канал 5 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jan 2023 14:10:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канал 5 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Расчистен случајот со заканата кон вработени на Канал 5 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raschisten-sluchajot-so-zakanata-kon-vraboteni-na-kanal-5/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raschisten-sluchajot-so-zakanata-kon-vraboteni-na-kanal-5/#respond Tue, 17 Jan 2023 14:10:54 +0000 https://kurir.mk/?p=788464

На 17.01.2023 во 12:00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија извршен е службен разговор со Р.Е. (47) од Гевгелија, поради упатени закани преку интернет кон вработени во Канал 5 телевизија. Р.Е. го признал делото и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Гевгелија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raschisten-sluchajot-so-zakanata-kon-vraboteni-na-kanal-5/feed/ 0
Канал 5: Над 110 заболени од коронавирус денес во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal-5-nad-110-zaboleni-od-koronavirus-denes-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal-5-nad-110-zaboleni-od-koronavirus-denes-vo-makedonija/#respond Wed, 03 Jun 2020 08:51:16 +0000 https://kurir.mk/?p=353180

Канал 5 неофицијално дознава дека бројката на новозаразени во последните 24 часа ќе биде меѓу 110 и 120 лица. Доколку се потврдат овие бројки на новозаболени ова ќе биде вториот најголем пик по средината на април. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal-5-nad-110-zaboleni-od-koronavirus-denes-vo-makedonija/feed/ 0
Канал 5: Има ли министерката за правда двојни стандарди кога е ДИК во прашање? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal-5-ima-li-ministerkata-za-pravda-dvojni-standardi-koga-e-dik-vo-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal-5-ima-li-ministerkata-za-pravda-dvojni-standardi-koga-e-dik-vo-prashanje/#respond Sun, 24 May 2020 19:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=349862

Има ли министерката за правда Рената Десковска двојни стандарди кога се работи за Државната изборна комисија и медиумите. Повеќе од 3 месеци националните телевизии но и другите, се обидуваат да им објаснат на Дерковски, Кондарко и другите членови на ДИК дека математиката е егзактна наука, објави Канал 5. Нивната анализа ја пренесуваме во продолжение: Имено после неколкуте состаноци ДИК донесе упатство во кое објаснува дека просечната цена за рекламирање кај  радиодифузертите за овие избори е воедно и максималана цена, што е навистина зачудувачки. Но незаконското толкување на членовите на ДИК е работа која за која еден ден ќе мора да се понесе одговорност за евентуалните финансиски штети кои ќе ги трпат радиодифузерите. Она што изненадува е индиферентниот однос на министерката за правда Десковска во интервјуто за канал 5 каде вели дека е неприфатливо да се менуваат клучни правила среде изборен процес. Во истото интервју Десковска проблемот го лоцира не во нормата туку во толкувањето од страна на Дик но што можат радиодифузерите да направат во однос на катасрофалното толкување на ДИК кога тие го изедначуваат терминот просек и максимална цена. Која е моќта на радиодифузерите кои сега ќе трпат штети, ако тоа не го направат Владата, министрите или партиите. Министерката Десковска тврди дека ги немала видено претставките од радиодифузерите ниту пак скандалозните одлуки на ДИК што е многу чудно. Како министерката за правда која  беше дел од тимот за преговори со ВМРО ДПМНЕ не ја интересираат и засегаат лошите упатства на ДИК или пак ја интересираат само изборните проблеми за тоа дали се 21 ден како што ги толкува партијата или 50 до 60  дена како што бара ДИК , па не упатува за решение на проблемот на Управен суд. За политичките аналитичари одлуката на ДИК околу ценовникот за рекламирање во медиумите е не уставна бидејќи ја загрозува слободата на претприемништвото- категорија загарантирана во уставот. -Би требало одлуката за медиумското претставување да биде без ограничување односно како што била и досега, тоа не е ни одредено во изборниот законик па не може да се одреди со одлука што е спротивна на самиот законик и спротивна на уставот. Член 