канцер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Aug 2023 13:05:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png канцер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИЗВОНРЕДНА ВЕСТ: „Таблетки за уништување на ракот“ почнаа да се тестираат на луѓе- УСПЕШНИ СЕ! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izvonredna-vest-tabletki-za-unishtuvane-na-rakot-pochnaa-da-se-testiraat-na-luge-uspeshni-se/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izvonredna-vest-tabletki-za-unishtuvane-na-rakot-pochnaa-da-se-testiraat-na-luge-uspeshni-se/#respond Wed, 02 Aug 2023 13:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=862603

Американски научници развиле лек во форма на таблетка, кој при претклиничките тестови ги уништил сите цврсти видови на рак и ги оставил здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција ДПА. Научниците од „Сити на Хоуп“, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во која се детално опишани првите резултати од тестирањето „таблетки за уништување на ракот“ AOH1996. Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA) - протеин кој во својата мутирана форма, е „клучен во репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират“, соопштија од организацијата. -Нашата табелтка за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпании, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само во авионите кои ги превезуваат клетките на ракот. Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го сузбие растот на туморот во клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек. Таблетката се покажала како ефикасна во третманот на клетките кои потекнуваат од ракот на дојката, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови. Тестиран е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар. Студијата е објавена во списанието „Cell Chemical Biology“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izvonredna-vest-tabletki-za-unishtuvane-na-rakot-pochnaa-da-se-testiraat-na-luge-uspeshni-se/feed/ 0
Популарниот актер откри дека се бори со лошата болест: Мислам дека знам зошто се разболев! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-deka-se-bori-so-loshata-bolest-mislam-deka-znam-zoshto-se-razbolev/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-deka-se-bori-so-loshata-bolest-mislam-deka-znam-zoshto-se-razbolev/#respond Fri, 12 May 2023 17:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=833605

Долф Лундгрен, ѕвездата на акциските филмови на 80-тите години, откри дека претходните осум години се бори со канцер на белите дробови. Актерот ова го обелоденил во емисијата „In Depth with Graham Besinger“, велејќи дека канцерот му бил дијагностициран во 2015 година. Тој полемизирал за тоа дали можеби до оваа дијагноза го довело тоа што во минатото интензивно употребувал стероиди додека се занимавал со бодибилдинг. Популарниот 65-годишен актер истакнал дека болеста влегла во ремисија, но сепак се вратила во 2020 година. Тогаш еден доктор му кажал дека му останале уште две или три години живот, но тој побарал друго мислење. Препорачан му бил третман којшто резултирал со намалување на туморот. „Ова е еден ден по мојата операција, ми извадија еден тумор, потоа пронајдоа уште два и ги извадија и на крај уште три мали. Се надеваме дека е исчистен, доколку умре, умре“, изјавил актерот на видеото од болница кое е прикажано во емисијата, алудирајќи на својата незаборавна реплика од филмот „Роки 4“. Актерот проговорил и за тоа дека во 2020 година повторно му бил откриен канцерот. „Се вратив во Шведска и имав некој вид, не знам за што станува збор, па направив магнетна резонанца. Открија дека имам уште неколку тумори околу тоа подрачје. Најдоа уште еден тумор во црниот дроб, баш беше лошо. Во тој момент почнав да сфаќам дека нешто сериозно се случува. Хирургот ме повика и ми рече дека туморот пораснал, дека е преголем, дека големината е нешто помала од лимон. Ми рече дека ми останале уште две до три години живот, но по гласот почувствував дека мисли на помалку од тоа. Мислев дека тоа е сигурно така“, раскажал актерот. Лундгрен изјавил дека смета дека употребата на стероиди имала влијание на неговото тело: „Пробав стероиди уште во 80-тите и 90-тите години. Не знам дали тоа има врска со канцерот, но секако дека тоа ме погоди затоа што би можело да има врска со тоа. Размислував, секогаш мислиш дека си погрешил. Мислам дека можеби постои некаква врска меѓу терапијата со тестостерон и канцерот. Кога бев помлад, консумирав стероиди и тоа можеби во период од десет години“. Познатиот Швеѓанец после првобитните црни прогнози побарал друго мислење за својата дијагноза, а една лекарка го советувала да го промени начинот на лекување и за три месеци неговите тумори се намалиле за 20 до 30 отсто. „Само ценете го тоа што сте доволно среќни и што сте живи и ценете го секој момент којшто постои“, заклучил актерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-akter-otkri-deka-se-bori-so-loshata-bolest-mislam-deka-znam-zoshto-se-razbolev/feed/ 0
Семките на ова овошје убиваат и до 80% канцерогени клетки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/semkite-na-ova-ovoshje-ubivaat-i-do-80-kancerogeni-kjelii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/semkite-na-ova-ovoshje-ubivaat-i-do-80-kancerogeni-kjelii/#respond Wed, 10 Aug 2022 20:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=716769

