канцеларија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 18:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канцеларија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канцеларија на ЕУ во Приштина: Санкциите ќе се укинат штом се смири состојбата на косовскиот север https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kantselarija-na-eu-vo-prishtina-sanktsiite-ke-se-ukinat-shtom-se-smiri-sostojbata-na-kosovskiot-sever/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kantselarija-na-eu-vo-prishtina-sanktsiite-ke-se-ukinat-shtom-se-smiri-sostojbata-na-kosovskiot-sever/#respond Thu, 07 Sep 2023 18:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=875844

Шефот за соработка при Канцеларијата на Европската унија во Косово, Александро Бианкарди изјави дека санкциите кои официјален Брисел ги воведе кон Косово поради состојбата во северниот дел на земјата, населен со мнозинско српско население, се привремени и можат бргу да се повлечат, јави дописникот на МИА од Приштина. Во обраќање пред медиумите по денешната средба со косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, Бианкардо рече дека „веднаш штом дојде до деескалација на ситуацијата на (косовскиот) север согласно препораките на ЕУ, на Косово ќе му се врати финансиската и политичката помош“. Политичката стабилност, рече европскиот дипломат, е предуслов за развојот и просперитетот на Косово и неговата интеграција во ЕУ. -Се надеваме дека деескалацијата ќе се случи што поскоро, за да можеме да го вратиме нашиот фокус на реформите, што е од клучно значење за приближувањето на Косово до ЕУ, порача Бианкардо. ЕУ, како и Соединетите Американски Држави, воведоа санкции кон владата на Албин Курти, со барање за повлекување на полициските специјалци од општинските згради во четирите општини во северно Косово – Северна Митровица, Звечане, Зубин Поток и Лепосавиќ, што делумно веќе е спроведено – како и организирање предвремени локални избори со учество на претставниците на косовските Срби. Во април годинава партиите на етничките Срби ги бојкотираа локалните избори, на кои победија кандидати на партиите на косовските Албанци, по што уследија протести низ северно Косово. Курти одговори на протестите со ангажирање специјална полиција за заштита на новоизбраните градоначалници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kantselarija-na-eu-vo-prishtina-sanktsiite-ke-se-ukinat-shtom-se-smiri-sostojbata-na-kosovskiot-sever/feed/ 0
Демонстранти ја запалија канцеларијата на гувернерот на сириската провинција Свеида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-ja-zapalija-kancelarijata-na-guvernerot-na-siriskata-provincija-sveida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-ja-zapalija-kancelarijata-na-guvernerot-na-siriskata-provincija-sveida/#respond Sun, 04 Dec 2022 13:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=770824

Десетици демонстранти кои протестираат против влошената економска состојба во Сирија, денеска упаднаа во зградата на локалната власт во градот Свеида и ја запалија. По палењето на зградата, според очевидците се слушнале истрели од огнено оружје. Претходно, повеќе од 200 луѓе се собраа околу зградата барајќи оставка од сирискиот претседател Башар Асад. Според сириските државни медиуми „десетици одметници упаднале во канцеларијата на гувернерот и запалиле досиеја и службени документи“ Провинцијата Свеида, населена претежно со припадници на малцинската група Друзи, е поштедена од насилството забележано во другите делови на Сирија од почетокот на војната. Друзите долго време се спротивставуваат да бидат вовлечени во сирискиот конфликт. Сирија е во длабока економска криза поради војната во кој загинаа стотици илјади, а раселени се милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-ja-zapalija-kancelarijata-na-guvernerot-na-siriskata-provincija-sveida/feed/ 0
Фустани за канцеларија: Што можете да облечете, а што ќе се смета за НЕВКУСНО? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/fustani-za-kancelarija-shto-mozete-da-oblechete-a-shto-kje-se-smeta-za-nevkusno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/fustani-za-kancelarija-shto-mozete-da-oblechete-a-shto-kje-se-smeta-za-nevkusno/#respond Fri, 28 Oct 2022 21:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=751873

