категорија – најдобра кампања на годината за ребрендирање. „Digital Cup Awards“ е стручна награда која се доделува на компании и брендови за најквалитетна и најпрофесионална дигитална кампања во изминатата година. Натпреварот е од регионален карактер и учествуваа 67 компании од сите земји во Адриатик регионот. Се доделија 20 награди во различни категории, додека стручното жири, составено од експерти во регионот во областа на дигиталниот маркетинг, на Галеника и ја додели наградата „НАЈДОБАР РЕБРЕНДИНГ НА ГОДИНАТА“, по детална анализа на кампањата од сите учесници во оваа категорија.
„Да бидете препознаени како најдобар во некоја категорија покажува колку добро ја работиме својата работа и ни дава поттик да продолжиме најдобро и најквалитетно, затоа што нашите потрошувачи тоа го заслужуваат. Регионалната награда за најдобра дигитална кампања зборува за тоа колку Галеника, како компанија, има своја модерна работна визија. Новиот визуелен идентитет на компанијата дојде по инвестицискиот и трансформацискиот циклус кој е реализиран претходните години, а кој резултираше со модернизација на компанијата и дигитализација на работењето. Со ова, во врска со ребрендинг кампањата која ја реализиравме, имавме цел да ја смениме перцепцијата кај потрошувачите и да воведеме нов визуелен идентитет како показател за иновативниот правец по кој се движи компанијата“, вели Наид Губалевиќ, менаџер за Босна и Херцеговина во компанијата Галеника.
Галеника ја реализираше ребрендинг кампањата под слоганот „Посветени на луѓето, верни на здравјето“ во средината на 2021 година. Кампањата имаше цел да воведе нов визуелен идентитет преку боите кои симболизираат вредност на компанијата и уште повеќе ја рефлектираат нејзината мисија и посветеност на здравјето и одговорното работење. * * * Фармацевтската компанија Галеника е основана 1945 година. Кон крајот на 2017 година, стана дел од NC Групацијата (www.gruponc.net.br), која ја опфаќа и ЕМС – најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Галеника е на второ место по пазарно учество во Србија, а произведува генерички лекови, диететски суплементи, козметички производи и медицински средства. Стратегијата на Групата е развој на Галеника како модерна и флексибилна компанија, фокусирана на истражување и развој, која константно работи на унапредување на своите производи за унапредување на здравјето и квалитетот на живот, на задоволство на клиентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/galenika-ja-osvoi-regionalnata-nagrada-digital-cup-awards-za-najdobra-digitalna-rebrending-kampanja/feed/ 0