Најстрашната болест на 21 век е ракот и за негово истражување се трошат милиони долари за тезите да се пронајде лек за оваа пеколна болест. Колку што досега е познато, напредок се уште нема. Од друга страна, статистиките покажуваат дека ракот е една од најпрофитабилните болести за фармацевската индустрија. Во ерата на Интернетот, можеме да видиме бројни приказни на луѓе кои се излекувале од рак на потполно природен начин, без хемотерапии и зрачење. И од тоа можеме да заклучиме дека првото прашање е колку навистина знаеме за ракот и што ни е кажано. Фармацевската компанија едноставно не сака да ризикува на губитокот на огромните сретства. Во тој контекст, истражувањето кое е спроведено во Универзитетот во Кентаки за ефектите кое семето на грозјето го има за лекување на рак, резултатите биле ветувачки. Медицинските експерти откриле дека семето на грозјето убива и до 80% канцерогени клетки. Оваа студија е објавена во списанието на Американската асоцијација за истражување на канцер и достапна е на увид до сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/semkite-na-ova-ovoshje-ubivaat-i-do-80-kancerogeni-kjelii/feed/ 0
Излегоа лоши вести за здравјето на Радмила Манојловиќ, нејзината сестра е избезумена! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izlegoa-loshi-vesti-za-zdravjeto-na-radmila-manojlovikj-nejzinata-sestra-e-izbezumena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izlegoa-loshi-vesti-za-zdravjeto-na-radmila-manojlovikj-nejzinata-sestra-e-izbezumena/#respond Mon, 25 Jul 2022 08:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=709840

Целото семејство на пејачката Радмила Манојловиќ овие денови е избезумено поради нејзините здравствени проблеми. Иако сите ја критикуваа поради тоа што во пандемијата таа беше против вакцинацијата, пејаќката единствено што не сакала е да го загрози својот имунитет со оглед дека има генетски предиспозиции за најтешки болести. -Рада е со право преплашена. Нивната мајка имаше канцер на јајниците, се бореше, но не успеа да ја добие битката во 2004 година. Радмила како млада девојка често одеше по болници и разговараше со лекарите, а сите и рекоа дека бора сериозно да прави чести контроли. И нејзината сетра Марија исто така, бидејќи ако нивната мајка имала канцер и двете се во опасност од таа болест, а со тоа целиот живот мора да внимаваат, ова го изјавил извор близок до фамилијата за српски „Свет“. Истиот овој извор додава дека тие две преживеале секакви ситуации, па не е ни чудно што Рада толку се плаши и не верува во се што зборуваат некоиу лекари, а поради тоа многумина и се смеат. Здравјето на српската пејачка е генетски загрозено, а Рада поради тоа стравува од најлошата болест, но во моментот нејзината здравствена состојба е стабилна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/izlegoa-loshi-vesti-za-zdravjeto-na-radmila-manojlovikj-nejzinata-sestra-e-izbezumena/feed/ 0
Корона вирусот предизвика „катастрофа“ врз лекувањето на болните од канцер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-predizvika-katastrofa-vrz-lekuvanjeto-na-bolnite-od-kancer/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-predizvika-katastrofa-vrz-lekuvanjeto-na-bolnite-od-kancer/#respond Thu, 04 Feb 2021 12:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=464149

Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз лекувањето на рак е „катастрофално“, соопшти Светската здравствена организација за Европа.Тие нагласија дека има нарушувања во услугите за онкологија во една третина од европската зона. – Влијанието на пандемијата врз третманот на карциномот во регионот не може да се нарече поинаку од катастрофа, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, по повод Светскиот ден на борбата против ракот. Меѓу 53-те земји опфатени со СЗО за Европа, која вклучува неколку земји од Централна Азија, една од три земји има делумно или целосно суспендирани услуги за пациенти со карцином поради мобилизација против панемија на коронавирус или ограничувања на патувањето. – Исто така, имаше недостиг на лекови против рак во некои земји и многумина имаат значително намалување на новодијагностицираните случаи на рак, дури и во најбогатите земји, наведе Клуге во изјавата, истакнувајќи дека има натамошно влошување на нееднаквоста поради економската криза. Во Холандија и Белгија, при првото затворање во пролетта 2020 година, бројот на нови случаи на рак се намали за 30 до 40 проценти, во Киргистан за 90 проценти во април минатата година, изјави претставникот на ОН. Според СЗО, во Велика Британија, одложувањата во дијагностицирањето и лекувањето може да ја зголемат смртноста од рак на дебелото црево за 15 проценти и смртноста од рак на дојка за девет проценти во следните пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-predizvika-katastrofa-vrz-lekuvanjeto-na-bolnite-od-kancer/feed/ 0
Македонка болна од канцер не може да си ја земе потребната терапија, јавно бара одговор од Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonka-bolna-od-kancer-ne-moze-da-si-ja-zeme-potrebnata-terapija-javno-bara-odgovor-od-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonka-bolna-od-kancer-ne-moze-da-si-ja-zeme-potrebnata-terapija-javno-bara-odgovor-od-filipche/#respond Wed, 02 Dec 2020 13:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=437557

