канцелар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Mar 2022 13:56:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канцелар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Герхард Шредер обвинет за кршење на права поради врски со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-obvinet-za-krshenje-na-prava-poradi-vrski-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-obvinet-za-krshenje-na-prava-poradi-vrski-so-rusija/#respond Thu, 10 Mar 2022 13:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=644853

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ќе се соочи со судење поради неговите блиски врски со руската Влада, соопштија германските правосудни власти. Обвинителството во Хановер потврди дека поднело барање до федералниот обвинител во Карлсруе, каде се наоѓа германскиот Уставен суд, да ја истражи жалбата против неколку лица, меѓу кои и Шредер. Карлсруе ќе треба да одлучи дали ќе почне истрага за обвиненија поврзани со човекови права. Жалбата се однесува на наводни „злосторства против човештвото“. Шредер се најде под притисок поради неговите блиски врски со Москва и неговото пријателство со рускиот претседател Владимир Путин. Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела побара од Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руските државни компании. Шредер (77), кој беше канцелар на Германија од 1998 до 2005 година и член на социјалдемократите, исто како и сегашниот канцелар Шолц, важи за долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, што доведе до многу критики во Германија, особено откако Русија ја нападна Украина. Шредер е претседател на надзорниот одбор на руската државна енергетска компанија „Роснефт“ и има водечки позиции во контроверзните проекти на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои имаат за цел рускиот гас директно да го доставуваат до Германија, заобиколувајќи ја Украина. Тој треба да ја преземе функцијата и во Надзорниот одбор на Гаспром, руска мултинационална енергетска корпорација во мнозинска државна сопственост. – Мојот совет до Герхард Шредер е да поднесе оставка од тие функции, изјави Шолц за телевизијата ЗДФ, пренесува германската новинска агенција ДПА. Шолц нагласи дека врските на Шредер со руски компании не се приватна работа, бидејќи тој е поранешен канцелар. И лидерите на германските социјалдемократи, Ларс Клингбеил и Саскија Ескен, минатата недела соопштија дека напишале писмо во кое го повикуваат Шредер да поднесе оставка од своите позиции во руските државни компании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gerhard-shreder-obvinet-za-krshenje-na-prava-poradi-vrski-so-rusija/feed/ 0
Олаф Шолц избран за канцелар на Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olaf-sholc-izbran-za-kancelar-na-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olaf-sholc-izbran-za-kancelar-na-germanija/#respond Wed, 08 Dec 2021 10:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=605651

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД), Шолц, ќе ја предводи владата во коалиција со Зелените и Слободните демократи (ФДП). Тој доаѓа на местото на Ангела Меркел, која заминува по 16 години на чело на Германија. Утринското гласање во долниот германски законодавен дом – одржано со тајно гласање и без дебата – беше само формалност Немаше сериозно сомневање дека германскиот Бундестаг во секое време ќе го избере Олаф Шолц за нов сојузен канцелар. Со тајно гласање во парламентот, Шолц ја доби поддршката од 395 од 707 присутни пратеници, изјави во средата претседателот на Бундестагот Бербел Бас. За да биде избран на Шолц му беа потребни 369 гласови. Шолц е деветтиот повоен канцелар на Сојузна Република Германија, а заклетвата ќе ја положи во текот на денот, јавуваат германските медиуми. Шолц и неговиот кабинет од 16 министри – седум од СПД, пет од Зелените и четворица од ФДП – ќе бидат именувани од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во претседателската палата, а ќе положат заклетва во Бундестагот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olaf-sholc-izbran-za-kancelar-na-germanija/feed/ 0
Шаланберг положи заклетва како канцелар на Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/#respond Mon, 11 Oct 2021 12:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=577084

Александар Шаленберг денеска положи заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија. Шаленберг го смени Себастијан Курц на функцијата канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на Обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи досегашниот шеф на дипломатијата за нов канцелар. На церемонија Шаленберг се заколна дека ќе го почитува Уставот и законите во државата. По него заклевта положи и новиот министер за надворешни работи Михаел Линхард кој беше амбасадор на Австрија во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/feed/ 0
Александар Шаленберг нов канцелар на Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aleksandar-shalenberg-nov-kancelar-na-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aleksandar-shalenberg-nov-kancelar-na-avstrija/#respond Sun, 10 Oct 2021 15:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=576590