8 од уставот предвидува слобода на пазарот и претприемништвото па поради тоа не може да се ограничува. Од наши извори дознаваме дека веќе беше подготвена уредба, Владата да ја до прецизира уредбата на ДИК поврзана со радиодифузерите само нејасно остана зошто министерката Десковска мистериозно се откажа од носење на оваа уредба. Единствено што бараат радиодифузерите е до прецизирање на еден член во изборниот законик со цел да се надмине проблемот со катастрофалното толкување од ДИК. Останува зачудувачки како владата во време на вонредна состојба можеше да расправа и му даде дозвола за производство на канабис на синот на осудениот градоначалник на ново село Боро Стојчев познат како ,,Боро Малборо,, а со прст не мрдна за медиумите. За крај само може да се заклучи дека институциите практикуваат, не двојни, не тројни  туку многубројни стандарди во ова кризно време. И повторно нешто што е за рубриката ,,верувале или не,, - како е можно министерката за правда, првиот човек кој треба да се грижи за праведноста да не ги знае уредбите на ДИК кои ќе предизвикаат милионски штети кај радиодифузерите? Времето ќе покаже. Извор: Канал 5]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal-5-ima-li-ministerkata-za-pravda-dvojni-standardi-koga-e-dik-vo-prashanje/feed/ 0
Јанушев: За избори треба консензус затоа очекувам повторно лидерска средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-za-izbori-treba-konsenzus-zatoa-ochekuvam-povtorno-liderska-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-za-izbori-treba-konsenzus-zatoa-ochekuvam-povtorno-liderska-sredba/#respond Wed, 20 May 2020 19:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=348486

Секако дека има простор за договор кога да се оди на избори. По лидерската средба се виде дека она што Заев и СДСМ го поставија како ултиматум или избори на 21 јуни или редовни избори, ние се надеваме дека нема да биде така и ќе се постигне консензус, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5. Според него доколку консензуот е единствениот начин да се дојде до решение треба да има лидерска средба -Јасно е дека треба да има консензус и очекувам дека ќе има повторно лидерска средба. Не може Заев да поставува ултиматуми и да прави што сака, рече Јанушев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-za-izbori-treba-konsenzus-zatoa-ochekuvam-povtorno-liderska-sredba/feed/ 0
Новинарот Михајловски со емотивно писмо: Битката ја добив, но за жал татко ми почина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinarot-mihajlovski-so-emotivno-pismo-bitkata-ja-dobiv-no-za-zal-tatko-mi-pochina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinarot-mihajlovski-so-emotivno-pismo-bitkata-ja-dobiv-no-za-zal-tatko-mi-pochina/#respond Tue, 05 May 2020 07:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=341740

Главниот уредник на Канал 5 Гоце Михајлоски беше првиот заразен новинар од коронавирусот во Македонија. Првиот тест кој Михајлоски го направил на 7 април бил негативен, а за два дена подоцна вториот да излезе позитивен. Утрово Михајлоски еден месец подоцна на социјалните мрежи објави дека после долга борба ја добил битката со вирусот, но за жал неговиот татко кој исто така бил позитивен на коронавирусот починал! Во продолжение интегрален текст од Фејсбук статусот на Михајловски ЕДЕН МЕСЕЦ ПОДОЦНА: Битката ја добив, војната ја изгубив(ме) Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од "нигде-никаде", и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот - на татко ми. Последниот викенд во Прилеп Во семејната куќа во Прилеп вирусот "влегол" кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека "непријателот" е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно. 5 април, недела Седум дена подоцна, на 5 април недела, додека се уште бев на работа, попладнето околу 16 часот почувствував омалаксаност. Веднаш заминав дома (тоа беше мојот последен ден на работа), а вечерта добив покачена температура (38.4) и треска. Нормално, веднаш се појави стравот дека можеби "ова е тоа" за кое толку слушавме и зборувавме. Вредно е да спомнам дека практично од петокот, помеѓу двете интервјуа, ми додеваше главоболка на која тогаш не и обрнав особено внимание