канадска провинција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 14:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канадска провинција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Експериментална декриминализација на тешки дроги во канадската провинција Британска Колумбија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperimentalna-dekriminalizatsija-na-teshki-drogi-vo-kanadskata-provintsija-britanska-kolumbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperimentalna-dekriminalizatsija-na-teshki-drogi-vo-kanadskata-provintsija-britanska-kolumbija/#respond Tue, 31 Jan 2023 14:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=794305

Канадската провинција Британска Колумбија денеска започна пилот програма за декриминализирање на поседувањето мали количини тешки дроги како кокаин и хероин. Според програмата возрасните можат да поседуваат до 2,5 грама кокаин и хероин, како и метамфетамин, фентанил и морфин. Сојузната Влада на Канада го одобри барањето на таа провинција на западниот брег на Тихи Океан да го спроведе овој експеримент во траење од три години, слично на политиката во блиската американска држава Орегон, каде тешките дроги беа декриминализирани во 2020 година. Пред започнувањето на пилот програмата, властите во Британска Колумбија и федералните институции усвоија правила за одобрени исклучоци од Законот за контролирани дроги и супстанции на федерално ниво. Иако поседувањето на тие супстанции сепак ќе биде нелегално, возрасните кои поседуваат вкупно помалку од 2,5 грама тешка дрога нема да бидат уапсени, обвинети и нема да им биде конфискувана дрогата. Наместо тоа, ќе им бидат понудени информации за достапните здравствени и социјални услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksperimentalna-dekriminalizatsija-na-teshki-drogi-vo-kanadskata-provintsija-britanska-kolumbija/feed/ 0