канадер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 16:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канадер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција тагува по пилотите кои загинаа во канадерот: Едниот од нив не доживеа да го види своето дете https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-taguva-po-pilotite-koi-zaginaa-vo-kanaderot-edniot-od-niv-ne-dozhivea-da-go-vidi-svoeto-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-taguva-po-pilotite-koi-zaginaa-vo-kanaderot-edniot-od-niv-ne-dozhivea-da-go-vidi-svoeto-dete/#respond Wed, 26 Jul 2023 16:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=860378 Фото: screenshot ERT

Двајца офицери на грчките воздухопловни сили, капетанот Христос Мулас (34) и потпоручникот Периклис Стефанидис (27), загинаа во вторникот, нешто пред 15 часот по локално време, додека се обидувале да го изгаснат пожарот во близина на селото Платанистос, во Регионот Каристос во Евија. Само неколку минути пред трагичниот маневар тие го известиле центарот на воениот аеродром кај Волос, од каде што полетале, дека го „исфрлаат последниот товар“ и најавиле враќање во базата. Снимател на државната ЕРТ (Грчка радио телевизија) ја снимил таа фатална половина минута во која може да се види како Мулас и Стефанидис исфрлаат 5,5 тони вода од нивниот Канадер-215, а потоа од непознати причини со десното крило удриле на самиот врв на дрво во шумата која ја прелетувале. Канадерот се урнал во планинскиот предел по што следувала експлозија. Истото попладне, специјален тим на воздухопловните сили спроведе истрага и ја потврди смртта на двајцата пилоти. Христос Мулас, капетан по чин, искусен пилот на противпожарни авиони, е родум од Ханија, од Крит. Тој не доживеа да го види своето дете. Неодамна ги повикал колегите да ја прослават бременоста на неговата сопруга, радувајќи се на татковството. Периклис Стефанидис е роден во Кукуш, посетувал гимназија во Солун, а по завршувањето на летачката школа „Икарион“ се вклучил во противпожарната авијација. Звучи неверојатно дека на 23 јули 2007 година, недалеку од местото на вчерашната трагедија, во близина на градот Стира, загинаа и двајца пилоти кога нивниот противпожарен авион се урна при гаснење пожари на Евија. Вооружените сили на Грција прогласија тридневна жалост.]]>
Фото: screenshot ERT

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-taguva-po-pilotite-koi-zaginaa-vo-kanaderot-edniot-od-niv-ne-dozhivea-da-go-vidi-svoeto-dete/feed/ 0
ФОТО: Ова се пилотите кои загинаа откако се урна канадер кој гаснеше пожар во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-ova-se-pilotite-koi-zaginaa-otkako-se-urna-kanader-koj-gasneshe-pozhar-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-ova-se-pilotite-koi-zaginaa-otkako-se-urna-kanader-koj-gasneshe-pozhar-vo-grtsija/#respond Wed, 26 Jul 2023 09:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=860165

Капетанот на ескадрилата Христос Мулас (34) и копилотот, втор поручник Периклис Стефанидис (27), загинаа вчера во падот на канадерот во Грција. Тие беа вклучени во гаснењето на пожарите кои беснеат во Грција. Додека гаснеле пожар во близина на селото Платанистос во Каристос, нивното летало се урнало за време на маневар и тие загинаа додека ја извршувале својата должност. Според грчките медиуми, Стефанидис и Мулас полетале нешто пред 12 часот со ЦЛ-215 од аеродромот Агиалос на пат кон Каристос. Малку по 15:00 часот, откако испуштиле вода на жариштето, нивниот авион со десното крило удрил во дрво, што довело до губење на висината и авионот се урнал во следниот момент. Неколку секунди откако канадерот паднал покрај потокот, авионот експлодирал. Двајца млади пилоти загинаа и покрај напорите на пожарникарите да го изгаснат пожарот и да ги извлечат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-ova-se-pilotite-koi-zaginaa-otkako-se-urna-kanader-koj-gasneshe-pozhar-vo-grtsija/feed/ 0
Се урна Канадер на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Tue, 25 Jul 2023 12:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=859853

Авион од типот Канадер се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во канадерите најчесто има две лица, пилот и копилот, а засега не познато дали преживеале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-urna-kanader-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0