со оглед дека ја имам често кога сум под стрес и под притисок. Траеше прилично долго, три дена. Не помагаа никакви апчиња, а исчезна дури неделата вечер, кога се појавија температурата и треската, па гледано од денешна перспектива можно е таа да беше поврзана со вирусот. Претходните денови, во кои бев преокупиран со веќе познатите две интервјуа, повеќепати разговарав со татко ми за емисиите, но во ниту еден момент не се пожали дека има некакви здравствени проблеми. Но, во саботата на 4 април, мајка ми, помалку изнудено (да ме одврати од идејата да го однесам детето на чување неколку дена) и помалку бенигно, ми кажа дека заедно со татко ми 2-3 дена "имаат некоја настинка, повремено со покачена температура и трески". 6 април, понеделник Ова беше доволен аларм за мене веднаш, веќе понеделникот, на 6 април, да ја контактирам ординацијата на матичниот лекар. Ги кажав симтомите и информацијата дека моите родители имаат слични такви, но според електронскиот прашалник излезе дека нема доволно индикации да бидам тестиран (не знам дали е се уште истиот прашалник, но доколку е, тогаш е пропуст на системот кој мора итно да биде корегиран). Веднаш почнав да барам алтернатива во приватните лаборатории кои прават такви т.н. молекуларни тестови, но без успех. Две ми одговорија дека ги прават само преку закажување од матичен, а третата дека имаат термин дури следната недела. (Како е сега, не знам) Попладнето се слушнав повторно со мајка ми. Ми кажа дека таа е веќе добра, но дека состојбата на татко ми е влошена. "Тешко дише ноќе, го открив и дека во тоалет исплукува крв и има дијареја", ми рече. 7 април, вторник Во вторникот наутро, 7 април, татко ми, кој како по обичај дотогаш велел дека "ништо не му е", самиот побарал мајка ми да го однесе во прилепската болница. Таму му била дадена инфузија, земени тестови, и пуштен дома. Јас, пак, утрото ја продолжив потрагата по лабораторија. Последна опција ми остана Систина, со т.н. брзи тестови за антитела во крвта. Иако за нивната релеваност веќе со денови се водеше расправа, одлучив да се тестирам. Ми закажаа термин за истиот ден, и веќе околу 13 часот го добив резултатот и тој беше негативен. Сепак, немаше простор за радост со оглед што попладнето, веќе трет ден по ред, се врати темературата и треската. 8 април, среда По уште една тешка ноќ, во средата наутро мајка ми повторно го однела татко ми во болница. Поради сериозната состојба лекарите одлучиле да го хоспитализираат и покрај тоа што се уште не биле стигнати резултатите од тестот за вирусот. Од тогаш веќе никој од семејството не го виде. Јас и средата бев исто како и претходните денови. На дистанца од сопругата и синот колку што дозволуваа можностите, со повремено покачена темература и трески, без кашлица или отежнато дишење. Се "лекував" дома со чаеви, витамини и парацетамол. Ми се појави и силна болка во грлото, па матичниот лекар ми препиша антибиотик, мислам беше Амоксиклав. Тие денови полека го изгубив и чувството за мирис и вкус. Критичниот ден - 9 април, четврток Од веќе напластените грижи, ноќта не спиев добро, а утрото околу 7 часот ме разбуди повик на мој близок роднина. "Татко ти ноќта ја поминал лошо во болница и покрај кислородната поддршка, треба да го однесат на Инфективна клиника во Скопје, но не сакаат да го примат, немало место. Види што можеш" ми рече роднината. Веднаш откако спуштив почнав да размислувам што да правам, а веќе следниот момент колабирав, ја изгубив свеста. Не знам по колку време, се разбудив во локна крв, испружен на подот во дневната соба. Полека се созедов, се уште не свесен што се случи и од што е крвта, дали од физичка повреда или од белите дробови. За брзо дојде сопругата од другата соба и дилемата беше расчистена. Имав голема расекотина на брадата која мораше да биде сошиена. Дестинацијата веќе ја знаев - градската болница "8 Септември", одредена за интервенции кај суспектни од коронавирусот. Додека се подготвував, роднината се јави повторно, овој пат со добра вест. Проблемот бил надминат, татко ми за брзо ќе го транспортираат на клиника. Јас се појавив сам пред влезот на "воена" некаде околу 8, се уште немаше движење. Ме дочекаа вообичаено тмурните лица од обезбедувањето, кои по правило не