кан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 07:36:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Сите погледи вперени кон Ирина Шаек во Кан, две ленти преку градите и истакнати стомачни мускули https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-site-pogledi-vpereni-kon-irina-shaek-vo-kan-dve-lenti-preku-gradite-i-istaknati-stomachni-muskuli/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-site-pogledi-vpereni-kon-irina-shaek-vo-kan-dve-lenti-preku-gradite-i-istaknati-stomachni-muskuli/#respond Mon, 22 May 2023 07:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=837259

Ирина Шаек се погрижи сите погледи да бидат вперени кон неа на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, појавувајќи се во кожен горен дел и здолниште кои ја истакнаа нејзината фигура. Манекенката на 76-тото издание на фестивалот во Кан пристигна во кожен топ кој беше составен од две вкрстени ленти преку градите, и кожно здолниште со низок струк. Ова парче облека одлично ја следеше нејзината фигура, а во преден план беа нејзините стомачни мускули. Се чини дека 37-годишната убавица е речиси без шминка. Руската манекенка оваа недела присуствуваше на премиерата на филмот „Firebrand“ („Le Jeu De La Reine“), а модното издание го заокружи со блескав дијамантски ѓердан со привезок во форма на капка.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-site-pogledi-vpereni-kon-irina-shaek-vo-kan-dve-lenti-preku-gradite-i-istaknati-stomachni-muskuli/feed/ 0
Мајкл Даглас ja доби почеснaта „Златна палма“ во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkl-daglas-ja-dobi-pochesnata-zlatna-palma-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkl-daglas-ja-dobi-pochesnata-zlatna-palma-vo-kan/#respond Wed, 17 May 2023 07:19:52 +0000 https://kurir.mk/?p=835104

Американскиот глумец Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на 76. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Претставувајќи го Даглас, неговата колешка, глумицата Ума Турман го опиша како „еден и единствен - и како продуцент, и како легендарна филмска ѕвезда“. -Ова ми значи многу, бидејќи има толку многу фестивали ширум светот, но има само еден Кан!, рече 78-годишниот глумец, оценувајќи ја наградата како - неверојатна чест. Коментирајќи го фактот дека е „постар од фестивалот“, Даглас се осврна на својата кариера и кариерата на неговите соработници во филмската индустрија. Тој на настанот пристигна со својата сопруга Кетрин Зета-Џонс. За време на свеченото отворање на Фестивалот, Кјара Мастројани рече: - Смислата на овој Фестивал беше и останува да ја евоцира нашата слобода... Да ја изразиме силата и кревкоста на нашето постоење. Таа како водителка го поздрави жирито, предводено од Рубен Остлунд. Настанот го отвори филмот „Жан ду Бери“ (Jeanne du Barry) - драма сместена во 18. век, на француската режисерка Мајвен, за кралот Луј Петнаесетти кој се вљубил во проститутката Мари-Жан Бека. Џони Деп ги глуми монархот, а Мајвен - Бека. Фестивалот на француската ривиера, ќе трае до 27 мај, и вклучува мноштво први прикажувања, вклучувајќи ги новиот „Индијана Џонс“ филм денеска, што ќе биде петтиот дел од серијалот и последен во којшто ќе глуми Харисон Форд како славниот археолог. В сабота ќе биде прикажан најновиот филм на Мартин Скорсезе - „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) со Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро во главните улоги. Истиот ден посетителите ќе можат да ги погледнат Натали Портман и Џулијан Мур во филмот на Тод Хејнс - „Мај, декември“. Тоа се само дел од 21 филм коишто се натпреваруваат за „Златна палма“. Меѓу режисерите има седум жени - најмногу досега, а во списокот номинирани се уште неколку досегашни лауреати - двократниот победник од Велика Британија, Кен Лоуч, како Јапонецот Хироказу Коре-едо и Германецот Вим Вендерс... На чело на жирито е минатогодишниот добитник, Швеѓанецот Рубен Остлунд („Триаголник на тагата“), а членови се и холивудските ѕвезди Бри Ларсон и Пол Дејно. Околу илјада полицајци и чувари работат на фестивалот поради страв од политички мотивираните протести во Франција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/majkl-daglas-ja-dobi-pochesnata-zlatna-palma-vo-kan/feed/ 0
Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochnuva-76-megunaroden-filmski-festival-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochnuva-76-megunaroden-filmski-festival-vo-kan/#respond Tue, 16 May 2023 06:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=834587