Почитувајте го кодексот на облекување Сèуште можете да го искористите убавото време за да го носите омилениот фустан на работа. Меѓутоа, кога станува збор за облекување за деловни пригоди, треба да бидете внимателни затоа што сигурно не сакате да добиете укор за несоодветно облекување или да го прекршите кодексот на облекување на компанијата. Освен должината, треба да се земат предвид уште неколку фактори. Должина Оваа сезона, должината на фустанот може да биде која било – од ултрамини до макси. Сепак, за во канцеларија најдобро е да носите нешто неутрално. Ако се работи за мини верзија, тогаш попрво изберете модели кои се малку над колената Во случај на макси фустани, одете на фустани до средината на потколеницата. Фустаните со миди должина се најдобрата опција. Одлично се комбинираат и со потпетици и со рамни чевли. Канцелариски фустани и боја Постои мислење дека не треба да доаѓате во канцеларија во премногу шарени дезени. Ова е делумно точно: најдобро е да изберете фустани во темно сина, сива и црна боја. Точно, некои светли бои кои можат да се класифицираат како класични се соодветни и во деловната гардероба. Тука се вбројуваат црвената, смарагд и сенф бојата. Дезен Доколку сакате да додадете светлина и софистицираност на вашата канцелариска гардероба, ве советуваме да обрнете внимание на цветните принтови и пругите. Во првиот случај, моделот треба да биде воздржан, но во исто време доволно голем – малите цвеќиња во канцеларијата не се соодветни. Што се однесува до ригите, сè е поедноставно: овој дезен може да биде апсолутно сè – геометријата секогаш изгледа строго и елегантно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/fustani-za-kancelarija-shto-mozete-da-oblechete-a-shto-kje-se-smeta-za-nevkusno/feed/ 0
Ким Кардашијан ја покажа својата канцеларија, следбениците буквално ја преплавија со коментари: Попрво би седел на земја… (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kim-kardashijan-ja-pokaza-svojata-kancelarija-sledbenicite-bukvalno-ja-preplavija-so-komentari-poprvo-bi-sedel-na-zemja-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kim-kardashijan-ja-pokaza-svojata-kancelarija-sledbenicite-bukvalno-ja-preplavija-so-komentari-poprvo-bi-sedel-na-zemja-foto/#respond Fri, 24 Jun 2022 08:18:23 +0000 https://kurir.mk/?p=695009

Ким Кардашијан неодамна покажа како ја уредила својата канцеларија. Снимката стана вирална на TikTok, а луѓето пишуваат дека никогаш не виделе понеудобен мебел. На снимката се гледа канцеларија уредена во скандинавски стил, а во еден момент се гледаат и столчињата во форма на триаголник наменети за гостите.
@kimkardashian @skkn ♬ original sound - Kim Kardashian
„Мислам дека штотуку ги видов најнеудобните столчиња досега“, се вели во описот на објавата на снимката. „Грбот би ме болел страшно“, „Попрво би седнал на подот“, „Тоа се столчиња за гостите да не седат предолго“, „Ова е ужасно“, се само дел од коментарите на TikTok. Многумина пишуваат дека едноставно е невозможно да седите на таков мебел повеќе од неколку минути. Некои напишаа дека Ким мебелот го користи само за украсни цели и дека најверојатно воопшто не ја користи канцеларијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kim-kardashijan-ja-pokaza-svojata-kancelarija-sledbenicite-bukvalno-ja-preplavija-so-komentari-poprvo-bi-sedel-na-zemja-foto/feed/ 0
Опожарена канцеларијата на ДУИ во Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozarena-kancelarijata-na-dui-vo-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozarena-kancelarijata-na-dui-vo-kichevo/#respond Sat, 09 Oct 2021 19:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=576179

Пожар избувнал синоќа во 1:10 часот по полноќ во хотелот „Арабела“ во Кичево, при што била опожарена канцеларијата на ДУИ , каде што беше сместен изборниот штаб на оваа партија. На местото излегле полициски службеници од Полициската станица Кичево, соопшти МВР. За огнената стихија бргу е интервенирано од страна на ТППЕ Кичево, од каде добивме информација дека се дејствувало со три возила и шест пожарникари. Пожарот најпрво е локализиран и околу 2 часот и целосно ликвидиран. Како што соопшти МВР во пожарот нема повредени лица. Материјалната штета и причините за пожарот допрва ќе се утврдваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opozarena-kancelarijata-na-dui-vo-kichevo/feed/ 0
Курц го подигна израелското знаме на покривот од неговата канцеларија во Виена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-go-podigna-izraelskoto-zname-na-pokrivot-od-negovata-kancelarija-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-go-podigna-izraelskoto-zname-na-pokrivot-od-negovata-kancelarija-vo-viena/#respond Sat, 15 May 2021 09:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=510590

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц го подигна израелското знаме на покривот на зградата каде што се наоѓаат неговите канцеларии во Виена во знак на солидарност со Израел, во време на борби меѓу израелската армија и палестинските милитанти. Така Курц застана на страната на Израел во конфликтот што трае од понеделникот. -Терористичките напади врз Израел заслужуваат најостра осуда. Стоиме заедно со Израел, напиша Курц на „Твитер“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-go-podigna-izraelskoto-zname-na-pokrivot-od-negovata-kancelarija-vo-viena/feed/ 0
ФОТО: Ахмети си држи состаноци во Владата во канцеларијата на Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ahmeti-si-drzi-sostanoci-vo-vladata-vo-kancelarijata-na-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ahmeti-si-drzi-sostanoci-vo-vladata-vo-kancelarijata-na-grubi/#respond Sat, 12 Dec 2020 19:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=442499