се расположени да дадат ниту основна информација каде да се упатиш. Нејсе, по неколку минути веќе бев пред шалтерот на "приемно", во ургентниот центар, сега ковид центар. Таму на љубезната медицинска сестра, облечена во скафандер и сета друга заштитна опрема, и кажав зошто сум дојден, со дополнување дека иако имам негативен тест од Систина, неколку дена имам температура и трески, а и татко ми е суспектен на вирусот. За кратко, вратата ми беше отворена, а истото го повторив пред дежурниот лекар. И тој беше крајно љубезен, па откако ме ислуша, почна со испитувања. Притисок, сатурација, крвна слика, рентген на белите дробови... на крајот ми ја сошија раната, и таман помислив дека си одам дома, околу 10 часот докторот ми рече: "има некои отстапувања на рентгенот, пневмонија која можеби поминала, но според протоколот мораме да те задржиме". Веќе следниот момент ми дадоа болнички пижами и ме однесоа на третиот кат во одделение на кое пишуваше Дигестивна хирургија, сега пренаменето за карантин. Бев сам во собата 312, во која имаше уште 4 кревети. Околу пладне, ми се јави татко ми, да ми каже дека веќе стигнал во Скопје и го сместиле на клиниката. Тешко зборуваше, а за да не се вознемири дополнително не му кажав дека и јас сум во болница. Тоа беше нашиот последен телефонски разговор. Попладнето почнав да примам терапија, а околу 17 часот добив информација дека татко ми е позитивен на вирусот. Поради големиот јавен интерес (интервјуата со лидерите пред една недела) уште вечерта итно ми беше земен брис и мене. Докторката ми рече дека "резултатот ќе биде во најбрзо време, можеби истата вечер", но тоа не се случи. 10 април, петок Веќе бев буден, беше околу 8.30, кога ми заѕвони телефонот и ја добив информацијата дека и мојот тест е позитивен. Според се, не беше изненадување, но секако беше огромен шок. Во 10 часот веќе беше прес конференцијата на министерот и веста ја дозна целата јавност. Од фејсбук и порталите попладнето веста ја дознал и татко ми, кој само успеа да ми пише на месинџир "биди силен". Тој ден бев преместен и во друго одделение, мислам дека беше кардиолошкиот центар, сега исто наменет за ковид 19. Тоа беше и првиот ден без покачена температура. 11 април, сабота Денот почна повторно со "селење". Бев вратен во истата соба на третиот кат, овој пат прво со двајца "цимери", подоцна тројца, на крајот четворица... Тој ден беше и последната комуникација со татко ми преку месинџер. Утрото рече дека е подобар, но вечерта ми пиша дека состојбата му се влошила. Јас го уверував дека сум добар, дека нема потреба воопшто да се грижи за мене, но колку во тоа поверува не знам. Го храбрев дека е во добри раце и се поздравивме со договор следното утро да ми пише како е. 12 април, недела Веќе беше 8 часот, а од татко ми немаше абер, што веќе беше чудно, да спие до толку доцна не се случило. Му пишав јас, но забалежав дека не бил активен од претходниот ден, што беше несвојствено за него. Целиот ден сите во семејството бевме вознемирени од фактот што не знаевме што се случило. Дури попладнето околу 17 часот, разбравме дека утрото му се влошила состојбата и дека е ставен на машина за дишење, фамозниот респиратор. 13-17 април, пон-пет Следните денови беа исти. Јас ја добивав терапијата во болничката соба, (не знам точно што, но секако сумамед и трицеф), веќе добро се запознавме и со "цимерите", па низ разговори времето поминуваше некако побрзо. Покачената температура и треските беа веќе минато, тие денови имав само кашлица. Кон крајот на неделата, по направените контролни анализи, на тројца од веќе петтемина во собата ни беше кажано дека ќе бидеме пуштени на домашно лекување, поради добра општа состојба. За татко ми целата недела немаше никаква новост. "Состојбата му е иста, ни полошо, ни подобро", ни повторуваа секој ден од клиниката. 18 април, сабота Со возило на Брза помош бев донесен дома саботата, ден пред Велигден. Добив антибиотици како терапија за уште една недела и задолжителна изолација до два негативни тестови. 19 април, Велигден На големиот празник, дојде првата добра вест по подолг период. Сопругата и синот се негативни на тестот за вирусот. Веднаш по неа, истиот и следните два дена доаѓаа добри вести и од колегите кои беа ставени во самоизолација, по проценка на епидемиологот. Вкупно осуммина, сите негативни. 