Канбера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 07:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Канбера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пукање на аеродромот во Канбера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-na-aerodromot-vo-kanbera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-na-aerodromot-vo-kanbera/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=718212

Аеродромот на австралиската престолнина Канбера е евакуиран поради пукање, јавува австралиското издание „Стандард нет“. Според информациите има еден приведен. Се работи за наводниот стрелец. Очевидци велат дека слушнале најмалку осум до 10 истрели во близина на шалтерите за пријавување на патници. Нема повредени. Полицијата потврди дека имало инцидент на аеродромот, но не соопшти детали. Патниците кои веќе се качиле во авиони подготвени за полетување останале заглавени во леталата кои не можат да полетаат поради прекинот на работата на аеродромот поради инцидентот. Според австралиското издание на „Дејли мејл“, летовите од и до аеродромот се привремено прекинати. Аеродромот е опколен со полициски автомобили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pukanje-na-aerodromot-vo-kanbera/feed/ 0
Канбера воведува строг еднонеделен карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanbera-voveduva-strog-ednonedelen-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanbera-voveduva-strog-ednonedelen-karantin/#respond Thu, 12 Aug 2021 07:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=549493

Австралиската престолнина Канбера влезе во еднонеделен општ карантин на ниво на градот, откако во него беше откриен случај на инфекција со Ковид-19, првпат во текот на последната година. Карантинот стапува на сила денеска во 17 часот по локално време, пренесе Би -Би -Си. Побарано е затворање на целата територија на австралиската престолнина, каде живеат околу 400.000 луѓе, бидејќи властите не знаат како лицето се заразило. Жителите ќе можат да ги напуштат своите домови само заради неопходни причини, па од затоа веќе сега има турканици во продавниците, пред мерката да стапи на сила. Австралија се обидува да го спречи ширењето на делта сојот на вирусот, па затоа веќе се воведени карантини во двата најголеми града, Мелбурн и Сиднеј. Владата на Нов Јужен Велс соопшти дека армијата ќе излезе на терен за да го обезбеди почитувањето на локдаунот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanbera-voveduva-strog-ednonedelen-karantin/feed/ 0
Рекордни температури во Канбера, пожарите се уште активни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordni-temperaturi-vo-kanbera-pozarite-se-ushte-aktivni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordni-temperaturi-vo-kanbera-pozarite-se-ushte-aktivni/#respond Sun, 02 Feb 2020 10:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=298139

Температурите во Канбера го достигнаа рекордот за февруари, соопшти денеска австралиската метеоролошка служба. – Во главниот град вчера се измери 42,7 степени, што претставува рекорд за февруари кој го надминува оној од 42,2 степени регистрирани во 1968 година. Исто така е трета највисока температура забележана во градот, објави на Твитер метеорологот на Метео Франс, Етјен Капикијан. Во текот на ноќта во југоисточниот дел на Австралија се уништени десетина домови, а постои опасност од голем пожар во јужниот дел на Канбера и околното место Тарв. Во пожарите изгореа 55.000 хектари шума и земјоделско земјиште. Жителите кои се во близина на главното жариште се предупредени. – Утрово пожарите се сè уште активни. Пред нас се денови, а можеби и недели за гасење на пожарите, рече еден официјален претставник, додавајќи дека вонредната состојба ќе остане во сила барем до понеделник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordni-temperaturi-vo-kanbera-pozarite-se-ushte-aktivni/feed/ 0
Вонредна состојба во Канбера, пожарот се шири неконтролирано https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-kanbera-pozarot-se-shiri-nekontrolirano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-kanbera-pozarot-se-shiri-nekontrolirano/#respond Fri, 31 Jan 2020 08:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=297300