Меѓународниот филмски фестивал во Кан почнува денеска, со црвен тепих на којшто ќе зачекорат бројни ѕвезди, меѓу кои Харисон Форд, Џони Деп и Натали Портман. Во трката за „Златна палма“ се натпреваруваат 21 филм. Швеѓанецот Рубен Остлунд, минатогодишен добитник на главната награда за филмот „Без филтер“, годинава е претседател на жирито. Заштитно лице на годинашното, 76. издание на Фестивалот е француската глумица Катрин Денев со огромниот портрет од неа на влезот од палатата. Фестивалот ја избра ќерката на Катрин Денев и италијанскиот актер Марчело Мастројани, Кјара Мастројани, исто така глумица, за официјално да го отвори и затвори настанот на 27 мај. Меѓу ѕвездите кои се натпреваруваат за „Златната палма“, има и веќе наградувани личности како Британецот Кен Лоуч (86), двократен добитник (2006 и 2016), Германецот Вим Вендерс, кој ја доби наградата во 1984 година за филмот „Париз - Тексас“, и Италијанецот Нани Морети. Во Кан се враќа и финскиот режисер Аки Каурисмаки со „Исушено лисје“, како и Италијанецот Марко Белокио (83) со „Киднапирање“. Јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда, доботник на „Златната палма“ во 2018 година за филмот „Семејна афера“, овојпат ќе го претстави филмот „Чудовиште“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochnuva-76-megunaroden-filmski-festival-vo-kan/feed/ 0
Премиерата на „Индијана Џонс 5“ во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premierata-na-indijana-dhons-5-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premierata-na-indijana-dhons-5-vo-kan/#respond Tue, 04 Apr 2023 08:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=819918

Долгоочекуваниот нов филм од серијалот за археологот-авантурист Индијана Џонс, кого за последен пат ќе го глуми Харисон Форд, ќе биде премиерно прикажан на францускиот Филмски фестивал во Кан во мај, потврдија организаторите. „Индијана Џонс и Бројчаникот на судбината“ (Indiana Jones and the Dial of Destiny), со Фиби Волер-Бриџ и Антонио Бандерас покрај Форд, е петтиот дел оваа филмска авантура. Холивудскиот ветеран веќе најави дека ова ќе биде негов последен „Индијана Џонс“ филм. За тој филмски лик светот првпат дозна 1981 година, со филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (Raiders of the Lost Ark). Дејството на петтиот филм е сместено во времето на светската тн. „вселенска трка“ од 60-тите и содржи ретросцени во коишто 80-годишниот актер е дигитално подмладен. Ова е и првиот филм што не е режиран од Стивен Спилберг. Тој ја потпишува продукцијата на филмот, но режисерската палка му ја предаде на Џејмс Манголд. Фестивалот во Кан оваа година ќе трае од 16. до 27 мај, а неговата целосна официјална програма ќе биде објавена следниве неколку недели. Меѓу скудните информации, потврдено е дека најновиот филм на Мартин Скорсезе и Леонардо ди Каприо, „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) ќе има премиера на фестивалот на 20 мај. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/premierata-na-indijana-dhons-5-vo-kan/feed/ 0
Отворен 75. Филмски фестивал во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-75-filmski-festival-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-75-filmski-festival-vo-kan/#respond Tue, 17 May 2022 19:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=678052