20-24 април, пон-пет Продолжи неизвесноста со татко ми. Тој веќе втора недела беше приклучен на машината за дишење. Само еднаш (четвртокот на 23 април) ни кажаа дека има некакво подобрување на крвната слика и рентгенот, но предупредија дека рано е за било каква радост. 25 април, сабота По една недела дома, дојде денот за првиот мој контролен брис. Ми беше земен на прагот од влезната врата од станот. 26 април, недела Веќе не се чекаше многу за резултатите како претходно, но сепак бев изненаден што веќе следниот ден, во неделата попладне, го добив резултатот. Беше негативен, односно вирусот веќе го немаше. Според процедурата, следното утро во понеделникот ми беше земен втор контролен брис. 27 април, понеделник При редовниот телефонски контакт со лекарите во Инфективна (секој ден од 14-15 часот се јавуваше сестра ми) добивме информација дека состојбата на татко ми по повеќе витални параметри се влошила. Околу 18 часот ми ѕвонеше непознат број. Уште пред да одговорам, интуицијата веќе ми говореше дека не е за арно. "Дали сте вие синот на Марјан?", ме праша непознатиот машки глас. Откако одговорив потврдно, ми ја соопшти лошата вест. "Се јавувам да ве информирам дека татко ви почина", рече човекот. Веста брзо беше проширена и кај одговорните за погреби во Прилеп, па веќе вечерта експресно неговото тело, со сите процедури за вакви случаи, беше пренесено во капелата на прилепските гробишта. Вечерта ми беше соопштено дека и вториот мој тест е негативен, односно и дефинитивно го нема веќе вирусот во мене. Тоа барем ми овозможи да присуствувам на погребот. 28 април, вторник Погребот беше извршен рано, повторно според процедурите за вакви случаи, со полициски надзор. Имаше 63 години и беше релативно здрав човек, без некои сериозни хронични болести. Присуствуваме само неколкумина од најтесното семејство, сите со маски и на растојание поголемо од 2 метри. Веќе во раните попладневни часови се вратив во Скопје, неколку минути пред министерот да ја соопшти статистиката за последното деноноќие. Во неа ме имаше и мене, го имаше и татко ми. Јас во оздравените, тој во починатите. Така, еден месец подоцна можам да кажам дека битката со вирусот ја добив, но не можам да кажам дека ја добив(ме) и војната. Од борбата со оваа подла болест до крајот на животот ќе ми останат две лузни - една на лицето и една во душата. ...... Ова го напишав за неколку пораки: - Носете маска и држете растојание! Јас од почетокот на епидемијата ги практикував и двете, освен дома. Се покажа недоволно за мене, но доволно да не го пренесам вирусот никому. Сите што беа во контакт со мене - и лидерите, и колегите, и моите дома, останаа негативни. Жалам за непријатноста и неизвесноста што им ја предизвикав на сите што беа засегнати на некој начин. - Вирусот веројатно веќе стивнува, но по игра на случајноста ако почувствувате некакви симптоми не чекајте, јавете се на лекар! Подобро е да мислите дека го имате, а тестот да го покаже спротивното, отколку да мислите дека го немате, па да задоцните со лечењето. Можеби татко ми ќе имаше шанси да побарал помош неколку дена порано. - Да изразам благодарност за сите медицински лица што се грижеа за мене и се бореа за татко ми. Тие анонимни херои работат во смени и од по 24 часа во исклучително тешки услови со маски, скафандери, наочари, визири... Заслужуваат и повеќе и подобро. - Јавно да се заблагодарам на сите пријатели кои ми помагаа мене и на моето семејство во овој период, особено во 10-те дена додека бев во болница, а сопругата и 3,5 годишниот син беа сами затворени во станот во двонеделна изолација. Не знаете како е да не можеш ниту ѓубрето да си го фрлиш. Во мака се гледаат вистинските пријатели, со право рекол нашиот народ. - Да се заблагодарам на сите познати и непознати што на било каков начин, јавно или лично, ми изразивте поддршка за време на лекувањето и сочувство за загубата. Во тешки моменти значи и се памти секој кажан , но и премолчан збор. Многумина позитивно ме изненадија, иако имаше и неколкумина кои особено ме разочараа. Посебна благодарност до менаџментот на Канал 5, кој беше со мене за целото ова време. - На крајот. Јас сум здрав и наскоро ќе почнам да се излегувам од дома, полека да се враќам во нормален живот, колку што е можно тоа во сегашните услови. Сепак, познавајќи го нашиот менталитет, знам дека ќе има и такви на кои ќе им биде непријатно да бидат во моја близина. За нив: Ако не ви е доволна дистанцата од 2 метри и маските за да се чувствувате безбедно, ве молам свртете си ја главата, искрено нема да ви забележам, го разбирам стравот кај луѓето, дури и кога е нерационален. Ова премрежје по кој знае кој пат потврди една вистина - семејството е единственото што е важно, без се друго се може. П.