Австралиските власти прогласија вонредна состојба во и околу главниот град Канбера, каде постои ризик од неконтролиран пожар, за чие ширење придонесуваат и високите температури и силниот ветар. Вонредната состојба ќе биде во сила следните 72 часа и ќе им овозможи на властите поголеми овластувања да наредат евакуација, да затворат патишта и да ја преземат контролата врз приватната сопственост. Официјални лица велат дека се работи за најголемата закана од пожар во последните две децении и оти главен приоритет за властите во Канбера е негово ставање под контрола. Премиерот на областа Ендрју Бер предупреди дека пожарот „може да стане неконтролиран поради силниот ветар и температурите кои достигнуваат 40 степени“. Јужно од Канбера во голем пожар горат повеќе од 18.500 хектари, јави Би-Би-Си. Жителите на предградијата на Канбера се повикуваат да бидат подготвени за можни евакуации. Територијата на Канбера опфаќа мала област меѓу Сиднеј и Мелбурн со население од околу 400.000 жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vonredna-sostojba-vo-kanbera-pozarot-se-shiri-nekontrolirano/feed/ 0
Издадено предупредување поради пожар во близина на Канбера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-poradi-pozar-vo-blizina-na-kanbera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-poradi-pozar-vo-blizina-na-kanbera/#respond Tue, 28 Jan 2020 08:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=295587

Неколку јужни предградија на австралискиот главен град се предупредени за „вонредна состојба“ поради оган кој е вон контрола и гори во близина на националниот парк Намаџи. Пожарникарите ги замолија жителите на селото Тарва, како и на Бобојан, Топ Нас и Аполо Роудс во јужниот дел на Канбера „веднаш да побараат засолниште“. – Сега е предоцна да заминете. Ако не сте во областа, не се враќајте, се вели во предупредувањето од Агенцијата за итни служби на територијата на главниот град на Австралија (AЦT). Пет други јужни предградија исто така се предупредени внимателно да ги следат состојбите. Владината агенција соопшти дека големината на пожарот е 4.646 хектари и продолжува да гори вон контрола со 400 хектари на час, и покрај стотиците пожарникари кои се обидуваат да го совладаат. На цела територија на Нов Јужен Велс сè уште горат повеќе од 55 пожари. Во областа за викенд се прогнозираат високи температури што ја зголемува опасноста од пожари]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeno-predupreduvanje-poradi-pozar-vo-blizina-na-kanbera/feed/ 0
Аеродромот во Канбера затворен поради пожар во негова близина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-vo-kanbera-zatvoren-poradi-pozar-vo-negova-blizina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-vo-kanbera-zatvoren-poradi-pozar-vo-negova-blizina/#respond Thu, 23 Jan 2020 07:48:21 +0000 https://kurir.mk/?p=293466

Австралиските власти денеска го затворија аеродром во главниот град Канбера, откако два пожари во негова близина се споија во еден неконтролиран пожар. Властите им рекле на жителите и вработените во околните објекти дека е доцна за евакуација. Во стотици пожари во Австралија кои горат од септември загинаа 29 луѓе и околу милијарда животни, уништени се 2.500 куќи, а вкупната површина погодена од пожарите е голема како третина Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-vo-kanbera-zatvoren-poradi-pozar-vo-negova-blizina/feed/ 0
Евакуирани странски конзулати во Мелбурн и Канбера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-stranski-konzulati-vo-melburn-i-kanbera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-stranski-konzulati-vo-melburn-i-kanbera/#respond Wed, 09 Jan 2019 10:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=149989

Неколку странски конзулати во австралиските градови Мелбурн и Канбера се евакуирани денеска откако примиле сомнителни пакети. На интернет страницата на австралиската Влада се објавува дека се евидентирани најмалку 10 инциденти со опасни материјали во Мелбурн, а полицијата, пожарникарските служби и амбулантни возила се наоѓаат пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија, Шпанија и Јужна Кореја. Австралиската полиција соопшти дека се истражуваат сите околности поврзани со овие инциденти. Австралискиот јавен сервис соопшти дека сомнителни пакети се пронајдени и во конзулатите на САД, Швајцарија, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но и дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонг Конг. Засега не е познато кои конзулати во Канбера добиле вакви пакети. Од конзулатот на Нов Зеланд за телевизијата Еј-Би-Си рекле дека пакетите имале ознака за азбест, а во нив имало пластична кеса за сендвич со непознат влакнест материјал. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-stranski-konzulati-vo-melburn-i-kanbera/feed/ 0