Престижниот Филмски фестивал во Кан денеска беше отворен по 75-ти пат, а на црвениот теших се појавија многу ѕвезди и гости кои ги вратија возбудата и гламурот во модниот град, што овој пат е придружен и со контроверзиите околу одбивањето на акредитацијата на руските филмаџии и новинари. „Кан 2020“ не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, а минатата година се одржа во посебни услови. -Едноставно кажано, пресреќен сум, изјави претседателот на жирито Винсент Линдон на прес-конференција. Во жирито се вклучени повеќе актери и режисери, меѓу кои Ребека Хол, Номи Рапејс, Дипика Падукон, Џеф Николс и Асгар Фархади. Најголемиот филмски фестивал во светот се одржува од 17 до 28 мај, а враќањето кон свеченостите, забавите, гламурот и парите дава надеж дека гледачите во голем број ќе се вратат во кината. Фестивалот беше отворен со проекција на филмот за зомби „Final Cut“ во режија на Мишел Хазанавичиус, а гледачите ќе можат да го погледнат и филмот на Том Круз „Топ Ган: Маверик“. Том Круз со ова се врати во Кан прв пат по 30 години. Почесната златна палма за животно дело ќе ја прими Форест Витакер. Неговата продуцентска куќа ќе го прикаже „За доброто на мирот“, документарен филм за војната во Јужен Судан. Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да им ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада. Но, подоцна некои новинари добија акредитации, не наведувајќи кои. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-75-filmski-festival-vo-kan/feed/ 0
Македонскиот филм повторно во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskiot-film-povtorno-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskiot-film-povtorno-vo-kan/#respond Mon, 16 May 2022 09:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=677268

Агенцијата за филм на Република Македонија и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет кој се одржува од 17. до 25. мај во рамки на Канскиот филмски фестивал каде ќе биде промовирана македонската кинематографија. -Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе имаат и долгометражните филмови „Мими“ во режија на Даријан Пејовски и продукција на Скопје филм студио, „Кома“ во режија на Агим Абдула, а во продукција на Галактика филм, и „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова и продукција на ДНФ филм, информираат од Агенцијата за филм. Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски (Сузи Кју продукција) е селектиран во Каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови (Short film corner / Cannes court metrage / rendez vous industry). Проекцијата во рамките на филмскиот маркет е закажана на 26 мај, 2022 (четврток) во PALAIS H во 16:30 часот. -Меѓудругото, нашата продуцентка Марија Димитрова е избрана меѓу 20-те Producers on the move, програма на European Film promotion, меѓународна мрежа за филмска промоција каде Агенцијата за филм е членка. Воедно, режисерката Дина Дума ќе биде присутна во резиденцијалната програма Residence du Festival која се одржува во соработка со француското CNC, каде на 18. мај ќе го презентира новиот проект во развој Skateboarding is not for girls, известуваат од Агенцијата за филм. Оттаму истакнуваат дека освен ова успешно претставување на нашата кинематографија на престижниот Кански филмски фестивал, Агенцијата за филм ќе реализира низа активности во насока на афирмација на македонскиот филм на еден од најважните филмски фестивали во светот. -Македонскиот штанд во SEE павиљонот ќе биде место на кое македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе реализира средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталогизиран и промотивен материјал, велат од Агенцијата. Сите присутни на Филмскиот маркет кои ќе го посетат павилијонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE pavilion), а се заинтересирани за потенцијални идни соработки и иницијативи ќе имаат можност да остварат состаноци со претставници од Агенцијата. -Покрај промотивниот штанд Агенцијата за филм ќе биде присутна и на он-лајн платформата на маркетот каде сите оние кои не се во можност да присуствуваат на физичкото издание на маркетот ќе имаат можност да ги проследат сите активности и информации преку виртуелната платформа Marche du film online, известуваат од Агенцијата за филм. Годинешното, 75-то издание, на Канскиот филмски фестивал ќе биде отворено со светската премиера на филмот „Топ ган: Маверик“ и воедно ќе се оддаде почит на актерот Том Круз.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskiot-film-povtorno-vo-kan/feed/ 0
Прва жена претседателка на Филмскиот фестивал во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prva-zena-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prva-zena-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-kan/#respond Fri, 25 Mar 2022 08:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=653107