с. Козарот ќе го тужам за лагите и клеветите, најмногу поради тоа што во најтешките моменти ми го вознемири семејството. Многу веројатно и татко ми во неговите последните часови при свест. Очекувам да биде "храбар" како што е на тастатурата и да не се крие зад "не добив уредна покана", "страната не е моја", "некој ми ја хакирал" и сл. и на суд да ги докаже гадостите што ги пишуваше. П.п.с. А, одамна "декодираната" новинарка нема да ја тужам. За неа имам само сожалување. Ретко се наоѓа толку многу злоба и фрустрација во еден човек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novinarot-mihajlovski-so-emotivno-pismo-bitkata-ja-dobiv-no-za-zal-tatko-mi-pochina/feed/ 0
Четворица вработени во Канал 5 телевизија се во самоизолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-vraboteni-vo-kanal-5-televizija-se-vo-samoizolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-vraboteni-vo-kanal-5-televizija-se-vo-samoizolacija/#respond Fri, 10 Apr 2020 16:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=330368

Претставник на Канал 5 телевизија на денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека четворица вработени во телевизија се во самоизолација заради заболувањето од корона вирус на главниот и одговорен уредник на информативната редакција на медиумот. Од телевизијата наведоа дека Канал 5 продолжува да информира професионално и независно и покрај големиот предизвик со кој се соочени во моментов. Околу тоа дали е направено тестирање на вработените во Канал 5 и каква е препораката на епидемиолозите за оваа телевизија во однос на нејзиното работење, како и за работењето на останатите новинари земајќи ги предвид постојаните средби на колегите, министерот посочи дека емидемиолозите оствариле комуникација со одговорните на телевизија и оти се спроведени интервјуа со сите вработени коишто имале контакт и се сметаат за висок ризик. – Јас верувам дека и на колегите од останатите медиуми, како и сите други приватни контакти на тие лица за коишто се смета дека се во ризик, се веќе направени интервјуа, или ќе бидат направен во текот на утрешниот ден. Согласно тоа ќе бидат преземени и одредени мерки, доколки има потреба, истакна Филипче, посочувајќи дека за фирмата важат истите пристапи и протоколи како за сите останати. Тој нагласи дека просториите на Канал 5 телевизија се исчистени според стандардите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-vraboteni-vo-kanal-5-televizija-se-vo-samoizolacija/feed/ 0
Косопственикот на струмичкиот бренд познат по ајварот МАМАС, вчера на својот twitter профил објави пост во кој телевизијата Канал 5 ја нарече Анал 5! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosopstvenikot-na-strumichkiot-brend-poznat-po-ajvarot-mamas-vchera-na-svojot-twitter-profil-objavi-post-vo-koj-televizijata-kanal-5-ja-nareche-anal-5/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosopstvenikot-na-strumichkiot-brend-poznat-po-ajvarot-mamas-vchera-na-svojot-twitter-profil-objavi-post-vo-koj-televizijata-kanal-5-ja-nareche-anal-5/#respond Mon, 22 Jul 2019 05:33:11 +0000 https://kurir.mk/?p=220820