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг, кој синоќа беше предложен за иден канцелар, се сретна со претседателот на државата Александар ван дер Белен. Во кратка изјава за печатот, Шаленберг зборуваше дека на земјата и претстојат многу задачи и оти е ова период на предизвик. Тој рече дека бил изненаден од неговото неочекувано „унапредување“, и најави дека ќе зборува подетално откако ќе положи заклетва, а тоа треба да биде утре. Пред состанокот со претседателот, Шаленберг разговараше со вицеканцеларот Вернер Коглер без присуство на медиумите. Што се однесува до позицијата – шеф на дипломатија, има неколку варијанти, од кои едната е министерката без ресор задолжена за европски и уставни прашања, Каролин Едштадлер, но и генералниот секретар во Министерството за надворешни работи, Петер Лаунски-Тифентал. За сите промени во владата, прво е потребно Курц формално да поднесе оставка до претседателот на Австрија, а потоа новиот канцелар ќе даде заклетва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aleksandar-shalenberg-nov-kancelar-na-avstrija/feed/ 0
Армин Лашет за кандидат за германски канцелар на ЦДУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armin-lashet-za-kandidat-za-germanski-kancelar-na-cdu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armin-lashet-za-kandidat-za-germanski-kancelar-na-cdu/#respond Tue, 20 Apr 2021 06:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=499589

Претседателството на германската владеачка Христијанско-демократската унија (ЦДУ) уште еднаш го поддржа својот нов претседател, и премиер на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, во кандидатурата за демохристијански кандидат за канцелар на парламентарните избори во септември, јави ДПА. Членовите на сојузното претседателство на ЦДУ рано утринава, по шестачовниот работен состанок, го поддржаа Лашет со 77,5 проценти од гласовите на членовите на највисокотло партиско тело. Од 46 члена на претседателството, 31 член гласаа за Лашет, девет беа за лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер, а шестмина беа воздржани. Зедер, претседател на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), помалата партија во повеќедецениската демохристијанска коалиција ЦДУ/ЦСУ, беше поддржан од 22,5 проценти од членовите на претседателството на ЦДУ. По неуспешните обиди за време на викендот двајцата претседатели да постигнат меѓусебен договор за тоа кој од двајцата да ја понесе кандидатурата за функцијата канцелар, Зедер вчера соопшти дека одлуката за канцелар ќе зависи од претседателството на ЦДУ, поголема партија од двете во Унијата. -Доколку претседателството на ЦДУ вечерва јасно го поддржи Лашет, ние ќе ја почитуваме таа одлука, рече Зедер вчера попладне, по состанокот на претседателството на ЦСУ. Притоа тој не кажа што ќе смета дека е „јасна поддршка“. Кандидатурата на Лашет допрва треба да биде потврдена и од раководството на ЦСУ. Зедер во последните денови инсистираше на својата кандидатура, повикувајќи се на подобрите резултати во анкетите на јавното мислење и меѓу гласачите воопшто и меѓу гласачите на ЦДУ/ЦСУ. Лашет изјави дека изборите се „важен сигнал“ во процесот на конечна селекција на кандидатот за канцелар на Унијата и можен наследник на канцеларката Ангела Меркел, која се повлекува од политиката по завршувањето на сегашниот мандат. Во историјата на Унијата ЦДУ / ЦСУ, само двајца политичари од ЦСУ, Франц Јозеф Штраус и Едмунд Стојбер влегоа во трка како кандидати за канцелар. ЦСУ ја претставува демохристијанската опција во Баварија, а ЦДУ во другите 15 германски покраини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/armin-lashet-za-kandidat-za-germanski-kancelar-na-cdu/feed/ 0
Аналена Баербок избор на Зелените за кандидатка за нов германски канцелар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analena-baerbok-izbor-na-zelenite-za-kandidatka-za-nov-germanski-kancelar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analena-baerbok-izbor-na-zelenite-za-kandidatka-za-nov-germanski-kancelar/#respond Mon, 19 Apr 2021 10:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=499233