Одборот на директори на Асоцијацијата на филмските фестивали во Франција ја избра Ирис Ноблох, поранешна шефица на „Ворнер брос“ во земјата, за претседателка на Канскиот филмски фестивал. - Советот на Асоцијацијата ја назначи Ирис Ноблох за прва жена претседателка на Канскиот филмски фестивал. Таа ќе ја преземе функцијата на 1 јули со тригодишен мандат, се вели во соопштението. Според прописите на фестивалот, претседателот се избира со тајно гласање. – Мило ми е што Ирис Ноблох ќе ни се придружи и среќен сум што нејзе ѝ ја препуштам „диригентската палка“, бидејќи таа несомнено ќе покаже визија и талент на нејзината нова позиција, изјави Пјер Лескор, актуелен претседател на фестивалот. Ноблох досега, 15 години, работела во „Ворнермедија“ за Франција, Бенелукс, Австрија, Германија и Швајцарија. Има глумено и во филмови на Клинт Иствуд, Кристофер Нолан, Стенли Кјубрик и Стивен Содерберг. Во 2008 година, таа ја доби почесната титула кавалер на францускиот Орден на Легијата на честа (Chevalier de l’Ordre de la Legion d’Honneur). Филмскиот фестивал во Кан оваа 2022 година ќе се одржува од 17 до 28 мај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prva-zena-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-kan/feed/ 0
Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/#respond Wed, 02 Feb 2022 21:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=626150

Големото изненадување Буркина Фасо не успеа да го помине и Сенегал, Садио Мане се радува на пласман во финалето. Уште во првото полувреме натпреварот беше динамичен, имаше напади и на двете страни, но мрежите мируваа дури до 70. минута кога Диаоло погоди за водство на Сенегал од 1-0. Само шест минути подоцна по асистенција од Мане, Геј го зголеми водството на 2-0, но во 82. минута Туре реализира и ја врати селекцијата на Буркина Фасо во игра. Сите нивни надежи ги сруши Мане кој погоди во 87. минута за конечна победа на Сенегал од 3-1. Утре се игра второто полуфинале, Камерун против Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/senegal-e-prviot-finalist-na-afrikanskiot-kup-na-nacii/feed/ 0
Во Кан вечерва почнува 74-от Меѓународен филмски фестивал https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vo-kan-vecherva-pochnuva-74-ot-megjunaroden-filmski-festival/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vo-kan-vecherva-pochnuva-74-ot-megjunaroden-filmski-festival/#respond Tue, 06 Jul 2021 09:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=532671

Во Кан вечерва почнува 74-то издание на Меѓународниот филмски фестивал, на којшто за Златната палма ќе се натпреваруваат 24 филма. Фестивалот ќе биде отворен со домашниот филм на режисерот Лео Каракс – „Анет“ (Франција). На списокот филмови во трката за Златна палма, меѓу другите, се и дела на Италијанецот Нани Морети, Американецот Шон Пен, Русинот Кирил Серебреников и Французинот Жак Одијар. Во конкуренција се и „Француска диспечерка“ на американскиот режисер Вес Андерсон и „Бенедета“ на Холанѓанецот Пол Верховен. Американскиот режисер Спајк Ли ќе биде претседател на жирито, додека американската глумица и режисерка Џоди Фостер, пак, ќе ја добие почесната Златна палма. Повеќе од 60 филмови ќе бидат прикажани за време на фестивалот, кој ќе трае до 17 јули. Канскиот фестивал, кој обично се одржува секој мај, беше преместен во јули годинава поради пандемијата на коронавирусот. Нема повеќе полициски час или ограничувања за бројот луѓе во киносалите во Кан, но носењето маска останува задолжително во затворен простор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/vo-kan-vecherva-pochnuva-74-ot-megjunaroden-filmski-festival/feed/ 0
Нојер го сруши рекордот на Кан за „суви“ мрежи во Бундеслигата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nojer-go-srushi-rekordot-na-kan-za-suvi-mrezi-vo-bundesligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nojer-go-srushi-rekordot-na-kan-za-suvi-mrezi-vo-bundesligata/#respond Sun, 24 Jan 2021 20:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=459272

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер успеа да ја зачува неначната мрежата во 18. коло од германскиот фудбалски шампионат против неговиот поранешен клуб Шалке (4:0). Овој натпревар стана 197-та „сува“ мрежа во Бундеслигата за Нојер по што тој го сруши рекордот на Оливер Кан. Поранешниот голман на Германија во текот на својата кариера имаше 196 „чисти“ мрежи бранејќи за Карлсруе и Баерн Минхен во периодот од 1987 до 2008 година. Нојер е во Баерн Минхен од 2011 година, а пред тоа ги бранеше боите на Шалке.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nojer-go-srushi-rekordot-na-kan-za-suvi-mrezi-vo-bundesligata/feed/ 0