Македонка болна од канцер поминува низ голгота. Таа не може да си ја земе потребната терапија, па бара одговор од министерот за здравство Венко Филипче! Нејзиното сведоштво го пренесуваме во продолжение:  „Јавно се обраќам до Министерот за Здрвство Венко Филипче кој би сакала да го прашам и би сакала да добијам одговор или совет за мојот проблем. Имено, денеска на 02.12.2020 година, бев да подигнам лекови од аптека и ми беше кажано дека сум осигурана само до 30.11.2020 и сега не сум осигурана и не ми следуваат лековите што се пишани на рецепта. Јас се изненадив, бидејќи од 1988 година имам здравствено осигурување и се уште работам, но сега сум на подолго боледување. На боледување сум 24.09.2020 година, поради тоа што сум болна од канцер и примам според програма хемотерапија. Контактирано е од работната организација со ФЗО и е дадено објаснување дека, бидејќи земаме плата наназад за еден месец и затоа според некој закон јас немам платено здравствен допринос за еден месец и сум избришана од системот. Но нагласиле дека во вакви случаеви на подолго боледување ме водат како нововработените според некој закон. Ве прашувам што да направам? Јас одам во болница за да примам цитостатици, а тие утре ќе ми речат дека не сум здравствено осигурана. А од друга страна Ве прашувам, како можат да ме водат како нововработените, кога јас немам прекин во работата, јас сум само на боледување за кое ми е издадено од ФЗО број ( 10276 ) со кој ме водат додека сум на боледување?“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonka-bolna-od-kancer-ne-moze-da-si-ja-zeme-potrebnata-terapija-javno-bara-odgovor-od-filipche/feed/ 0
Откриена супстанца што место Ковид-19 лекува канцер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkriena-supstanca-shto-mesto-kovid-19-lekuva-kancer/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkriena-supstanca-shto-mesto-kovid-19-lekuva-kancer/#respond Tue, 22 Sep 2020 10:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=406667

Руските научници барајќи активно соединение во борбата против коронавирусот открија супстанца што потенцијално може да се користи за лекување на рак на невробластом. Откритието е направено во соработка со американските колеги. Резултатите од истражувањето на научниците од Одделот за хемија и фармакологија на Севернокавкаскиот федерален универзитет (НКФУ) се објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија“ (Organik end Biomolekular Kemistri). „Истражувачите ја опишаа синтезата на материјата која ќе му помогне на човештвото во борбата против невробластомот, еден од најопасните типови на канцер. Хемичарите на почетокот трагаа по соединение кое ќе им даде резултати во борбата против Ковид-19, но се покажа дека антималигната активност на овие супстанци е многу поголема“, се наведува во соопштението на НЦФУ, пренесено од Тасс. Методата користена во ова истражување се нарекува „реакцијата на Аксен“ и е откриена во 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkriena-supstanca-shto-mesto-kovid-19-lekuva-kancer/feed/ 0
Не ги занемарувајте овие симптоми: Зад нив можеби се крие најлошиот женски канцер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-zanemaruvajte-ovie-simptomi-zad-niv-mozebi-se-krie-najloshiot-zenski-kancer/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-zanemaruvajte-ovie-simptomi-zad-niv-mozebi-se-krie-najloshiot-zenski-kancer/#respond Mon, 13 May 2019 20:04:37 +0000 https://kurir.mk/?p=197522

Во светот секоја година се регистрираат 250.000 нови случаи на заболени од рак на јајници. 140.000 жени во светот ја губат битката со оваа болест. За жените кои живеат со оваа болест им треба поддршка во борбата за излекување. Од клучна важност е болеста да се препознае при појавата на првите проблеми. Само редовниот преглед е некаква заштита во борбата против рак на јајници. Жените треба да се грижат за своето здравје и редовно да одат на гинеколог. Сепак, тешко е да се открие на време. Од рак на јајници заболуваат претежно повозрасни жени, но болеста не ја заобиколува ниту помладата популација. Станува збор за тешка и сериозна болест, односно за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети. Најголемата причина за тоа е фактот што нема рани симптоми, а кога ќе се појават тие се многу неспецифични и поврзани се главно со дигестивниот и уринарниот тракт. Отекување на стомакот, нагло зголемување на телесната тежина, болки во пределот на карлицата и чувство на притисок во стомакот. Чувство на ситост веднаш после започнувањето на оброкот, често и нагло мокрење, болки во текот на сексуалните односи- ова се само некои од симптомите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-gi-zanemaruvajte-ovie-simptomi-zad-niv-mozebi-se-krie-najloshiot-zenski-kancer/feed/ 0
Намалете го ризикот од заболување од било кој вид на канцер https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/namalete-go-rizikot-od-zaboluvanje-od-bilo-koj-vid-na-kancer/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/namalete-go-rizikot-od-zaboluvanje-od-bilo-koj-vid-na-kancer/#respond Mon, 18 Mar 2019 18:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=176124

