канарски острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Sep 2021 06:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канарски острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лавата на Канарските Острови стигна до морето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/#respond Wed, 29 Sep 2021 06:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=569797

Лавата која избива од вулканот на канарскиот остров Ла Палма доцна синоќа стигна до морето, создавајќи потенцијално штетни гасови, поради кои жителите на околните градови се затвориле во своите домови. Десет дена по ерупцијата на вулканот, лавата синоќа полека почна да влегува во морето на брегот на Тазакорте. Камерите на локалната телевизија, поставени на брод на море, прикажаа како камења и оган влегуваат во водата, но поради мракот, не можело да се види пареа формирана со мешање на врела лава и студено море. Службата за вонредни ситуации на Канарските Острови ги повика жителите да се засолнат на безбедни места доколку се наоѓаат во таа област, во радиус од 3,5 километри. Вулканолозите велат дека гасовите можат да бидат штетни на два километра од местото каде што лавата влегува во морето. Вулканот се активира на 19 септември и нема човечки жртви. Ла Палма е еден од осумте Канарски Острови, шпанска територија покрај северозападна Африка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-kanarskite-ostrovi-stigna-do-moreto/feed/ 0
Чудо на Канарските острови: Лавата уништи се пред себе, освен една куќа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-na-kanarskite-ostrovi-lavata-unishti-se-pred-sebe-osven-edna-kukja-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-na-kanarskite-ostrovi-lavata-unishti-se-pred-sebe-osven-edna-kukja-video/#respond Fri, 24 Sep 2021 20:15:07 +0000 https://kurir.mk/?p=567893

Од Канарските острови стаса неверојатна сцена, опколена со море од лава после ерупцијата на вулканот на Ла Палма, една куќа останала да стои негибната. Корисниците на социјалните мрежи ја нарекле „нестварна“. Нејзините сопственици, пензиониран пар од Данска, кој не е на островот, воодушевени се дека куќата останала цела. – Почнале да плачат кога им кажав дека нивната сакана куќа е недопрена, вели за Ел Мундо, архитектката на куќата Ада Моникендам. Куќата чудо се наоѓа на Ел Параис каде повеќе од половината згради, вклучително и училиштето, се уништени. Парот го избрал токму Ла Палма бидејќи им се допаднал вулканскиот пејзаж, вели Моникендам и додала дека и е жал оти куќата сега е напуштена и дека нема никој кој би можел да се грижи за неа. Лавата синоќа значително го забавила својот тек што предизвика стравување дека би можела да се прошири по островот и да уништи повеќе куќи, наместо да истече во морето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chudo-na-kanarskite-ostrovi-lavata-unishti-se-pred-sebe-osven-edna-kukja-video/feed/ 0
Лавата на Ла Палма, на Канарските острови, уништи 185 објекти и 153 хектари земјиште https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/#respond Wed, 22 Sep 2021 09:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=566776

Вулканска ерупција во Ла Палма, на Канарските Острови, уништи 185 згради, од кои 65 се приватни куќи, како и земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот. Вулканската лава изолирала околу 400 хектари земјиште на кое годишно се произведуваа 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува весникот „Ла Вангардија“. Најпогодени се општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан. Според податоците на вулканскиот институт на Канарските острови, ерупцијата на вулканот зафатила 153 хектари земјиште во Ла Палма. Весникот „Ел паис“ пренесува дека освен материјална штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради отровните гасови, но и од свлечишта, одрони и цунами. По состанокот меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, регионалниот премиер Ангел Виктор Торес и претседателот на Советот на островот Маријано Ернандез Запата, вчера попладне тие го повикаа локалното население да преземе мерки на претпазливост и да го избегнуваат користењето патишта. Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови. Лавата, исто така, уништи меѓу 300 и 400 фарми, особено оние каде што се одгледуваат банани, а покрај луѓето, евакуирани се и животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavata-na-la-palma-na-kanarskite-ostrovi-unishti-185-objekti-i-153-hektari-zemjishte/feed/ 0
Песочна бура на Канарските острови, нарушен авионскиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-na-kanarskite-ostrovi-narushen-avionskiot-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-na-kanarskite-ostrovi-narushen-avionskiot-soobrakjaj/#respond Mon, 24 Feb 2020 09:02:18 +0000 https://kurir.mk/?p=307913

Голема песочна бура од Сахара ги погоди шпанските Канарски острови, поради што е нарушен авионскиот сообраќај на таа популарна туристичка дестинација. Шпанскиот оператор на аеродромот, „Аена“ вчера, пора слаба видливост, ги откажа или пренасочи сите лестови за и од Канарските острови. Во текот на ноќта сообраќајот е нормализиран на сите аеродроми, освен во јужниот дел на Тенерифе. Ветерот беше пречка и за траектниот сообраќај, јави Би-Би-Си. Регионалната Влада во саботата прогласи вонредна состојба, а на жителите им беше советувано да останат во домовите, да затворат прозорци и да избегнуваат патувања. Шпанската национална метеоролошка служба соопшти дека ветер со јачина од 120 километри на час на Канарските острови може да се очекува и денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pesochna-bura-na-kanarskite-ostrovi-narushen-avionskiot-soobrakjaj/feed/ 0
Горат Канарските Острови: Пламенот голта сè пред себе, евакуирани 8.000 лица (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorat-kanarskite-ostrovi-plamenot-golta-se-pred-sebe-evakuirani-8-000-lica-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorat-kanarskite-ostrovi-plamenot-golta-se-pred-sebe-evakuirani-8-000-lica-video/#respond Mon, 19 Aug 2019 13:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=231216

Пожарот на Канарските острови е надвор од контрола, а пламенот се издигнува 50 метри во височина. Евакуирани се повеќе од 8.000 лица. Странските медиуми пренесуваат дека за само 48 часа изгореле околу 6.000 хектари шума. Повеќе од 700 пожарникари во придружба на 11 хеликоптери и пет авиони се борат да го контролираат пожарот, кој започна во саботата во близина на градот Техеда и напредува на неколку фронтови, пропратено со комбинација на високи температури, силни ветришта и мала влажност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gorat-kanarskite-ostrovi-plamenot-golta-se-pred-sebe-evakuirani-8-000-lica-video/feed/ 0