Косопственикот на струмичкиот бренд познат по ајварот МАМАС, вчера на својот twitter профил објави пост во кој телевизијата ја на нарече Анал 5! Twitter постот на еден од споствениците на МАМАС, Калин Бабушку,  беше полн со говор на омраза и навреди кои не доликуваат на еден интелектуалец и бизисмен, особено не на човек поврзан со овој бренд. Неговата омраза беше насочена кон нашата ТВ куќа но и уште една членка на медиумската асоцијација ММА, така што Канал 5 ТВ утре ќе поднесе соодветни поднесоци до Судот и Обвинителството, со  цел заштита на нашиот углед, но и заштита на севкупната јавност од ваквиот говор на омраза и вербален примитивизам. Истовремено за овој скандал ќе ја информираме Американска Амбасада, делегацијата на ЕУ во Македонија и особено Британската Амбасада, која е носител на кампања против лажните вести и говорот на омраза по медиумите и социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosopstvenikot-na-strumichkiot-brend-poznat-po-ajvarot-mamas-vchera-na-svojot-twitter-profil-objavi-post-vo-koj-televizijata-kanal-5-ja-nareche-anal-5/feed/ 0
Мицкоски гостин во вестите на Канал 5 во 18 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gostin-vo-vestite-na-kanal-5-vo-18-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gostin-vo-vestite-na-kanal-5-vo-18-chasot/#respond Sat, 29 Jun 2019 10:47:58 +0000 https://kurir.mk/?p=213880

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе гостува во вестите на Канал 5 телевизија. -За актуелните теми, СЈО, датумот за преговори, можна средба со Пендаровски, и ставот за нашиот херој Гоце Делчев, денес во вестите на Канал 5 во 18 часот. Следете, најави преку својот Фејбсук профил Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gostin-vo-vestite-na-kanal-5-vo-18-chasot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ со остра осуда за инцидентот во кој беше повредена новинарката на Канал 5 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-ostra-osuda-za-incidentot-vo-koj-beshe-povredena-novinarkata-na-kanal-5/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-ostra-osuda-za-incidentot-vo-koj-beshe-povredena-novinarkata-na-kanal-5/#respond Sat, 19 Jan 2019 20:50:46 +0000 https://kurir.mk/?p=154336

ВМРО-ДПМНЕ остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска, долгогодишно препознатливо медиумско лице. -Никој не смее да се служи со насилство, особено не на ваков ден, особено не против јавноста, против новинарите, оние кои се таму за да ја доближат оваа манифестација, оние кои го пренесуваат овој христијански чин преку медиумите. Демократијата подразбира слободни медиуми и достапност до информации. Секое насилство против новинар е насилство против демократијата. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и поттикнува медиумите уште повеќе да бидат присутни меѓу народот и уште поревносно да ја пренесуваат македонската традиција и културна посебност, да ја пренесуваат вистинската слика од и за Република Македонија, се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека МВР мора што побрзо да го расчисти случајот, а виновниците да бидат санкционирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-ostra-osuda-za-incidentot-vo-koj-beshe-povredena-novinarkata-na-kanal-5/feed/ 0
СКАНДАЛ: Физички и вербално нападната екипата на Канал 5, повредена новинарка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-fizichki-i-verbalno-napadnata-ekipata-na-kanal-5-povredena-novinarka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-fizichki-i-verbalno-napadnata-ekipata-na-kanal-5-povredena-novinarka/#respond Sat, 19 Jan 2019 17:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=154288

Црна сенка на верскиот празник фрли скандалот во кој имаше влечење, буткање и пцостикон новинарските екипи, кои беа во центарот на Скопје, како и сите години наназад да известуваат за одбележувањето на Водици, објави Канал 5. Во еден момент новинарите и снимателите беа насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив беа упатувани навредливи зборови и пцости. Најдебелиот крај го извлече новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска Јовановиќ, која од страна на вработените во агенцијата за обезбедување беше брутално избуткана, навредувана и влечена, поради што заврши во градската болница со повреди на раката и вратот, објави Канал 5. -За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата. Истовремено се прашуваме, како е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?-објави Канал 5. Во продолжение и изјавата на новинарката Мирјана Мирчевска која ја даде од градската болница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-fizichki-i-verbalno-napadnata-ekipata-na-kanal-5-povredena-novinarka/feed/ 0