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети си одржува состаноци во владата во канцеларијата на вицепремиерот Артан Груби. Имено, Ахмети во просториите на Владата оствари средба со специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски, односто средбата се одржала во канцеларијата на Груби. Ништо не би било спорно околу состанокот, само доколку Ахмети беше дел од извршната власт, а во моментов лидерот на интегративците не извршува ниту една таква функција и де е дел од истата власт а состаноците ги одржува во просториите на Владата на Република Македонија. Инаку, како што соопштија од ДУИ на состанокот се разговарало за спроведување на Договорот за добрососедство, за актуелните позиции на двете страни и за најдобрите начини за надминување на спорот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ahmeti-si-drzi-sostanoci-vo-vladata-vo-kancelarijata-na-grubi/feed/ 0
Еден повреден во инцидентот кај канцеларијата на Меркел во Берлин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-povreden-vo-incidentot-kaj-kancelarijata-na-merkel-vo-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-povreden-vo-incidentot-kaj-kancelarijata-na-merkel-vo-berlin/#respond Wed, 25 Nov 2020 11:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=434138

Едно лице е повредено во инцидентот кога автомобил се заби во оградата на влезот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, јави ДПА. Лекарите со брза помош и помагаат на жртвата. Според германската агенција, оградата на објектот не претрпе сериозни штети. Германската полиција информираше дека возачот е во притвор. Автомобил управуван од засега неименувано лице денеска удри во оградата на канцеларијата на германската канцеларка, но засега не се соопштуваат деталите за несреќата. Според фотографиите на социјалните мрежи, на автомобилот што удрил во портата биле напишани и пораки. „Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари луѓе“, пишува на вратата од автомобилот. Во моментот на инцидентот германската канцеларка се подготвувала за виртуелен состанок со премиерите на 16-те провинции со цел да се разгледаат натамошните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-povreden-vo-incidentot-kaj-kancelarijata-na-merkel-vo-berlin/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Автомобил, со две пораки, се забил во оградата од канцеларијата на Меркел во Берлин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-avtomobil-so-dve-poraki-se-zabil-vo-ogradata-od-kancelarijata-na-merkel-vo-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-avtomobil-so-dve-poraki-se-zabil-vo-ogradata-od-kancelarijata-na-merkel-vo-berlin/#respond Wed, 25 Nov 2020 10:52:13 +0000 https://kurir.mk/?p=434123

Автомобил управуван од непознато лице денеска удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, наведуваат светските агенции, но засега не се соопштуваат деталите за несреќата. Според фотографиите на социјалните мрежи, на автомобилот што удрил во портата биле напишани и пораки. „Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари луѓе“, пишува на вратата од автомобилот. Во моментот на инцидентот германската канцеларка се подготвувала за виртуелен состанок со премиерите на 16-те провинции со цел да се разгледаат натамошните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-avtomobil-so-dve-poraki-se-zabil-vo-ogradata-od-kancelarijata-na-merkel-vo-berlin/feed/ 0
Екипирана Канцеларијата на европскиот јавен обвинител https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekipirana-kancelarijata-na-evropskiot-javen-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekipirana-kancelarijata-na-evropskiot-javen-obvinitel/#respond Tue, 28 Jul 2020 12:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=382641

Советот на Европска Унија именуваше 22 обвинители на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО), кои заедно со шефицата на Канцеларијата се задолжени за истраги, гонење и приведување пред правдата на лицата кои сториле кривични дела против буџетот на ЕУ. Од 22 обвинители, 14 имаат мандат од шест години, а останатите три години и немаат право на реизбор. Задачата на ЕППО ќе биде борба против криминалот, измами, корупиција, избегнување на плаќање на данок на додадена вредност над десет милиони евра. Советот на ЕУ и на Европски парламент во 2019 година ја именуваа Ковеси за прва главна обвинителка на Унијата. Таа беше прва жена главен обвинител во Романија и најмлад главен обвинител. Додека раководеше со романската антикорупциска агенција, поради корупција се истражени и обвинети голем број високи владини претставници. Во ЕППО учествуваат 22 земји-членки – Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Романија, Словенија, Словачка и Шпанија. ЕППО како независно тело на ЕУ треба да почне со работа на крајот од годината, а седиштето ќе биде во Луксембург. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekipirana-kancelarijata-na-evropskiot-javen-obvinitel/feed/ 0