Германската партија на Зелените денеска ја номинираше Аналена Баербок, една од ко-претседателите на партијата, за нивна кандидатка за канцелар на изборите во септември, јави ДПА. Партијата има зголемена популарност во анкетите во последните неколку години и за првпат ќе именува свој кандидат за канцелар, бидејќи Ангела Меркел се повлекува од функцијата по повеќе од 15 години владеење. Со околу 20 проценти рејтинг меѓу гласачите пред изборите во септември, Зелените очекуваат да освојат неколку десетици места во германскиот Бундестаг, како втора по големина сила во земјата. Тоа оваа партија не само што ја прави силен играч и сигурен учесник во идната владина коалиција, туку, исто така, би можеле да биде во позиција да и се додели и канцеларската функција во коалиција во која нема да биде вклучен десноцентристичкиот блок на ЦДУ-ЦСУ на Меркел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analena-baerbok-izbor-na-zelenite-za-kandidatka-za-nov-germanski-kancelar/feed/ 0
Германските Зелени денеска ќе го изберат кандидатот за канцелар за изборите во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-deneska-kje-go-izberat-kandidatot-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-deneska-kje-go-izberat-kandidatot-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/#respond Mon, 19 Apr 2021 06:26:10 +0000 https://kurir.mk/?p=499038

Партијата на германските Зелени за првпат во својата историја денеска ќе го именува својот кандидат за канцелар за изборите во септември, јави ДПА. Двајцата кандидати, копретседателите на партијата, Роберт Хабек и Аналена Баербок, заедно ги предводат Зелените од 2018 година, од кога партијата успешно расте и се носи со бранот на зголемената популарност во земјата. Пет месеци пред Германија да излезе на федералните избори, Зелените во моментов имаат рејтинг веднаш зад конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ на канцеларката Ангела Меркел и пред нејзините сегашни коалициски партнери, левоцентристичките социјалдемократи. Со рејтинг од околу 20 проценти од гласачкото тело на изборите во септември Зелените треба да освојат повеќе десетици места во Бундестагот. Доколку бидат успешни на изборите, Зелените ќе имаат силни барања за место во која и да е идна пост-Меркел владина коалиција, додава ДПА. Но, денеска тие целат уште повисоко: канцеларијата на канцеларот. Хабек (51) е поискусен политичар. Тој шест години беше министер за животна средина во неговата матична држава Шлезвиг-Холштајн. Тој е интелектуалниот центар на партијата, и досега има објавено неколку книги, вклучувајќи и детски наслови. Баербок е пратеничка на Зелените во Бундестагот од 2013 година, а од 2018 година со Хабек формираа телегенично, хармонично удвојување на врвот на партијата. Денешното номинирање на кандидатот за канцелар нема да се смета за конечна одлука, бидејќи таа ќе се официјализира за време на партиската конференција во јуни, кога партијата ќе го потпише и својот изборен манифест, навеудва ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-deneska-kje-go-izberat-kandidatot-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/feed/ 0
Германските Зелени на 19 април ќе предлагаат кандидат за канцелар за изборите во септември https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-na-19-april-kje-predlagaat-kandidat-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-na-19-april-kje-predlagaat-kandidat-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/#respond Wed, 07 Apr 2021 09:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=493555

Раководството на германската Партија на зелените на 19 април ќе треба да го предложи нивниот кандидат за наследник на канцеларката Ангела Меркел на чело на германската Влада, изјави денеска партискиот секретар, Михаел Келнер, пренесе ДПА. Партиското раководство треба да соопшти кој од нејзините двајца копретседатели – Аналена Баербок или Роберт Хабек – ќе ги предводи Зелените на сојузните избори во Германија, закажани за 26 септември, се гледа од документот на Келнер до кој увид имала ДПА. По овој избор, потоа кандидатот официјално ќе треба да биде потврден на највисокиот собир на партијата, меѓу 11 и 13 јуни. Според неодамнешните анкети, расте рејтингот на Зелените, и во моментов оваа партија само малку заостанува зад конзервативните демохристијани на Меркел, пренесува ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-zeleni-na-19-april-kje-predlagaat-kandidat-za-kancelar-za-izborite-vo-septemvri/feed/ 0
Германскиот министер за финансии Шолц кандидат за канцелар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-finansii-sholc-kandidat-za-kancelar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-finansii-sholc-kandidat-za-kancelar/#respond Mon, 10 Aug 2020 10:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=388771

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц објави дека раководството на Социјалдемократската партија (СДП) го предложи како свој кандидат за канцелар на изборите следната година. – Сега е одлучено. Се радувам на забавна, фер и успешна изборна кампања, напиша Шолц на Твитер. Актуелната германска конзервативна канцеларка Ангела Меркел, чиј четврти мандат истекува следната година, претходно изјави дека нема да се кандидира повторно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-minister-za-finansii-sholc-kandidat-za-kancelar/feed/ 0