Оние кои го победиле ракот, и оние кои сеуште се борат со него многу добро знаат колку е тешка борбата против ракот. Канцерогените заболувања се сериозна закана за здравјето на луѓето, а најмногу сее страв фактот што нема ефикасен лек против нив. Оние кои го победиле ракот, и оние кои сеуште се борат со него многу добро знаат колку е тешка борбата против ракот. Благодарение на трудот на експертите за да се пронајде лек против ракот, постојано се трудиме да најдеме начини како да го намалиме ризикот од појавување на рак. Откажете се од тутунот Незалудно на кутијата цигари пишува „Пушењето убива",. Тоа се асоцира со појавата на повеќе видови рак, меѓу кои и рак на грлото на матката, хранопроводот, бубрезите, устата, белите дробови, панкреасот, грлото. Но, дури и да не пушите треба да се пазите од пасивното пушење. Ако сте изложени на чадот од цигарите, го зголемувате ризикот за појава на рак на белите дробови. Ограничете го алкохолот Зголеменото количеството алкохол кое го конзумирате, го предизвикува ракот на уста, дојка, грло, хранопровод, бубрези... Не практикувајте да пиете повеќе од 3 чаши алкохол неделно. Бидете пребирливи со храната Исфрлете ги колбасите, саламите и сланината од вашата исхрана. Не консумирајте црвено месо повеќе од 5 пати неделно во количина не поголема од вашата дланка. Внимавајте со солта. Не внесувајте повеќе од 6g сол дневно. Истражувањата покажуваат дека јајцата можат да го намалат ризикот од појава на рак на дојка. Една студија покажала дека жените кои јадат јајца 6 пати неделно го намалуваат ризикот од рак на дојка со 44 проценти. Масната храна води до зголемување на тежината, а тоа влијае и врз вашето здравје. Затоа, насочете се кон здрава храна богата со витамини, минерали и растителни влакна. Колку повеќе овошје и зеленчук консумирате, толку подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/namalete-go-rizikot-od-zaboluvanje-od-bilo-koj-vid-na-kancer/feed/ 0
Истражување: Во САД намалена смртноста од рак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-vo-sad-namalena-smrtnosta-od-rak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-vo-sad-namalena-smrtnosta-od-rak/#respond Wed, 09 Jan 2019 18:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=150277

Според најновото истражување на Американското онколошко здружение, смртноста од рак во САД во последните 25 години се намалила за 27 отсто. Во 1991 година бил забележан рекорд според случаите на заболувања од рак. Доколку нивото на смртност од рак оттогаш до денес не се променило, во САД би умреле повеќе од 2,6 милиони луѓе. Според истражувањето до почетокот на 90-те години од минатиот век смртноста од рак во САД постојано се зголемувала.  Во 1991 година бројoт на смртни случаи од оваа болест бил на рекордно ниво – 215 случаи на 100.000 жители. Овој број годишно се намалувал за приближно 1,5 отсто и до 2016 година бројот на смртни случаи е редуциран на 156 на 100. 000 жители. На тој начин, се наведува во истражувањето на Американското онколошко здружение, смртноста од онколошки заболувања во САД во последните 25 години се намалила за 27 отсто или во бројки, тоа значи дека на раната дијагностика и новите медицински технологии на лекување од рак ги спасило животите на повеќе од 2,6 милиони Американци. До 1991 година најголем број од смртните случаи, посебно кај мажите, бил предизивкан од рак на белите дробови. Во 2016 година бројот на смртни случаи од овој тип на рак се намалали за речиси 50 отсто. – Од 60-те години на минатиот век, бројот на пушачи постепено се намалувал и дури сега се набљудуваат ефектите од тоа, изјави Ребека Сигел, раководител на истражувањето. Во САД денес најраспространети типови на онколошки заболувања се рак на простатата, на дебелото црево и на белите дробови. Притоа, овие болести се дијагностицираните во 42 отсто од вкупните случаи на рак. Додека кај жените, тоа се рак на дојката, на дебелото црево и на белите дробови. Притоа, рак на дојката се јавува во 30 отсто од онколошките заболувања во САД, се истакнува во истражувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-vo-sad-namalena-smrtnosta-od-rak/feed/ 0